1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. dimkovksa

    dimkovksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    47
    Kako gi skimna visokot 5 i jas imam visok 5 i tesko mi odi
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Со Божикниот пост и фала богу не се вратија назад :)
    Јас многу благо јадев , после постот едно колаче или ред чоколадо ми е доволно во денот, и обавезно имам три оброка и три ужинки, инаку се јадам ама со усул и 3 саати пред спиење јадење никако освен лажиче мед.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес:
    Killer Body Workout: Core Training
    Killer Body Workout: Lower Body Exercises

    Ова се видеа од Killer Body програмата на Џулиен. За жал само овие две ги има на јутуб, ама очекувам и тие да ги тргнат :( Торент најдов само за првото, а ако некој успее да најде за целата програма, или барем за некое друго видео - нека го сподели овде, ќе му бидам ептен благодарна :hug:

    Нешто повеќе за програмава: сите видеа траат по 30 минути (без загревањето и растегнувањето), содржат по 4 круга на вежби кои се повторуваат по два пати, а после секој круг има минута кардио. Како и сè друго од Џулиен, одлични се! Мене ептен ми се допадна првото видео, па извежбав уште едно, таман да исполнам цел саат активно вежбање. Сигурна сум дека и другите видеа се супер, ќе се потрудам да ги најдам, а ако успеам обавезно ќе ги споделам со вас.

    Денес гледав видеа со вежби на справи и ми текна на денот кога прв пат влегов во теретана, во втора средно :) Кога инструкторката ми покажа некои вежби, си реков јас ова ни на сон нема да можам да го направам, нема шанси! И стварно не можев, бев како шпагета. После следеше период на аеробик, па пилатес, за eventually да почнам сама дома да си вежбам. И еве веќе неколку години вежбам така, со помош на видеа што ги наоѓам онлајн, со супер фитнес тренери од кои во топ три ми се Џулиен, Шон и Ребека. И правам вежби многу потешки од тие што не можев во средно да ги направам. Тоа ми е најголема мотивација :muscle: Кога ќе видиш колку си напреднал и колку цврстина си добил, се мотивираш уште повеќе да вежбаш. Освен тоа, ги спознаваш сите добри работи што ги добиваш од вежбањето, а цврсто тело е само една од нив :)

    А еве по нешто и за вас, ако ова што го пишав не ве мотивираше доволно :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Espadrila, Oxymoron, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. dimkovksa

    dimkovksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    47
    I jas mnogu jadam blago
    Nikako da se otkazam i sakam da oslabnam 5kg i nikako nemozam
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес:
    - Killer Body Workout: Upper Body
    - 10km точак

    Најдов уште едно видео од Killer Body програмата :party: Одлично е и ова, сега рачичките ми се тресат, утре ќе не можам пенкало да држам :D Супер вежби за upper body, таман ми дојдоа да ги искомбинирам со точак, за убаво да го извежбам цело тело :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sj *O*, Oxymoron, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Петта недела ми е како вежбам редовно ама не пишував, бидејќи речиси постојано ги правам истите вежби т.е Орбитрек најмногу, ама денес сменив малку па да запишам.

    1 саат на Орбитрек :)

    И овие 2 воркаути, стварно се преморив :D

     
    На sj *O* и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Завчера само што завршив со вежбање го видов објавено на PopSugar и си реков ете што ќе вежбам нареден пат :) Денес го истерав видеово :dance:

    И не ми се верува колку ме испоти :sweat: Тоа е убавото кај зумбата, што можете сами да ги модифицирате чекорите според тоа колку кондиција и сила имате. Од вас зависи дали помалку ќе скокате или ќе се џиткате на сите страни :D Јас дополнително си ставив тегови на нозете, таман да ги испробам, а и поголем отпор да имам. Се сеќавам дека на часови зумба така сме играле, со тегови.

    Инаку видеово е super fun. Девојкава прв пат ја гледам, гостинка им е на PopSugar, ама многу ми се допадна целата нејзина енергија :inlove: Зумбата секогаш брзо ми поминува, не ги ни осеќам минутите, сè минува лесно како песна :D За на крај да завршиш жива вода :whew:

    После го извежбав и ова видео

    И ова е ново, типично за Кејси - кратки, а ефикасни вежби, најмногу сконцентрирани на нозете.

