Жива вода се направив, видеово е напорно! 40 вежби, 20 секунди секоја и 10 секунди пауза помеѓу која всушност е некаде 7 секунди, кои ги користиш да се наместиш во друга положба за наредната вежба, така да нема баш пауза. Не знам дали ми се допаѓа ваквиот формат, не ги осетив баш вежбиве, повеќе се испотив од што брзав ми се чини. Подобро би било 20 вежби по 50 секунди континуирано, отколку вака.
Денес Денеска мојот фитнес ден го завршив доцна поради тоа што не планирав да вежбам, но реков што лошо ќе ми дојде јога после кардиото од претходните денови Инструкторката е супер, ова видео имам го правено и претходно Затоа убаво ги истегнав мускулите и сега сум подготвена за спиење Завршив со 5 min wall sit без пауза Мотивации
10 вежби, 45 секунди секоја и 15 секунди пауза помеѓу. Малку забушавав, не можев сите да ги издржам без пауза. Планирам вежбиве секој ден да ги вежбам, ептен ми се видоа ефикасни, мускулите на стомакот и нозете врескаа! 10 вежби во три рунди. Во првата рунда секоја вежба е 2 минути без пауза, во втората рунда 1 минута и во третата секоја вежба е 30 секунди, а помеѓу сите вежби има 10 секунди пауза кои ги користиш за да се наместиш во друга положба. Првата рунда ми се виде ептен долга, ама затоа втората и третата не ги ни осетив. Ги модифицирав склековите, немам сила за нормални, па ги правев од колена. Во првата рунда неколку паузи направив. Во втората рунда место front leg raise ги правев странично, а oblique crunch ги заменив со лежечки leg raise, бидејќи предходните со сила ги правев, немам доволно мускули да се кренам правилно. Во третата рунда ги модифицирав истите, со тоа што место страничен leg raise, ја кревав внатрешната нога. Видеово ептен корисно ми се гледа, малку напорно додека да помине првата рунда ама чувствувам дека ќе дава подобри резултати отколку тоа вчера што го вежбав на пример. Утре ми е ден за пауза или пак нешто полесно како пилатес или јога.
Ви се придружувам и јас ПАК! Ми стигна известување дека сте пишувале ме врати назаад добра година ипол, кога вежбав дома и тоа ден не изостанував. До пред 2-3 месеци бев во добра форма и теретана и се, овие два последниве ги залегачив многу, се познава и по мене Пред 3-4 дена почнав да трчам и сватив колку ми опаднала кондицијата, така да денес мотивирана од вас, седнав на пц си ја најдов програмата за abs challengeот и почнав. Ке се дружиме се надевам и мотивираме една со друга и што побрзо да си постигнете посакуваните резултати. Денес Abs challeng day 1, и за загревање Мотивации
И денес беше успешен фитнес ден! (осми по ред ) Прво се загреав со FitnessBlender бидејќи видеото што го одбрав немаше загревање и смрување. Потоа ова видео и God I was not ready for this! Видеото е поделено на две рунди, има кардио и вежби за стомачни. Прво има 30сек. кардио и потоа одреден број на повторувања вежби за стомачни и истите се повторуваат два пати во едната рунда, а потоа целата прва рунда се повторува во втората(можеби затоа не ми се допадна толку). Помеѓу вежбите немаше пауза освен тие неколку секунди кога стануваш од подот и заземаш позиција и обратно. Воедно се препотив и кој е спремен да знае што го чека во видео за вежбање нека проба Завршив со ова видео и 5мин. wall sit без пауза. Мотивации
Поздрав девојки. Најпрво овие две виеда да се загреам и испотам малку и после abs challenge day 2, од утре планирам да почнам и вежби за нозе полека полека се враќам на старо, со мали чекори ама одиме напред Видео1: Видео2:
