После одморот со пливање и пешачење, продолжувам со вежбање по дома За денес ги одбрав овие видеа Нозете и рацете... како шпагетите што ги правев вчера Непланирано после одморот си купив и нов комплет хеланки и маичка, па мотивација плус ми беше да ги испробам Мотивации
Денес го испорбав ова кардио и FitnessBlender ми се предобри Има 3 групи HIIT од по 2 вежби кои се повторуваат 20сек. и 10сек. пауза, и после секоја група има core група со 2 вежби 50сек. и 10сек. пауза и не се повторуваат. Има загревање и ладење.После ова имав енергија за уште едно видео: Памела незаменливата љубов Видеово ме докрајчи После втората серија mountain climbers правев паузи на сред вежба или на почеток бидејќи мислев дека ке пукнам. Но на крај up&down plank ги издржав 30сек. Видеото нема пазуи и е фокусирано стиркно на стомачните. На крај: 5мин. wall sit Мотивации:
Денес: -Кардио 20 мин. оти беше leg day -заден шут -исчекор -чучњеви -преса ( leg press ) - мртво подигање па растегнување на душек. Мотивација огледалото.
Денес комбинација кардио и пилатес за стомачните мускули. HIIT тренирањето 20сек. со 10сек. пауза , а пилатесот 50сек. со 10сек. пауза. Ме испоти многу и повеќе го следев машкото отколку женското. 5мин. wall sit
Ретко имам неомилени вежби, ама кога апликацијата ќе ми кажеше дека оваа е на ред, ми се приплачваше. Ама во глобала активен ден, не вежбам по видео туку како што реди апликацијата, имам утрински вежби, за цело тело и специфични делови. Денес да размрдам раце. И на крај практикувам неколку вежби со тегнење.
Денес ова видео на FitnessBlender, комбинација од кикбокс и вежби за стомачни. 3 групи вежби за стомачни и 2 групи кикбокс. Секоја вежба се повторува 45сек. и 15сек. пауза Да е до мене јас би 3 групи кикбокс и 2 стомачни, но тоа е тоа. Видеото и вака ми се допадна и квалитетно ме испоти, мислев дека нема повеќе кислород во собата На крај: 5мин. wall sit i 2мин. plank со неколку т-ротации Мотивации
После два дена пауза, продолжувам од таму кадешто застанав Денес три кратки видеа од Кијара ЛаШе, вкупно 40-тина минути. Стомачни во фокус. Интересни ми се нејзините вежби, спиј на танцување и вежбање. Не се тешки, се прават без опрема, и овие за стомачни се прават на нозе, нема потреб од легнување на земја. Идеални за почетници како мене
Денес 1 час кардио во сала. Генерално вежби со многу скокање, burpies во најразлични форми и последните 10тина минути комбинации стомачни вежби. Имам тренер што ме води, секогаш имаме различни комбинации и вежби Мотивација деновиве ми е девојкава, од Србија е, се вика Катарина Перуничич и ја следам на инстаграм.
Денешниот тренинг беше посветен на грб и бицепс. Започнав, како и обично, со активација на мускулите, продолжив со комплексни вежби на справи за грб и сајла и на крај завршив со неколку вежби со еднорачни тегови за грб + бицепс. На самиот крај од денешната сесија следеа неизбежните вежбички за стомачни и 2 x 10 минути брзо одење со успон на трака и 5 минути Орбитрек. Мотивацијата ми е на максимум периодов. Обожувам да вежбам и ме полни со позитивна енергија. Среќна сум и кога ќе добијам пофалба дека добро напредувам, од поискусни од мене. Мотивација плус за да се продолжи понатаму и да се дава се' од себе на секој тренинг.
Во петокот и неделата не вежбав, не ми беа овците на број, па место еден, испаднаа три дена пауза. Видеово е од постарите на фитнес блендер и дури откако две вежби завршив ми текна дека нема загревање. Се надевам дека нема да ме болат колената, не би требало, движењата беа минимални и немаше ништо пренапорно. Видеото се состои од 3 рунди, секоја има по 10 вежби по 14 репетиции. Првата рунда не ја осетив, ама втората, а поготово третата ме направи жива вода. Иако е low impact срцето во уши го слушав. На крај завршив во wall sit 1:40. Планирав две минути, ама мачката ми се моташе околу нозе и ми беше страв да не настрада ако нозете решат да ми откажат.
