1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум поминала да видам што има овде, ама мило ми е што гледам дека колку-толку има движење во темава :)

    Јас саботно со PopSugar и супер забавно видео :party:


    Кеира е супер, мислам дека немам вежбано со неа досега, ама баш е интересна и вежбањето лета како песна со неа ^_^ Јас си мислев мене ми е долга косава и ми смета при вежбање, ама кога ја видов нејзе како се џапа со плетенкиве, си мислам добра сум јас :D

    Во спојлер ќе оставам неколку видеа што ги пробам изминативе месеци, а ми се допаднале, ама не сум ги постирала овде:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Во теретанава кај што одам ако ништо друго знаат добра музика да пуштат.
     
  3. le.dentiste

    le.dentiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Здраво, бидејќи гледам дека имаш искуство во теретана, ако не ти е проблем да ме советуваш кои мускули да ги групирам во еден ден, кои вежби и слично. (сметај ме за почетник :$)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ново видео од PopSugar, како порачано за денес :)


    Со Кит имам вежбано и претходно, супер е, иако малку е посериозна од другите фитнес тренери на PopSugar. Ама знае да те мотивира и одлично ги објаснува вежбите. Видеово знаев дека ќе ми се допадне уште кога го видов насловот - многу сакам такви комбинации. Најмногу ми удри на стомачните, осеќам дека утре со влечење ќе станувам од кревет :D

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ivan4e04, Back in black и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  5. bile18

    bile18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дали некој од вас има вежбано со електростимулации на мускули, во Форма Витале или X body Студио, и какви искуства има? Поздрав
     
  6. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    11.583
    Пол:
    Женски
    Можеби прашањето не е за во оваа тема, ако не е нека биде преместено во соодветната. Сакам да прашам на каква исхрана сте заедно со вежбањето? Што јадете пред/после вежбање, доручек, ручек, вечера? Ги исфрливте ли благите и грицките целосно? :^)
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Неделно попладне со пешачење на сонце, генералка низ дома, а за крај - PopSugar


    Прв пат го вежбам видеово и морам да го пофалам, супер комбинација од кардио и вежби за затегнување што бараат малку повеќе баланс. Првата половина најмногу ми удри на нозете, а на крај и на стомачните. Марни е одлична инструкторка, многу убаво ги објаснува вежбите и како правилно да го држите телото. Го препорачувам :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Back in black, x.Daisy.x и CaraMia им се допаѓа ова.
  8. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Денес се зачленив во теретана, мотивација имам преголема, само ќе видиме колку ќе сум истрајна. :D
    Како за прв ден
    25 минути точак
    20 минути орбитрек
    3х15 стомачни на две справи

    Нозете ужасно ме болат, се надевам утре ќе можам пак да вежбам :sweat:
     
    На StrawberryHeart и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  9. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
    Утре не знам како ќе одам на работа… :)
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес уште едно ново видео што мора да се проба :)


    PopSugar во последно време вадат одлични видеа, ретко нешто да не ми се допадне ^_^ А ова е баш по мој вкус - супер комбинација од денс кардио и вежби со тегови. На некои вежби има и sliders, ама слободно можете да ги модифицирате како што направив јас :) Дури мислам дека потешки беа моите варијанти на тие вежби, зашто повеќе удрив на кардио :sweat: И се сторив жива вода после пола саат скокање и рипање со тегови... Нозете уште ме болат од неделата, сега се докрајчив, ќе треба да мавнам јака доза магнезиум :D

    Инаку видеово е супер за да ви го раздвижи цело тело и убаво да ве испоти, мене многу ми се допадна, некако и самата атмосфера беше многу energizing :muscle: Само треба внимателно да го следите, затоа што брзо се менуваат вежбите, а на моменти ми личеше дека цела кореографија треба да запамтам :lol:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Денес втор ден
    25 минути точак
    20 минути на лента за трчање
    Стомачни 3х15 на две справи

