Поради повреда на коленото не бев во можност една цела недела да одам нормално, камоли да вежбам. Jumping jacks - 50 Squats - 100 Lunges - 30 Side lunges - 30 Calf raises - 50 Bridges lift - 30 + вежби за стомачни околу 20 минути.
За денес имам на распоред Max Out Strength Insanity, како и планирам малку денеска повеќе да вежбам стомачни вежби и најдов 8 минутен предизвик кој е доста добар како и ова видео: Мотивација за денес:
Еден месец пoдoцнa 7 минути пoбрзo Уствaри времетo е пoдoбрo зa уште минутa пoшo кликнaв стoп дури кoгa седнaв пред гoлемиoт спoненик Излегоа официјалните резултати 1:47:40 Презадоволен сум, вкупно 186то место од 973 машки шо ја завршиле трката, севкупно 196то од некои 1300 полумаратонци ауууууууууууууууууууууу не очекуев волку добар резултат искрено
Денес Insanity: Pure Cardio 40 минутно рипање, скокање и трескање од земја Напорно е, така што внимавајте да не се префорсирате, Шон постојано потенцира да правите паузи кога веќе нема да можете да издржите. Јас го истерав до крај, со тоа што наместо да застанувам кога веќе ми беше ептен напорно, вежбите ги правев малку поспоро. Мотивација ми е тоа што кога гледав Инсенити видеа пред 2 години, не можев ни да замислам дека ќе можам нешто такво да вежбам и јас, а да не ми падне јазикот до колена уште во првите 5 минути Си викав, што е бре ова, што му е на ќелавиов, па и на овие околу него Сега вежбам барабар со тимот на Шон И уште нешто за оние кои размислуваат да почнат со вежбање, се канат, се тегнат, се убедуваат и тако даље - не очекувајте резултати преку ноќ, зашто вежбањето не е диета 7kg за 7 дена, туку треба време. Ама тоа нека не ве обесхрабрува, зашто кога ќе почнете да ги гледате првите резултати, ќе се каете што не сте почнале со вежбање многу порано Имав сретнато еден многу убав цитат што може да ви биде голема мотивација кога е во прашање вежбањето: Тоа што не си го стекнал преку ноќ, не можеш ни да го изгубиш преку ноќ
Имам болка во колено и тешко ми е да скокам и да го движам лево десно коленово на аеробик Некои вежби за по дома за дебели нозе
О ла ла! Во четвртокот кардио и кикови, петок јога, сабота мноогу пешачење. За денес не знам што се спрема.
Денес комбиниран едночасовен тренинг со тегчиња, раце и нозе и стомачни, squats. Добро потење за убав старт на денот... Мотивација ми се фотките кои ги постирам и сите вие што секојдневно пишувате и практично се исповедате за вашето секојдневно вежбање...Само со упорност и работа, меѓусебна поддршка и бодрење сме на чекор поблиску до остварување на нашите цели и соништа... Јас немав голема верба пред да почнам изминативе неколку месеци дека ќе си го реобликувам и променам телото а воедно и ќе си воведам една здрава навика која ме исполнува и полни со ведрина... Мотивација ми се и моите инструктори кои несебично се вложуваат и работат со мене.... И мотивација сум си самата јас, сопствената јас. Изминативе неколку дена кога се гледам по бикини, во огледало, во тесно фустанче, на фотки... Си се воодушевувам на упорноста и самата себе. Можеби не сум скроз профи, но променета сум 100 %. Продолжуваме со работа девојчиња и дечки...
Како се наближува летото се' поактивна и поактивна станува темава Јас очајно трагам по мотивација за вежбање деновиве, си се мразам самата себеси што си дозволувам да дојдам до таква состојба буквално да се молам за да станам да вежбам, а откога ќе почнам да вежбам да го правам тоа без волја. Како и да е, не престанувам. Веќе имам направено пауза од цела недела без вежбање и сум си разбила рутината па сега ми е мачно и тешко кога дојде денот за вежбање. Anyway... За денес Повторување на 5 сетови, што значи по 50 пати од една вежба.
Вчера Lower body+abs. Вежбав едно 30 минутно видео од 21day fix extreme ама не го довршив, до крај 20 минута само. Неможев едноставно, премногу чучњеви имаше, душа ми излезе
Eден ден трчам еден вежбам вежби за затегнување, иако не пишувам редовно сум активна Денеска истрчани 3.9 км.
Деновиве сум во ужасно расположение и верувајте, само и само вежбањето успева да ми ги оттргне мислите. Откако ќе завршам со вежбање се чувствувам подобро! Денеска Повелете, за сите активни Феминки, "билдерски" оброк и шејк за после тренинг!
Си запнав јас со вежбите за стомачни.. За денес Insanity - Insane Abs, повторно. Последниов период само ова видео го вежбам од Инсанити, немам многу потреба од кардио па затоа ги избегнувам другите видеа. Плус ги направив од Extreme Abs Workout, трите вида вежби повторување по 20 пати, 4 сета.
Денес Insanity Max Out Strength како и Insanity Insane Abs. Малку во последно време се напнав со стомачните, долните стомачни никако да ми се намалат, така наречената гума сеуште ја имам возев и 30 минути орбитрек, имав малку повеќе време на располагање денес. Се немам сеуште мерено зашто знам ќе се разочарам, во обем сум ослабена многу ама во килажа скоро ич. Мотивација за денес:
Штом во обем слабееш бројката на вагата ама ич не е важна Ти си изградила мускули кои повеќе тежат но помалку обем зафаќаат.
Вчера одмор а денес Total Body Cardio fix (30 минути) од програмата 21 day fix, почетната а не таа од пред некој ден extreme што сум ја спуштила по грешка, затоа душа ми излезе
Mnogu gi imas isforsirano nozete, mene taka mi bese mene pred nekoj mesec i nekolku dena ne gi vezbav nozete i mi pomina
- 250/300 стомачни - 30 склекови - 100 чучњеви - подигања (лакти дланка лакти дланка) 50 - И пијам по 4 литра вода дневно.Зголемен внес на протеини и витамини имам. Може линк од добри вежби за долен дел од стомакот?Покрај овие од линкот.