Како за прв ден добра бев денес. Башка и недела е, а јас не реков "од понеделник ќе почнам". Yesss! Пуштив Cardio-Focus t25, ги извежбав првите 15мин и неможев повеќе Ми дојде како загревање,а и за тие 15мин вода течеше од мене. Продолжив со ова: Овие планирам 5xнеделно да ги практикувам,секако во комбинација со други вежби.
Дечки денес се враќам пак на спортување достса беше пауза од 2-3 месеца. Ќе одам на теретана и планирам да се посветам максимално како никогаш до сега, пратете ми positive vibes ♥ ИДЕМЕ ЈАКОО!
Почнав да трчам од 1 септември 3km денес(ги трчам по 5-5ипол)ама и почнав од денес 30 дневен предизвик долу ке го постирам, и затоа само 3 истрчав. Се надевам некој ме дружи со вежбањево. Еве го предизвикот: Мотивации:
Неделно расположение со Џулиен - Body Revolution: Cardio 2 - BodyShred: Conquer (Workout 5) Првото видео е само кардио, второто е комбинација од вежби за затегнување и кардио. Самата Џулиен и нејзиниот тим се супер мотивација, секогаш ми е забавно кога вежбам со нив и брзо ми поминува времето Ептен ги препорачувам и двете програми По којзнае кој пат Мотивации
Денес Сите три видеа прв пат ги вежбам и сите три се за затегнување (само во првото има и малку кардио). Ми се допаднаа, особено тие од Кејси и Ребека сигурно пак ќе ги вежбам. И првото не беше лошо, ама не ми се свиѓаат вежби што се комбинација од повеќе, па на моменти имам чувство дека треба на памет да ја запамтам цела „кореографија“ Повеќе сум за едноставни, а ефикасни вежби Мотивации
Здраво да прашам дали некоја од вас има искуство со справата за затегнување на телото Revoflex Xtreme. Ја гледам на акција е за ефтини пари, ме интересира дали е добра ( во смисла да не биде нефункционална ) да каже некој што веќе ја има. Благодарам
Кога почна ладно се криев дома и кардио вежби, ама денес си викам ладно ладно ке трчам и излегов надвор 5км. Ко нова сум, не помнам некогаш толку да сум се испотила, дали од ладно во топло што влегов па ми реагираше телово. Ама супер се чуствувам како препородена сум, ми се допаѓа ова ладничко време за трчање ке го користам додека можам.
Вежба ли некоја од вас девојки? До кај сте? Јас трчам го користам времеви додека не почне да врне, ама од наредната недела ќе се расипе па ке се приборам дома пред компјутер. Денес 5.5км
Периодов вежбав веќе испробани видеа, немав време да барам и да испробувам нови, па главно си се држев до Џулиен Денес пробав неколку нови од PopSugar и дојдов да ви ги препорачам - 30-Minute No-Equipment Cardio Workout to Burn Calories Вежбиве се супер и многу добро се распоредени, таман убаво да ве размрдаат и испотат, а да не припаднете Типов е одличен, супер ги објаснува вежбите и баш ми беше некако забавно вежбањето, иако на моменти напорно - 10-Minute Leg-Toning Barre Workout Well... I didn't see that coming Вака на прв поглед си реков ај и ова ќе го вежбам, онака, малку да ги растегнам нозете. Не ми личеше дека е толку брутално. Girl my legs are on fire!! Во секој случај ми се допадна, супер ефикасно - 20-Minute Full-Body Fit and Sexy Sculpting Workout Убави вежби, само не ми се допадна тоа што се повторуваат повеќе пати. Два пати е океј, ајде и три, ама после веќе е досадно (иако во видеово со секој круг има по една нова вежба). Мотивации
@AnaKarenina ти благодарам за видеово што си го постирала Eм болна, ем успеав да ги издржам добро ме размрдаа,сакав и повеќе да извежбам не сум толку уморна, ама ноcов ме мачи затнат ми е се на уста дишам Сега еден цеден лимон,туш и ко нова мислам ке бидам Мотивации
