Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Fала на советот, најверојатно сум скокала неправилно, ќе пробам со масажа, а и 2-3 дена сигурно ќе одмарам од вежбање. поздрав :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.179
    Допаѓања:
    139.133
    Една цела недела не вежбав :$ Се погоди период на дружба со пријатели, активности, а и претпоставив дека ќе направам пауза, почна да ме фаќа некоја мрза. Лесно е изговор да се најде.

    Имам и реален проблем, вежбањето навечер. Преку ден не можам, а навечер после вежбање никако не можам да заспијам, па следниот ден пола ден ми е утепан. Да е пострашно, иако претходната недела не вежбав, биоритамот веќе ми се измести, па вежбала - не вежбала, мене навечер не ми се спие.

    Како и да е, вежбањето месец и нешто даде резултати, вчера бев да си купам облека и баш бев среќна за бројчето што го земав :D, а дополнително на тоа ја прочитав и „опомената“ на Дина дека ме нема тука, па се засрамив :$. Решив дека нема да застанам тука, туку ќе продолжам - нема простор за мрза и изговори. И така инспирирана за вежбање си легнав порано :D, денес станав сабајле во 6 и извежбав 40 мин на орбитрек. Во план ми е до после да одам и на базен, околу 45 минути активно пливање.

    Морам да се навикнам некако на станување во 6 и вежбање сабајле, ама тешко е. Во 6 не е ни разденето, едвај се гледа некој зрак светлина. Ама ќе се обидам. Добро е што денес е петок, за викенд не морам да станувам рано, а до понеделник пак ќе се навлечам на вежбање, па полесно ќе биде да се натерам да станам во 6 :)

     

    Прикачени фајлови:

    • No excuses.jpg
      No excuses.jpg
      Големина на фајлот:
      15,6 KB
      Прегледи:
      410
    На Lux, Hopeful, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    јас денес не вежбав бидејќи со мажулево добри 4 саати се акавме низ град, утре е нов ден од сабајле почнувам со вежбање..
     
  4. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    здраво феминки :)
    Денес повторно сабајлечки 60 мин орбитрејк
    вечерва свртев уште 30 мин и вежбав за горен дел од тело со тегчиња и стомачни нормално 3х30
    Да се пофалам во обем имам намалено во струков и во нозеве , не сакам повеке да слабеам
    но од кардиото никако не се откажувам , зависна станав :D
    LaBella кога почнав летоска со вежбање дури бев на диета едвај 30 мин ги вртев на орбитрејкот , од месец на месец зголемував , сега некои денови дури и саат ипол ми е малку :D
    Пусти страв од дебелеење ах :tmi: се трудам да согорувам дневно со вежбање околу 700 калории
    Само со упорност трпеливост и редовност сватив дека ке го добијам тоа што го сакам ...
    Се надевам секогаш ке бидам ваква
     

    Прикачени фајлови:

    На Artemission, Lux, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  5. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Јас кога го видов на Фемнина линкот со вежбите со моделите на ВС почнав да вежбам, незнам зашто ама добив некоја инспирација, и еве дууури три дена вежбам :D
     
  6. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Феминки како сте, јас денес требаше да ја одмарам ногата но нм да се воздржам ги направив овие вежби два пати https://www.youtube.com/watch?v=Ssl5cMI7ACQ и се препотив. Потоа вежби за стомак,задник и за раце со тегови од 2кг. Морам да ја пофалам Динна за упорноста, продолжете сите со вежбање , да ја стигнеме Динна :D
    Поздрав
     

    Прикачени фајлови:

    • стомак.png
      стомак.png
      Големина на фајлот:
      166,1 KB
      Прегледи:
      278
    На Artemission, Lux, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  7. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Добро утро :)

    Ништо поубаво од станување рано и почнување со вежбање.Денес пак саат време на орбитрек,100 стомачни и вежбите за нозе,раце и задник.Вчера вежбав со истово темпо и мислам дека нозете ќе ми пукнат од болка.Изгледа малку се префорсирав оваа недела,ама не се откажувам додека мене ми е убаво :)


    [​IMG]
     
    На Ariel, Artemission, Lux и 2 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.304
    Пол:
    Женски
    20 минути степер, не многу бргу, колку да се загреам, 50 минути Зумба и 10 минути Викториа Сикрет вежбите, во потрага сум по нови :D Мислев да не вежбам, додека не го средам проблемов, ама не можам бре луѓе, јанза ме јаде ;)
     
    На Ariel, Lux, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  9. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Утринско кардио на гладно. Протеин и правец теретана :) Нозе и стомак .
    [​IMG]
     
