1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, јас денес дома вежбам:

    + 100 стомачни, 50 чучњеви, 40 расчекор, 20 лева,20 десна нога. 40 leg rais, 20 лева, 20 десна, 40sec. plank, 40 sec. wall sit.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, SwanMay и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  2. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски

    Се изнаскокав :D
    Незнам од кога немав го вежбано ова видео, но искрено сум забравила дека секоја втора вежба е различна форма на jumping jacks. :nod:
    Секоја група вежби(незнам точно колку се) има по 2 вежби и секоа група се повторува два пати.
    Вежбата е 40сек. со 15сек. active rest(значи пак скокање :sweat:)
    На крај издржав 5мин. wall sit (стапалата ми бе испотени незнам како ми издржаа нозете да не се излизгам по подот :rofl:)

    Како мотивација го зедов ова видео и го излгедав пред да почнам да вежбам:
     
    На Carolin., SV1911 и SwanMay им се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.136
    За денес решив самата да си направам список за вежбање, немав време да барам видео. Арно ама, вежбиве испаднаа некои 45 минути. :D Ептен голем ентузијаст сум, се гледа. :!: :D

    Push-ups од колена 3 рунди *10
    Squats 3 рунди *30
    Скокање преку јаже 3 рунди *50
    Wall sit 3 рунди *1 минута
    High plank 3 рунди *1 минута
    Side leg raise 3 рунди *30 повторувања
    Inside leg raise 3 рунди *30 повторувања (на секоја нога)
    Lunges 3 рунди *20 повторувања ( по 10 на секоја нога)

    Жива вода бев кога завршив, дури повеќе се испотив денес во споредба со вчерашните високо интензивни кардио вежби и вежби за стомачни кои траеа цел час. :sweat: Мислам дека ќе пробам и утре самата да си ги одберам сите вежби, на мени утре е ден за рацете. :muscle:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На GoodGirl45, SwanMay и Carolin. им се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски

    Секогаш кога сум си правела сама список на вежби ми биле поефективни, знам што ми одговора и што ми делува и ср препотувам во рок од 30-40мин.
     
    На SV1911 и SwanMay им се допаѓа ова.
  5. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Мало размрдување по дома, со видеото што го постираше вчера @GoodGirl45 .



    Искрено, ме убеди со jumping jacks, омилени ми се. :D Супер вежбички, забрзан пулс и одлично расположение за почеток на денот. :sun:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Carolin., GoodGirl45 и SV1911 им се допаѓа ова.
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Денес каша попара вежбањево, прво требаше раце да вежбам, зошо од вчера мускулите ме болат, не многу ама доволно да не можам вежби до крај да издржам за стомак или нозе. И како што е редот барам кај Ребека за раце, успат ми излегува и првото видео и ајде да го пробам демек за загревање, мускулите буквално ми беа #icanfeeltheburnrebecca, одмор 3мин. и ајде сега за раце, издржав некако иако мора да признаам некои вежби до крај не можев туку се зфркнував само што ке спуштев почнуваше да брои 3,2,1.. Бидна и тоа. И ко малку да ми беше дур одмарав отворив инста и ми излезе згодната женска на сликата подоле, со добро оформена задница и така дојде идејата за третото видео, се на се утре се мислам како ке се движам.:tmi:




    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] да да ова е девојката, што ме стана од кревет(mooning)(mooning)
     
    На SV1911, GoodGirl45 и SwanMay им се допаѓа ова.
  7. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски

    Квалитетно потење денес :muscle:
    И јас да бидам искрена сите jumping lunges неможев да ги направам и правв и обични, а исто така и lizard hops поим немав како се прават и правев plank lateral jumps.
    На крај издржав 5 мин. wall it со цел страв да не ми се излизгаат нозете по подот.

