Браво за темава , ова фалеше на форумов Јас веке 2 месеци вежбам во теретана , секој ден само во недела одмарам . Повеке форсирам кардио вежби затоа што не сум баш задоволна со нозете сакам уште да ги ослабнам , се надевам не грешам што ми е 90 % кардио што мислите вие ? Денес на пример имав 45 мин орбитрејк па 3х20 серии за рамо раце и грб со тегчиња од по 2 кг и 3х30 стомачни горни и долни . На крај уште 45 мин кардио . Ми се фаќа 2 саати вежбање . Толку за денес
^ Далеку сум од експерт ама ако си за слабеење, кардио вежбите се начинот, а и програмата не ти звучи воопшто лошо, доколку ти е е елиминирана барем грдата исхрана, шеќерите, зачинети храни, маснотии, газирани сокчиња... Јуначко срце денес не издржа, планирав пауза после вчера, дури и под влијание на уморот, си ветив себеси и веднаш објавив тука пауза за денес, ама освежен после спиење, си ја повторив 3 пати рутината за стомачни од пет вежби. За да согорам што остана во стомачните повторив 220 пати само вежбата со тег во раце, над глава и репетиција со раце напред и нозе во вис, правејќи V со цело тело. Душичката ми е смирена Вакво нешто, само со тег од 5 кг над глава, за поголем отпор Спојлер Најубав одмор е заслужениот Еве нешто како за mindset сите да го имаме Спојлер
Мене ангелите од Викториа'с Секрет, А ПОГОТОВО АДРИАНА ЛИМА ме инспирираат ги имам во соба закачено и секогаш кога сум на крај од некоја вежба ги гледам и викам: АЈДЕ МОЖЕЕШШШ УШТЕ МАЛЦЕ МОРАШ КАКО АДРИАНА!!
Не знаев каде да пишам, па затоа тука. Plank вежбиве што ги спомнувате ефикасни се за топење салце, или само за затегнување се? Затоа што јас сакам да согорам салцето прво
СУм гледал клипчиња и сум читал на фитнес сајтови каде што ја претставуваат оваа вежба како одлична и за топење масти, но и за зацврстување стомачните. Логички штом зоната е активна, тогаш мускулот ќе стане поцврст. Најдобро е да ти стане дел од рутината за стомачни, секако не единствена вежба, нели. Јас ја комбинирам со џогирање, спринтови и/или трчање по скали. Значи кардиото не ти бега ако е за салце. Знае да биде брутална ако постојано си ги бркаш границите на издржливоста. Неколку дена ќе правиш X серии по 30 секунди, па пробај 45, па пробај минута...во зависност од моменталната физичка подготвеност, секако. Јас ја користам меѓу почетните вежби, за да се загреам добро, или како последна за да прегорам што останало. Сама по себе мислам дека не прави чуда, но супер е како додаток.
Денес направив некои спонтани комбинации - 15 минути на јаже и уште 10-тина минути други вежби - за задник на ангелите, за грб, 30 чучњеви и 30 стомачни, а имав и околу 2 часа пешачење. Во план ми беше повеќе да скокам на јаже, ама денешната научена лекција ми е дека во спална немам простор за скокање, па немаше лезет. Не сум на чисто дали ова ми е само изговор пред сама себе, или доволно беше. Тешка е борбата со себе!
Ако немаш простор трчање во место комбинирано со ситни потскоци има сличен ефект како јажето. Може да се скока и без јаже, ефектот е ист само што е јажето виртуелно иако е ќеифот секако поголем со вистинско
Денес не бев во теретана вежбав дома на орбитрек цели 60 минути Е сега ќе почнам да внимавам повеќе на исхраната, да избегнувам благо и леб т.е црн леб ќе јадам оти неможам без леб немам толку средства за поубава (протеинска) исхрана иначе знам што треба ама нема шушки И така јас си сум задоволна од мене а полека влегувам во ПМС и почнува депресија УПМ, веќе аман нека помини побрзо периодов. Зато сме тука да се мотивираме едни со други од вас земам сила поздрав и добра ноќ на сите
Кревет, топол, мек , милини ..... ауу ме фати ова зимската мрза. Не можам ни домашните обврски да си ги завршам како што треба а камоли вежби. Морам да се спасам што е можно побрзо од ова мрзливо расположение.
