1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За денес го одбрав последното видео од HASfit


    Немам баш енергија за кардио денес, па таман како порачано ми дојде ова. Само што, сè си мислам дека веќе го имам вежбано, некако познато ми делува :?: Или па многу слични ми се нивниве видеа :D Во секој случај супер ми дојде, таман ;)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.988


    Добро видео за горниот дел од телото, ама откако го завршив ги чувствував мускулите на нозете премногу стегнати па затоа се решив да повежбам малку јога. Второво видео го препорачувам за растегнување на мускулите. Кратко е, но ги опфаќа сите мускули. На памет го знам, вежбано ми е повеќе од сто пати сигурно.
    :D



    подот блеска :!: :D

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Mishela, Ava.84, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Видеово е поделено на четири дела - првите три дела имаат по 3 вежби што се повторуваат 2 пати, а последниот дел е комбинација од сите претходни вежби на купче. И скроз на крај има 1 минута plank. Супер е, ептен ме испоти и измори, мислам дека и ушите ми се испотија :sweat: Имам и претходно вежбано видеа на BeFiT, ама не се сеќавам на девојкава. Ми се допадна, има убава енергија, до душа уста не затвора :D Ама некако брзо ми помина вежбањето и забавно ми беше :)


    Oh man... what a burn! Кејси како и секогаш - кратки, ама супер ефикасни видеа. Дали дека го вежбав второ видеово, некако ми дојде напорно на нозете. Има и кардио и strength moves и нема повторувања на вежбите. Од kneeling side plank-от во видеово се вежба само едната страна, па јас отпосле ја извежбав и другата нога.

    Мотивации - иде лето :sun::d:(poolparty)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Mishela, x.Daisy.x, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.988




    Првото видео дефинитивно не е за почетници (Браво АнаКаренина)! :sweat: Обично првите вежби се полесни и како напредува видеото така се потешко станува, ама ова баш обратно. Првата вежба ми ги изгоре нозете и едвај го завршив. :whew: Второто видео е баш релаксирачко, ме испоти, нозете ми се тресеа на крај од умор ама сепак ни на дел од секунда не ми беа исцрпувачки вежбите до степен да сакам да го исклучам.

    [​IMG]

    :rofl:

    [​IMG]

    Утре планирам кик бокс кардио и стомачни да вежбам. :punch: :muscle:
     
    На Ava.84, x.Daisy.x и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Оф мори мајко... се исцедив на ова подметачов, до последна капка! :sweat: На крај веќе почнав да се лизгам од што целата бев жива вода :drunk: Одлично кардио, ама можеле малку повеќе (а пократки) паузи да вметнат, зашто умрев! На четири дела е поделено, има само неколку вежби што се комбинираат и повторуваат. Кога го видов вчера објавено веќе го планирав за денес :) Ми се допадна, само што јас повеќе сакам видеа кај што нема повторувања, поинтересни ми се. Овде четири пати се повторува кругот, па малку губиш мотивација кога знаеш што сè те чека :D Во секој случај го препорачувам ако сакате добро да се испотите.


    Good old fashioned exercises :) Едноставни, ама веќе докажани вежби за одлично горење на мускулите. Сите вежби се со тегчиња, ама ако ви се тешки така, можете и без нив, и така ќе има ефект.