    Мотивации:
    26 7 a.jpg 26 7 b.jpg 26 7 c.jpg
     
    На SwanMay, Carolin. и SV1911 им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.136
    Денес планирав исто по три рунди од секоја од вежбиве, арно ама откако ја завршив првата рунда сфатив дека третата е mission impossible. :D Жива вода се направив, посебно од планковите од кои мускулите почнуваа да ми се тресат по првите 10тина секунди. :sweat:

    Push-ups пробав да ги правам од прсти, ама рацете, а и нозете не издржаа па се срушив на под. :D Има време, ќе ја совладам и оваа "препрека". :muscle:

    На почетокот имав кратко кардио загревање, едвај две минути. :D
    • Push-ups од колена две рунди по 10 повторувања
    • Лежечки Overhead press две рунди по 20 повторувања; 4 кг во секоја рака
    • Hammer curl две рунди по 20 повторувања; првин 4, па 2 кг во секоја рака
    • Overhead triceps curl две рунди по 15 повторувања првин 4, па 2 кг, со еден тег во двете раце
    • Lateral front raise две рунди по 20 повторувања; 1 кг во првата рунда, 2 кг во втората
    • High plank две рунди по 1 минута
    • Lateral side raise три рунди по 20 повторувања; 1 кг
    • T-push ups две рунди по 1 минута
    • Biceps curl две рунди по 20 повторувања; првин 4, па 2 кг во секоја рака
    • Superman's две рунди по 1 минута
    • Вежба за зглобовите на рацете со тегови од 1 кг, по една минута на секоја рака; две серии
    Сѐ на се, некои 40тина минути со многу кратки паузи помеѓу секоја вежба. Утре планирам стомачни и грбни или стомачни и нозе да вежбам. Денес мислам дека го повежбав грбот малку, а и тој дел од телото не ми е воопшто проблематичен, па не го форсирам многу.

    2016-02-08-Inspiring-Health-Fitness-Quotes-to-Get-You-Moving-06.jpg

    images (72).jpeg

    images (71).jpeg
     
    На SwanMay, Carolin. и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Чисти 60 минути вежби со тегчиња за цееело тело. Во тој еден саат нема ниту загревање, ниту растегнување, така што тоа сами ќе треба да го направите. Јас уште некои 10тина минути потрошив на тоа. Видеото е поделено на повеќе делови за таргетирање на различни мускули од телото. Дефинитивно најмногу ги изморив рацете, не знам како воопшто куцам на тастатурава :| Нема кардио воопшто, ама толку се испотив што почнав да се лизгам на подметачот, што не ми се случува прв пат, некој ден стварно ќе треснам убаво :tmi:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На GoodGirl45, SV1911, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.136
    Јас еднаш за малку летнав додека ги правев jumping side lunges, па од тогаш на подметачот ставам пешкир, колку толку заштитува од лизгање. :D
     
    На SwanMay, GoodGirl45, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво! :hai:

    Денес на ред дојдоа рамото, трицепсот и пекторалните мускули. Решив да ги спојам овие групи на мускули и така да одржувам до крајот на летото. Па сега Понеделник би бил ден за грб и бицепс, Среда за нозе и Петок за гради, трицепс и рамо. Евентуално измеѓу би додала плус некој ден за кардио.

    Започнав со неколку вежби за загревање на горниот дел од телото, а потоа продолжив со:
    - standing steering wheels
    - front raises
    - lateral raises
    - around the worlds
    - incline bench press, fly & pullover
    - shoulder press
    - flat bench press, fly & pullover
    - cable triceps pullover
    - cable triceps pull down

    На крај направив 2 серии вежби за стомачни, 20 минути кардио на Орбитрек и вежби за истегнување.

    Мотивација периодов ми е Whitney Simmons - прекрасна е, позитивна, има одлични планови за вежбање и совршено изгледа.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна измена: 27 јули 2018
    На SV1911, GoodGirl45 и Carolin. им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.136
    Здраво лепотици! :hai: (hollest)

    Барав, барав апликација за пребарување и/или запишување на вежбите кои сакам да ги вежбам ама не најдов ништо доволно добро, а бесплатно на гугл плеј, ама затоа ја користам темава и си ги запишувам вежбите пред да ги поминам и така ми е прегледно и знам до каде сум. ^_^

    Неколку минути кардио загревање: трчење во место, jumping jacks, punches и куп други кои што ги правев без престан, повеќе изгледаше како танц отколку вежби за загревање. :D Што да правам, елегантна сум ептен. :rofl:
    • Push-ups 2 рунди по 15 повторувања
    • Russian twists 2 рунди по 1 минута
    • Squats 2 рунди по 40 повторувања
    • Star plank 1 минута
    • Flutter kicks: high and low 1 минута
    • Side leg raises по 1 минута на секоја нога
    • T-rotations plank 1 минута
    • Inside leg raises по 1 минута на секоја нога
    • Knee to elbow touch plank 30 секунди
    • Toe taps 1 минута
    • Wall sit 1 минута
    • Elbow plank 1 минута
    • Lunges по 10 повторувања на секоја нога
    • Crunches 1 минута
    • Triceps dips 40 секунди
    2-3 минути вежби за растегнување.

