1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Денес решив да одморам малку од кардио, па одбрав едно од поновите видеа на HASfit. Скоро сите вежби се со тегчиња, одат во пар и се повторуваат два пати. Нема воопшто кардио, освен една вежба во последниот круг, поточно mountain climbers. Убаво ме размрда :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Петочно се одлучив за задник :)


    А-УУУУ... многу, многу, мнооогу добро видео! Мислам дека ми вришти секое мускулче што е составен дел од задникот и нозете. Ама буквално секое! Со Никол сум вежбала и претходно, одлична е како и секогаш (y) Супер вежби, пријатна атмосфера и позитивна енергија и мотивација ^_^ Растегнувањето на крај ми дојде толку слатко, што само замижав и задремав за момент :D Ептен го препорачувам за оние што сакаат добри вежби за уште подобар задник ;)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    После вчерашните вежби за задник, денес се одлучив за upper body :)




    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Неделно со најновите видеа од PopSugar, Ребека и Кејси - сите три прикачени во ист ден, како порачани :D


    Ова е прилично интензивно и вежбите многу брзо се менуваат, па треба внимателно да го следите. Мислам дека прв пат вежбам со инструкторкава, убава енергија има, само што многу вика :D На моменти ми дојде напорно, па ги правев модифицираните верзии. Како и да е - пулсот ми стигна до 161, така што добро е :)


    Ребека на Малдиви... ;( Секогаш видеата ѝ се рај за очи, ако ништо друго човек да си замисли дека е таму и да си вежба истовремено :D После првото видео, ова ми дојде посмирено, башка со тегчиња е, нема кардио. Го смирив малку срцево.


    Кејси за крај - стомачни со уплеткани нозе и раце :lol: Искрено прв пат слушам за Eagle Abs, ми се чини и прв пат ги правам. Мислам дека не ми дојде толку тешко на стомачните, колку што цело време се трудев да не го стегам вратот.

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес бев расположена за табата, па одбрав нешто од HASfit :)


    Супер видео со одлични вежби со тегчиња за цело тело (y) Воопшто нема кардио, ама и покрај тоа пулсот ми стигна над 140 и убаво се испотив :sweat: Секоја вежба се повторува по 4 пати, ама брзо поминува и не досадува пошто е табата. Ми се чини најмногу ги изморив рацете, ама и стомачниве ми горат ^_^

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.994


    После речиси два месеци мрза, еве ме повторно. :D Утре нема да можам да станам, ама ако, редно беше да се вратам во форма.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Девојкава е вистинска инспирација. :muscle:

    [​IMG]
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За денес одбрав едно кратко, ама јако кардио видео :)


    Прв пат вежбам нешто од овој канал, видеово ми излезе во suggestions, па решив да го пробам. Ептен добро се испотив, пулсот до плафон! :sweat: Го препорачувам (y)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ava.84 и SV1911 им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.994
    :sweat: :sweat: :sweat:

    Седнувањето е потешко од станувањето. :!: :D





    Плус малкуцка кардио на крај. Да не претерувам, ќе се откажам брзо така.

    @AnaKarenina браво за вежбањето на различни видеа од различни инструктори. Некогаш пробувам, ама се нешто ми смета, дали гласот, тонот, зборењето глупости неповрзани или пак премногу напињање come on, let's do it и слично, па затоа секогаш си се враќам на видеата од фитнес блендер. :angel: :D

    Имам направено план за вежбање за неколку дена во напред, се трудам да си ја дадам сета можна мотивација. :D

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Ava.84 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.504
    Пол:
    Женски
    Денес си купив хеланки -панталони (или како и да се викаат) и блуза за трчање и вежбање.Ми фали уште BH(градник )и некое полесно патиче и почнувам.Не дека имам потреба или дека многу сакам него ради болест што сакам да ја елиминира. Вишок кг имам малку на стомакот ајде од бременоста божемски ;)(абе кажи си и претходно го имав):$ Ќе си кажам и пропорции.170цм со 58кг.Гради 90, половина 72 , бутови 91.
    Сабајле трчав во соба и вежбав 15мин со Амалија

    Не е многу напорно баш за почетници, ама на германски.Со неа си вежбав во текот на бременоста и после тоа ама ме фати вртоглавица и престанав.Пак вежбав од исти причини зголемен шеќер во крвта.Морам и исхраната да ја сменам:^) Што јадете да издржувате? Не сакам некои мускули туку баш од здраствени причини.
    Нека ни е среќно на сите што почнуваме .Почетокот е најтежок(fingers)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Моментално сум како типката од десно, дали ако го купам ова справиче ќе ослабам како таа од лево :D (Озбилна сум:()
    slabeenje-520x346.jpg FB_IMG_1527197725712.jpg
     
