За денес одбрав едно јако кардио Ивет има супер видеа, ама прилично се интензивни и долги Ви ја препорачувам само ако сте физички спремни. Или па пробајте едно, не мора до крај да го вежбате, видете до каде можете да истерате. Мене од ова видео пулсот ептен ми се качи, саатчево почна да пипка со предупредување да не се онесвестам Па успорив малку, некои вежби ги скокнав додека да земам здив, а на некои ги вежбав поспоро. И на крај пак се направив жи-ва--во-да! Мотивации
Благодарам за видеото @AnaKarenina! Само не ми е јасно како издржа уште две видеа да извежбаш после ова Вчера одмарав, притисокот ми беше многу низок и се плашев да не се онесвестам ама затоа денес се препотив! Видеово погоре е навистина добро осмислено.
@SV1911 после Ивет и Шон Т од Инсенити, секое друго кардио делува далеку полесно Знам дека Фитнес Блендер ти се фејв, така што ептен ми е мило што ти се допаднало нешто од Gym Ra
Денес трчав 40 мин .Пред да трчам имав огромни болки во горните мускули на нозете. Ама после трчање болката ми се намали.Очекувам утре да неможам да станам ама ќе видиме .Утре имам пауза. А уствари јас да не сум во грешна тема Едит. Така е кога лулаш дете во раце и пишуваш пост и ќе има грешки .Дупла слика
Денес имам кардио така да ми треба мотивација. Кога ќе дојди да имам кардио онака ми се плачи. Ама дур го прам и не е толку лошо. :')
Како ме измори видеово, секое мускулче ме боли сега. На табелата покажуваше од 300 до 600+ потрошени калории. Неколку прашања ми се вртат низ глава, па секој одговор е добредојден! Дали ви се јаде повеќе? Оброците кои порано ме држеа 4-5 часа без проблем, сега едвај два саати поминуваат и чувствувам глад. Кое е најдобро време за вежбање според вас?
За денес искомбинирав 4 видеа за околу едночасовно вежбање За ниедно не ви треба тегчиња или било какви реквизити. Сите видеа се со strength вежби, само во последното има кардио. Последното и најмногу ме испоти, не знам дали беше од кардиото или од сè што ми се собра Најмногу ги изморив стомачните и нозете. Мотивации @SV1911 јас разлика некоја немам приметено во јадењето, ама можеби затоа што долго време редовно вежбам, па некако организмот ми фатил ритам. А за тоа кога е најдобро да се вежба - јас искрено немам многу опции да бирам, можам да вежбам само после работа, значи попладне/приквечер. И обично секогаш вежбам откако ќе дојдам дома и ќе здивнам пола саат барем, ама не јадам додека не извежбам. Некако сум млитава после јадењето, осеќам како да немам енергија, ми паѓа притисокот, па затоа секогаш вежбам претходно.
Денес сакав само горниот дел на телото да го повежбам, ама налетав на видеово во предлози и ај да го пробам. Мускулите на нозете, поготово над колената, толку ми беа воспалени предходните две дена, најголемата болка таму ја чувствував, ама со видеово помина болката. Ќе видиме утре што ќе ме боли. Исто и мускулите под лаките ми се воспалени од кревање на тегови.. чекај, да ми текне уште што ме мачи и ќе допишам. Приметив дека после вежби со тегови сум многу поизморена наредните неколку часа, додека пак ако вежбам повеќе кардио, а помалку (или како денес воопшто) тегови, тогаш многу брзо ми поминува уморот.
Денес решив да се испотам Со дечково имам вежбано и претходно, ама ова видеа прв пат го терам. Супер е, ептен ви го препорачувам ако сакате добро кардио. Вежбите се по 60 секунди, па 30 секунди одмор. Интензивни се, така што приметив дека цело време го одржував пулсот над 150, дури и кога беа тие 30 секунди за одмор За среќа не се повторуваат вежбите, уствари приметив дека некои ги направивме по два пати, ама нема стандардни кругови со повеќе вежби што после се повторуваат, па да те фати досада Ептен се испотив и притоа сакав да прашам - дали и вас ви се случува да се потите многу повеќе откако веќе ќе завршите со вежбањето? Се потам и додека вежбам, ама откако ќе завршам како цел бран да ми доаѓа и жива вода се правам... Мотивации
Ме измори видеово утре цел ден планирам да го преспијам за да не ја чувствувам болката во рацете Сакав и кардио да повежбам 10тина минути после ова, ама притисокот почна да ми паѓа и го оставив тоа за утре.
