Денес Body Revolution: Cardio 1 Oldie but goldie Секогаш кога не знам што да вежбам, а не ми се експериментира - ја бирам Џулиен или нешто веќе испробано. Од Body Revolution програмата никогаш доста Видов дека PopSugar имаат објавено ново видео, ама тоа ќе го оставам здравје за наредно вежбање, сега сакав чисто кардио. Ова видео ми е едно од омилените - супер атмосфера, супер екипа, супер вежби Мотивации
Ден 8 во теретана успешно завршен. Немав многу време, па затоа извежбав само 25 минути орбитрек 15 минути лента за трчање Дома си направив 50 стомачни. И ден 2 од предизвикот 20 squats 5 brudges 10 lunges Се ме боли.
За денес најновото видео од PopSugar што го меркав уште од неделата Вака ми делуваше наивно, ама ме измори и испоти Забавно и интересно видео, само треба малку повнимателно да ги следите вежбите затоа што брзо се менуваат. Прв пат пробувам ваква комбинација и баш ми се допадна После толку кардио периодов - за денес решив малку да успорам, па супер ми дојде Мотивации
Денес во теретана 30 минути лента 15 минути орбитрек (планирав повеќе ама брзав, ќе го пропуштев автобусот) 4х20 стомачни на една справа, 3х10 на друга И ден 3 од предизвикот 20 squats 10 bridges 15 lunges Никогаш не сум мислела дека ќе ми е тешко да направам 20 чучњеви.
Понеделникот: 15 мин. точак 10 мин. орбитрек Потоа следуваат вежби за стомак,на справи стомачни, со поткренати нозе, со тег 3кг. мислам беше ама настрана (3х15 лева страна, 3х15 десна) уште една вежба на справа не знам како се вика шипка во раце и се навалувам надолу исто 3х15 на лева,3х15 на десна. после со тегови вежбам исто за стомак, и на крај лента 20 мин. околу 80-90 мин. ми е секој тренинг. А бчера и денес не можам да мрдам од страничните мускули, требаше денес да идам ама учам така да утре ке биде. Мотивации:
Денес Вчерашното видео изгледа го потценив, па денес рацеве ептен ме болат А денешново беше... што да ви кажувам... Тешко стварно Совет - прво разгледајте ги вежбите и видете како ви делуваат, па после одлучете дали да го вежбате. Мотивации
Ова утро во теретана 25 мин лента 15 мин орбитрек 5х15 стомачни на една справа, 3х10 на друга И ден 4 од предизвикот 25 squats 10 bridges 15 lunges Многу било тешко со тегови, едвај ги правам.
За денес одбрав едно од постарите видеа на PopSugar И едно од најдобрите дефинитивно Ме потсети на времето кога одев на пилатес, баш по тој редослед одевме со вежбите, за секој дел од телото. Супер е, ептен го препорачувам Мотивации
Дали може некој да ми препорача некој распоред на вежби за во теретана за мускули на нозе, за задник и за стомак?
Денес Со Џенет нема утка, сите видеа ѝ се одлични Немав многу време да барам видеа, па го одбрав првото што ми излезе, знаев дека нема да биде промашај. Супер комбинација од кардио и вежби со тегови Ме испоти, жива вода ме направи Мотивации
Мотивација ми е аватаров Инаку временскиве услови не се згодни за спортување во природа,а уствари мене тоа ми е најубаво.
Денес се активирав конечно после многу долга пауза, и како за почеток: Вежби за затегнување нозе,задник и стомак 20 минути плус овие две видеа.
Денес Woo-hoo!! Не ми се верува дека го издржав до крај Супер видео, доста интензивно кардио што ќе ве исцеди до последната капка! Брутално е стварно, прво затоа што трае доста долго за ваков тип на вежби, второ затоа што е чисто, чисто кардио. Нема strength вежби, нема тегчиња, не ви треба ништо, дури ни подметач. Цело време трчате, скокате, се џапате на сите страни. Некаде на средина морав да застанам на две-три минути, доволно време за да земам здив, а да не ме фати мрза и да ми падне мотивацијата. И искрено, да не ја направев таа пауза, можеби немаше да издржам до крај. После секоја вежба има неколку секунди recover, ама и тие пустите не се доволни за да земеш душа Инструкторкава ко да знаела дека мразам burpees, па во тие 45 минути ставила 300 варијанти на вежбава Е тие ме утепаа... Ептен го препорачувам видеово, со бонус препорака да не се форсирате за да не припаднете. Ако не можете да издржите до крај, тогаш подобро прекинете го, отколку да се онесвестите. За жал нема modifications на вежбите, едино можете да ги правите малку поспоро ако ви дојде напорно. Некаде низ коментарите прочитав дека може да согорите 450 калории со видеово, што е прилично многу, ама не би ме изненадило со оглед на вежбите. Утре понеделнички заслужена пауза, да ги одморам малку мускулчињава Ептен ми е мерак кога вака убаво ќе си извежбам Мотивации
Денес 6 week six-pack abs workout: Level 1 Нозете ми се партал од минатата недела, сестра ми рече дека сум офкала како 80 годишна баба Затоа си реков денес стомачните да ги измачам Не дека нозете воопшто не се активираат, не избегав од squats и lunges, ама секако е повеќе сконцентрирано на стомачните мускули и рацете. Мотивации
Здраво девојки,од први планирам да почнам со вежбање во теретана па ми требаат совети Какви резултати можат да се постигнат со редовно одење во теретана и дали е ефективно? И какви вежби можам да правам за задник и нозе?
Нормално дека е ефективно, ама треба да одиш подолго време за да видиш убави резултати. А на долго мислам 3 месеци и повеќе. Се приметуваат резултати уште по првиот месец, највеќе на нозете, ама не очекувај чуда. И секако, не треба да правиш вежби само за нозе и задник туку и за останатите делови на телото, за да ти изгледа пропорционално. Е сега, не знам каде сакаш да одиш прашај си пред да се запишеш, јас каде што одев си имаше тренер и ми покажуваше вежби. Искрено, ако нема некој да ти покажува, и не отидеш спремна со испланирани вежби тогаш ќе се трткаш низ теретаната од една на друга справа и на крај нема ништо да постигнеш.
За денес го одбрав ова Супер комбинација од пилатес и кардио за цеееело тело Некако се осеќав истоштена откако се прибрав дома, немав волја да вежбам, ама кога веќе го пуштив видеото и почнав со загревање, одма ми помина лошото расположение Што поголема мотивација од тоа Бонус
Денес T25: Alpha Cardio Кардио со Шон Т, мислам дека јасно ви е Програмава ја бирам секогаш кога немам многу време за вежбање, а сакам убаво да се испукам Мотивации