@Carolin. you're welcome! Знам колку е лошо вежбањето кога си настинат, особено со затнат нос Дишиш цело време преку уста, ти се суши грло, се задишуваш уште повеќе... Ти посакувам побрзо да оздравеш Јас за денес одбрав уште две нови видеа од PopSugar: - 40-Minute Toned-Body Workout Убави вежби за затегнување на целото тело Поделени се во пет круга (од кои последниот е кардио) и секој круг има по три вежби што се повторуваат по два пати. Мене некако брзо ми поминаа вежбите, уз толку муабет Се осетив како да сум во фитнес сала полна со жени што уста не затвараат Така беше на часовите на пилатес кога одев Вежбиве најмногу ги осетив на стомачните, ама и на нозете, особено затоа што партал ми се после вчерашното вежбање - 20-Minute Low-Impact Cardio Workout Ана ми е секогаш интересна и забавна, башка ептен знае да те мотивира Супер вежби Мотивации
Добро се испотив денес на последното виде (старо ама добро) мускулите ми вриштеа, се сеќавам кога почнав да вежбам не можев до крај ни да ги издржам вежбите а сега и брзо ми поминаа. Мотивации:
Денес Две омилени работи во едно - табата и Рејнир Супер видео, го имам вежбано и претходно, ама не знам дали сум го постирала во темава На моменти е напорно, ама Рејнир е ептен забавен и некако времето брзо поминува. Башка знае да те мотивира баш во оние моменти кога ти доаѓа да папсаш врз подметачот Екстра кардио за убаво потење и зацврстување на цело тело Го препорачувам, како и сè друго од овој фитнес тренер Мотивации
Денес: - 30-Minute Leg-Toning and Booty-Burning Workout Уште кога видов дека видеово е со Џејк, одма решив да го вежбам Ептен е срцка, супер забавен, а успат убаво ги објаснува вежбите и укажува на можни грешки при поставеност на телото. Ако сте вежбале со него, тогаш знаете како брои Four, four, four, four, three, three, two, two, two aaaand... ONE! И во тие моменти ти доаѓа да го фатиш за гуша Ама супер е видеово стварно, буквално за секој мускул од нозете и задникот. - Silent Death Cardio Продолжив со Кејси и едно од нејзините понови "apartment friendly" видеа - ова значи дека можете да ги вежбате дома, без да ги вознемирувате комшиите. Не знам за вас, ама кај мене сите знаат кога вежбам Инсенити Ова видео на Кејси е кардио без скокање и лупање, па бара добра рамнотежа, зашто сите движења се „во воздух“. Не очекував дека ќе има толку вежби за нозе, па некако се докрајчив со нив - Upper Body & Cardio Workout За крај одбрав upper body со Ребека, ги распарталив мускулите на нозете со претходните видеа, па се свртев на горниот дел од телото. Супер вежби, убаво ме изморија, башка беше убаво да се дружам пак со Ребека, одамна ја немам пуштено А има одлични видеа, секогаш со многу пријатна атмосфера Мотивации
Самo јас и Ана редовни во ќошево ако не постирам вежбам секој ден Сакав да се загреам, ама излезе се испотив со видеово: Пото го пробав ова(навистина е добро): Ми излегоа во препорачани видеа овие што сум ги вежбала порано,бев преморена ама ајде исега нозеве ми вриштат, а и стомачните: Мотивации:
Денес Одлично кардио за секој мускул од телото што ќе ве испоти до даска Интензивно е, цело време си во активно движење, ама ми се допадна тоа што секоја вежба оди постепено, со low impact, па после забрзува. 40 минути се џапаш на сите страни, па последните 5 си на подметач со стомачни. Супер вежби, ептен го препорачувам видеово! Мотивации