Секој ден вежбам и денес се видов на вага и сум 56 кг и плус имам многу мускули на стомакот и раце, ноже и задник
Денес интензивен аеробик, жива вода се направив. За јадење, поручек јогурт и малку пита од јаболка(што да се прае студент тоа што ти го измесила мама тоа мора да го јадеш), ручек - домашен колбас, ужина цитрон и вечера печена тиква мњаммм
Конечно најдов добар вентил за запалени нерви. Во најголемата лутина денес земав да вежбам и реално се испукав за сите пари. Сад је лакше ма да малце мускулите ме болат, но слатка болка е тоа, плус за лепота се трпи. Извртев 45 минути на Орбитрек како чопор лавови да ме бркаат, поминати 23 километри и согорени квалитетни 340 калории. На јаже само 200 скока зошто мислам листовите од нозете ќе ми излезеа ако скокнев уште 2-3 пати. 120 чучњеви, 100 стомачни, 80 грбни, 40 склека и 2х50 расчекори. Е ова јас го викам успешен понеделник.
За вчера не бев во можност да пишам ми снема нет. Единствена физичка активност ми беше пешачењето и дека ептен изодев немав сили за други вежби и како за почеток после паузата додека да се уходам пак направив само 50 стомачни. А сум испешачила според апликацијава Walkroid (според татко ми не пресметувала точно, ама 2-3 км било помалку) имам изодена 27 171 чекор или 21, 74км. Со оглед на релацијата можно е да имам олку изодено. Еве ја релацијата па некој што се разбира повеќе од км, нека пресмета дали е можно олкава километража земајќи во предвид дека мобилниот ми е секогаш во џеб и секој чекор ми го мери, а и плус моите чекори се мали, не правам големи чекори. Релација: Зебра - филозофски факс - од фак. на пауза до Мавровка - на лево круг од таму до Веро кај Џамбо - од таму назад на филозофски - од фак. пак назад кај Зебра - од зебра после два часа пак назад кај филозофски - од филозофски низ центар шетавме малку по бутици - од центар кај трговскиот Зебра. (каде што ми е и домата ) Спојлер зебра ми е на една минута од зграда
Lux од Зебра до факултетите на Бит Пазар има околу 2.5км по правец (така и Google вика) * 4 = 10 километри, плус шетање еве стави 4-5 вкупно не е повеќе од 15. Како и да е, 15 е одлична цифра секако и добра активност. Уште и воздухот во Скопје да беше чист ќе беше совршено.
понеделник орбитрејк 45 мин лента / брзо одење 40 мин стомачни 3х30 од сите горни долни странични вторник орбитрејк 60 мин Толку од мене поздрав феминки
Мојот скромен фитнес ден, ама работава ми е денеска боље ишта него ништа. 100 чуњеви и 50 стомачни плус пешачење. полека се враќам во нормала, морам да ги достиган тие 300 чучњеви т.е 6х50 како што си ги терав, утре ќе наголемам за 50. Издржете, поголема мотивација од темава во моментов нема, а Елементал под итно да се врати назад во темава, зошто неговото отсуство се приметува!
Ме примате и мене во клубот? Нема да пишувам стално (на викенд, на неколку дена) ама ќе ви давам мотивации . Врсничка сум на Теди и не планирам да правам стомачни или да ослабам, всушност и не се замарам со тоа, ама самите тренинзи (веќе ми е втора година) бараат од мене да работам напорно и да бидам во форма, да имам кондиција. Денеска, после школо направив 20 стомачни, после пред тренинг 20 чучњеви (не класични туку со тегнење за растење, некој ги имаше поставено, не се сеќавам кој точно) и малку играв на музика, се тегнев на вратило - загревње за на тренинг. После пешки одев до салата, и за назад исто. Плус на тренинг растегнување, водење топка, трчање и вежбање. Немам некоја замислена цел тоа го кажав, си се хранам здраво и мислам дека ако сега стекнам навика за вежбање, од помала возраст за понатаму ќе биде лесно.
-скокање на јаже (45 мин.) -15х3 скекови -јога (20 мин.) -вртење обрач (20 мин.) -некој додатни вежби за мускули на рацете од Алесандра Амбросио (30 мин.)
Демек денес ќе смирам малце темпо и ќе намалам малку со интензитетот ама неуспешно (не дека ми е криво ради тоа). Се качив на Орбитрекот прво со намера да вртам пола саат, па ајде 40 минути за на крај да ми затераат добри песни на Сити и да завршам со цели 50 минути, поминати 24 километри и согорени 365 калории. После тоа 120 чучњеви, 100 стомачни, 60 грбни, 50 склека и 2х50 расчекори. Јажето денес го ставив на стенд бај од причина што ги осеќам ептен затегнати мускулите на нозете и повремено ми се грчат па не сакам да ја влошам состојбата бидејќи планирам и утре да вежбам.
Леле луѓе лошо е да излезеш од рутината, тешко е да се вратиш, иако само некој ден не сум вежбала како што треба тешко е да се нафатам како претходно... или па тешко ми e затоа што станав од спиење пред 3-4 саати како и да е, не си ја прескокнувајте дневната рутина, па макар и малку да извежбате , како јас денес: 40 стомачни и 20 чучњеви hock:
Lуѓе се извинувам што не ви пишував овие 2-3 дена , но не ни вежбав (и многу се нервирам што не вежбав) ама морав да стопирам имав некои проблеми со циклусот,пиев хормонски апчиња итн. Dенес конечно завршувам со терапијата апчиња и вежбав нормално за да прославам што прекинувам со апчињата -30 мин скокање на јаже -15 мин вежби за стомак вклучувајќи планк од 5 мин -15 мин вежби за раце -10 мин вежби за задник
јас од денес почнувам така да првите денови не би многу да се форсирам.. од сабајле .. растегнување . 2x50 расчекор. 20 стомачни степер 10 мин. истото го планирам и за вечер
Јуник стомачни немој никако. ЈАс иако супер припродно пороѓајот поминав, ме напомена докторката моја -0лни 3 до 4 месеци никакво вежбање, освен качување по степениции пешачење, а па стомачни заборави ги!