1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.215
    Допаѓања:
    162.706
    Пол:
    Женски
    Теретанава не ми користи за оформување на тело или симнување на килограми мене, туку како антистрес терапија. Мислам забележував промени во денови кога одам за разлика денови кога не одам, ама зошто стресов ме немаше здрмано толку многу како последните неколку дена - одам расплачена се враќам насмеана од уво до уво, а таму буквално автоматски работам без мислење, опуштено, цело лошо го оставам таму, не контактирам со некој па да речам до тоа беше. Најдобра мотивација ми е ова.
    Почнав со нова програма патем, за почеток работам по 5 круга, на 5 справи со 12 повторувања ... сериозно не знам дали зборот е повторувања, ама мислам доволно разбирливо е. Тренерот вели да одам вака недела до две па ќе правел соодветни промени кои ќе ми одговараат и ми додаде желботека од две справи по 4 серии, 10/12 пати повторување. Првите пет ги одам во круг, сите по еднаш без одмор, после последната минута и пол пауза и после наново уште четири пати, а последните две ги работам нормално. За кинење на вишокот ми има дадено и плус повеќе кардио. И на крај, после ова се чувствувам испотено и опуштено.
     
    На AnaKarenina и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  2. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    јас станувам се размрдувам се растесувам си го почнувам утрото со моите ритуали појадувам и после 1саат скокам на јаже (400 скокови правам моментално поделено ) стомачни (100) чучневи (50) па планк малце околу 2-3минути и грбни сега почнав и после пред спање трчам или одам брзо (шеткам низ градот и околу ) и пак ги вежбам истите вежби и има разлика се затегнав .. ЗА УБАВО ТЕЛО И ЗДРАВ ДУХ ПОТРЕБНО Е УПОРНОСТ .!
     
    На theowndemon и Dimaja им се допаѓа ова.
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес супер strength тренинг, 3x3 серии работевме, рамо, раце, бицепс, чучњеви, склекови.

    Во главно сконцентрирани бевме на горниот дел од телото во текот на целиот тренинг, раце.
    Плус по некоја серија стомачни во различни форми и варијации.

    :muscle::muscle::muscle:

    Чувството - препородена сум, ама цело време се мачам со хранава. Каснав рижото после вежбање и мака ми е зошто јадев.

    Мотивација за вежбање, фул, уште clean eating да имам 100% супер ќе бидам...
    Гледам здраво да јадам, наутро смуди, кога сум излезена планирам оброци во смисла нешто здраво во Сквиз ми, протеинско во Протеин, туна сендвич со интегрален леб и слично ама сепак знам да си каснам и тестенини, пециво, благо... И имам грижа на совест.

    Се тешам сега дека доаѓа јуни па нема да ми се јаде толку, обично со почетокот на летото симнувам 2-3 килца и почнуваат да се препознаваат тонираните нозе. :D

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На macka91 и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    5.074
    Не сум редовна тука, зашто немам редовени тренинзи, туку вежбам кога можам и што можам.
    Ама дојдов да се испукам од радост, па ако сакате бришете ми мислење
    Успеав да облечам панталони што ги имам носено пред 10 години. Едни одвратни сатенски што ги чував сите овие години зашто ми беа еден вид на предизвик за еден ден да успеам да ги закопчам без да виси сало од страните.
    :D:D:D
    Има ли посреќен човек од мене во моментов?
    Ма ни љубов не ме интересира, ни пари, ни ништо
    Конечно сум задоволна од тоа како изгледам
    :music::music::music::music::music::music::music::music::music::music:
     
    На Ginger^, theowndemon, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Long time no see my friends :hai: Убаво е пак да се биде на темава :)
    Повеќе од месец дена немам пишано, ама си зачував видеа во favorites што ми се допаднале, за да ви ги препорачам и да ги оставам тука.
    Месец мај ми беше фокусиран на кардио и вежби за задник + секојдневно вежбање на оние кратки, ама мнооогу ефикасни вежби за раце на Кејси. Со оглед на тоа дека работам канцелариска работа и по 8 саати сум пред компјутер, задолжително ми стана вежбањето со Кејси, буквално секој ден, а некогаш и по два пати дневно. Многу убаво ми доаѓа кога така добро ќе се растегнам.

    Он топик: Денес го вежбав ова

    Некако сосема доволно ми дојде, особено затоа што изминатава недела секој ден вежбам, па утре ќе си дадам пауза.

