Декември и Јануари решив да вежбам дома ... некако ладно времево не можам да се влечкам по ладново по теретани ... Битна е мојата голема војла и решителност и ветување овде пред сите дека ке вежбам секој ден ! Нема оваа зима да се залежам дома , никако не смеам ! Денес вежбав на орбитрејк 60 мин , па чучњеви 3х30 , вежби за задник и нозе серии 3х30 , завршив со стомачни 3 х 30 од сите горни долни и странични Супер што има се повеќе членови на темава Мислам дека на сите ни фали ЕЛЕМЕНТАЛ , каде си дете , без трага и глас не остави сами да си вежбаме и АРИЕЛ не ја гледам нешто ја снема , повик и до Ариел Само напред феминки , со многу упорност до целта , полека и трпеливо !
Ви се враќа Ангел, после три дена пауза, денес ќе вежбам, минимум 20 минути степер, 50 минути Зумба и 10 минути вежби за топење многу калории од тренерот на моделите на Викторија Сикрет, почнувам веднаш
Денес имав добар фитнес ден: 150 чучњеви 100 стомачни + свеќа положба и неколку секудни така поседов, повежбав малку моја варијанта. + пешачење(е сеа со километража и чекори имам малку збукна, едната апликација Валкроид ми кажува 8,13 км односно 10 164 км, а Акупедо педометар ми кажува 9, 55км, потрошени 422,1 калорија и изминато време во пешачење 1 и 23 минути и 36 секунди. Е сеа времето на пешачење е точно отприлика, ама секогаш акупедо ми кажувала помалку и на неа повеќе се ориентирав, кога ми измери валкроид 20 и нешто, таа имаше покажано 15, ама отпосле видов, сум ја заборавила дека и неа ја имав за споредба, а сега таа што секогаш покажуваше помалку сега кажува повеќе, па отприлика тука некаде се, заокружувам на 8км испешачени. (можда релацијата е помала во км, ама јас правам мали чекори, плус не се возам со кола) Утре правам пауза, четврток и недела не ми се фитнес денови, тие ми се денови за регенерирање на мускулите.
Уште еден час и половина активно поминати во теретана денеска. Неможев вообичаено да си ги направам до крај вежбите,коленото ме боли Но,како и да е убаво се изнавежбав и се препотив.
Малку се оправив од претходните нефитнес денови, не дека беше сјајно - Орбитрек од прилика 20тина мин. (не можев точно да видам бидејки дисплејчето нешто не ми е во ред) - 2х50 стомачни - 4х20 чучњеви А јас се стремам кон второто
уфф.. завршив за денес.. секое мускулче ме боли ама не се откажувам за вечерва ги планирав вежбите од сабајле ама на крај испадна зумба 30 мин.. чуството е прекрасно, уште еден туш и мирно ќе спијамм
Смешно е што секој ден си велам: "Денес помалку ќе вежбам" ама тоа никако да се случи. Вечерва малку подоцна се прибрав и немав многу време за припрема пред вежбање, на брзинка испив топол зелен чај со Л-карнитин и се фатив за работа. Свртев 40 минути на Орбитрек, 305 калории и поминат 21 километар. После тоа 80 чучњеви, 55 склека, 100 стомачни, 80 грбни и 2х50 расчекори. Малку тегнење, раце, нозе, грб и стомак и крај за денес.
