Wall sit правам од почетокот на 2018 година дури и во периодите во кои не вежав редовно, но не вака како сега, туку со паузи и ми беше многу тешко. Секој ден се трудев да правам еден сет од wall sit 3 пати по 40сек. со 10 сек. пауза и потоа се надоградував на тоа. Искрено и јас незнам како издржувам. Пуштам гласна музика што ми дава мотивација и само си потпевнувам за да оди времето За се е потребно добар тренинг и огромна желба, другото натаму е лесно. Ви благодарам
+ 1:11 секунди wall sit. Мислам дека ми се запалија нозеве. Видеото не ми се допадна, некако вежбите беа премногу комплицирани со сто потези, да не знаеш дали да ја пратиш неа или да се фокусираш на формата на телото, па затоа ги модификував речиси сите. Веќе чувствувам потреба самата да си ги дизајнирам тренинзите, бидејќи ретко кое видео ми нуди сѐ што барам во едно, а да пребарувам половина час низ јутуб или низ темава немам намера. Ќе пробам самата да правам список на вежби, па да видиме дали нешто добро ќе излезе од ова. Искрено, една минута wall sit ме измори повеќе отколку 22 минути табата кардио. Се осеќам како дете кое го прелажале за чоколадо.
И мене денс видеото не ми се погоди. Не затоа што беше тешко, туку затоа што не го почувствував како предизвик. На моменти беше тешко да, но ја немаше таа енергија за да биде видеото брутално. Има 5 групи од по 2 вежби, секоја вежба се повторува по 2 пати 50сек. и 10 сек. пауза. Затоа си додадов и мои вежби: 2 мин. plank hold без пауза 5 мин. wall sit без пауза 2 мин. plank hold без пауза Помеѓу овие вежби имаше околу 20-25сек. пауза(за време на plank правев неколку t-rotations бидејќи неможев да издржам) 1мин. side plank лево и десно, ама 2 пати лево, 2 десно по 1мин. без пауза (помеѓу plank hold-от и side plank-от имаше околу 40 сек. пауза) Едит; не планирав да вежбам толку бидејќи бев активна цел ден, ама се изнериврав што видеото не ми се погоди Мотивации:
Денес истото видео од вчера, да не го постирам пак. Вчера ми се виде лесно, ама вториот ден секогаш е тежок
По не знам кој пат ги вежбам истиве вежби. Едно од ретките видеа кои целосно ми се допаѓаат по структура и тежина. Денес планирав да направам список на вежби и да вежбам по него, ама немам време, па на тоа ќе се посветам во сабота најверојатно. Овој пат ги модификував само crossover lunges со wall sit.
@SV1911 Идејата со списокот со вежби ти е одлична. Така ќе можеш да си го испланираш целиот тренинг и да ги правиш оние вежби кои најдобро функционираат за твоето тело. Јас правев print screen од вежбите од Youtube и ги чував во телефон, додека не ги научив имињата на вежбите. Сега списокот во Notes ми зачувува многу време и сум многу подобро сконцентрирана. Инаку, денес беше ден за нозе. Увидов дека кога започнувам со hip thrusts, повеќе ми се активираат мускулите на глутеусот и настојувам секогаш тоа да е првата вежба во низата. Се обидувам да не ставам многу акцент на квадрицепсот, затоа што тој секако ми е доминантен и со добра форма, па претежно вежбите ги насочувам кон задна ложа и задник. Во глобала, убава сесија, завршена со три серии вежби за стомачни и без кардио - не правам кога вежбам нозе.