    На лентата повеќе одев отколку што трчав, ама луѓе умрев :sweat:
     
  12. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Како е? :hai:
    Денес ден 3

    30 минути точак
    20 минути на лента за трчање
    4х15 стомачни на две справи
    Имав нешто повеќе енергија и си трчав во двор (имаме голем двор) 10 круга околу куќа.:D :wasntme:
    Успешен ден ^_^
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес бев расположена за pure cardio, па го одбрав најновото видео од GymRa


    ОДЛИЧНО Е! Не ви треба ни тегови, ни јажиња, ни ластици, ни sliders, дури ни подметач. Сè што ви треба е добра мотивација :) :muscle: Вежбите траат по 30 секунди, се менуваат одма една по друга, без никакви паузи. Јас некаде после првата третина морав да застанам за да се напијам вода, зашто инаку ќе дехидрирав. Не ми се верува колку се испотив! :sweat: Видеово одма оди во favorites, ќе го имам на ум кога ќе сакам добро кардио да извежбам. Ми се допадна и тоа што воопшто не се повторуваат вежбите, некако ми спласнува мотивацијата кога знам дека треба цеееелиот круг со вежби пак да го повторам :tmi: Вака цело време вежбаш нешто поинакво. Слично, ама битно не е исто :D Инаку и распоредот на вежбите е супер, прво интензивно кардио, па после малку посмирено за да дојдеш при себе :lol:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ivan4e04, SV1911, waterllady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Само што си дојдов од теретана :sweat:
    Ден 4

    25 минути точак
    25 минути на лента за трчање
    4х15 стомачни
    Почнав да се чувствувам многу полесно и поубаво. :):inlove:

    20180315_123853.png 20180315_123912.png
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    со толку многу кардио никогаш нема да направиш газ како на сликата шо си ја постирала :shake:...15 до 20мин кардио е доволно фокусирај се на вежби со тежина
     
  16. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Сликата е само мотивација за оние кои вежбаат. Мојата цел е најпрво да ослабам. :)
     
  17. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Дојдов :whew:

    Ден 5
    30 минути точак
    20 минути орбитрек
    4х15 стомачни
    20180316_121214.png
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Петочно одбрав едно видео од GymRa :)


    Вежби со тегчиња, кардио, плус кардио со тегчиња :sweat: Убаво разгибување за цело тело.
    Сè можам да извежбам со мерак, ама burpees кога ќе дојдат на ред ми се крева коса :devil: Ги мразам ептен! Ама па надоместува чувството после вежбање :inlove:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Со типов имам вежбано и претходно, ги има најдобрите кардио видеа :) Па денес кога го одбрав ова, знаев отприлика што да очекувам. Нешто слично на табата е, само што овде вежбите се по 45 секунди, па 15 секунди одмор. Not gonna lie, на моменти ми доаѓаше толку тешко, што ми се чинеше дека срцето низ грло ќе ми излезе :worried: Па малку успорував со вежбите.
    Добро е што цело време знаете која вежба следи и сте спремни, наместо постојано да зјапате во екран и да губите од време. Башка има и модифицирани верзии на вежбите + пишува колку калории отприлика сте потрошиле. Јас се препотив и се вцрвев како патлиџан! :D Супер ми дојде :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Денес започнав со еден 30 дневен butt предизвик. Не знам колку ќе биде ефикасен, уште помалку колку ќе го истерам, ама ќе бидам упорна. :D

    20180224_181929.png
    Па, ден 1 :)

    15 squats
    5 bridges
    10 lunges
    Ги правев со тегови, па се надевам ќе има така некој ефект покрај тоа што дополнително и рацете ќе ме болат. :D
    Вчера и денес одмарав од теретана, но денес се чувствував поенергична и покрај генералката дома и првиот ден од предизвикот, си направив и 50 стомачни.:)

    20180318_154416.png
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.