    Мотивации :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Chica.Loca, Oxymoron, sunrise_123 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. blurryfave

    blurryfave Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2016
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Во последно време нешто се поправив и почна веќе да ми смета, да не има некој што оди во теретана да му правам друштво? или за трчање? од моиве колешки ниедна не сака, нон стоп имаат за учење..Или можеби да ми предложите некоја теретана во близина на карпош 1
     
  9. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    денес ги правев овие дека одамна немав ги правено и навистина чувството на крајот по извршувањето на рутината е неверјатно
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Прв пат слушам за Ellen Barrett, видеово ми излезе на јутуб во Recommended, па решив да му дадам шанса. И ми се допадна премногу! Прво музиката, гласот на Елен и целата атмосфера е многу релаксирачка, во ниту еден момент не осетив дека ми е тешко или мачно, баш напротив. Воопшто нема кардио, сите вежби се за затегнување и се инспирирани од јога и пилатес, па се интересен спој. Брзо ми помина вежбањето, иако можеби вака делува досадно на прв поглед, зашто вежбите повеќе пати се повторуваат. Ама убав напор даваат на мускулите, јас дополнително си ставив и тегови на нозе. Гледам дека има и други видеа со Елен на јутуб, сигурно и нешто друго ќе пробам од нејзе :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Chica.Loca, sofijanoka, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Женски сакам да ве прашам дали некоја од вас го има вежбано Bikini Body на Kayla Itsines?
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  13. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Еве ме и овде. :D

    Годинава, постепено, ја постигнав целта (вежбање 6 дена во неделата). Сега преостанува да задржам ритам (и ентузиjазам).:rofl:

    Си водам евиденција во една апликација. Но поучена од (не многу пријатно) неодамнешно искуство со мобилни уреди (кога буквално ми „се испржи“ матичната плоча на таблетот и ги изгубив сите податоци, меѓу кои и сите пдф книги;(), решив овде паралелно да водам евиденција со неделни reports. За да не бидат предолгу постовите, видеата се во хиперлинкови.

    06.03-12.03

    Понеделникот почна интензивно. Дополнив уште 15 мин. стомачни вежби (hypopressive - почнуваат по 15-та минута. Најважно е да се следат инструкциите за вдишување и издишување). Во вторник одбрав комбинација од blogilates , среда продолжив со кардио , дополнето со 4 серии од 21 squats. Во четврток го прифатив предизвикот на Џилиен. (Фала, @AnaKarenina за споделените видеа. :hug: Одамна се немав така испотено:sweat:. Ме потсети дека е најдобра.) Дополнив со 5х21 squats. Петокот се потсетив на едно од омилените видеа. Не беше некој голем предизвик, но чував сила за други активности.:D Саботата беше посветена на (релативно) долга прошетка (со малку кардио) во природа (окoлу 8 km). Недела - медитација и одмор.:sun:

    Неделава ја почнав со Metamorphosis на Tracy Anderson.

    Сликички не ставам.:D
     
    На Chica.Loca, Oxymoron, sofijanoka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ајде и јас да ѝ се придружам на оваа мала, но силна групичка :muscle:

    Вежбам во сала трипати неделно, а дома не сум вежбала никогаш, освен на Орбитрек. Сега решив и да правам некои вежби во деновите кога не сум на тренинг затоа што премногу ме опушта, додека вежбам не размислувам на буквално ништо :mm:

    Денеска почнав со Killer Body Workout: Core Training по препорака на @AnaKarenina и многу ми се допадна, сигурно ќе го вежбам и во иднина. Продолжив со 25-минутното кардио од подолу, искрено не ми беше ништо посебно, а и оваа Симоун некако не ме мотивира, не верувам дека би го вежбала пак.



    Еден коментар што ме изнасмеа: Simone makes it look ultra sexy and I look like a potato jumping around hahahah :rofl: :rofl: ;(

    Како што кажав, првпат правам вакви вежби дома, па главна инспирација ќе ми бидат видеата од темава. Затоа и не знам дали ќе ги постирам ако некој веќе ги ставил, да не се повторуваме. Секоја вечер правам и plank, почнав со 45 секунди, постепено покачував и моментално сум на една минута и 20 секунди. Целта ми е две минути секој ден. Чувството кога ќе го пуштиш plank-от - скоро како оргазам! :wasntme:

    Ни јас не сум по ставањето сликички, ама сакам да ги гледам и да ги читам вашите приказни. До скоро згодници (hollest)
     
    На Priroden, Chica.Loca, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Someonespecial и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  16. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Вежбам редовно ама не пишував во темава. :)
    Сфатив дека многу помотивирано се чувствувам кога пишувам и ве читам овде. Јас и вака сум редовна, ама не знам некако друго е чувството, компетитивност ми се јавува на позитивен начин.

    До пред некое време можеби ќе ви кажев дека се стремам да имам тело како некоја девојка, и комплетно целата енергија ја насочував да направам такво тело.
    Сега, од денешна перспектива после година и два месеци постојано вежбање, а последните неколку месеци и колку - толку, внимавање на исхрана, повеќе овошје и помал внос на калории, ги гледам таквите девојки како мотивација, но здрава мотивација. :smirk:

    Се гледам себе си, си го гледам прогресот и среќна сум, вистински. Сфатив дека секој треба да си најде програма која најдобро одговара за твојот организам и тоа е тоа. Даваш се од себе.
    Гледам како и мене денес некои луѓе ме перципираат како што јас сум перцепирала некои девојки пред година дена.