Денес на сите leg day а? Нозеве ми се тресат најискрено, се испотив ко кардио да сум вежбала. +wall sit 50sec. 50sec plank ( не знам како ги издржав)
Кога ми треба видео кое бргу ќе ме измори и испоти, го бирам ова. Видеото се состои од 9 вежби по 35сек. и 10сек. пауза и се повторуваат по 2 пати, арно ама во втората рунда беа прескокнени jumping squats и јас ги направив посебно на крај Потоа, ова видео. Немав долго време се дуржено со Памела(порано ми беше омилена поради типот на видеата) и видеово ми ги изгоре стомачните. Полсе вежбата scissors kicks по 3-4 сек. ‘‘одмарав‘‘ за да си дојдам на себе, бидејќи видеото е 10мин. и нема никакви пауза освен тие неколку секунди со променување на формата на телото. Завршив со: И буквално пот капеше на подметачот и со 6мин. wall sit без пауза и нозете ќе ми се откинеа Мотивации:
Денес беше ден за раце. Видеово ми е исто така вежбано во неколку наврати, проверено ефикасно е. Првиот пат кога го вежбав, после два дена приметив дека мускулите на рацете ми се зајакнаа и станаа малку подефинирани. После вежбиве правев wall sit без пауза, стигнав до 1:52. Кај мене музика не функционира, не ме залажува, ми треба мозокот да биде зафатен целосно со други мисли за да не се одвлекувам па додека "седев" ја отворив темата Што последно си купивте. Среќа па многу слики немав за разгледување, зошто си ветив нема станување додека не погледнам и изнаредам лајкови. Утре планирам стомачните да ги вежбам. Што мислите, колку време е доволно да се издвои на вежби за стомачни? Тие лежечките вежби за стомачни што се ми се смрт, едвај 10 минути ќе протуркам, посебно горниот дел на нозете ме боли, стомачните не толку. Кај мене за стомачните најголем ефект (во смисол на воспалени мускули) има кардио кикбоксот, секогаш после нив наредниот ден се осеќам дека сум вежбала многу напорно. Се гледа дека станав веќе зависна од вежбање, штом добар тренинг го споредувам со воспалени мускули и ако не се воспалат мислам дека нешто фали.
Кај и да нозеве ќе откажат, од вчера ме болат, ама видеото со squat challenge го истерав до крај, испотени и прстиве ми се @SV1911 ако сакаш обликувани стомачни, имам ставено 30 дневен предизвик, на програба што ја симнав на free day, отвори во Ваши постигнати резултати после една недела се познаваат стомачните и се обликуваат. Проверено Денес: +1min10wsec wall sit, 1min plank
ЗДРАВО ДЕВОЈКИ ... сакам да почнам со некои вежби за затегнување на задник , нозе па ако некој успеал да добие резултати од некое програмче нека ми прате па да се обидам и јасс
@SV1911 Оптимално, стомачни се вежбаат 3 пати неделно, на крајот од тренингот. Можеш да си правиш по 10 повторувања, во 3 серии, или колку ти можеш. Од друга страна, има луѓе кои издвојуваат еден ден во неделата и го посветуваат само на стомачни. Мене лично ми е премногу монотоно тоа, што не значи дека е погрешно. Секој си ја прилагодува програмата спрема своите потреби и цели. Во програмата на Cindy Crawford има многу добри вежби за стомачни, но сигурно има и други видеа на Youtube. @BGLIGOROVA Ова програмче е наменето за цело тело и дава солидни резултати:
За мене ова беа правилно искористени 40 мин. вежбање. Видеото ми се допадна и го препорачувам. HIIT везбите се повторуваат по два пати 20сек. со 10 сек. пауза, а Burn Out вежбите се повторуваат два пати по 45сек. со 15сек. пауза. Вклучени се загревање и ладење и една water break. Најмногу ги изморив нозете. Завршив со: 2 мин. plank ( со неколку t-rotations) 5 мин. wall sit Mотивации:
Здраво девојки! Да шкртнам и јас на кратко. На ред дојдоа пекторалните мускули и трицепсот. После вежбите за загревање правев вежби на бенч (рамен и кос), како и неколку вежби на сајла и со еднорачни тегчиња. Не ми беа достапни вообичаените тегови, па додадов малку на тежина и се изненадив дека можам да го издржам целиот сет. Me happy! Потоа следеа две серии вежби за стомачни и 20 минути кардио - брзо одење на лента, со успон, како да одам по угорница. Супер е за задникот. На крај направив неколку јога вежби, што секогаш ги практикувам, за ладење на мускулите. Месецов почнав да вежбам 3 пати седмично и супер е. Приметив дека имам многу повеќе енергија. Претходно одев 4-5 пати во теретана и по цела недела бев без енергија. Здравје, на есен повторно ќе вметнам плус еден тренинг, а во меѓувреме ќе продолжам да внимавам на макронутриентите и да не преминувам преку дневниот калориски лимит. Доза мотивација за денес:
Ова видео немав го пробано претходно, го меркав цело време, но ми требаа добри две недели психички да се подготвам за него бидејќи знаев дека ке бидат 60 минути од пеколот и дека е потребна огромна енергија за истото. Неколкуте вежби се повторуваат во 6 рунди, односно секоја нова рунда плус 10сек. од вежбата, но времето за одмор што е 15сек. останува исто. Искрено дадов се' од себе за да го завршам видеото до крај, кој е расположен да го проба нека сподели резултати. Завршив со: 3мин. wall sit- неможев повеќе Мотивации:
Вчера немав време да вежбам, а и да можев, немав простор каде и место сабота, петок ми испадна ден за пауза неделава. Видеово е веќе многу пати проверено, одлично е за целото тело. Сите вежби ги правев до перфекција, најтешките верзии ги одбирав (освен push-ups од колена). На крај завршив со wall sit 1 минута. @SwanMay како одлучуваш колку вежби и колку репетиции да вметнеш во секој тренинг? Дали се водиш според тоа како се чувствуваш или според временска рамка? Мене ми е страв да не забушавам вака, па барам инспирации за да создадам некој си режим на вежбање кој ќе биде интересен и ќе носи позитивни промени.
Одамна немав вежбано со Ребека и ова видео ми се допадна Се додека не го видов ова видео немав поим што ке вежбам, но кога видов дека веќе две недели вежбам без пауза реков дека е време да ги оптегнам мускулите. Најбрзите 27 минути во мојот живот. Завршив со 5мин. wall sit без пауза и едночасовна прошетка(апликацијата покажа 4000 чекори што и не е лошо ) Мотивации
Почнав да вежбам во теретана пред околу 10 месеци. Не е долг период, но доволен за да увидам кој тип на вежби најмногу му одговараат на моето тело. На почетокот многу лутав и менував вежби и програми. Правев 4 тренинзи неделно и вежбав еден ден горен дел (грб, рамо, бицепс, трицепс, гради), па следниот долен дел (нозе и задник). Беше ОК, но само на почеток, додека да го привикнам телото на тежинскиот тренинг. Потоа почнав да истражувам и одлучив да ги групирам вежбите малку поинаку, па почнувајќи од зимата го направив следниот програм: Понеделник: Грб и бицепс Вторник: Нозе Среда: Гради, трицепс и рамо Четврток: одмор Петок: Нозе Сабота: одмор Недела: одмор Но, набргу приметив дека вежбите за рамо си бараат посебен ден, па ги разделив посебно и така испаднаа 5 тренинзи. На топлово ми е скоро неизводливо и невозможно да направам квалитетен тренинг, ако телото нема доволно време да се одмори. Па така, сега одам само 3 пати во теретана и вежбам напоредно горен и долен дел, но групирано по групи на мускули. На пример, започнувам понеделник со грб и бицепс, па среда - нозе, потоа петок гради и трицепс, па следниот понеделник нозе, па средата е наменета за рамо итн... Се надевам дека добро објаснив... А, што се однесува до програмата, самата си имам направено планови на вежбање. За нозете имам неколку, па зависно од тоа колку енергија имам го бирам тој план на вежбање. Ако сакате можам да ги споделам со вас. За добар дел од вежбите ви се потребни само тегчиња, а за некои ни тоа. Не се водам по временска рамка, но во глобала ми излегува да вежбам 45-60 минути, зависно од тоа дали вклучувам и кардио. Кардио правам или на орбитрек или на трака и тоа само тогаш кога вежбам горен дел.