Почнав еден 21дневен предизвик за стомачни Habit Abs, не знам дали сериозно ќе го завршам предизвикот, обично не сакам кога ми е однапред испланирано вежбањето, вежбам според расположението и така ми е полесно, ама ќе се потрудам колку можам повеќе да се држам до распоредот. Плус некако малку ми е ова за дневно вежбање па секако ќе правам и други вежби плус, можеби некогаш ако сум расположена повеќе неколку пати ќе ја повтарам рутината. Како и да е. Денешниот распоред: ДЕН 1 60 - jumping jacks 20 - squats 20 - hip circles 1 min jog 90 -crunches 90 - reverse crunches 90 - heel touches 90 - row your boat 90 - x crunches Приметив дека на распоредот пишува вежбите да се прават по 30 секунди, а јас ги правам по 30 пати. Упс. Плус вежбав околу 15-20минути вежби за нозе и задник.
Изгледа деновиве ќе се припремам за ова видеото со 7 минутен workout HIIT.. можно е уствари од викендов да го почнам (ако и утре се разбудам здраво,без отоци и болки). Ептем ме нервира просторов кај мене .... немам доволно празeн широk простор за некои од вежбите и плус што сум на први и не можам да рипам Денеска само ќе ги простуридарме вежбиве.. напорно изгледа.
Денеска иако едвај успеав да се приберам дома, сепак најдов време за вежбање. Навистина се гордеам со себе И малку мотивација!
Убав едночасовен тренинг. Добро кардио проследено со табата, како и доста вежби со тегчиња за зајакнување на рацете и грбот. Се чуствувам периодов доста затегнато во поглед на рацете, и многу ми се допаѓа што речиси секој час имаме вежби за раце. Squats се неминовен дел нели, сите сакаме да бидеме Jen Selter.
Браво алал да ви е на сите Јас пред бременоста редовно вежбав ,трчав и секогаш бев стегната. И во бременоста бев многу активна ,пешачев и како аниматор во игротека до8 месец играв секојдневно . Поминаа 7 мес откако се породив,ослабнав околу 12 кг ,имам уште малку 6-7 да бидам супер,но никако да се решам да вежбам.иА и имам проблем што иако еве гидинаипол не сум вежбала нозете ми се сеуште мускулести,а ако почнам со вежби уште повеќе ми се оцртуваат,а несакам сепак женско сум како на фудбалер ... СОВЕТ ?? и за стомакот ми е повеќе да го стегнам,да се разбереме плочки не ми е филинг да имам За почеток сакам некои добри кардио да ми дадедете некој линк? Да го стопам салцево на стомакот? па здравје стомачни после хаха
Имаш доста кардио програми низ фитнес центриве. Кога велам фитнес центар, не мислам на теретани туку на Топ Форма, Powerhouse, Trinity и сл.
денеска немам енергија за ништо, а вчера направив 1000 скока на јаже и 50 чучневи, 50 скокања со двете нозе наизменично на скала.
Понеделник редно време после матуриве е да си продолжам со здрава исхрана и планирам да ја почнам инсанити програмата за вежбање, ќе ве известам за напредокот, wish me luck Еве некоја мотивација и од мене
Денес од толку што се изморив, мислам дека и ушите ми се испотија. Многу добар и високоинтензивен тренинг, чинам овој некако посебно се издвојуваше од серијата високоинтензивни на кои си се навикнав веќе 5 месеци. Ме мачеа, сега љубов ми направија, се заљубив во пилатес. Значи дечки, ептен јако потење, издржливост до максимум и тренинг за паметење! Раце, нозе, стомак, грб...од се по нешто.
Се надевам од денес повторно ќе почнам активно да вежбам. Утринско вежбање: + 11км. орбитрек Вечерно вежбање : 700 скока на јаже
Здраво можеби не е за овде прашањево ама се надевам дека некој ќе ми одговори....имам 52 кила доста ми е ама имам стомаче неќам повеќе да слабеам зошто веќе алишта не можам да си најдам како на закачалка стојат....ама стомакот ме кочи можи некој да ми кажи што да правам за стомакот што да вежбам...поздрав
еве 3 левели за стомачни, можиш да најдиш еден куп вежби на youtube, напиши abs wokrkout for woman и ќе ти излезат, исто јас ти препорачувам додека вежбаш да се виткаш со целофанска фолија на деловите каде сакаш да ослабиш, така се топи побрзо салото, со среќа
Habit abs challenge ден.3 и ден.4 за денес. Два дена ги запоставив и не ги вежбав, си кажав дека ќе бидам несериозна. Плус некои вежби за зацврстување на нозе од околу 20минути.
Денеска микс од моите омилени вежби Во домашна атмосфера, и многу интензивно! И моето омилено мото за мотивација
Луѓе, не знам дали е од топлово ама јас толку многу се цедам, вадам максимум, на раб на слошување сум последниве 2-3 тренинзи. Денес на мени - мноооогу кардио проследено со squats и вежби за стомак.