Денес малку послабо, ама не е без ич. - 8 минутното видео за стомачни - 700 скока на јаже Од досегашно искуство, најголем ефект има скокањето на јаже, ама некако пребрзо завршувам и мозокот ми вели дека не е доволно . Кој нема многу време, му препорачувам. Патем, честитки за сите кои вежбате Инсенити, јака ви душа!
денеска немав многу време, и набрзина едно видео и неколку вежби да не биде без ништо 30 sec. plank stretch + 2 min butt kicks 50 jumping jacks
Јас почнав со трчање, finally, се спремам од март месец Многу убава активност ми е трчањето, толку проста работа, а толку ефикасна (и тоа не само во поглед на физичкиот изглед). Башка секогаш имам друштво, особено периодов има луѓе што си трчаат навечер, па тоа е дополнителна мотивација. Периодов сакам само тоа да терам, ама во случај да вежбам нешто, ќе постирам видеа во темава. Поминувам да оставам некоја мотивација
Бев 10 денa нaдвoр oд држaвaвa...пoтoнaв у aлкoхoл и секaквa хрaнa Мислaм декa вoдa не се нaпив 10 денa И еве гo резултaтoт...пoбaвен зa 5 и пoл минути Али вредеше дефинитивнo oпуштaњевo, бaшкa се беше гaгa не е стрaшнo зa пoслaбoвo време ќе се нaдoкнaди зa неделa денa
Денеска се фокусирав на нозете и задникот, си вежбав во домашна атмосфера и ги споив овие три видеа од Fitness Blender, па испадна околу 45 минути интензивно вежбање. Последното е многу многуу кратко но е едно од најефективните според мене!
Мене ме мотивираат резултатите. Уште кога почнав да вежбам имав 80кила што за моја висина може ќе рече некој тамн ама неможев да се гледам. Сета храна повеќе ми се таложеше во стомакот и бутовите. После еден месец со диета од салати симнав 5кг и еве уште ги држам тие 75кила. Пред една недела почнав да вежбам пак и симнав 1кг што значи имам 74кг. Мене целта ми е 70кг со оглед на тоа што сум висока некаде прочитав дека е идеална тежина. Комбинација од храна,салати, вода и овошје се одвикнав од леб, јадам еднаш-два пати неделно. Значи СЕ МОЖЕ. Викендов одмарам. Но затоа се мотивирам за понеделник.
Го фаќам последниот воз денес, вежбам во 23h, дека ептен топло беше преку ден. 10 км возење на орбитрек 600 скока на јаже
Од вчерашниот тренинг Инаку си имам приметено дека сум се поправила во бутовите. Добро е, се радувам на секој постигнат резултат.
Што убаво кога денот ќе ти почне со исцрпувачки тренинг! Денеска цело тело, што значи утре ќе одмарам. Многу сум задоволна зашто гледам дека некои вежби што ми беа претешки порано, сега ги правам со леснотија и си барам нови и уште потешки.