Денес Многу ми се допадна, комбинација е од вежби за зацврстување и кардио, наизменично дадени. Прво се таргетираат нозете и задникот, продолжува со вежби за стомачни, па завршува со рацете. Мотивации
Денеска leg and booty day. Никогаш го немав пробано ова видео или било какво друго од овој инструктор и видеото ми се допадна. Прво мислев дека цело време ке се зафркава бидејќи малку поинаку се однесуваше,но потоа морав да земам паузи бидејќи ми дојде и напорно. Вежбите не се повторуваат и нема толку многу пауза. Завршив со 5min. wall sit Мотивации
Денес го одбрав ова видео. Поделено е на 3 сета, секој сет има по 3 вежби кои се прават 10 пати. Секој сет се повторува 5 пати. Ова видео не ми се допадна во зависност од другите видеа на PopSugar бидејќи премногу се повторуваат вежбите и гледајќи го насловот мислам дека нема шанси да се изгубат 400 калории во тие 40 минути. Завршив со 5мин. wall sit Мотивации
Денес Одамна немав вежбано со PopSugar, некако ги запоставив, па најновото видео ми дојде како порачано Ова е комбинација од strength вежби и кардио, без тегчиња, само за долниот дел од телото. Ми се допадна како е испланирано, наизменично се дадени вежбите и се доста ефикасни. После одбрав едно видео со Ребека за upper body Прво си помислив да ги земам тегчињата од 2kg, ама изгледа добро е што останав со тие од по 1 kg, затоа што со секоја наредна вежба ми беа сè потешки и потешки Денес работев нешто пред компјутер и се напнав, па ме удри страшна главоболка Ама си реков ај прво да извежбам, па после ќе се напијам аналгин... 1 hour later - немам никаква потреба од било какво апче Што поголема мотивација од тоа? Еве и по некоја фотка
Незнам колку долго ме немаше во темата.. Тренирам веке 2 месеци. Внимавам на исхрана. Намалив 8кг. (70->62) Има резултати, не велам не. Јас како човек шо храната му оди во нозете(дебели нозе), повеќе обрнувам внимание на кардио. - Трчам по 45мин. -Орбитрек 20-30мин. - Вежби за раце и рамо со 2-3кг тегчиња. -Вежби за задник, со и без тежина. - Пешачење секоја вечер. - Вода, само вода! - Чиста храна, без маснотии и шеќери. Готвење со маслиново масло. Салати, интегрална паста, супи, чисто месо, овошје. И само 2 проблеми: - како да го снема ова дебелото под задникот, задниот дел на нозете? - како да се намали целулитот? Ако некој знае специфични вежби баш за ова, слободно нека сподели.
Бидејќи ова видео премногу ми се допадна решив и денеска да го вежбам, иако рацете и рамењата болат и по неколку дена. Завршив со 5 мин. wall sit Мотивации
Прво почнав со ова видео за загревање, ама не ми се допадна воопшто. Почнува многу брзо, па ако сте цел ден пред компјутер како мене, вакво загревање не е пожелно. Продолжив со ова видео за загревање кое ги опфаќа сите мускули убаво, ептен ми се допадна. За денес одлучив да ги повежбам нозете и стомачните, но овој пат без тегови. Втор пат како вежбам на видеово, ама овој пат имав повеќе сила и не ми беше толку исцрпувачко. Третата вежба чинам беше, ја повторив уште еднаш на другата страна откако заврши видеото. 4 ептен добри вежби за затегнување на нозете. Велам добри, бидејќи кога завршив и станав да уклучам друго видео нозете ми се тресеа. Е тоа е добар знак. За крај 10 минути вежби за стомачни. Си ветив ќе го вежбам видеово секој ден, ама вежбите знаат да бидат доста исцрпувачки па на крај не ми останува сила за ваков подвиг. Планирав и кардио на крај, 20 минути low impact арно ама нозете не се согласуваа со мене па решив дека е доволно за денес.