    @SV1911 Кејси обично има такви видеа - кратки, ама ептеееен ефикасни. И вака навидум делуваат лесни, се сеќавам кога почнав да вежбам со нејзе си мислев побогу што е ова, вежби за раце само со мафтање лево десно :D Ама утредента не можев пенкало во рака да кренам :rofl: Има многу супер видеа, баш разгледај, одлична е ако немаш многу време за вежбање, а сакаш добро да ги измориш мускулите. Само што вреска многу, ама ќе ја навикнеш ;)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x и SV1911 им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.988
    Си го шинав грбот (кај колкот погоре) додека вежбав денес, мислам дека поради тоа што не се загреав доволно пред да почнам, туку ме мрзеше па 1-2 мин од сила и почнав со вежбање. Кои вежби ги користиш за загревање кога видеата се без тој дел @AnaKarenina?
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Хмм... вака кога ќе размислам, мислам дека сите видеа што сум ги вежбала имаат загревање прво :?: Уствари не, има некои што немаат, ама некако се погаѓало тие да ги вежбам после некое друго видео, па веќе сум била загреана. Има видеа со вежби за загревање на јутуб, ама искрено не сум пробала некое за да ти го препорачам. Јас проблем си имам со растегнувањето, некогаш во видеата нема растегнување, а мене ќе ме мрзи да го истерам тој дел и ќе си влезам под туш. И после така укочено некако си ги осеќам мускулите, многу повеќе ме болат, катастрофа. Не им придаваме доволно значење, ама и загревањето и растегнувањето се мнооогу битни.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.503
    Пол:
    Женски
    @SV1911 побрзо оправање:hug: Ме изнасмеа за подот:rofl:
    Јас да ви кажам немам време за трчење почнав некој активности наутро и немам време , а кога сум дома шетаме со малата.Еден ден само што решив да трчам не престана да плака без престан.Ми се одмили и живот и трчање.Изгледа ќе треба на фитнес да се префрлам ама не толку интензивно како вашите , а за викенд да трчам:sweat::muscle:
     
    На x.Daisy.x и SV1911 им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.988




    Прво јога, веќе нема да избегнувам убаво загревање, лекција научена the hard way :D Се мислев дали да вежбам кик бокс или не, сепак се решив да видам дали ќе ме боли грбот и за чудо како повеќе вежбав, така болката се намалуваше. Движењето помага, дефинитивно.

    @Ava.84 благодарам :hug: Малата можеш во количка да ја ставиш и со неа да трчаш.. имам видено на инстаграм така прават :tmi: немој да се откажуваш, бидејќи веќе си створила кондиција, па како повеќе време не вежбаш, така ќе ти биде потешко да се вратиш. Можеш и вакви видеа да правиш, најди некој канал на јутуб кој што ќе ти одговара на твоите потреби и издвој по 15-20 мин дневно на ова. Имам гледано (пак инстаграм) како мајки заедно со деца вежбаат, па може твојата ќерка ќе ти се приклучи ^_^

    @AnaKarenina немој да прерипнуваш cool-down. Имам приметено дека ако после вежбање добри десетина минути правам вежби за растегнување, наредниот ден мускулите ептен малку ме болат, додека пак ако прескокнам или набрзина, тогаш сите мускули ми се воспалени. И не оди да се тушираш веднаш, почекај додека телото и срцебиењето ти се стабилизираат. Немам читано за ова всушност, ама имам приметено дека сум поизморена ако одам да се истуширам веднаш после вежбање.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Mishela, AnaKarenina, x.Daisy.x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    И јас за денес го одбрав ова:

    Омилени ми се вакви no equipment вежби и каналов е супер, одамна го следам.

    Добро пројдов и времетраењето ми е скроз таман. За утре ќе одберам некое друго, по случаен избор. :lol:
     
    На Ava.84, SV1911 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.988
    Внатрешните мускули на нозете утре ќе ти врескаат :D многу ретко ставаат вакви вежби, а би требало и тие мускули да се вежбаат.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам, а таман ми се смирија воспалените мускули од пред некој ден. Ќе пишам утре дал сум жива и дали мрдам. :rofl:

    Ама сепак добро ми дојдоа вежбиве, го лајкнав да ми се зачува на Јутјуб. Па и ќе го повторам пак наскоро, ептен ми се допаднаа сите вежби. :D
     
    На Ava.84, Veki4kaa и SV1911 им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.988


    Цел час летна со видеово... ме измори, јога душекот е жива вода, изгледа и нему тешко му падна цел час да вежба :D Ја прескокнав втората група на хиит вежби, немаше да имам сила после нив за стомачни и тегови.
    Од вежбите од завчера уште ме болат внатрешните мускули на нозете, а од кикбоксот вчера мускулите на грбот врескаат со секој длабок здив. :D
    Утре планирам пауза или пилатес/јога.

