1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес:

    - 10km точак
    Одамна немав возено, а некако бев расположена да си пуштам некоја серија и да вртам. Сум заборавила колку само жива вода се правам кога возам :sweat:

    - 30-Minute Cardio Pilates For a Flat Belly
    Видеово ми дојде како порачано ^_^ Најново им е на PopSugar и баш добро ми дојде во комбинација со точакот. Само морам да кажам дека иако е наменето за стомачните, имам чувство дека целото тело го изморив, особено рацете. Има и кардио и вежби за затегнување :muscle:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На BoyL му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.681
    Допаѓања:
    17.298
    Пол:
    Женски
    После долго време излегов да трчам, ова ладново ништо не е по 2-3мин. одма жешко станува 7км за половина час ама онака лабаво темпо ни преспоро ни пребрзо :)
    large (5).jpg large (4).jpg
     
    На ELIDavor и BoyL им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дечки, како оди вежбањето? :) Малку замре темава :?: Не заборавајте дека summer bodies are made in winter, па се надевам дека и зимава ќе се дружиме тука ;)

    Јас периодов терав со стари видеа, по сто пати ги имам постирано овде, па да не бидам досадна... Ама денес пробав нешто ново од PopSugar, па поминувам да препорачам две нови видеа :)


    Бев расположена за убаво кардио, а зумбата отсекогаш ми била интересна и забавна, па го одбрав ова видео. Ми се допадна, 30 минути постојано си во движење и скокање, па ептен ме испоти :sweat: Лесно памтам кореографии, па не ми беше тешко да ги следам чекорите, ама во коментари прочитав дека на некои не им се допаднало тоа што брзо се менувале :?: Индивидуално е, пробајте го, па видете сами :)

    Продолжив во истиот ритам со ова видео

    Ова повеќе ми се допадна, можеби поради музиката, или поради Никол :) Позабавно ми беше и брзо ми помина, иако очекував да папсам после дополнителни 30 минути играње и скокање :D Нешто ми е познато видеово, можно е да го имам вежбано претходно, веќе не се ни сеќавам што сè сум вежбала од PopSugar, многу се :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На PogbaPol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога немам инспирација, а ни време да барам - вежбам стари видеа. Ама кога веќе сите ќе ми досадат - се пуштам во барање на нешто ново :)

    За денес го одбрав ова


    Натали е срцка, ја знам уште од времето кога беше во тимот на Џулиен :) Има ептен убава енергија, башка супер вежби :muscle: Ме истошти во тие 45 минути, ама ми се допадна комбинацијата и распоредот на вежби, прво јако кардио, а после нешто посмирено за да не припаднеш :D Го препорачувам ептен, ќе си го чувам видеово за денови кога нема да бидам расположена за нешто ново, туку ќе одам на нешто сигурно и веќе пробано :wasntme:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]

    Нај-нај-најубавиот дел од вежбањето :mm:
    [​IMG]
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И денес ново видео :)


    Натали + табата? - Yes, please! :nod:
    А кога вежбањето ќе почне со ни помалку ни повеќе туку single arm burpee, знаеш дека си screwed up :worried: Видеото трае 45 минути, има 5 круга со по 2 вежби (една кардио и една strength вежба). Наизменично се менуваат и се повторуваат по 8 пати. Е тоа ми е единствената забелешка за видеово - 8 пати се премногу, подобро да има повеќе вежби, а да се повторуваат помалку пати, зашто при крајот веќе досадува. Ама добро е што е табата, па не траат предолго. Инаку сè друго е топ (y) Требаше многу вода да испијам отпосле за да надокнадам :D

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Ми излезе видеово во recommended на јутуб, па си реков да го пробам :) Не го знам ниту каналот, ниту инструкторката, ама ми се допадна пре-мно-гу! Ме препоти, јазикот ми е до колена! :sweat: Ептен добра комбинација е - има еден круг јако кардио, па вежби со тегови за рацете, па пак еден круг кардио, па вежби за нозе и задник, па трет круг кардио и на крај вежби за стомачните. Одлично е стварно, одма го ставам во favorites, чиста петка (y)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На marija_maca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За денес побарав уште некое видео од тие на Натали што го немам пробано и го одбрав ова :)


