Почнав од вчера да вежбам како што треба, до сега џабе само се лажев дека вежбам коа само одев 2 пати неделно да се прошетам до теретана. Вчера ова го вежбав, го имам симнато во мп3 верзија и го слушам додека вежбам и предобро ми е. 3 серии напраив у умрев! За денес барам некое видео од овој тип, за да можам да го симнам како мп3 и да вежбам по него, ама не толку напорно морам да намалам интензитет денес, утре нема да можам да одам а тек да работам
Денес: - 10km точак Одамна немав возено, а имав заостанати епизоди од серии за гледање, па пуштив да ги изгледам додека вртам - 10-Minute Jump Cardio Workout Видеото е поделено на два дела со по три вежби што се повторуваат. Сите вежби се со рипање, па не ви треба ни подметач. - Dance Cardio Workout - 10 MINUTE FAT BURN Тоа dance нека не ве залажува, денсање има само по неколку секунди меѓу вежбите Инаку е комбинација од најразлични кардио вежби, почнувајќи од burpees, jumping jacks, mountain climbers, high knee jumps итн итн... Мислам дека добро издржив денес, со оглед на тоа дека морав да направам пауза минимум една недела и само да лежам и одмарам. Едвај чекав да се фрлам на вежбање и да го испробам новиот fitness watch Не го следев постојано пулсот, само во еден момент видов дека сум на 182 отчукувања во минута, што е во граници на нормалата и според стари и според нови формули за пресметување Мотивации
Денес Само во првото видео има тегчиња, инаку сè друго е кардио Ги вежбав едно по друго по овој редослед и веќе при крајот на третото ми дојде тешко, ама по коментарите гледам дека не е само затоа што сум се изморила претходно, туку вежбите стварно се challenging Мотивации
Старите добри видеа. Не можам до теретана денес па затоа дома. Одамна немам вежбано дома, добро ми дојде, не сум во тек со новите видеа ама добрите си ги памтам кај што знам дека ке се испотам убаво. Вежбиве за стомачни секогаш ми биле омилени, погодени ми се. Имам на усб и 30 дневна програма за стомачни и добри резултати тогаш ми даде за некој не полни 20 дена може да ја почнам деновиве.
Денес од новите видеа на HASfit Убави вежби со тегчиња за цееело тело Ме боли цела снага од викендов, ама едно магнезиумче и протеини за ручек - и ќе бидам многу подобра Мотивации
Денес Денов долг, предолг... Во 8 сабајле излегов, во 9 вечерва се вратив. Ама си реков морам барем малку кардио да извежбам и ете го новото видео од GymRa како порачано GymRa не ми се најнајомилени, не дека се лоши, ама има други канали што повеќе ги сакам. Ама еве ова видео ептен ми се допадна, многу ме потсети на PopSugar. Дури и некои вежби исти ги има. Девојкава е супер, брзо ми помина вежбањето и ми се допадна што секоја вежба ја почнуваше прво посмирено, а после поинтензивно. Супер е Мотивации
За денес го одбрав најновото од PopSugar Поделено е на три дела, секој дел има по три вежби што се повторуваат два пати. Има и малку кардио, ама и вежби со тегчиња. Некако најмногу ги изморив нозете од ова. Ми се допадна во секој случај
второто без вежбите со resistance band 5 минути wall sit без пауза 100 склекови 50 со колената на земја со паузи, 50 обични со паузи
Денес Нешто најново и многу необично за Кејси - 1 час пилатес Обично има кратки, ама многу ефикасни видеа, па се изненадив кога видов дека последното трае толку долго. Го меркав уште кога го објави, ама тек денес дојде на ред за вежбање. Многу ми се допадна, супер пилатес вежби, нема кардио, нема тегчиња. Секој круг е како кореографија на една песна, што е многу забавно и ве тера да вежбате во ритам наместо да се влечкате. Само што треба внимателно да ги следите движењата, затоа што се испланирани до минута. Го активира секој мускул од телото, а мене некако најнапорно ми дојде на стомачните и рацете. Мотивации
5 мин wall sit без пауза 100 склекови 50 со колената на земја со паузи, 50 обични со паузи Првото видео ми веше како порачано. Не треба премногу голем напор а и вежбите не се толку тешки.
браво бе девојко само ти си најактивна тука дај стави слики да се мотивираме после толку вежбање сигурно си во добра форма
Денес Сакав да вежбам нешто од Џулиен што го немам пробано досега и му се заблагодарувам на тој што го поставил ова видео на јутуб Одлично е! Ова е од The Biggest Loser програмата на Џулиен и е составено од две видеа од по 30 минути: - Првото има 5 круга со по 3 кардио и 3 вежби за затегнување со тегчиња што одат наизменично. Во секој круг има уствари по една основна вежба, па после уште по 2 варијации. - Второто видео нема воопшто кардио, во првата половина има вежби за горниот дел од телото, а во втората половина се вежба долниот дел од телото. Одлично е стварно, ептен ви препорачувам! Вежбајте го додека не го тргнале од јутуб И обавезно не го прескокнувајте растегнувањето на крај, јас дури и самата си направив дополнителни вежби за растегнување, особено на стомачните, затоа што цело тело гори после вежбиве. Да не офкате многу наредниот ден Мотивации