Jas denes pocnav so vezbanje oti imam salo na stomakot koe sakam da go otstranam.Dali TABATA vezbite pomagaat? I za kolku vreme mozam da vidam rezultati? A eve i malku motivacija za denes
Jas vezbam zumba, a pred nekoj mesec pocnav i urbhanize. Mnogu mi se svigja posto e vezbanje uz igranje i se potis, zacvrstuvas, ne e dosadno posto sekoj cas se razlicni pesni i posle si odam so pozitivna energija. Gleam sea vikend vezbanje organiziraat pa bujrum link https://www.facebook.com/events/1744519299134971/ Probajte, mislam deka kje vi se bendisa
Забушавав некое време, но денес се враќам во форма За денес пилатес, пилатеессс плус и кардио, одличен тренинг. Утре исто темпо.. Мотивации
Денот го започнувам со вежбање јога околу 20-30 минути, ептен релаксира и ми го подобрува расположението, ги исфрлам негативните мисли, а и башка добро е за опуштање на мускулите. Навечер повеќе време посветувам на вежбање со тежини, истата рутина ја имам, вежбам еден ден стомачни, ден нозе и задник. Еднаш во неделата вежбам и кардио, без разлика дали ќе е возење велосипед, трчање или кардио вежби одвојувам еден ден од неделата за тоа. Досега доста функционално ми е вака. Нема некои wow ефекти, некој што не знае дека вежбам не би ни рекол дека уствари се убивам од вежбање веќе 7 месеци, ама се тешам дека е поради тоа што си бев слаба уште пред да почнам да вежбам, па само се затегнав сега. Како и да е, јас се чувствувам далеку подобро во своја кожа, имам повеќе сила, а и подобар задник .. Не вежбајте за да се покажете на другите, вежбајте да се задоволите себеси.
Вчера се вратив од одмор, па денес како што си ветив се зачленив повторно во фитнес клуб и ќе одам секој ден наредниве месец дена. Се надевам дека нема да се откажам, ниту од здравата исхрана ниту од вежбањето.
После неколку дена лежење на плажа денес трчав 30 минути со комбинирани вежби (чучњеви, стомачни, jumping jacks) . Не знам колку имам истрчано ама препородена сум.
Вежбање со паузи низ текот на целиот ден, имав повеќе слободно време, а и досадно ми е само така да лежам на кревет. Комбинација од чучњеви, јога вежби, стомачни. Сега ми фалат 8 часа сон и утре како нова. Goal: Looking this hot wearing a dress.