Денес - 30 Minutes Zumba - 8km точак - Upper Body Workout Денес постојано сум во движење, со комбинација од чистење и вежбање, а надвор жешко, па се исцедив како лимон Ама добро вежбање удрив. Од зумбата и точакот некако ги оптеретив нозете, па затоа после се одлучив за upper body вежби. Убаво ќе се спие ноќеска Мотивации
Денеска: Задоволна сум од тоа како ми изгледаат стомачните. Конечно се покажаа сите од горе до доле . По толку време вежбање, дефинитивно најголемата разлика ја забележав таму. Нозете и задникот исто ми се оформија добро само ми фали маса. Рацете-исто така. Ако ништо друго, барем се затегнав како што никогаш до сега не сум била. За некој ден заминувам на одмор и чувството на огромна самодоверба во врска со своето тело е незаменливо. Не можам да дочекам.
И еве ме повторно на темава после една доста долга пауза од 10тина дена. Во моментов ми се чини екстра долга паузава, веројатно поради тоа што се навлеков на вежбање изминативе 6 месеци. Многу ми недостигаше, ем за затегање и правење best body ever, ем за пукање на негатива и полнење или зголемување на позитивната. Рекреација де. Денес ко да знаеле дека Леси се вратио кучи, warrior workout на репертоар. Тоа значи кардио, табата, тегови, squats, затегање, planks и што уште не. Ко од реклама звучам. Се испукав луѓенца, едвај издржав до крај ама имав премногу енергија и буквално се правев до максимум, со задњи сили, ама она баш вауууууууу! Сега можам слободно после тушот и лубеницата да си се релаксирам со друштвенце. И да, ми рекоа сум била ослабена или не знам што, ама јас ем не вежбав 10 дена ем не пазев нешто...
Денес утрински едночасовен тренинг. Тегчињааааа И повторно си добив комплименти. Банана, лубеница и вода му е мајката после ова. Се осеќам истоштено.
Денес зумба со тегчиња Прв пат вежбам нешто вакво и многу ми се допадна, веќе си го ставив видеото во favorites Тегчињата ми се чини дополнително ме испотија, а и рацете ми ги изморија Мотивации
Tри дена си правев пауза, непланирана ама мораше. Затоа денес добро си вратив На крај 20 минути на лентата. Е сега можам се да направам. Филинг вери гуд
Ај тие шо секој ден многу вежбате и се фалите во темава, ставете слики во "Вашите постигнати резултати" да видиме
Денес се мислев што да вежбам, се пуштив на YouTube, гледам ново видео од Ребека во subscription box, па ајде викам денес со нејзе ќе истерам Ова е новото што го ставила вчера - баш е во нејзин стил, кратки, ама ефикасни вежби од кои вриштат стомачните Ова ми е веќе пробано и многу ми се допаѓа, па затоа секогаш го бирам кога барам вежби за задник. За оние кои се канат да почнат со вежбање, дефинитивно ја препорачувам Ребека! Има супер позитивна енергија и многу мотивирачки видеа кои брзо ќе ви поминат. А по она што го читам во коментарите, на многумина им е полесно да вежбаат повеќе кратки видеа, отколку едно долго. Така што, верувам дека ќе ве натера да вежбате
Oh, it was a leg day today. Многу напорен тренинг со фокус на нозе, едвај се довлечкав до дома. Многу тегови, и раце, стомачни, од се по нешто. Well, не по нешто, по нешто повеќе.
Денес бев расположена за зумба Рипање и скокање + жешково време + затоплувачка крема на нозете, резултира со тоа жива вода да се направам За среќа деновиве конзумирам чај и лубеница во големи количини, па надокнадувам за да не дехидрирам. После го извежбав ова видео Не ја знам инструкторкава, прв пат вежбам со неа, случајно ми излезе нејзиното видео кога барав зумба. Мене многу ми се допадна! Може делува малку смотанка, ама супер вежби има, ептен ме испоти Освен тоа, ми се допадна што не е типично кардио, туку има и strength вежби. А како што ме болеа рацете и задникот од вчера, денес се докрајчив Како и да е, ви го препорачувам видеово Мотивации
Nikogas ne se otkazuvaj....Sega sum na super tezina, na onaa na koja najmalku se nadevav. I toa prv pat vo zivotot ja zadrzuvam veke godina dena. I duri i si namaliv uste kilogrami. Poleka do celta - 65 kilogrami tezina. Sega imam 70 Koga ke ja postignam obavezno ke kazam hahah