И фитнес сесијата за денес заврши со џогирање 5 км, спринтање скали, 45 минути вежби за стомачни и 90 склека. Во главно кратев од сите вежби денес, не ми беше ден за форсирање некако. Сепак, како што велат, единствен лош тренинг е оној кој никогаш не бил направен. @ SkarletOHara Многу од нас тука можат да напишат магистарска по мрзеливост, ама стегаме заби, воведуваме позитивни промени во животот и го споделуваме сработеното. Почни да црпиш инспирација од темава и да ни се пофалиш со нешто поубаво
Викторија Секретс ми се мотивацијата Ги правам вежбите од нив http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... ias-secret благодарени на Фемина !!! Доволна мотивација ми е со нив па и плус некои слики имам.. Па и да се пофалам дека имам резултати и сега имам тело како типкава Спојлер http://data.whicdn.com/images/40531093/62487513549390158_cWJdZWBB_c_large.jpg
Спојлер Ммм, добра тема Зашто дури сега ја гледам? Ај и јас да се придружам, ако може. Одам на фитнес скоро 3 месеци. Иако имам теретани во близина, јас одам во теретана далеку од кај мене. Секогаш одам и се враќам пешки (40 минути во правец). Не знам, некако не ми е филмот да се пикнам во кола, да вежбам, и после со кола до дома......Ако веќе се вежба, ќе се вежба како што треба Сега почнуваат студовите да ме плашат, па ќе видам што и како ќе биде зимава. Немам некој голем вишок на килограми, имам спојлерчиња околу долниот дел на стомакот, така прилично тврдоглави (како мене исто ), па целта ми е нив да ги снема, плус да се затегнам (задник, нозе, раце....) Вежбам се, најмногу кардио. Иако најмалку го сакам тој дел (досадно ми е нон стоп да веслам на степер или орбитрек ), ама сепак мора да се признае дека е најделотворниот дел од фитнесот. А денес.....Па добар фитнес ден Прво сабајлечки пешачење до работа 40 мунути (од кај дечко ми), после работа пешки до теретана 40 минути. Денес вежбав прво кардио 20 минути, па после нозе, задник и стомак околу 30-40 минути вкупно, па пак кардио 20 минути. И после 40 минути назад до дома. Убаво е чувството кога ќе излезеш од теретана, изнавежбан и ослободен од сите негативни мисли и расположенија од денот....навистина убаво. Мене мотивација во последно време ми стана една од девојките од рекламите на Златен Даб низ градов што ги има. Конкретно зборувам за огромната реклама на зградата кај кружниот тек кај Стар-Кафе, кога се оди од Капиштец накај Центар. Моментално немам време да ја гуглам сликата, се надевам деновиве ќе ја најдам некаде. Не знам која е, ама сакам таква да бидам
15 мин. степер (тоа ми е стандард, секој тренинг), стомачни 3 вежби по 100= 300 и едно добри 40 мин. вежби за задник и нозе. Применив и дел од вежбите на ангелите на Victoria's secret и многу сум задоволна, задников ми знае Полека си се враќам во форма и се чувствувам полна со енергија. Утре раце и гради се на ред!
