1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Што правите кога ќе ве навјаса досада од вежбање? Пробав разни вежби, разни видеа, со тегови, со ластик, почнав и брзи ора да вртам за кардио :D ама некако почна да ми здосадува, ко да бара телово нешто повеќе или поинаку.
     
    На Carolin., GoodGirl45, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.727
    Допаѓања:
    323.662
    Пол:
    Женски
    гледам слики од некоја фотошопирана инстаграм мома и си викам вежбај кучко ако сакаш да си ко неа

    кај мене секоја вежба-активност трае до една недела и ми здосадува
     
    На Desi1991k, 1209, Carolin. и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.603
    Искрено, едина мотивација да вежбаш е да си ги фрлиш парите за у теретана, па да ,, мораш ,, да одиш за да не ти пропаднат...:rofl:
     
    На Desi1991k, Carolin., BoyL и 3 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.727
    Допаѓања:
    323.662
    Пол:
    Женски
    @Bridget личен тренер фати си :D
     
    На Carolin., GoodGirl45, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    испробано, Гош. Не функционира кај мене :D:D:doh:

    Музика најди си Бриџит. Да те крене:D
    Идејата на Џој е подобра.
    јастребадасинајдамтоабеабе
     
    На Carolin., GoodGirl45, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Скапо ми е личен тренер, треба за него да работам, колку сака убаФ нека е, НЕ.
    Сите песМи жабо ги извртив, штом до ора стигнав можеш да замислиш :D
     
    На Carolin., GoodGirl45, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Мотивацијата ми беше на најјако денеска. Буквално се послав на под после тренингот. :rofl: Правев вежби за грб и бицепс, почнувајќи со три серии вежби за загревање и активација на мускулите. Продолжив со повлекувања на лат машина, со преден и заден фат, веслање, еднорачни повлекувања со сајла и на крај стандардните вежби со тегови за грб и бицепс. Сесијата ја завршив со две серии вежби за стомачни мускули и 20 минути брзо одење на трака, со висок успон.
    Што се однасува до мотивацијата, нормално е да паѓа по извесно време. Но, мора самите да се бодриме и да се натераме да вежбаме, зошто друг нема тоа да го направи за нас. :D Исто така, огромна мотивација ми е кога ќе видам фит девојки, кои редовно вежбаат и даваат се' од себе во теретана. Колку и да сум уморна, ќе направам мала пауза и продолжувам пак, додека не го завршам тоа што го имам планирано за тој ден. Освен ако ми е ептен тешко, па не можам да форсирам.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна измена: 30 јули 2018
    На zhap4e, Carolin., GoodGirl45 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.976
    За денес вежби за целото тело. Ова ми е омилен начин да почнам после ден пауза (во овој случај два дена пауза).

    Вчера не можев да вежбам, од петокот мускулите на левата рака ми беа многу силно воспалени, до степен да не можам да ја мрднам без да чувствувам голема болка во бицепсите и трицепсите.. море сите мускули ме болеа. :sweat:

    4:30 минути кардио загревање и растегнување.
    • Push-ups 20 *2
    • Jumping rope 1 минутa
    • Shoulder touch plank 1 минута
    • Squats 70
    • Shoulder press 20 по 4 кг во секоја рака
    • Calf raises 1 минута по 4 кг во секоја рака
    • Jumping jacks 1 минута
    • Deadlifts 20 повторувања по 4 кг во секоја рака
    • Triceps dips with legs extension 40 секунди
    • Elbow plank 1 минута
    • Lunges 10 на секоја нога
    • Russian twists 1 минута, пола со нозете кренати
    • Wall sit 2 минути
    • Flutter kicks 1 минута
    • Superman's 1 минута
    4 минути растегнување и ладење.

    Се на се, некои 40 минути добро потење. :D Повторно, сакав по две рунди од сите вежби, ама само од склековите успеав да направам две рунди. Нареден пат можеби ќе имам сила за повеќе.

