Денес Insanity Max 30: Cardio Challenge Брутално Како и сѐ друго од фитнес програмите на Шон. Веќе си спремив балетанки за утре, тешко на штикли со вака воспалени листови Мотивации
Денес: - BodyShred: Fire Up (Cardio 1) Ова е слична програма на Body Revolution, исто од Џулиен. За среќа ја најдов на YouTube, сè уште има по некое видео од програмава, па да го видите дур не го тргнале Видеото е поделено на три дела и во секој дел вежбите се повторуваат по 3 пати. Динамично е, постојано се движите, скокате, рипате, па убаво ќе ве испоти. - Quick Burn Arms! Incredible Arm Toning Workout Стандард Кејси за добро вежбање на рацете Можете и седечки да ги правите вежбиве, мене особено многу ми се допаѓаат затоа што убаво ме растегнуваат после работен ден поминат пред компјутер. Мотивации
Јас паузирам веќе три дена ради настинката, брзо се заморувам и неможам најдобро да дишам. Па од утре се враќам пак на вежбање па малку мотивација е целосно добредојдена.
Денес: - Body Revolution: Cardio 3 Го најдов на интернет, па макар и на руски сајт Ова е последно кардио од програмата што се вежба во третиот месец. И нормално, заради тоа е најтешко. Стандард како и другите две видеа - има по 15 вежби што се повторуваат по 3 пати. - Arm Jiggle Tightening Workout Раце обично вежбам со Кејси, ама денес бев расположена за тегчиња, па побарав нешто од PopSugar. Јас вежбав со тегчиња од по 2kg, што мислам дека е сосема доволно. Инаку супер видео, убави вежби, сигурно пак ќе ги вежбам. - Sculpted Thighs & Tight Abs Сепак денот не помина без Кејси Ми излезе во subscription box, ново е, па решив да го пробам. Брутално ми беше за стомачниве Можеби затоа што последно го вежбав, па некако ми дојде понапорно. Инаку е топ Мотивации
Денес Видеово случајно ми излезе во recommended, па го пуштив да го вежбам без да го разгледам. Добри вежби, мене ми се допадна, единствено има минус од мене што дури 5 пати се повторуваат вежбите, што мислам дека е too much. После третиот пат веќе досадува. Ова е многу слично на видеото од PopSugar што го вежбав во неделата. Слични вежби, иста тежина и интензитет, и секако исти првични последици - раце шпагети Малку кардио за крај Мислам дека не е баш "no-run", башка што јас си ги модифицирав вежбите со повеќе скокање, плус си додадов тегови. Така што можете да извлечете максимум и од ова видео, заиси колку енергија имате. Мотивации
Денес Се израдував кога го видов Реинир, одамна чекам некое ново видео од него, многу ми се допаѓа неговата енергија Со него човек не осеќа дека вежба Мотивации
Може малце глупо прашање, ама како вежбате дома на топлово? Со клима сум по цел ден зашто ептен ми се загрева станот и мислам дека ќе се онесвестам ако сум без, ама па ако сум испотена со клима настинувам одма и не знам што да правам
Денес Како... никако Ја пуштам климата да разлади, пијам ладна вода, обавезно се пребришувам со пешкир додека вежбам затоа што сум жива вода, а после вежбање директива под туш и џиткање на мокрите алишта. Мене проблем ми е и нискиот притисок, ми се затнуваат ушите кога вежбам, башка тешко времево, ама некако се гура Мотивации
Денес Второто особено ми се допадна А го избегнував подолго време, можеби заради Селена Гомез Ама супер е, и пак би го вежбала. Мотивации
Денес Raneir is back! Видеово сакав да го вежбам уште во неделата кога го постираа, ама не стигнав, па го оставив за денес. Одлично е стварно, убаво ќе се испотите и ќе го размрдате буквално секое мускулче на телото Башка супер екипа, минутите брзо поминуваат, Рејнир баш е забавен Од мене голем тамбс ап Мотивации
Ке се самоцитирам зошто денеска имам енергија и ме мотивираа вашите мислења, утре мускулите ке ми вриштат,ама добро се испотив по втор пат Ова си го вежбам како загревање: Потоа: (И ова ама до 13 мин некаде и веќе не можев)
Одамна не сум вежбала пред компјутер, денеска со оглед на плановите за подоцна не одам на трчање и реков ќе вежбам 40-тина мин. пред лаптоп. Ја пуштив Cassey Ho blogilates https://www.youtube.com/channel/UCIJwWYOfsCfz6PjxbONYXSg Ја следам одамна, ама и одамна не сум вежбала со неа. Ненормална женска, за поласаат ќе те испоти така квалитетно што и прстите од стапалата ми се испотени. Го вежбав ова И ова И паднав во несвест И последново ми е убедливо најјако
Денес 2км трчање и ми одкажа другарка ми, таа кондиција нула .. добро и издржа, и после одење едно 1км. и уште 600-700м истрчав до дома, ама некако малку ми седеше па извежбав: и по три серии од овие: И малку да ја покачиме мотивацијата:
Денес - T25: Alpha Cardio Цела T25 програма ја имам симнато, го имам постирано и линкот овде, ама не можам да го најдам Како и да е, го најдов видеото што го одбрав за денес Ги сакам програмите на Шон затоа што вежбите се многу интензивни и иако одземаат релативно кратко време, ќе ве исцедат како лимон. Жива вода се направив - Toned & Defined Arms Workout Денес сакав и раце да извежбам, а за тоа секогаш ја бирам Кејси. Сите нејзини видеа за раце ги имам извртено и вежбано по којзнае колку пати, ама сега засега не ја менувам Мотивации