  11. Co0kie

    Co0kie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Еве ви мотивација, дами WeightLoss1.jpg
     
    На muchacha_a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
  13. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Навистина??? :o
    Се зачленив во теретана ама ме мрзи да одам, се утре, па утре.. и така седам дома. Сликите за мотивација што ги постираат феминчињава мене ич не ме мотивираат да ослабам а сакам. А знам ако го имам дома ќе се доведам во ред. :)
     
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Не верувам искрено.
    Т.е. можеби, не можам да ти кажам со сигурност ама многу е потешко да се натераш дома да вежбаш. Цело време ќе си викаш утре утре, а точаков ќе ти стане закачалка.
    Само ако си упорна, ќе успееш. :)
    Не ти се мотивација парите за во теретана што си ги дала што ти одат јабана?
     
    На SV1911 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  15. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    И јас мислев дека кога ќе уплатам ќе одам, ама се излажав хаха.. Знам дека ќе вежбам дома, по мерак ќе ми биде. :D
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.994


    Нозете шашави после видеово ми станаа :sweat: :D

    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x, Ava.84 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За денес одбрав три видеа што ги немам вежбано досега :)


    Видеово ми е ептен по мерка - комбинација е од вежби за затегнување со тегчиња и кардио. Наизменично одат вежбите, нема повторувања, не е досадно, башка опфатено е цело тело (y)


    На женава изгледа специјалност ѝ се вежбите за задник :D Барав видеа од нејзе, скоро сите се за задник. И ова видео е супер, како и секое друго од Никол за sexy ass (mooning) Не ви треба ништо друго освен подметач.


    За крај одбрав едно видео за upper body од новооткриениот канал. Овде вежбите се повторуваат два пати и претежно се со тегчиња.

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    @Starlič справа како справа - ќе ти биде интересно на почетокот, после ќе ти досади. Обично обратно е кај луѓево - повеќе се мотивирани ако имаат уплатено за пилатес, теретана, аеробик, особено ако има точно определени термини, па си знаеш дека понеделник/среда/петок од 7 саат имаш пилатес и времето однапред ти е испланирано. За редовно да вежбаш дома треба многу дисциплина, зашто секогаш можеш да си наоѓаш изговори да не вежбаш. Особено тешко е да почнеш сама дома да вежбаш, ако досега да речеме не си била активна. Некако полесно е некое време да одиш на часови или во теретана, па после да се префрлиш на вежбање дома. Барем според мене :) Ако веќе се решиш да вежбаш дома за да ослабеш, почни со кардио, има многу добри видеа на youtube, ќе се чувствуваш како да вежбаш заедно со нив. Видеата се бесплатни, не ти треба никаква справа, можеш само да си купиш тегови ;) Еве придружи ни се во темава, разгледај какви видеа постираме, сигурно ќе најдеш нешто што ти се допаѓа. Инаку јас имам дома статичен точак, го возам, ама не цело време зашто ми досадува, башка само нозете ги активирам со него. Поинтересни ми се видеата за различни делови од телото.
     
    На SV1911, Ava.84 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.504
    Пол:
    Женски
    Јас да си се пофалам почнав денес со трчањето т.е џогингот. Трчав 30мин нормално со паузи и да ви кажам се засрамив.Јас бев најмлада .Повеќето што ги сретнав беа над 50 години и трчаа без паузи.Ете ми мотивација кога старите можат можам и јас:muscle:
    После ги правев и овие вежби

    Сега ме болат мускулите и на стомакоти на нозете. Ама супер се чуствувам како преродена:dance:
     
    На x.Daisy.x и SV1911 им се допаѓа ова.
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.994
    Ден четврти :muscle:





    Хит пилатес и стоечки вежби за стомак. Првово видео го осетив и те како, ептен добро ме испоти, а второво онака, верувам дека нема ни да имам некој резултат ако вежбам вакви лесни вежби.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, x.Daisy.x и Ava.84 им се допаѓа ова.
  20. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски


    Видеово перфектно за во недела пред капење :rofl:
    И благодарам на @AnaKarenina што го сподели и морам да кажам дека е полн погодок и добро ме испоти

    pinterest_b59d43f1c8.jpg
     
    На Ava.84, x.Daisy.x и AnaKarenina им се допаѓа ова.