Денес - 20 Min Full Body Workout - 6.8km точак - 5мин. wall sit Денес не ми беше во план да возам, но другарката се јави и реков зошто да не(иако на половина пат заврна и моравме да се вратиме ). Затоа пред возењето реков да извежбам едно кратко видео како ''загревање''. Го одбрав ова видео на Памела и многу ме испоти. Нема пауза помеѓу вежбите но има 2 паузи од по 1 минута. Рацете и горниот дел на грбот болат од вчера, ама идемо јако Мотивации:
Активен одмор денес, во вид на 30 минутно возење велосипед. Едноставно не можев да седам мирна, па одлучив да ги "разбудам" нозете и да ги подготвам за утрешниот тренинг. Фитнес мотивација:
Ако после ова не ослабам бар 1 кг, значи дека нема лек за мене и вечно ќе бидам елегантно потполнета! 100 вежби кои што траат по цел час секоја! Барем таков впечаток добив по количеството пот и болки низ целото тело. On the serious note 12 вежби во табата стил, секоја вежба се состои од 8 сетови по 20 секунди секој. Поделени се на кардио, стомачни, кардио, стомачни и така во недоглед. Ќе видам дали ќе можам да функционирам утре. Вежбиве не се за почетици дефинитивно, нивото на тежина им е 5/5. Искрено, мислам дека ова ми е прво 5/5 видео воопшто за овие два месеци како вежбам. Side plank + side toe touch ги модификував на side leg raise и inside leg raise (по четири сетови од овие две вежби на секоја нога), затоа што лактите премногу ме болат ако долго правам таков вид на планк, па не би да се осакатам.
Денес Ми беше во план да го вежбам уште кога го објавија, па денес му дојде редот Тоа low impact нека не ве залажува, иако нема многу скокање и рипање, сепак убаво ме измори. Не знаев дека сум до толку испотена сè додека не се видов во огледало Ластик немам, па наместо тоа користев тегови - на нозете ставив од оние што се лепат на зглобови, а за рацете користев обични тегови. Видеово ми се допадна, сигурно пак ќе го вежбам, ми се погодија и вежбите и атмосферата Темава ми се чини никогаш не била толку активна и раздвижена, you go girls!!
Мал off topic, девојки... Дали знаете каде би можела да најдам такви кружни ластици, како во видеото што го постираше @AnaKarenina ? Имам сретнато само во Polleo Sport, но не ми се даваат над 1000 денари...
Видеово не да ме измори, туку сите слатки што ги изедов ги извади од мене Дефинитивно не бев спремна на нешто толку тешко, но сепак горда сум дека издржав. Има 3 групи од различни кардио вежби, сите три групи се повторуваат по 3 пати. Секоја група има 5 вежби и секоја вежба се повторува два пати во сетот. (незнам дали убаво објаснив). Мене ми дојде претешко и на некои вежби правев модификации, како на пример на jumping lunges правев неколку обични lunges како и push up knee up(прв пат ја видов вежбата) правев со модификации. После видото се чувствував преморено и само удрив еден туш и излегов на пешачење. Мотивацијата не ми е на високо ниво деновиве, но некако најмногу умор осетив денес. Некако губам волја за вежбање и повторување на истото секој ден, но додека можам ќе терам. High five на сите Мотивации
@SwanMay истото и јас сакав да прашам. Можеби на ибеј или алиекспрес? Баш ќе проверам утре. @GoodGirl45 не се давај, период на недоволно мотивација е и ќе помине. Можеби премини на пократки видеа за да не се демотивираш поради должината на вежбите во вакви периоди. Како и да е, не се откажувај, тешко оди да почнеш да вежбаш повторно.
Многу слабо денес... Бев колку да се рече дека сум вежбала. Немав енергија ни за половина тренинг и на крај си заминав... Сепак, се тешам дека било каков тренинг е ОК и е напредок... Некогаш едноставно не сме во состојба да извежбаме 5/5, па и денешните слики за мотивација се во таа насока... Следниот пат ќе биде подобро.