Вчера рекорд на орбитрекот ,дури 60 минути После тоа пак вежби за раце,нозе,задник и 100 стомачни.Денес пак планирам истово да го вежбам и можеби уште некоја од вежбите на ангелите на Victoria's secret
денес сабајлечки си го завршив вежбањето саат ипол на орбитрејк стандард стомачни и вежби со тегчиња за горен дел од тело серии 3х30
Секој ден ве читам и никако да пишам на темава. Тоа е оти јас веќе трета година по ред одам на пилатес и не вежбам дома и потешко ми е да напишам какви вежби сум правела и по колку. Иначе првата година некако не бев многу актвивна, само си наоѓав изговори да не одам, па ако немам друштво сама не одам и сл. Втората година некако по редовна бев, ретко пропуштив тренинг. Само 3 месеци прескокнав, зимото, многу ми беше ладно во салата каде што вежбавме и не одев. Е третава година веќе 4ти месец имам пропуштено само еден тренинг и тоа не по моја вина. И си ветив дека нема да пропуштам ниеден тренинг и најискрено темава страшно ме мотивира, значи за темава, многу е од корист. Па ќе ве дружам, можеби не толку често оти малце потешко ќе ми биде со објаснување на вежбите, па ке кажам одприлика како се одвиваше тренингот вчера. Тренингот почна со 15 мин. загревање 15 мин. вежби за раце со тегчиња 20 мин. стомачни 10 мин. вежби за нозе 2 серии склекови мотивации
Dали е можно од скокање по дома (скокам во место,странично,напред,назад) да ми се повреди ногата Uште вчера кога вежбав ме болеше по малку , но си реков ништо не е , ама сега кога почнав да вежбам, толку беше. A баш бев напалена да се изнавежбам. Uжас, пробав планк да направам и кога видов дека не издржувам со ногата се откажав. Uф белки ќе ми помине до утре. Aј хоуп соу. Vие феминки кип гоинг.
- 30мин (11.36км) Орбитрек - 2х50 стомачни ...можеби вака не изгледа многу, ама јас се цедев П.С. Морам да кажам дека и се дивам на Dinnna што вози Орбитрек саат ипол, девојко!
Ах колку сакам да ве дружам, ама не можам, имам страшен проблем кој ме спречува да вежбам и најверојатно ќе остане така подолго време додека да се оправам Но степерот не ми бега, пократки серии од по 20 минути, 2-3 пати навечер, колку да не се испотам (проблемот е што не смеам да се испотам па затоа не можам да вежбам) Е така, само што ја завршив прата Степ тура, ми останува уште една додека гледам едно филмче
30мин од вежбите што ги правев сабајле, и 10 мин вежбите на Вс толку за денес, преморена сум... се ме боли ама утре е нов ден
И јас ви се приклучувам. Почнав од вчера. Бидејќи немам вежбано 2 месеци, не сакав да се префорсирам уште на почеток, туку почнав полека, со полесни вежби и цел тренинг ми траеше 1 час. Понатаму, кога ќе стекнам повеќе кондиција, планирам да вежбам подолго време. И денес и вчера вежбав исто: Пуштив некои песни со побрз ритам, како за вежбање, и почнав . 30 мин - вежби за истегнување, зацврстување (стомачни - и обични и со кревање на нозете, чучњеви, склекови, вежби за нозете, вежби за половината) 30 мин кардио. Убаво ми дојде, се подиспотив, се размрдав, денсе мускуливе на нозеве и на стомаков малку ме болат, но немам гајле, продолжувам со вежбање. Спојлер
И покрај тоа што денов не ветуваше многу енергија за дополнителни активности, собрав сили и решив до последен атом ќе се истрошам и ќе дадам се од себе бидејќи претстои долг викенд. Викенд на страна, без апсолутно никаква физичка активност, многу искушенија (овде мислам на храна и алкохол) и слатки задоволства под кои верувам дека ќе потклекнам. И да не објаснувам многу, се враќам на главниот момент: вежбите од вечерва. Орбитрек 60 минути, поминати 29 километри и согорени 440 калории. Скокање на јаже х300, склекови х60, стомачни х100, грбни х80 и чучњеви х120. Овде се одјавувам, ќе ја олабавам темава овие 2 дена, ама ќе ве читам така да не забушавајте
Ако не влечеш некоја стара повреда што сега се активирала можно е да се повредиш (или да се набиеш) ако си скокала неправилно на тврда подлога без добар доскок. Во секој случај дај си време за регенерација и ако има потреба масирај го местото неколку пати на ден со некоја лековита маст (или кантарионов зејтин) .