    Денес ме зезна тоа што кога почнав да вежбам снема струја и стана многу жешко внатре, па ми се чинеше ќе припаднам секој момент, спарното до некаде ме исцрпи. :sweat:

    @Bridget покрај згодните цури на инстаграм, мене мотивација ми е здравјето. Секогаш подобро се чувствувам кога сум во фит форма, па ради тоа чувство и на 40 степени без клима или вентилатор вежбам. (fingers)

    images (61).jpeg

    images (63).jpeg

    images (54).jpeg
     
    На zhap4e, GoodGirl45, Bridget и 3 други им се допаѓа ова.
  9. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски

    Денес се фокусирав на стомачните мускули и плус кардио.
    Вежбите се поделени на загревање, вежби за стомачни, па потоа кардио. Исто така, времетраењето на вежбите и паузите е различно.
    Во првите неколку вежби за стомачните целиот стомак ми гореше, а пак за време на кардиото нозете.
    Се на се, одлично видео (fingers)
    На крај, 5мин. wall sit

    Мотивации:
    30 7 a.jpg 30 7 b.jpg 30 7 c.jpg
     
    На Carolin., AnaKarenina, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Воспалението се смири. ]:) Освен што не можам да се смеам :))) И денес сабајлечки се извежба, иако во извАнредни околности. Навика станува - прво нешто штом се разбудам да легнам на под со теговите:bug:

    [​IMG]

    Кај и да е и кардио ќе се почне :clap:

    [​IMG]
     
    На GoodGirl45, SV1911, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Спремна сум да гладувам и по 3 дена да не јадам, ама толку да се нема мотивација за ни 5 минутно вежбање...:x
    Ни песна ни мотивациони пораки ни ништо не ме покрева, а свесна сум дека без активност никогаш нема да ги симнам овие 5 килограми кои толку време ме мачат.
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Почни со вежби во лежечка позиција :))) нема подобар начин,бар за мене деновиве, да ја излажеш мрзата.
     
    На Carolin., SV1911 и manja666 им се допаѓа ова.
  13. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски

    Денеска сета енергија ја исцедив од мене, и кажувам: во блиска иднина нема ни да помислам на видеово :shake:
    Видеото е мешавина од разлчини видеа споени заедно, и јас страшно се зафркав бидејќи дел од видеото што го вежбав вчера се падна во ова видео. :clap:
    Делот за раце т.е. push-up вежби ги правев со модификации, лактите ке ми препукнеа

    Видеото е поделено на кик-бокс, HIIT, стомачни, вежби за горен дел на телото и вежби за долен дел на телото.
    Добро што кик-боксот беше на почеток, ако беше на средина ке цркнев, лошо што вежбите за долниот дел на телото беа на крај бидејќи преку целото видео 3 пати имаше pop squats, што мене ми е многу.

    За видеово се припремав долго време, некако 94мин. многу ми се гледаа, но денес стиснав заби и истерав до крај. :punch:
    Кој е спремен за предизвик, нека проба и да споделиме искуства. :rofl::makeup:

    Мотивации:
    31 7 a.jpg 31 7 b.jpg 31 7 c.jpg 31 7.jpg
     
    На Carolin., SV1911, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.976
    Здраво! :hai:

    Денес беше ден за рацете, маста им ја извадив. ]:) Само уште да беше така лесно со нозете и стомакот! :!: :wasntme:

    Пред вежбање 10 минути загревање, малку кардио, вежби за рацете и многу јога.