    Има 10 кик-бокс вежби од по 1 минута, а после секоја од нив има скокање на јаже по 1 минута. Така што, постојано си задишан и се потиш :sweat: Супер е, мене многу ми се допадна :) Нема лежење на подметач, постојано си „во воздух“, само што дефинитивно ми треба повеќе простор за вакво вежбање, цело време пазев да не лупнам некаде со ногата :lol:

    После го одбрав ова


    Одамна немам вежбано со Ребека, а она има стварно добри видеа за одреден дел од телото. Сакав да ги измалтретирам и рацете, па се решив за ова видео со тегчиња :muscle: Супер ми дојде после Натали :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес:

    - 10km точак
    Во еден здив, без пауза :sweat: Обично правам барем една кратка пауза за да здивнам и да се напијам вода, ама се загледав Stranger things, па не ни мислев на вртењето. Кога веќе видов дека сум поминала 8km, си викам ајде уште за 2 ќе издржам без пауза :) Жива вода се сторив, па морав да се пресоблечам за да продолжам со вежбање, инаку ќе испонастинам...

    - 10-Minute Sexy Back and 6-Pack Abs Workout
    Од целата генералка дома денеска, некако осеќав болки во кичмата, па побарав вежби за грб. Видеово прв пат го вежбам и ми се допадна, убаво ме растегна :) Башка комбинација е со вежби за стомачните, па и тие малку ги загреав.

    - Quick Burn Standing Back Workout
    Кејси за крај, со уште едно видео за грбот. И ова прв пат го вежбам, супер ми дојде, особено затоа што се активираат и рацете, па тоа ми беше како бонус. Не знам зошто никогаш не сум пребарувала видеа стриктно за грбот, а можеби треба секојдневно да вежбам барем по неколку минути, затоа што на работа седам. Отсега ќе почнам тоа да го практикувам :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    15a7e3250361135f8c2bb4289a780a5b---day-fitness-challenge-lunge-and-squat-challenge.jpg

    Оваа го планирам од денеска. Некња вежбав од видеа и повратив. Но сепак го можам тоа
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес направив комбинација од неколку видеа од Ребека:






    Сите се нови и сите прв пат ги вежбав. Одбрав три видеа за затегнување на различни делови од телото (со тегчиња), а за крај одбрав кардио. Ребека е супер фит, што е доволна мотивација, башка вежбите секогаш ѝ се одлични, а локациите прекрасни :inlove: Вежбаш со неа и си замислуваш дека си на Миконос :D

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Уште кога го видов видеово во понеделникот, си реков морам што поскоро да го пробам :) Џенет е awesome, многу позитивна енергија, со нејзе имаш чувство дека сè можеш да направиш, па дури и 60 минути кардио да извежбаш :D Рипај, скокај, јазикот до колена, а гледаш дека поминале само 15 минути :worried: Ама поминаа и останатите 45, полесно е кога имаш добра екипа :)
    Го препорачувам ептен!

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Видеово ми дојде како порачано, нешто најново од PopSugar :) Има четири круга со по 2 вежби - едната со тегчиња, едната кардио и се повторуваат по 2 пати. Многу сакам вакви комбинации, барем кај мене се покажале како најефикасни :nod:


    Првото видео најмногу го осетив на нозете, па побарав нешто за стомачните, малку и нив да ги измачам :D Не се сеќавам дали претходно сум вежбала со оваа инструкторка, ама некако ми делуваше строга и принципиелна :wasntme: До тој степен што се осеќав како да ме гледа низ монитор и пазев вежбите да ги правам што побрзо и поправилно :lol: Има еден круг кардио, па еден круг вежби за затегнување, па пак истото уште 3 пати. Кардио кругот се секогаш исти вежби, вкупно четири. Тегчиња нема воопшто.