    Ден 17ти како почнав да вежбам повторно (fingers)


    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    :muscle:
     
    На Ava.84 и Mishela им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Мрдам, добро е. :bandit:
    Ме болат мускулите малку, ама не пројдов страшно штом можам да се качувам по скали без да офкам. :D
    За денес вака, кратко.
     
    На Ava.84, x.Daisy.x, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.503
    Пол:
    Женски
    После 5 дена пауза не дека сакав морав, сабајлево си трчав 50мин.Вежбав плус истегање,чучлеви и стомачни на outdoor fitness справите.Дојдов денес трчајќи до 3 та има уште 5 ама треба во шумава да ги најдам. Планирам и утре и во пон да трчам .После 4 дена ,а може и 5 нема. Имав болка во бубрегот и после трчањето ми ја снема , а пред да трчав мислев ќе треба хилихоптер да доаѓа да ме спасува колабирана и со огромна болка:fubar::D Причина да не трчам(lalala)
    И јас како @Mishela имам проблеми со грбот кога седам долго.Па сакав да те прашам дали вежбањето ти помага во намалување на болките?:)
    @SV1911 :clap: само напред:muscle:
    Туку ми текна за истегањето дека пишувавте, јас додека трчам ги истегам нозете и грбот неколку пати и така ми се губи болката и повеќе издржувам:whew:
    lacking-motivation.jpg study-motivation-hacks.jpg
    Туку ослабнав да ви кажам 56,9 оваа обројка ја немам видено од 2013 :lol::dance:
     

    Прикачени фајлови:

    На x.Daisy.x, AnaKarenina, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 многу ми помага вежбањето за грбот. Не сум толку вкочанета и некако малку полесно го чувствувам.
    Сум имала денови кога буквално не сум можела да се исправам од спиење, вкочанета мислиш препарирана.
    Болките се поднамалени и приметив дека најмногу ми прија на грбот кога правам некои вежби поставена на сите четири и истегам нозе/раце.
    Тоа како ми го опушта грбот, неверојатно.

    Денес чит-деј утрово. :worried:
    Метеопат сум и нема ковче што не ме врти денес. Пиев магнезиум и правев само некои основни вежби за опуштање и вртев Орбитрек дури гледам серија.
    Ќе удрам една серија по видеото од вчера малку подоцна.
    Бар да ми се смири болката во зглобовите од рацете. :|
     
    На AnaKarenina и Ava.84 им се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    Како мајка со три царски реза и операција на илеус пред 6 недели имам доста опуштена мускулатура и по препорака на доктор морам најхитно да ја стегнам мускулатурата на стомакот.
    Денес почнав со овие вежби
    за загревање, вежбам наутро и пред легнување.
    Симнав и апликација со вежби од по 15 мин. серија стомачни и 15 мин.серија задник и нозе. После се на се 60 минути вежбање се осеќам супер, енергично, позитивно :)
    Се надевам на добри резултати
     
    На Ava.84, SV1911, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.988


    Вчера пауза, денес вежби за целото тело. :muscle:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Ava.84 и Mishela им се допаѓа ова.
  19. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Од пред 2 дена почнав да вежбам,а вежбите кои ги правам се:
    по 30 женски склека
    30 чучневи
    30 исчекор
    30 дигање едната па др нога легната странично незнам како ср вика хаха
    и скокање јаже
    Но веќе ме фати мрза
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Едно од подобрите HASfit видеа што ги имам вежбано (y) Има многу малку кардио, ама жива вода ме направи :sweat: На крај веќе од што бев толку испотена, морав да мижам зашто ме печеа очите :D Одлично е стварно. Поделено е на два дела и истите вежби се тераат во двата дела. Во зависност од тоа со какви тегчиња ќе вежбате, толку интензивно ќе биде. Јас вежбав со 1kg и 2kg и сосема доволно ми беше.

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ava.84 и SV1911 им се допаѓа ова.