    Е сега една листа на видеа што ги вежбав месецов, а ептен ги препорачувам, сите до едно!
    45-Minute Cardio and Toning Workout
    Torch 300 Calories in 30 Minutes With This Cardio Boot Camp
    Calorie-Torching 30-Minute Cardio and Sculpting Tabata Workout
    38-Min Ultimate Butt Workout With Weights
    45-Minute Workout to Boost Your Metabolism
    41-Minute Booty Marathon - No Equipment Butt & Thigh Workout

    Ако сакате кардио или вежби фокусирани на задникот, кое и да го одберете од овие видеа - нема да погрешите (y) Јас сум презадоволна од прогресот ^_^ Со избалансирана исхрана + редовно вежбање и потење до даска, многу брзо ќе ги забележите резултатите ;)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Mracna, Ginger^ и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.215
    Допаѓања:
    162.706
    Пол:
    Женски
    Не знам дали пишав претходно, вежбам кружна програма зошто така многу брзо се гори салце. Искрено една недела помина и веќе намалено ми е стомачето ама се што носам на мене се цеди од пот. Работам на неколку справи и имам одмор само меѓу последната и првата справа, ама уживам дур работам. Тренерот кој ми ја даде програмата не беше тука последните неколку пати, зошто ми рече дека секоја недела ќе додава/ одзема по нешто. :party:
    Нема слики кои би можеле да бидат поголема мотивација од ова. (fingers)
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Вчера ужасно дооообро кардио! :whew::whew:

    Понеделнички, да тргне на добро неделава...

    Еден час комплетно препотување, нема место од каде не почнав да се цедам... Чувството после ваков тренинг - препородена сум. ^_^
    Многу го сакам моментот кога исцедена до максимум и изморена со болка во нозете се пресоблекувам набрзина и тргнувам пеш накај дома навечер...а градот полупразен. :wasntme:

    Мераци. :angel:

    ***

    Нешто се мислев дали да почнам секој ден наместо 3 пати неделно како што одам, ама инструкторот ми вика океј ми е вака, можам евентуално плус 1 тренинг да додадам неделно.

    Се надевам и набрзо фотка некоја да ставам, да симнам прво едно 2 кг. за да дојдат повеќе до израз листовите. :D:D

    И летно време обожавам да вежбам. Вие како стоите со вежбање за време на лето?
    Јас и на одмор кога сум сакам да најдам нешто, џогирање на кеј... 8-|

    Мотивации:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    @sofijanoka летно време најмногу вежбам.

    И јас вежбам трипати неделно. И ослабена сум три кила и имам видливо поубаво обликувани нозе и задник.
    Вежбам по околу два саати. Прво вежби за грбот, па разни вежби со тежини и на крај 40 минути кардио.
     
    На BoyL и sofijanoka им се допаѓа ова.
  9. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Moze ke bidam off topik ama moze li nekoja da mi predlozi vezbi pa moze i video za stomak samo toj mi e za slabeenje.
     
  10. Nutrigirl

    Nutrigirl Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    За да го ослабнеш стомакот задолжително е да правиш вежби за нозе со тежини... колку повеќе креваш толку подобри стомачни ќе добиеш.
    Пробај да корстиш додаток во исхрана - протеин
    Јас го користам на виталиа 80% сурутка, ја комбинирам во шејкови со банана, јаболко, какао. Стомачни имам веке подолг период ... што предходно беше многу тешко да го направам.
    друга работа е дека не вежбам кардио вежби воопшто. Само на дигање тежина но тоа е многу различно од билдање бидејќи не користам никаква хемија, мускулот само ми се зацврстува.
    Пробај и кажи за некој месец што ќе направиш
     
    На sofijanoka и mona22 им се допаѓа ова.
  11. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    22.987
    Пол:
    Женски
    Јас никако да почнам редовно да вежбам. Вежбам некое време, па ќе ме фати мрза и престанувам, па после пак и така во круг. Пред две недели почнав пак, ама настинав и немав сила за ништо, ама сега сум подобра и продолжувам.
    Инаку, вежбам дома. Загревање, па вежби за одреден дел на телото. Еден ден задник и нозе, друг раце, грб, стомак итн. и чувството после вежбање е непроценливо. :)
    Еве од овде вежбам :


    И имам едно прашање. Јас немам проблем со зголемена тежина. Вежбам за да се здебелам и да го оформам телото. Какви вежби би ми препорачале?
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    за да се здебелиш мора да дигаш тежина и да внесуваш јаглехидрати и многу протеини би ти препорачала да си купиш и прашок протеин.
    Со овие вежби на видеово само ќе ослабиш
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес

