+15 Мин. вежби за нозе и стомак; А од вечерно вежбање ми остануваат уште 1000 скока на јаже и 30 мин. орбитрек.
И еве ме пак. Деновиве сум ептен во гужви, па затоа неделава бев само два пати на пилатес. Денес супер интензивен тренинг, се чуствувам препородено! Инаку почнав да пешачам доста, скоро на сите релации одам пеш веќе недела дена, ви кажувам јас пролетта ме буди. Задникот ми е зголемен и уште позатегнат што ми е мотивација огромнаааааааа!
Денеска и јас имав одличен, интензивен тренинг со тежини за целото тело (45 минути) Забележувам дека кога сум добро расположена, имам и подобар перформанс во теретана.
После два дена одмор се враќам со нов рекорд 22 круга трчање и 24 круга пешачење = 46 круга по 200м = 9200м и плус од дома до патека и назад 1300м = 10 500м За 1h 15min
Денес Body Revolution: Workout 8 Прв пат денес го вежбав, до Workout 7 имам стигнато со програмава. Одлично е, малку кардио, повеќе strength вежби, како и останатите видеа од Body Revolution, само за степен потешки. Insanity: Cardio Abs Ова го имам вежбано и претходно, ама баш затоа го одбрав. Сакав вежби за активирање на стомачните, ама сакав и малку повеќе кардио за да се испотам. И прво ми текна на ова видео на Шон. Супер е, убаво ме измори. Денес добро ми дојде вежбањето, особено затоа што од сабајле работев низ дома, па ме фати кичмата, во еден момент не можев убаво да се исправам, се укочив. Сега многу поубаво се осеќам, уште некој саат попладнево да поспијам и ќе бидам како нова Мотивации
Денес бицепс, гради, стомачни. Сакав тренинг за цело тело, ама тоа ќе го оставам понеделнички. Така што Феминки, размрдајте се, не бидете мрзливи. И најкраткиот тренинг е подобар од никаков.
6km возење ролери. Дефинитивно можам и повеќе, ама гледам близу Палас има камиони на стаза, веројатно градат нешто, па си се враќам назад. 90 стомачни. 60 squats. Исто и јас како @sofijanoka почнав да пешачам на сите релации. По 3km дневно во најмала рака, ама најчесто се повеќе. Дури и ја натерав другарка ми пешки да се враќаме од диско во 3 саат. (без штикли нормално)
Денес високо интензивен тренинг, мислам дека волку се немам препотено никогаш до сега. Можеби и затоа што го пешачам градов, па и од топлово ама нејсе. Тегчиња, кардио, од се по нешто. Инаку да си се пофалам, денес правам точно 3 месеци како ја вежбам програмава. Многу сум задоволна од резултатите, продолжувам уште. Како беше она, првиот месец почнуваш, вториот сам ги забележуваш резултатите а третиот сите околу тебе. Епа баш така е и кај мене, постојано комплименти. Се топам од убавини. Ок, лажам. Се топам од вежбање.
Не знaм шo ми е, пoследнaвa неделa јaдaм се и сештo пa чудo е кaкo успеaв и oвa дa гo изoдaм Али бaр нештo нaпрaив еднo 20метри трчaв сo 25.2 км нa сaaт
Вчера и денес по 3km трчање. Немав време да одам до стаза, па затоа низ маало. ^ уште не сум до овој степен, ама прејако ми е!
Денес 10 круга трчање и 4 круга брзо пешачење. Знам дека е дупло помалку од минатиот пат, но првите 6 круга ги истрчав без пауза. Потоа трчав по два. Не трчав бавно како да се влечам туку трчав колку можам побрзо но темпо. Од времето со задоволна 15 минути
Денес како бев ненаспана и уморна, мислев само да се избањам и да си легнам да одморам. Ама ја видов темава уште на првата страница кога отворив Непрочитани мислења и ме мотивираше сепак да извежбам Одбрав три нови видеа од Ребека што претходно ги немам вежбано Супер вежби за цело тело, без никаква опрема. Јас најмногу ги осетив на стомачните и рацете. Ова е одлично, сигурно пак ќе го вежбам и ќе си го зачувам на YouTube. Ептен го препорачувам! Кратко е, ама многу ефикасно. Како што се имав намачкано со загревачка антицелулитна крема, ова дополнително ме загреа, сеа ми вриштат нозете и задникот Ова е повеќе на нозете сконцентрирано, макар што и задникот се активира. Ете така, сега да мавнам еден туш со надеж дека убаво ќе се наспијам Мотивации
Не пишав за вчера - вчера само пешачев 1 саат и после дома 30 чучневи направив и тоа беше, за денеска ќе пишам кога ќе завршам тоа што го планирам да го извежбам. битно мотивацијата ја имам и не престанувам. зацртано ми е во главата- мора да се вежба било што, прво за здравјето после за телото, мада јас прво за телото хахах мотивации -
За денес пешачење околу саат време, пола пат на угорница Инаку луѓе ме боли опашов па од падот, боли кога се наведнувам и седнувам, кога обувам кондури Како можев само така да се траснам