Денес се чувствував одморена и енергична, па преку саат време се оставив на подметачов За почеток - кардио Нема ниту едно Body Project видео што сум го вежбала, а да не ми се допадне. Одлично е, многу ми се допадна како е испланирано. Има повеќе кругови, во некои кругови има повторување на вежбите, некаде нема, некаде има пауза измеѓу вежбите слично на табата, некаде нема... интересно е, не досадува и брзо поминува Следно - задник со Никол Се вежба со тегчиња, макар што и без нив ќе има ефект. Никол убаво ги објаснува вежбите и укажува на можни грешки, зашто со вакви движења може лесно да дојде до повреда, особено на колената. И за крај - стомачни со една нова типка Ми се допадна, обично видеата за стомачни се со многу слични вежби, ама овде се малку поинакви што добро ми дојде за промена. Некако вежбите покрај на стомачните, ги осетив и на рацете и нозете. Инаку не ви требаат тегчиња или било каква опрема. Најубавиот дел после вежбањето - риба за ручек, да ги нахранам мускулчињава со протеин Мотивации
Blogilates видеото е брутално. Денес планот ми беше да вежбам пилатес еден саат ама, ко што гледате 2 саат е ноќе и ми се спие ми се плаче, ама ај си реков морам барем нешто да извежбам, дека вчера си дадов rest day. Пилатесот за утре ќе го оставам.
Јас нема шанси да вежбам, ептен ми е неубаво за вежбање, а и што ќе ризикувам да се онесвестам и да ја расцветам тиквата...подобро не. Денес вака: Пукнав, вакви вежби ми се малку тешки понекогаш. Ама многу ми се добри за грбот, па убаво беше како за промена.
Денес кикбокс кардио и стомачни. Видеово ме потсети зошто секогаш уклучувам видеа од жена му, а не од него. Кикбокс без пауза, ме исцеди!
Со двајца другари сме во теретана, климатизирано е, гледаме фудбал на голем екран. После секој напад на Аргентина дигам дупло. Боље мотивација нема
Втор ден - завршен. Сакам прво една недела да терам кардио за да се вратам во рутина а потоа и со стомачни, вежби за нозе итн. Видеово убаво ме испоти т.е. ме направи жива вода. Видеото има модификации и го препорачувам Mотивации
Денес направив слична комбинација на вчерашната и пак ме фати повеќе од саат време Прво - кардио со Body Project Видеото е поделено на три дела - првите два дела имаат по неколку вежби што се повторуваат два пати, а третиот дел е комбинација од различни вежби по 30 секунди. Чисто кардио е, таман за добро потење Сè ми се допадна освен повторувањата и тие проклети burpees Следно - стомачни со HASfit Поделено е на три дела, секој дел е со вежби за различни мускули од стомакот. Многу ми се допадна, интензивно е, мене дека после кардио ми дојде малку тешко, па некои вежби ги правев во модифицираната верзија на Клаудија. Тегчиња има само на последната вежба. После одбрав една нова типка Ми се допадна, убава енергија има и ептен брзо ми помина вежбањето. На крајните вежби осеќав како мускулите на нозете да ми се расцепуваат, до толку напорно ми дојде Тегчиња или друга опрема нема воопшто, ама вежбите се ептен добри и супер ефикасни. И за крај нешто веќе пробано со Кејси Четири вежби има, по 60 секунди се прават, прво на едната, па на другата нога. Тегчиња нема, само со сопствена тежина се вежба. После тоа едно 5-6 минути се растегнував, зашто cool down имаше само во првото видео. Нозете прилично ги изморив, стомачните исто, па гледав што поубаво да се растегнам, да не ги осеќам утре мускулите стегнати. Магнезиумче во секој случај не ми бега Мотивации
Денес Кога станав сабајлево го осеќав цело тело од минативе неколку дена, ама си реков ајде уште денес вежбање, па утре си давам одмор Видеово е баш какво што сакам јас - комбинација од кардио и вежби со тегчиња. Поделено е на пет дела: во првите четири има различни вежби што се повторуваат, а последниот дел е комбинација само од кардио вежбите од претходните четири дела. Мотивации
Денеска за жал не најдов време за вежбање Но цел ден се трудев да бидам физички активна, да не лежам по домаи да седам пред компјутер Утрово бев на шестчасовна прошетка т.е. работење на нивата што е кажи речи целосно во стоечка позиција со околу 30 минути пауза. Кога дојдов дома одлучив да направам некои едноставни вежбички 3*30сек. plank hold со по 10 секунди пауза 3*20повторувања женски склекови со по 20 сек. пауза 4*10повторувања женски склекови со по 25 сек. пауза И за крај 50 минутно пешачење низ град Мотивации
Да не ве лаже Low Impact Cardio, ме измори многу повеќе отколку доста високо интензивни кардио вежби. Девет вежби кои се повторуваат во две рунди, 50 секудни секоја со буквално 5-6 секунди пауза измеѓу. Од тие вкупни 18 вежби, 6 беа со разни чучњеви. Модифицирав 6 вежби, со исчекор назад ја заменив со исчекор напред поради болката во коленото и склековите ги правев од колена бидејќи премногу бев исцрпена за да издржам нормален склек. Вчера не вежбав, ден за одмор, башка што рацете ме болеа од кикбоксот предходниот ден, не можев да се потпрам на нив воопшто. Утре планирам на нозете да се посветам, на внатрешните мускули посебно. АнаКаренина има постирано едно кратко видео погоре баш ко што барам, ќе почнам од тоа утре.