    Да не претерав денес, а? :?:

    Сакав сите на списоков по две рунди, ама дури еднаш ми се виде многу. :whew: Собрав сили и првите три вежби ги направив уште еднаш и мислам дека за денес доволно си ги намачив мускуливе.

    Утре ми е ден за постење од храна и правам пауза од вежбање, може само некоја полесна јога рутина за добро утро, колку да се растегнам.

    Може ми се чини, сигурно тоа ќе да е, ама денес си се чувствувам повитко од предходните денови. Не е можно новата рутина да повлијаела така брзо, сигурно е само коинциденција, ама сепак морав да се пофалам. :D

    Мене омилена фитнес селебрити ми е Kayla Itsines, ме инспирира постојано со тоа како изгледа, нејзината посветеност и нејзината сила. Кога ќе пораснам сакам да бидам како неа е работава. :D

    Ако знаете уште интересни луѓе на инстаграм поготово, давајте линкови или имиња, ми треба инспирација за нови вежби. :muscle: :bow:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, SwanMay, GoodGirl45 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Големо браво за тебе! :clap: Мислам дека воопшто не е конциденција што се чувствуваш повитко. Обично кога достигнуваме некое ниво на стагнација, доволно е многу малку да се зголеми на интензитет со вежбањето и брзо се гледаат резултати. Така е барем кај мене и други девојки кои ги познавам и кои редовно вежбаат. :)

    А, за луѓенца кои ги следиме на инстаграм, ги пратам скоро сите девојки од Gymshark тимот, затоа што многу често споделуваат интересни вежби. Најмногу ги почитувам Whitney Simmons, Meggan Grubb и Krissy Cela. Исто така и Jen Heward има одлични видеа, не само со вежби, туку и совети и рецепти за здрава храна.
     
    На Carolin., SV1911 и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  14. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски


    5мин. wall sit
    Ухх, what a burn!
    Нозете врескаа за време на цело видео, а на крај од мене капеше вода на подметачот :sweat:
    Видеото се состои од 3 сета вежби.
    Секој сет има по 4 различни вежби, и сите вежби се повторуваат по 4 пати.
    Помеѓу втората и третата вежба има 15сек. active rest, а после четвртата вежба има 20сек.
    Со завршувањето на еден сет има 1 минута пауза.
    Ова видео е едно од првите видеа што ги пробав кога започнав да вежбам (почетокот на оваа година) и не се сеќавам многу, но ми беше многу тешко и неможев да ги издржам сите вежби.
    Загревање направив сама, а за ладење се послужив со една од рутините на FitnessBlender :dance:

    Мотивации
    27 7 a.jpg 27 7 b.jpg 27 7 c.jpg
     
    На AnaKarenina, Carolin., SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.136
    Воопшто не ми ни текна на ова, а баш се чудев зошто немам некои резултати иако вежбам шест дена во неделата минимум по половина час, а често и повеќе од тоа (освен првите 4-5 недели имаше промени). Фала ти за информацијава, ептен ми значи, навистина! Ќе ги заследам сега луѓето што ги напиша. ^_^

    Еве еден инстаграм профил на ептен интересна девојка која што се занимава со фитнес заедно со нејзиното куче. Морав да споделам, ептен се позитивни. :D
     
    На Carolin. и SwanMay им се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Здраво:hai:
    Искрено ми се здосади да вежбам пред компијутер, па поттикната од вас си направив сама список вежби околу 40мин. ме фати се, ама се препотив и мускуливе на планковите ми вриштеаа, а сакав две рунди ама не ќе можев.
    Загревање:
    *60sec. high knee x2
    *60sec. jumping jacks x2
    *60sec. jogging in place x2

    Вежби:
    *45sec. lying leg raise
    *45sec. reverse crunch
    *45sec. flutter kicks
    *30sec. elbow to knee
    *30sec. jack knife sit up
    *30sec. leg pull in
    *30sec. hands to feet tummy touches
    *30sec. heel touches
    *45sec. tuck crunsh extensions(each side)
    *1min. full plank x2
    *30sec. elbow plank x2
    *30sec marching plank
    *30sec. side plank(each side)
    *x50 стомачни.