Еден од суштинските „проблеми“ во процесот на слабеење е тоа што не можеме да тагетираме одреден дел од телото, по желба. 8 килограми се одличен успех! Ако целта ти е и понатаму да продолжиш со намалување во тежина и обем, тогаш продолжи си со кардио, но не ги запоставувај и вежбите со тежини. Конкретно за регијата што ја напомена, долниот дел од задникот, можеш да правиш замавнувања со ногата напред-назад, исчекори (lunges или walking lunges), замавнувања наназад (kickbacks) и качување на столица (step ups). А за целулитот, веројатно е невозможно целосно да се елиминира. Со правењето на вежби за нозе се затегаат мускулите и се намалуваат масните наслаги. Со тоа и целулитот ќе се намали, но потребна е упорност и време. Исто така, неопходно е средување на исхраната и пиење многу вода. Да не бидам вон тема, веќе 9 месеци вежбам во теретана. Вообичаено имам 4 тренинзи неделно, кои ги делам два за горниот и два за долниот дел од телото. Денес на ред беа нозете, со акцент на задникот. Секоја вежба ја правев во 3 серии, со 10 повторувања. А планот на вежбање беше овој (однапред се извинувам за англиските термини, не ги знам имињата на вежбите на Македонски...) : - Hip Thrusts - Single leg hip thrust - Dumbbell sumo squats - Cable hip pull through - Cable kickbacks - Hip Abduction - Leg curl (за задна ложа) - Crab walks - Fire Hydrants - на крај 2 серии вежби за стомачни... не можев повеќе Вообичаено кога вежбам нозе, посебно задник, не практикувам кардио, затоа што мускулите се веќе преморени и не би сакала да се доведам до губење на мускулна маса. ~~~ Мотивација за денес ~~~
12 вежби, секоја по 8 повторувања кои траат 20 секунди плус 10 секунди пауза измеѓу. Додека правев cool down мускулите на рацете ми се тресеа, буквално. Ептен е добро видеово, ќе гледам да вежбам и за долниот дел од телото нешто слично утре. Повторно сакав кардио да вметнам за крај, ама рацеве ми се исцрпени.
Денес Ако добро ме држи сеќавањето, прв пат вежбам со Џулија и ми се допадна како инструктор Видеото не е лошо, само што јас преферирам едноставни вежби, а овде имаше цели кореографии кои на моменти ми беше тешко да ги следам Многу брзо се менуваа, па треба ептен концентрација и внимание. Инаку комбинација е од вежби со тегчиња и кардио со различен интензитет. Ова повеќе ми се допадна, чисто кардио е. Три круга има, првите два имаат четири вежби што се повторуваат три пати, а третиот круг е полесен, има три вежби и пократко траат. Вториот круг дефинитивно најмногу го осетив на рацете Мотивации
Се добро, ама кога правам вежби за нозе со тежина, чучњеви и lunges, ми се шири напред (предниот мускул) на нозете, а не го сакам тоа. Изгледа машки.
Нормално е после вежбање да поттечат мускулите, затоа што се иритирани. Потполно те разбирам, затоа што и мене многу ми пречеше кога квадрицепсот се зголемуваше и тоа траеше со денови. Но читав доста и во консултација со поискусни од мене сфатив дека тоа е нормална појава и дека секој почетник се соочува со истото. Се нареква DOMS - Delayed onset muscle soreness, или во превод, „Одложена болка во мускулите“. Нека не те плаши. Со време, како ќе се навикнуваш на вежбите и таа иритација ќе се намалува. Би те советувала да изведуваш бестежински вежби, односно кога правиш исчекор или чучњеви да не додаваш дополнителна тежина. Така нема да ги стимулираш мускулите дополнително да се зголемуваат, а сепак доволно ќе бидат активирани за да го топат вишокот на маснотии.
Два дена по ред табата не се вежба! Од вчера рацете ме болат, теговите од 4 кг кои што предходно без проблем ги кревав сега ми се чини дека тежат цели 40. 10 вежби, 8 повторувања од секоја кои траат по 20 секунди и 10 секунди пауза помеѓу секое повторување. Имаше од сѐ по нешто не беа фокусирани само за нозете, туку и рацете беа постојано активни, а и стомачните на две-три вежби ми врескаа од болка. Добро е. Користев тегови од 4 и 6 кг, но додека правев lunges ги исфрлив теговите целосно. Ептен ми беа тешки за балансирање crossover lunges, толку ми беа изморени нозете додека стигнав до тој дел од видеото. Утре ќе видам дали ќе можам да одам, па од тоа ќе зависи што ќе се вежба.