Скоро три недели не бев активна, со одмори, шетање натаму наваму Мотивација ми е убавата боја од сончање Оваа недела се враќам полека, 5 дена вежбав, вклучувајќи и денес - недела. Повелете денешното видео и мотивации. Останете ми активни и мотивирани
Едночасовен тренинг и комплетно препотување. Задник, чучњеви, стомак, табата... Си го чувствувам воспалението од претходниот тренинг, со оглед на тоа дека паузирав 20тина дена а ова денес уште толку ме докрајчи. Вежбам и сфаќам дека онаа болка особено при истегање ми се допаѓа. Многу.
Нешто да прашам дали можи да ја ослабам само половината и стомакот рука сум голема а килажа имам 54 кг бев 52 на чоек не личев сакам само горниот дел да го намалам има решение или пак да си фатам строга диета....
Стави си фолија, облечи се добро, стави си појас за вежбање и трчај секој ден 20 до 30 минути. Може и на лента и на отворено. Тоа ти е најдобро решение.
Утрински едночасовен тренинг. Тегчиња, нозе, задник, стомак. Задната ложа ми експлодираше и тоа е најубавата болка на свет за поубав ден.
Денес - Zumba Fitness Aerobics Workout - 30 minutes Zumba Dance Workout - 200 скока на јаже Првото видео е една иста песна со различни кореографии, а јас тоа го видов откако веќе почнав да вежбам Па за да не ми биде досадно, ги комбинирав кореографиите од двете видеа наизменично Зумба секогаш бирам кога се чувствувам полна со енергија и сакам убаво да се испотам. Бонус е тоа што несвесно стомачните ми се стегнати цело време, некако без да забележам го правам тоа Мотивации
Денес 10km точак Одамна немам возено, а времево некако не ми беше за трчање, па си пуштив Friends и почнав да вртам Мотивации
Едночасовен тренинг , фокус на задник, задна ложа, раце, стомак...во главно тегчиња и табата. Чувство - препородена сум, посебно после напорниот ден, па и ненаспана.
За денес еден час препотување со фокус претежно на задник и нозе. Вежбав по шорцеви наместо хеланки и кога си ги гледам нозеве...некако мило ми е, ко малкуцка да се гордеам на досегашните резултати... И имам уште поголема волја да работам понтаму. Се нервирам што немам ептен фит исхрана, пример утре одам на вафли, си каснувам блашко и други ,,забранети,, ствари...
Загревање со јае околу 1.000 скока , 30 мин орбитрек , вежби за задник и завршен дел стомачни ... И јас си јадам благо ама се тешам со тоа дека го согорувам хахха ... Како сте вие со исхраната ? Што внесувате ? Имате ли некоја посебна исхрана или .... ?
Zdravo devojki Od denes redovno ja posetuvam temava za da ne se otkazam so vezbanje. Vcera pocnav vo teretana vezbav kardio okolu 40min ne mozev povekje i utrovo cuvstvuvam bolka vo nozete, znam deka mi se vospaleni muskulite ama moze li nekoja da mi kaze otprilika kolku vreme ke mi treba da napravam kondicija bidejki ne ni znam kako ke izdrzam denes so nozeve a ne sakam da se otkazam
Повторно едночасовен пилатес. Тегчиња, топки... од се по нешто. Правев паузи на моменти многу напорно ми се виде денес...можеби јас сум изморена. П.С:Ми рече девојче дека имам убави нозе.... Мотивацијааа
Моја мотивација се неколку девојки и жени од Инстаграм можете да ги погледнете: @linnlowes @ashybines @kayla_itsines @emilyskyefit @JenSelter @deniceemoberg