    Супер се и двете видеа, ви ги препорачувам (y)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
     
  13. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки


    мотивација за утре:D
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Нов channel што морав да го препорачам тука :)
    Прв пат вежбам со дечкиве и ова видео што прво го одбрав ми се виде супер (y) Како што редовно одам на висока штикла, вежбиве најтешки ми се видоа на листовите на потколениците, утре дефинитивно со рамни чизми ќе одам :D Мислев дека ќе ми досади, зашто 45 минути трае, ама мене брзо ми помина и забавно ми беше :) После 30та минута мислев дека ќе припаднам, пренапорно беше :sweat: Ама затоа сега чувството е бесценето :inlove:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  15. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Секој ден теретана + инстаграм мотивација:
    IMG_20171207_202019.png IMG_20171204_231540.png IMG_20171207_201828.png IMG_20171207_201721.png IMG_20171207_201809.png IMG_20171207_201916.png IMG_20171207_201630.png IMG_20171207_203319.png
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес



    За денес решив да паузирам од кардио, листовите на нозете многу ме болат од завчера, а богами и рацете :| Горниве две видеа што ги одбрав се за затегнување, со тегчиња, и одлични се и двете (y) Кардио има само во загревањето и има една вежба со burpees во првото видео :) Сè друго е за setting your muscles on fire! :devil:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Од денеска почнувам активно да вежбам. Не можам некако со видеа па си одам според некои табели за вежби на пинтерест. И секако 30 минути на орбитрек.

    Ама приметив невообичаена болка во едниот колк при одредени вежби, како грч ама не е тоа. Дали е тоа нормално после подолг период на неактивност?

    [​IMG]
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес



    Од GymRa најмногу пофалби имам прочитано за Кристин, па за денес одбрав две нејзини видеа што прв пат ги вежбам. Има и вежби со тегчиња и кардио. Супер ме испоти :whew: Некако најмногу ги изморив рацете, особено со првото видео :| Вежбите се супер, Кристин има многу смирувачки глас, дури не се ни задиша додека вежбаше, што исто така позитивно влијае :) Единствена замерка имам за тоа што многу брзо ги прави вежбите, па некако тешко ми беше да ја следам. Мој совет ако ги вежбате видеава - подобро правете ги вежбите поспоро, ама со правилно движење и поставеност на телото, отколку да брзате да ја стигнете Кристин, а погрешно да ги правите вежбите. Тоа може да нема никаков, или уште полошо - контраефект.

    Мотивација сама по себе е телото на Кристин (бомба е!) ама еве нешто плус ;)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Прв пат вежбам со Адам и многу ми се допадна, супер енергија има :) Видеово има 6 различни вежби што се повторуваат во три круга. Добри се, нема вежби со тегчиња, а најмногу ги осетив на стомачните. Само не знам зошто пишале дека е 45 минути видеово, кога е нешто малку повеќе од 30 :?: Некоја грешка направиле.


    Бидејќи првото видео испадна пократко од планираното, го извежбав и ова. Имам претходно вежбано со Џенет, па знаев што да очекувам - јако вежбање и супер мотивација :muscle: Овде има и кардио и вежби со тегчиња.

    Убаво ми е кога вака продуктивно ќе ја завршам неделата, па утре заслужено ќе си дадам одмор :) Веќе го спремам понеделничкиот lunch box, богат со протеини :mm:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Досега немам вежбано многу видеа од BeFit, ова го одбрав зашто барав некое подолго видео за цело тело. Ми се допаднаа вежбите, убаво беа распоредени, имаше и паузи за вода и малку здивнување. Ама некако ми беше многу... „роботски“ :?: Има само глас во позадина што ги кажува вежбите, после тоа си тераш сам, никој не те мотивира :D И не ми се допадна тоа што времето беше ептен до секунда наместено, па буквално немаш време да се свртиш и наместиш во правилната положба, зашто саатот веќе почнува да тече. Од секоја вежба губев по неколку секунди, ама добро, ништо страшно :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]