    Толку многу PopSugar видеа вежбав периодов, што стварно не се сеќавам дали ова го имам вежбано, ама вака на прв поглед не ми делува познато. Убава комбинација е од кардио и вежби за затегнување за различни делови од телото - почнува со вежби за стомак, па нoзе, задник и на крај раце и грб. Убаво ќе ве испоти, башка ќе осетите и добро затегнување на мускулите. Со оглед на тоа дека денес сум само на овошје и вода, мислев дека нема да имам енергија за цело да го издржам, ама супер поминав :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sofijanoka и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес :sweat:



    Денес јадев како човек, ги нахранив мускулчињава со протеин, па се чувствував доволно енергично за убаво вежбање. Прво си викам ај едно видео само, па после ај уште едно, па ај уште едно :) Не знаев колку сум се испотила додека не се погледнав во огледало и видов дека сум жива вода од глава до пети :whew: Целата сум за да се џитнам во перална.


    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На theowndemon, CoCoGiiiRL, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Луѓе, не знаете колку сум среќна денес!

    Седам до 8 на работа, на столче цело време и едвај чекам да продолжам на тренинг. Одам веднаш после работа во сала - иииии феноменален тренинг! :muscle::muscle:

    Работевме 4 вежби со повеќе повторувања. Почнавме со 15, и со секоја серија намалувавме по една вежба се додека не стигнавме до 1. 15, 14, 13, 12.... и така натаму. :clap:

    Имаше од се по нешто, во суштина прости вежби ама со огромен ефект.
    Потоа по некој plank и истегнување.

    Вежбав по шорцеви и вода течеше од мене од сите страни, плус мускулите ме убиваат! :whew::whew::whew:
    Си добив по некој комплимент за прогресот со телото... priceless. :inlove:

    Мотивации:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес
    - Body Revolution: Cardio 1
    Одамна немав вежбано со Џулиен, па денес решив да се дружам со неа и нејзината екипа :) Имам пишувано за оваа програма, стварно е топ, штета што го имаат тргнато линкот од каде што ја симнав целата. Ама бар успеав да го најдам ова видео за да ѕирнете за што се работи. Има Cardio и Workout видеа со се распоред како да ги вежбате. Конкретно кардио видеата имаат вежби што траат по 1 минута, а потоа се повторуваат по 3 пати.

    - 8 min At Home Cardio Workout
    Нека не ве залажува што трае толку кратко, затоа што е HIIT и убаво ќе ве испоти за брзо време :) Затоа ја сакам Кејси - има кратки, а многу интензивни и ефикасни видеа. Нејзе ја бирам секогаш кога немам време, а сакам да вежбам. Ако го вежбате само ова видео, повторете го 4 пати, а ако вежбате нешто плус како јас - тогаш нема потреба да го повторувате.

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На theowndemon, sofijanoka и do-re-mi им се допаѓа ова.
  17. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Во последно ги запоставив и вежбањето и диетата и си ги вратив сите килограми ;( Ама ајде од вчера почнав повторно, овај пат не се откаувам :muscle:



    50 squats
    30 bridges
    35 lunges
     
    На theowndemon, CoCoGiiiRL и sofijanoka им се допаѓа ова.
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес едночасовен тренинг, повторно leg day и мноооогу squats. :whew:
    Едвај издржав некои вежби, нозете ми беа сеуште воспалени од претходниот тренинг....

    Недела - Водно. :muscle::muscle::muscle:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На theowndemon, AnaKarenina и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес потење до последна капка :sweat:

    - Body Revolution: Cardio 2
    Неколку нијанси потешко од Cardio 1. Инаку на ист принцип е - трае 30 минути, има вкупно 15 вежби што се повторуваат по 3 пати. Само штета што не успеав никаде да го најдам онлајн за да го постирам овде, во случај некој да сака да го вежба.

    - 20-Minute High Intensity Workout
    Супер кардио со тегчиња :muscle: Прв пат го вежбам, скролав низ кардио видеата на PopSugar и ова ми се виде како нешто што би ми се допаднало. Веќе си го ставив во favorites за и друг пат да го вежбам :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На CoCoGiiiRL и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Утрово за почеток направив 110 чучнувања, 50 стомачни, 10 склека (слаба страна ми се) и минута и 10 секунди планк... И сега се вратив од поминати 12km со велосипед. Се мислам дали да се истуширам или нешто јога да фатам:lol:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.