Од вчерашните вежби денес сум преморена, едвај издржав 30 минути денеска. За утре планирам нешто полесно или ќе правам пауза.
3 min wallsit и околу 60 склекови(машки и женски комбинирано) Денеска имав вишок енергија и реков да ја потрошам на едночасовно вешбање со PopSugar. Видеото убаво ме измори и испоти, вежбите не се повторуваат освен во првиот дел видеото. Брзо се менуваат вежбите па така да треба да внимаваш што се случува и времето бргу поминува. Mотивации:
Вчерашните вежби ми помогнаа да си ја вратам енергијата и болката од предходниот ден сосема исчезна, па затоа решив да не паузирам денес туку да се посветам на стомачните. Видеово е добро, три рунди по осум вежби, ме испоти убаво. @Ava.84 како оди трчањето?
@SV1911 мила трчам.Вчера трчав 40 мин нормално со паузи. Немам болки во нозете веќе јупи Кога ги имав најголемите болки трчав и ми минеа чудно Вчера правев и лесни стомачни . Во среда имав одмор ама пак вежбав 25 мин. Денес нема ништо да правам оти имам други планови ама утре ќе трчам на дожд Сакам на сите што сакаат да трчаат и вежбаат да ви кажам доколку немате енергија знајте по трчањето или вежбањето ќе бидете полни со енергија и елан за живот ,попозитивни , порасположени и со поголема желба за ,затоа пробајте и не се откажувајте ЕДИТ: @SV1911 докажано е дека наутро е најдобро да се вежба, но не секогаш сме во можност.Јас до сега не чуствувам повеќе глад за чудо немам никаква потреба за благо Ама може оти не вежбам толку интензивно како тебе
40 минути?! Браво! Штом најдам место за трчање, ќе почнам и јас штом велиш дека дава енергија! Мене секогаш ми изгледало ко многу напорно и едвај по 2-3 км лесно трчање можев да издржам од еднаш (и тоа со сто паузи измеѓу), ама не сум била кој знае колку упорна, па на тоа се должи лошата кондиција.
Денес џогирав(ова ми личи како да сум чистела со џогер, па затоа трчав кажувам) пак 40 мин само со таа разлика што кога одмарав стоев на едно место и не се движев и одморите ми беа пократки, а истрчаните растојанија подолги.Приметив дека за да трчам подолго мора да сум концентрирана и да не мислам на ништо друго.Одмор на мозокот од една страна и од секојдневните проблеми.Штом почнам да мислам на нешто одма се заморувам како да зборувам и трчам Тука кај што трчам е огромен парк и има Outdoor Fitness. Лани ги ставаа спревите нови.Користам само 2 за истегнување и една за вртење стомачни ама како стол за вртење е.Другите уште не сум ги нашла.Следната е за стомачни правење.Нареден пат @SV1911 да почнеш да трчаш ама кога ќе биде поладно.На жешко не се баш трча многу е напорно.Така да ќе се откажеш уште пред да почнеш.
Првото видео беше ухухууу тешко, ме измори убаво ама после кратково кардио ми се врати енергијата. @Ava.84 јас вчера место вежбање џогирав, буквално.
Се собрало пријатно друштво. Јас одамна демнам, но редно е да пишам неколку реченици. Многу ми фали физичка акивност, затоа што 90% од времето го поминувам во седечка позиција пред компјутер, па имам големи проблеми со вкочанетост и особено со болки во грбот. Некое време вежбав со тренер, со сите марифети по ред, ама искрено - откако си фатив некоја рутина, сфатив дека засега најмногу ми годи да вежбам наутро, па почнав да си вежбам по дома. Мотивација плус да се разбудам порано, да си ги пројдам вежбите, да се спремам и да бркам обврски во текот на денот. После вежбање се чувствувам многу енергично, дури утрата ми се попријатни, а воопшто не сум morning person. Да преминам на главното - немам вишок, немам потреба од кардио, туку работам само на зацврстување. Нозе, задник, стомак, сè по ред. До душа, не ми е ни битно дали, колку, кога ќе имам ефект - најбитно ми е што сум барем малку физички активна за да немам проблеми со грбот. Наутро си пуштам видео одбрано по случаен избор и терам, а за нешто измеѓу симнав некоја апликација на телефон, се вика butt&legs 21. Некаков предизвик кој трае 21 ден, секој ден се собираат поени, се добиваат гратис поени доколку се држиш до рутината и се логираш секој ден. Нешто од тој тип за загревање секое утро ми е супер. Не одзема повеќе од 10 минути, а ми е сосема доволно за да се подготвам и да прејдам на некое видео од триесетина минути.