    И така, имам уште многу да работам, ама задоволна сум. Нозете ми се тонирани, задникот, рацете па дури и стомакот. Сметам дека уште треба да работам на горен дел од тело затоа што ми е попроблематичен, ама обично најсилните резултати ги постигнувам на лето, така да мај, јуни, јули верувам ќе биде. (hollest)

    Периодов ми е секогаш во хаос и со многу обврски, па и покрај тоа што внимавам на храна не можам комплетно да се посветам на 100% фит храна, иако се обидувам многу во последно време.

    ***
    Вчера leg day. Супер загревање, мнооогу нозе, тегови, чучњеви, задна ложа. :bow::muscle:
    Би требало да се спремам за трка, ама знаете како. Таман се разубавува времето јас имам активности и си викам, не денес утре ќе одам. И кога вистински наоѓам простор, времето станува ладно. 8-|

    Ама до мене е, си наоѓам изговори.
    Мора да се почне во догледно време и со кеј. :clap:

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Priroden, Chica.Loca, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    После период пауза полека решив да се вратам на вежбањево. Денеска правев некои ај да ги речам минијатурни вежбички колку за полека да се вклучам оваа недела, па од наредна ќе почнам со видеа.
    Денеска вежбиве ги искомбинирав од различни места, што ги имам зачувано на пинтерест.
    Ако некој сака може да ѕирне:
    https://www.pinterest.com/coldheart/healthfitness/

    Денеска ова правев:
    45 side leg raises(each side);
    30 bridges;
    30 sec plank;
    15 crunches;
    10 leg raises;
    10 squats;
    10 lunges(each side);
    10 frog squats;
    10 calf raises;
    10 infinity abs;
    25 crisscross;
    10 side to side(each side);
    + секогаш завршувам вежбање со овие јога вежби.
    [​IMG]

    Мене мотивација ми е да се стегнам, да изгледам здраво и сето тоа го правам за самата себе. Си ветив годинава дека ќе вежбам поактивно и ќе дадам се од себе повеќе да се активирам. Сакам да си се чувстувам убаво во сопственото тело :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На do-re-mi, Oxymoron и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  18. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Health, body, and strength are NOT the goal. They are a means. Let's say you achieve the perfect strength, body, and health, then what? Would you live for the rest of your life maintaining it as the goal in itself? Of course not! You have greater goals and aspirations, you have deeper desires and ambitions.

    In the race and journey after fitness, do not forget that it is not to goal, it is simply a means. Have your priorities straight, and seek for the fulfillment of your soul, rather than being too focused on the body and losing focus of everything else on your way.



    Keep it real,

    Body, Mind, Soul

    ПозЗ3³ ®
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Машки
    Сoфистицирaнa, кoлку се исфaли јa не те знaм тaквa :P се зaебaвaм
    Неделa имaш тркa нa кеј у првите 20-30 дa бидеш :P

    Дa не бидaм oфтoпик денес 10км зa 49 минути. Дaлеку сум oд некoјa фoрмa a зa 10 денa пoчнувaaт пoлумaрaтoните и мaрaтoните. Мoждa не сум у фoрмa пoшo пaртнеркaтa зa трките нa кеј јa немa :(
     
    Последна измена: 15 март 2017
  20. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Вчера вежбав во сала (комбинација од Тае Бо, кикбокс и аеробик), денеска дома, утре повторно имам тренинг во сала, а за во петок планирам пливање (poolparty) Мислев да одмарам во недела, но оваа сабота сум зафатена цел ден и веројатно ќе прескокнам, па ќе надокнадам во недела :?: Можеби и ќе најдам малку време за Орбитрек и некои полесни вежбички во сабота сабајле, па да си бидам на раат во недела, ќе видиме :angel: (fingers)

    Денеска ги вежбав двете видеа од подолу кои случајно ги одбрав и баш си ги погодив 8) Првото е комбинација од кардио и пилатес и повеќе ми се допадна, додека второто е океј но очекував повеќе скокање и играње, а при крајот имаше некои досадни јога моменти. Воглавно беше во ред, типацот ми е многу интересен 8-|





    Туку дечки, сакате ли да трчаме на Виз Ер маратонот? ^_^ Ако најдам друштво би ја трчала хуманитарната трка од 5 км, засега толку имам кондиција :whew: Има попуст за пријавување до крајот на месецов :cash:
     
    На sofijanoka и do-re-mi им се допаѓа ова.