Трчање 6 км + 6x15 секунди спринт, 110 склека и што остана го потрошив дигајќи се на шипка. После тренингот си каснав 3 банани, нешто како recovery оброк, иако ни самиот не сум сигурен колку се погодни за тоа. Еј, и тоа е фитнес Спојлер
Да, се слагам со Elemental, и тоа е фитнес, и тоа каков Па уште ако така почне денот....мераци Дождов денес скроз ми ги поремети плановите. Многу врнеше, па не можев да се шлапкам 40 минути напред и уште толку за назад. Не дека не сакам дожд, ама не можев денес да се тегнам ваму-таму на мокрото. И отидов и се вратив со кола. Свесна сум дека иде зима, студови.....и се помалку и помалку денови ќе има кога ќе можам пешки да одам. Ама секогаш кога ќе има услови за тоа, ќе одам пешки. Денес вежбав 20 минути кардио за почеток (степер). После околу саат време вежбав раце, рамо, грб и стомак. И на крај пак кардио 20 минути на степер. По совет на дечкото што работи во теретаната, кога вежбам на степер или орбитрек, вртам 5 минути напред, 5 минути назад. Првите неколку пати со вртењето назад душа ми излезе Ама вреди Одлично е за оформување на задникот. И се надевам вечер на уште малку фитнес, не за друго, како што почна денот, редно е така и да заврши, нали овај
Имав дилеми со дождов денес...Да одам, да не одам...и отидов да вежбам! А, кога ќе влезам во теретана, веќе бегање - нема. Степер (green eyes ме замисли малку за степеров...за орбитрек јасно ми е како врти наназад, ама за степеров, не ми е јасно.Веројатно мислеше само на орбитрек), потоа околу 40 минути вежби за раце и гради , па класични стомачни во четири серии по 50 и на крај вежби за струк со шипка. И така, вежбам јас со години.Некогаш поинтензивно, некогаш помалку интензивно,ама континуирано. И да, секоја капка пот во теретана има ефект.Фармерките од средношколските денови така велат Единствениот проблем е што после тренинг не јадам банани како Elemental , него пијам кафе и пушам цигари.А, богами понекогаш навечер знам да испијам и по некоја чаша бело вино Ама, ајде да не забегувам во тема Пороци и како да се решиме од нив....
И тоа 2 пати сум пишала степер Боже Секако дека на обритрекот се однесуваше ова, најдобро другарче ми е, ептен се сакаме Во моментот гледав нешто на интернет за фитнес справи за кардио вежби, па изгледа степерот ми фатил око Е денес, нема фитнес за мене. Мала пауза Евентуално вечер стомачни ако направам. Обврските си го прават своето, тоа е
Многу е добра темава, браво Елементал, а јас ќе ви се придружам на неа на 5ти Ноември. Планирам со активно вежбање на вежби од моиве апликации имам за бутови, за цели нозе, абс и кардио. Ќе ги комбинирам плус со стомачни + секојдневното пешачење кое е пристуно и сега и плус некои чучњеви, ќе известувам што како од тој датум и после него. Си вежбав едно време добро, ама престанав зошто чекав прво да ослабам некое кило, па да се обликувам, кога ќе почнам да вежбам ќе биде 24 ден од мојата диета мислам, а тоа е идеално време за да ги комбинирам вежбите и диетата, па така планирам да вежбам до 02.02.2013, значи ова ми е некој краен рок за усовршување и добивање на посакуваното тело, а секако дека и пред тоа ќе бидам ослабена и зацврстена, после овај датум, ќе вежбам пак, ама не толку интензивно. Значи ова е мојот план, се надевам дека се ќе тече како што сум смислила, и не би требало никакви изговори да ме спречат во мојата активност. (од типот на имам за учење, ќе ја истрошам енергијата или имам циклус или сега ми е ладно или имам многу обврски) Тоа е тоа, вака од кога го пишав јавно планов, ќе ми биде неубаво да не го остварам зошто ќе биде пишување на празно ако биде така.
На форумов не сум била активна многу долго време,темава на некој начин баш ме инспирираше да се вратам. Дефинитивно го прогласувам мојот камбек,сега и овде Мојот фитнес ден,недела и одмор. Од утре официјално стартувам со п90х,пак Верувам сте слушнале за програмата. На некој начин заљубена сум во неа,цело лето ја држев,постигнав неверојатни резултати,телото никогаш не ми било во подобра форма. Периодот од септември па се досега,на некој начин се одржував со мој начин на исхрана и теретана,па падна одлука пак да почнам да ја вежбам,така да од утре ве дружам