Денеска и 5 минути wall sit без пауза Ухх, се препотив Мислам дека се вежбав за цела претходна недела што немав вежбано, но се испалти. Ова ми е прд пат да вежбам кикбокс кардио и ми се допадна премногу. Само замисли си мета и удирај боксови хахаха Има загревање и растегнување на крајот од рутината прво вежбите се покажуваат полека а потоа десет мислам дека беа повторување full speed mode, потоа 7 вежби за стомачни и пак продолжува кардиото. Едит, сега видов дека @SV1911 го постирала ова видео пред некое време. Благодарам Мотивации
Видеата кои што ги одбрав за денес немаат вежби за загревање, па најдов кратко видео со кардио вежби за загревање на мускулите. Видеово нема вежби за загревање или ладење, поради тоа е „само“ 20 минути долго. Ниту една вежба не се повторува, што е ептен битно за таквите ко мене кои што се демотивираат кога знаат што ги чека. Мислам дека се научив да ги правам правилно вежбите со исчекор наназад, финтата било да не се става ногата директно назад, туку неколку цм на страна. Случајно додека ги правев вежбиве денес го открив ова, нема да ми бидат смрт за коленото повеќе. Нозете ми врескаа Четири вежби кои се повторуваат два пати (за секоја нога одделно). Колку бев смешна додека ги правев тие со круговите, едвај се балансирав да не паднам назад или напред. Тие ми изгледаат како добри за координација, па ќе гледам да ги вежбам почесто. Се мислев помеѓу пет минути cooldown видео или ова, па сепак се решив за јога, што е сигурно, сигурно е Не ни приметив како поминаа 17 минути. Последниве неколку дена добивам желба за вежбање и навечер. Гледам да не претерам, ако се изморам премногу после тоа ќе имам одбивност, така да полека си ја градам кондицијата. Понатака ќе можам и понапорни тренинзи да издржам без поголема потешкотија. 28ми ден како почнав да вежбам. Без изговори овој пат, без измислување на причини зошто да прескокнам денес и да оставам за друг ден. Доста беше мрзеливост и неодговорност кон своето тело и здравје. @Ava.84, @♡BuBaLe♡ & @Mishela, како оди девојки?
@SV1911 фала на прашање.Не сум трчала овој викенд нешто ногата ми е отечена кај зглобот и паузирам, а плус и циклус добив па паузирам и од стомачните.Ама не се откажувам ќе трчам и вежбам само да ми помине ногата Браво девојко 28 ден Телото ти бара уште и уште на добар пат си само напред
Тенко предам деновиве, не пишувам затоа што рутината е таа - Фитнес Блендер растура. Вчера вежбав на справи, добро ми дојде како за промена. Денес имав обврски од сабајле и не можев да си го почнам денот како и вообичаено со некое видео од 20-30 минути, па сега барам нешто интересно за вечер.
@SV1911 фала на прашање, инаку, супер оди, се будам поенергична, гледам по вентолинот се поретко посегнувам, е колената си крцкаат сеуште ама нема болки, едино забележувам дека ми се појавуваат синици по телово, особено на нозеве паралелно со вежбањево си ја терам ун-от и размислувам за Л Карнитин иако оние од хербалајф ме бомбардираат со нивните шејкови и чаеви па се мислам. Друго, забележав дека едно кафе на ден ми е доволно, а пиев по минимум 5. Инсталирав програмче да ме потсетува да пијам вода и преродена сум. За денес
Денес го одбрав ова триесетминутно кардио видео и мене лично не ми се допадна поради инстуркторката. Премогу брзо ги кажуваше вежбите, не ги покажуваше убаво како се прават и не вежаше цело време Додека јас да направам еден потег таа е веќе на третиот, ама признавам убаво се испотив На крај завршив со 5 мин. wall sit без пауза Мотивации
Денес сакав да им се посветам повеќе на стомачните, но иако во насловот стои Abs, ги нема тие класичните вежби за затегнување на стомакот. Сите вежби се со тегови и најмногу ги работат мускулите на грбот, градите и рацете. Секако дека и нозете се активни цело време, стомачните исто, но таквата активност е мала за да се нарече Abs workout. Две рунди по 12 вежби во секоја. Користев тегови од 1, 2 и 4 кг. Ги чувствував изморени рацете додека вежбав, особено пред крајот, ама откако завршив измореноста брзо помина. Ако утре не ме болат мускулите, ќе мора да почнам да кревам потешки тегови.
Ден шести Денес се решив за веќе испробано кардио видео со PopSugar! Морам да се пофалам прв пат кога го направив ова видео пред околу 3-4 месеци многу ми беше тешко особено the burpees, а сега па и не беше толку страшно Видеото е поделено на 3 дела со по четири вежби и се повторуваат два пати па знаеш што те чека и понекогаш не е толку добро Инструкторот е супер и препорачувам На крај завршив со 5 min wall sit без пауза Мотивации