Денеска (во домашна атмосфера) Се надевам дека ноџињава ќе почнат да растат зашто ќе почнам да губам надеж.
После долго време повторно тука, не се откажав само не пишував на форумов. Но од денес повторно сум редовна За денес: +2 серии по 45сек планк +100 подигања на прсти +200 скока со јаже Мотивации
И денес повторно едночасовен тренинг, фокус на раце. Тегчиња во главно. Мислам дека нозете толку многу ме болат од претходниот тренинг, буквално беше многу интензивен а и јас скроз се предадов со оглед на целата нервоза и потребата да се издувам. Денес едвај ги завршив вежбите, имав напорен работен ден, ама сендвичот м ораше да се истроши.
Повторно денес пешачење околу 4 км пола по угорница пола обратно Ама не ми беше напорно па планирам после и да повежбам нешто за раце и стомак
Prvo se izvinuvam sto pisuvam na latinica ama formatiran mi e kompjuterot i nemam mk podrska, a ne mozam da instaliram nesto problem ima. Polse edno nedelna pauza od vezbanje, denes morase malku poveke. Ne se izlezuvav cela nedela, odev da trcanje sekoj den po 20-30 minuti plus okolu 1 cas pesacenje. Insanity - Insane Abs + 100 squats 100 lunges 50 side lunges 100 calf raises 50 bridges Do it for the summer!!
1) 1:30h брзо одење 2) 25 min кардио вежби од оние за почетници (од ХесФит, не сум баш почетник, но најбезбедно ми делуваат, со најмал ризик од повреди, а со тоа и помали шанси за демотивирање) 3) 30 min на статичен велосипед. и тоа вака за викенди, преку недела имам време и енергија за 30 минути преку сила, ама секој ден. Побитна ми е кондицијата и јачање на имунитетот него ли некои надворешно видливи резултати. Бавно напредувам временски затоа што знам дека иначе за некој месец ќе се откажам. I've already been there. Мотивација ми е појак имунитет, поголема физичка спретност, подобра психофизичка состојба и поцврсто втемелена навика. А подобриот изглед би требало да дојде сам по себе. Кога и да ми бил прв приоритет изгледот, неколку недели била радоста и здравата навика. Спојлер: може да послужи како идеја Исто така, си имам и бележник и таму ги ставам сите добри фитнес одлуки (не само за вежбање, пр. целосно отфрлање на некој вид на штетна храна, справување со нервоза со вежбање наместо со благо итн.) и си ја читам кога ќе сум онака снеможена од шо немам волја, не од што физички навистина не можам и си викам „Герберче, гледај до каде си дошла“ и продужавам.
Искрено јас не ги сфаќам луѓето што вежбаат само во пресрет на летото. Тоа ми е толку смешно... Сега се полнат теретаните и мислам дека ќе постигнат некакви неверојатни резултати за месец-два. Епа жал ми е, не оди тоа така. Ми текна ова да го пишам зашто од ден на ден е се поголема гужва во теретана, а пред некое време се случуваше сама да си вежбам. Fitness is a lifestyle, not a destination. Јас по ова се водам. Инаку денес на ред нозе (40 минути) и стомачни (15мин)
Здраво феминки, еве ме пак. Ме нема некое време да пишам ама тоа не значи дека не вежбам за денеска на распоред ми е Pulse од Insanity Max 30, Brazil butt lift high&tight како и стандарните 4 серии од по 20 стомачни. Ако имам време ќе вртам и 30 минути орбитрек. Морам да се ви се пофалам дека фармерките стари 3 години и с број ми се точни се испорадував да ви кажам искрено. Малку мотивација за денес:
Сестра ми у последно време ми откажува љубов за трчање , па затоа денес се занимавав со јутуб видеа, зумба претежно. И стандард по неколку сесии стомачни и squats. И едвај чекам пак да се затопли за да возам ролери. Ептен ме релаксира, а плус и ефективно е.
И 20-минутни вежби за нозе и стомак. Денес одмарав од орбитрек и јаже, без нив се чувствувам како ништо да не сум правела. Не мислев дека ќе дојде ден кога ќе вежбам зашто сакам, а не зашто така треба.
Сеуште ме болат нозете од овие претходните два дена. Вчера имав некои вежби за нозе а пред тоа стомачни и нозе, мислам за тоа имам напишано погоре. Вчера исто така околу 1 час тенис и многууу пешачење, добро ми доаѓа така. За денес сигурно ќе има пак тенис, плус некои лесни вежби за нозе околу 30минути.
Денес +некои вежби за нозе +3 серии по 45сек планк +200 скока преку јаже +100 подигања на прсти Мотивации:
Многу ми е мерачки кога ќе си го почнам денот со јога. До вечер планирам уште орбитрек, морам да пишам, за да не забушавам. Ако се подзасуши надвор, можам и да поскокам на јаже, ако не, здравје.
Едит: 14км орбитрек или 38мин., мојот досегашен рекорд. Не вежбам со цел, немам некоја бројка во глава за килограми, ниту пак за лето се подготвувам. Знаеш дека си зависен од вежбање кога сите вежби кои ги имаш на ум си ги распределуваш низ денот, за да остане нешто и за после.
Еден фитнес ден што му удрив, да плачеш. Денов час сонце, час дожд, час дува... мене расположението исто ко и времето. Имам на таблет апликација што е 7 минути HIIT, вклучува jumping jacks, пола минута пленк, пушапс, чучњеви, итн., и додадов уште некои мои за раце, така да вкупно 15ина минути ме фати. За еден саат ќе шетаме со другарка, си имаме едно патче, некои добри 6-7 км е, така да океј ќе е. Се тешам. Абе, ми се плаче за јадење како се ближи денот да добијам. Али добро е, не се напнувам не знам колку, ама редовно е, па конечно можам да кажам дека газов ми е заоблен и поголем од стомаков што се потпрчува кога му текне. До јуни некаде, и тоа сосема ќе го снема, се надевам. Си имам цел фолдер инспирации, али некои претерале со згодноќа. Рецимо типкава. Глава боли.