1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Ми се виде интересно ова па и јас го вежбав. Одлично е.
    [​IMG] [​IMG]
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Ti si ova na slika????
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.986
    Дали додека ги правите вежбите со исчекор напред, назад или странично (lunges) чувствувате дискомфорт во колениците? Мене секогаш ми се чини дека коленото не ми се спушта доволно ниско, знае некогаш и да ме заболи после вежбање. До мене е или и другите имате ваков проблем? :?:
     
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Бабе не зезај едно 3-4 месеци ми треба за да станам ваква минимум. :rofl:

    @SV1911 аа, најде кого да прашаш за болки во колена. :rofl: Јас кога седам со свиткани нозе ме болат, додека вежбам може само да ми пукнат од чучњеви, ама болка многу ретко (или не памтам). Треба да внимаваш коленото да не ти е понапред од прстите на нозете во права линија. Да не го носиш понапред?
     
    На Ava.84 и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    A jas pa padnav vo nesvest..vauuuuu si velam, koja riba:rofl::rofl::rofl:
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.986
    Не, внимавам на тоа.

    Денес јога и 15 минути вежби за нозете. Почнав неколку видеа, ама ни едно не завршив бидејќи ми снема струја и беше премногу жешко без вентилатор да вежбам. Можеби подоцна ќе повежбам уште нешто, најверојатно јога пред спиење.
     
    На Ava.84 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461


    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На waterllady и SV1911 им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.138
    Пол:
    Женски
    На прсти можам да избројам колку пати не сум чувствувала нелагодност или кога не ми пукнало некое колено додека правам чучњеви. :|
    Многу језиво чувство.

    Инаку јас денес целата сум вкочанета, многу лошо сум спиела и ниту вежби за истегнување не ми ја намалија нелагодноста кај бутната коска.
    Не ми е од вежбање дефинитивно, зашто вчера ептен стандардно како за недела - истерав околу 40 минути вртење Орбитрек и по една серија од дневниот тренинг на онаа апликацијата. Тоа отприлика се 10-12 вежби.

    Денес само ова:

    Not bad колку за промена. Отупев со тие двете видеа - хоум пилатес и она 20-минутното. :tmi:
     
    На Ava.84, SV1911, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Нема повторувања на вежбите, скоро во сите има тегчиња, а на крај јас вежбав нормален jumping jack, наместо полесната варијатна.


    Овде има повторувања, четири круга се со по 2 вежби што се повторуваат 2 пати. Супер ми дојде во комбинација со претходното видео, пулсот до 178 ми рипна :whew:

    Од вчера нозете многу ме болат, едвај станувам и седнувам :D За утре одмор планирам.

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На waterllady, Ava.84 и SV1911 им се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.986


    Утрово се разбудив со болка во грбот, овој пат на другата страна :?: или јас не знам како се вежба или што е работава, ама сум на добар пат да си го испокршам телото изгледа :D Едвај се убедив да вежбам денес поради болката. Прво загревање, па кога тоа не помогна, вежбав јога едно 15тина минути, па после тоа се одлучив за видеово за горен дел на телото. Needless to say, не ме боли грбот повеќе. (poolparty)

    Видеово е разделено на четири групи на вежби. Во секоја група има по две вежби кои што се повторуваат во три сетови, почнувајќи од 10, па 8 и на крај 6 повторувања во сет. Не беше многу напорно, да имав време ќе повежбав уште нешто плус после ова.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На waterllady, Ava.84, x.Daisy.x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Денес цел ден одев, имав работа низ Центар, па излегов со другарка 5км пропешачивме. Нозеве ми ГОРАТ.
    Ама решив да извежбам видео па макар и да не можам утре да мрднам со прст.



    Ако некој мисли дека јога е медитација и лесни вежбички за истегнување - се зезнал. :)
    Ама многу ме опушта и многу брзо ми поминува времето кога вежбам јога. Ми дојде ептен убаво, па извежбав и уште едно:



    [​IMG] [​IMG]

    @DAngel Ако имаш некое видео кое ти оставило впечаток те молам стави го тука :) Знам дека ти вежбаш дома :)

    And on this note, completely relaxed I sign out.
     