    На Ariel, ma4enceEdno, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  10. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Вчера исшукување на тренинг, 80% за стомачни мускули :clap:
    15 мин. загревање + вежби за раце со тегчиња
    10 мин со топка стомачни
    10 мин со топка за странични стомачни
    30 мин работење во парови - вежби за стомачни мускули (за долното меше - најтешкото :sweat: )
    ама чувстово после тренинг незаменлливо
    [​IMG]
     
    На Ariel, Artemission, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И денес вежбав 1 час.
    Пола час кардио и пола час вежби за затегнување/обликување на телото.
    Ќе потерам вака уште некој ден, па после ќе зголемувам на време.
    Mногу брзо ми поминува времето дури вежбам. Ќе пуштам музика, некои брзи песни, ќе се раскокам наваму-натаму и поминало времето :) . А после вежбање многу подобро се чувствувам, некако посамоуверено и полесно.


    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LaBella, Ariel, Lux и 4 други им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Се потценив денес. Малку ми беше едно кардио нозе и стомак па ќе удрам уште едно кардио :D
     
    На Ema.Sk, MissyK, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    :hai:
    сабајле 60 мин орбитрејк , вечерва уште 30 мин и вежби за нозе задник 3х30 , чучњеви 4х30
    стомачни 3х30 од сите
    Во стилот на Лух да пријавам и 1 час пешачење по замрзнатово проследено со " уметничко" лизгање :D
    значи страшно се зализгав , барем добра шпага направив , тоа во истегнување ке си го запишам за денес :$
    Супер сте сите , само напред , па дај боже пред лето со фотки да се фалиме сите тука која подобри стомачни ке има 8)
     

    Прикачени фајлови:

    На MissyK, K.Mari4ka, LaBella и 5 други им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    денес потрошив 540 калории, дали е тоа доволно потрошено??? :?:
    и како да знам колку калории дневно внесувам, дали некој знае кои производи колку калории содржат??? :?: :!: :!: :?:
     
  15. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Демек ќе ја ослободам темава овие два дена ама пусто срце не додржа и еве ме пак :devil:
    Сепак не пишувам на празно, вчера искористив пола саат од денот да си ги направам вежбите кои редовно ги терам без Орбитрекот.
    Значи 100 стомачни, 120 чучњеви, 40 склека, 60 грбни и 2х50 расчекори.
    Покрај тоа што решив да правам 2 дена пауза во неделата од вежбање едноставно не додржав, а верувам и вечер ќе најдам барем малку време за да го повторам истово.
    Овде се одјавувам, ме чекаат "обврски" и црвено винце.
     
    На MissyK, K.Mari4ka, Dinnna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Вчера почнав да вежбам и почна да ме стега од лева страна и се уплашив и прстанав, мака ми беше, ама пусти страв... извежбав 50 стмачни и 50 чучњеви.
    Денес да не наголемувам одеднаш само 100 стомачни и 100 чучњеви и положба свеќа околу 2 мин со некои лесни вежбички.
    Утре одмор и пон. со нови сили кон нови успеси.
     
    На Artemission, K.Mari4ka, Dinnna и 4 други им се допаѓа ова.
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.982
    Допаѓања:
    11.631
    Пол:
    Женски
    Се вбројува во фитнес активност маратонски, жесток, целодневен секс :angel: ?
    Мислам дека доста согорив :tmi:
     
    На Ema.Sk, lackygirl, Artemission и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.179
    Допаѓања:
    139.133
    ^ Зависи колку часа се во прашање :D. Искрено, јас прв пат кога го прочитав ова се разочарав, очекував дека повеќе согорувам :D

    Активен секс - 109 калории за еден час
    Умерено активен секс - 95 калории за еден час
    Пасивен секс - 73 калории за еден час.

    Јас денес еден час на орбитрек, ама се вратив на најмал отпор. Паузата од една недела ведаш се забележува.
    И како издржувате по толку чучњеви, алал да ви е. Морам во секојдневната рутина да ги вметнам, многу се корисни!
     
    На Artemission, K.Mari4ka, Dinnna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.982
    Допаѓања:
    11.631
    Пол:
    Женски
    ^ За целулит се многу добри чучњевите Ариел, прави ги.

    Инаку, по некои рачуници денес сум потрошила 200 и кусур калории, можеби и накај 300, од, кхм... вежбање.
     
    На Artemission, Dinnna, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Луѓе папсав од вежбање, само што завршив.
    -35 мин кардио
    -20 мин стомак
    -15 мин раце
    -15 мин задник
    и завршив со чучеви 3X30 и на крај како шлаг мостот си го направив :D
    (а иначе требаше да ја одмарам ногата, ама пуста мислачка да не пропуштам некој ден)
     
    На Artemission, K.Mari4ka, Dinnna и 2 други им се допаѓа ова.