    Малку нозе размрдав:
    *x20 sumo squats
    *x20 side leg raises(each side)
    *x20 deep side lunges(each side)
    *x20 leg extensions(each side)
    *x20 side leg extensions(each side)


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На BoyL, Lea.Messi, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Вежби со тегчиња за цело тело - во еден сет има по 2 вежби што се повторуваат по 2 пати. Ми се допадна, ретко нешто од HASfit да не ми е по ќеиф :) Рачичките уште ме болат од завчера, особено делот околу пазувите, леле мори мајко... :worried: Едвај истерав со склековите. Инаку во ова видео има и загревање и растегнување, така што не мора да му ја мислите за тоа ;) 45 минути трае вкупно.


    Е со ова ги докрајчив рацете :tmi: Морам за утре да одберам нешто за lower body, да ги одморам малку. Го имам и претходно вежбано видеово, така што знаев дека ќе ми се допадне :)

    После саат и кусур јако потење, убаво оди еден туш и протеини за ручек :mm: И еден магнезиум :!: Иии една масажа на мускулите, може и тоа ќе добијам :D

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Carolin., GoodGirl45, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Одамна немам вежбано со FitnessBlender, а гледам дека многу од вас ги вежбаат нивните видеа, па за денес одбрав две од нивниот канал :)


    Барав кардио за цело тело и ова беше првото што го сретнав. Ми се допадна, убаво ме испоти, во табата стил е. Ми се допадна како беа испланирани вежбите - прво интензивно кардио, па малку посмирено, да не приумреме :tmi: Ги одморив рацете од минатите вежбања, ама без склекови и burpees не поминав :D


    Бев решена и нозе и задник денес да вежбам, па го одбрав ова. Не ви треба никаква опрема, башка нема воопшто повторувања на вежбите, за што добива голем плус од мене :)

    Вода тече од мене :sweat: Што од вежбањето, што е жешково време :sweat: Сега заедно со се подметачот под туш...

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Carolin., SV1911, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски

    Денес го одбрав ова видео, повторно од Chloe.
    Видеото има 4 сета, секој сет со 4 различни вежби, секој сет се повторува 3 пати.
    Нема пауза помеѓу вежбите, но со секое завршено повторување на вежбите од сетот 20сек. пауза.
    Последниот сет најмногу ме измори, веројатно бидејќи стомачните вежби беа на крај :whew:
    На крај најдолгите 5мин. wall sit досега.

    Мотивации
    29 7 a.jpg 29 7 b.jpg 29 7 c.jpg
     
    На Carolin., SV1911, L-a-d-y-Bug и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Трет ден, трето утро како вежбам -- 2х во ден, наутро и навечер. ]:) Јеа бејби.
    Во домашни услови (прилагодени за различен простор оти ќе сменам локација хо-хо), без филмање дека морам да одам на мих аеробик во сала....:smirk: со тегови, без тегови (мали, нормално, побогу!)..комбинирани вежби за раце, нозе, гради, грб, нозе, задник, стомак, половина. Ми фали кардио вежби ..ама и тоа, здравје. Од вчера имам воспаление на секој мускул, буквално (ваљда правам нешто добро чим болката доаѓа од секој мускул:rofl:)..и, сепак, вчера пешачев..едвам, кроце, кроце али се движев :bug: и мислев денес не ќе можам да станам од кревет и можда не ќе можам да вежбам АЛИ, една будала ми рече: еј, немој сега како другар ми што вежбаше два дена на Кеј, му се воспалија мускулите на третиот ден и престана. Еве го сега, 800те грама што ги ослабна ги надокнади со 10+ кила.
    Гадинка чоек! :rofl: Ииииии, сабајле си станав и си се навежбав.
    Ќе го дружам створов почесто. :bug:
    И ќе ви ги зјапам згодниве женски. И јас сакам така да изгледам, бе! ]:)
     
    На Carolin., GoodGirl45, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.