    На waterllady, SV1911, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Лоша сум јас, на пат бев и морав да паузирам, после не продужив ;(
    Жешко многу :sweat:
    Јас уживам во deep streching, па дефинитивно омилено ми е


    Имаше едно што ја колнев цело видео, ама не можам да го најдам :D
    Овие се добри





    Искрено, не се замарам да ги помнам видеава затоа што девојката секој месец става календар за вежбање со план за секој ден, па најлесно ми е него да го следам :)
     
    На SV1911, waterllady и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.986


    Прво 25 минути јога, баш убаво ми дојдоа вежбиве.



    Видеово е поделено на три типа вежби: кардио, тегови и стомачни.
    Ептен убаво ме измори, рацеве ми се тресат. :D

    [​IMG]
     
    На Ava.84, x.Daisy.x и waterllady им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    денес ова


    толку пот истече од мене:whew::whew:
    а не чувствувам умор воопшто
     
    На SV1911, AnaKarenina, x.Daisy.x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Да ја испочитувам DAngel денес извежбав две видеа од оние што ги постави.


    Ми се допаднаа, второто повеќе, сакам повеќе интензитет, ама првото беше одлично за rewind.
    Денес не сакав да се напнам премногу, повеќе сакав да се опуштам.

    upload_2018-6-13_20-21-32.png upload_2018-6-13_20-26-39.png
     
    На Ava.84, SV1911 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  16. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.046
    Пол:
    Женски

    Почнувам од денеска со вежби за слабеење. Фала богу редно беше и јас да се натерам да почнам да вежбам. Стигнав до 08:01 минута и се откажав, ќе паднев во несвест. Многу напорно но се исплати. Продолжувам утре повторно. (y):D;)
     
    На zokipoki.1, AnaKarenina и SV1911 им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.986


    Денес само јога бидејќи зглобовите на колената ме болат.. @x.Daisy.x во право беше, изгледа дека не свесно колената ептен нанапред ги спуштав. Ќе помине, само додека да помине треба да внимавам.

    @DAngel и мене ова ми е омилен јога канал на јутуб, кај неа секогаш можам да најдам нешто што ми треба. :)

    @ivanamackica доколку немаш кондиција, почни со полесни вежби, а ваквите остави ги за понатака. Со среќа!

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x и DAngel им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.138
    Пол:
    Женски
    Кај мене почнале да се тонираат мускулите на нозете, ама изгледа нежно, не личам на копан. :rofl::rofl:

    Задникот е поподигнат, стомачните ги „обновив“, оди во нагорна линија значи, добро е.
    Немам некои којзнае какви стомачни, искрено не ни сакам ептен истакнати, туку само убав рамен стомак кој се приметува дека е „вежбан“.
    Добро е, само да си продолжам со исто темпо и да не се откажам. :)
    Иначе најмногу ме убива во поим периодот кога ќе добијам циклус. Додека не помине скроз, ептен не сум во состојба да вежбам, премногу крварам. И тоа му се фаќа секој месец по 6-7 дена пауза.
    Многу ми е зашто ептен се губам од рутината, ама јас навистина немам решение за ова.

    Со малку посилна волја брзо сум back on track, ама ова ептен ми смета па да си кажам. :)

    За денес малку пилатес.
     
    На Ava.84, SV1911 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.986


    За денес ова. Ептен ме боли вратот поради напрегнатите мускули од теговите што ги кревам секој ден, па морам малку да одморам од нив. Утре планирам кикбокс кардио. :muscle:

    @Mishela и јас сум со истиот проблем :| ама сепак вежбам, бидејќи се намалува болката ако си физички многу активна.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Ava.84, Mishela и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  20. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски


    Денеска го одбрав ова видео на FitnessBlender и убаво се испотив, но после него имав многу енергија и не чувствував умор воопшто
    Почнувам од денеска со триесетминутни видеа или повеќе бидејќи цела последна недела само по петнаесетина минути одвојував а вежбање па ќе видиме како ке биде.
    Среќно на сите!!!

    709074f196bef0b478468b9561753d72.jpg inspirational-quote-1.jpg
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.