    Ми се заарни јогата денес, сакав уште да продолжам ама па ќе немав време (и желба, да бидам искрена) да повежбам нормално после тоа.
    • Push-ups 2*20
    • Вежби за дланките и зглобовите, по 20 на секоја рака, 1 кг
    • T-plank 30 секунди секоја страна
    • Overhead press 20 повторувања со 2 кг во секоја рака
    • Forward raise 30 повторувања со 1 кг во секоја рака
    • Biceps curls 20 повторувања со по 4 кг во секоја рака
    • Triceps dips 40 секунди
    • Deadlifts 20 повторувања со по 4 кг во секоја рака
    • Lateral side raise 20 повторувања со по 1 кг во секоја рака
    • Upward curl 20 повторувања со по 1 кг во секоја рака
    • Elbow plank 1 минута
    • Hammer curl 20 повторувања со по 4 кг во секоја рака
    • Dumbbell side bend 30 на секоја со по 6 кг
    • Overhead triceps extension 20
    • Star plank 1 минута
    На крај растегнување на рацете набрзина. Утре се надевам дека нема да имам такви кошмари болки во раката како минатиот пат. (fingers)

    Додека го правев страничниот планк приметив дека левата рака ми е далеку послаба од десната, што не се приметува кога кревам тегови. На десната страна можев да го издржам планкот многу подолго од 30тина секунди. Ќе треба повеќе да се потрудам околу ова.

    Друго, сум станала посилна! :o :muscle: Денес две рунди по 20 повторување склекови од колена, ги направив како на шала! Ќе пробам од прсти утре, можеби веќе сум спремна и за тој подвиг. :muscle:

    Ова со гумата на сликата сакам да го пробам. ^_^

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На zhap4e, Carolin., AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За денес одбрав две видеа од HASfit :)


    Ова е кардио со тегчиња и сите вежби се прават само еднаш, нема повторувања. Многу брзо ми помина пошто во тој момент ми верглаше мозокот, размислував на нешто друго, па летна тој пола саат :D


    Овде нема тегчња, табата стил е, што значи дека има повторувања. Ама барем кратки се вежбите, па не е досадно :)

    Денес дефинитивно најмногу ги изморив нозете, особено со второто видео. Во двете видеа има и загревање и растегнување, ама на крај јас самата си направив дополнително растегнување на нозете, од пусти страв утре да не ги осеќам стегнати :?: Времево денес спарно, тешко, ужас |( Цел ден чекав да залади и на крај скоро пред полноќ завршив со вежбање...

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На zhap4e, SwanMay, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки! :hai:

    Одлично започнат ден со експлозивна енергија и омилените вежби за нозе и задник. ^_^
    Започнав, како и секогаш, со вежби за загревање и за активација на мускулите, па продолжив со hip thrusts, мртви дигања, неколку видови вежби на сајла, како и hip abduction на справа. Наместо 3, овој пат правев по 4 серии од сите вежби, а на сајла додадов и дополнителна тежина од 10 килограми и се изненадив дека можам и тоа да го поднесам. ]:) :rofl: Предизвик ми е да интензивирам, но се' уште не е вистинското време за тоа.
    Завршив со вежби за стомачните мускули и истегнување.

    ...

    Пред извесно време, започнав да водам дневник на вежби и тежини со кои работам. Воедно, запишувам и забелешки како се чувствувам, во смисол дали ми било тешко да го направам тренингот тој ден, итн... И едно нешто приметив - дека кога сум во ПМС немам доволно сила за вежбање и дека тие денови задржувам многу вода, особено во регијата на стомакот и нозете. По една недела пак се стабилизирам. Порано правев паники, мислејки дека сум се здебелила "преку ноќ", но сега ја знам причината и чекам да помине самото од себе, без нервози... Интересно е дека колку повеќе вежбам, се' повеќе откривам нови нешта за тоа како функционира нашето тело. Тоа самото ни' кажува што е добро, а што лошо за него... :)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На zhap4e, GoodGirl45, L-a-d-y-Bug и 3 други им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.976
    Лепотици! :hai:(hollest)

    Денес ден за нозе. Со @SwanMay често ни се поклопуваат деновите, ко договорени. :lol:

    Загревање од прилика некои 5 минути, прво јога за растегување на стапалата и колената, воедно и дланките, а потоа кардио почнувајќи од лесни движења па до неколку видови на jumping jacks. Приметив дека доколку прво ги растегнувам зглобовите, додека вежбам немам болки во колената или зглобовите на рацете. Имам повреда на зглобот на десната рака од пред неколку години направена при вежбање и знае на периоди да се врати и боли ептен, така да се надевам доколку правам прво убави растегнувања ќе избегнам такви повреди во иднина.
    • Push-ups 4 од прсти! :muscle: и 2 рунди по 20 повторувања од колена
    • Squats 80 повторувања
    • Inside leg raises по 1 минута на секоја нога
    • One legged bridge по пола минута на секоја нога
    • Plank with knee to elbow touch 1 минута
    • Outside leg raises по 1 минута на секоја нога
    • Elbow plank две рунди по 1 минута
    • Calf raises 1:30 минута со тегови од 4 кг во секоја рака
    • Roundhouse squat kick
    • Lunges 15 на нога и 20 секунди pulsing lunges на крај на секоја нога
    • Wall sit две рунди по 1 минута
    • Donkey kicks по 1 минута на секоја нога
    • Burpees 15 повторувања
    • Tip toe squats 20 повторувања
    На крај експрес брзо ладење, колку да не е без ич и после под многу топол туш, да ми се опуштат мускуливе. :tmi:

    Денес пробав склековите од прсти да ги правам и стигнав до четири нормални и петтиот прекршен, ама и тоа е успех за мене. :D

    Note to myself за нареден пат: не прави вежби со пулсирања и wall sit едно по друго, не изводливо е! :!: :whew:

    Кога почнав да вежбам па се до неодамна burpees беа mission impossible за мене, ја правев спората верзија секогаш кога морав да ги правам овие вежби, па дури и спорото темпо ме исцрпуваше многу, ама денес успеав да направам 11 брзи, а другите со секунда-две пауза помеѓу секое. :muscle:

    Одиме напред! :muscle: Утре ден за стомачни.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На zhap4e, GoodGirl45, SwanMay и 2 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас денес се решив да ги изморам нозете :D Мускулите на рацете уште ги осеќам од болка, па седнав на точакот и извртев 10km, таман додека изгледав една епизода од Sex & the City :) Толку се направив жива вода, што моиве дома си помислија дека сум излегла од туширање :lol: Мислам дека од секоја клетка на телово се испотив :sweat:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На zhap4e, GoodGirl45, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски

    5мин. wall st
    И јас денес најмногу ги изморив нозете.
    Видеово многу убаво ме испоти и многу ми се допадна, иако на моменти беше тешко. :inlove:
    Има 3 сета, секој сет има по 5 вежби кои се повторуваат два пати. Секоја вежба трае 1 минута.

    Натали е прекрасна инструктока, полна со позитива и вежбањето со неа е неверојатно (fingers)
    На крај се истегнував уште некоја минута бидејќи нозете ги чувствував многу затегнати.

    Незнам дали само мене ми беше денес многу жешко, цел ден седам во место и се потам, ама ако убаво е тоа. :sun::whew:

    Мотивации:
    1 8 a.jpg 1 8 b.jpg 7 14 a.jpg
     
    На zhap4e, SV1911, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.293
    Допаѓања:
    41.334
    Пол:
    Женски
    Здраво згодни!!!
    Јас ќе ви се придружам во темава изгледа, веќе втора недела како вежбам во теретана и паралелно дома јога. Едвај се наканив да почнам да вежбам, ама стварно веќе не можев да се гледам, многу сум поправена и се чувствувам неубаво.
    Не ми смета толку килажата како што ми смета запуштеноста, оти никогаш не сум била со толкуу вишок, мене ми личи и кога сум малку попуна оти имам облини и на правилни места ми се распоредува тежината, ама тоа беше на времето кога имав 20, а не 27 год, сега секој вишок килограм ми се покажа на многу критични места.

    Ептен ми е интересно сега у теретана, многу сум ентузијаст и мислам дека нема да се откажам, секој нареден тренинг го чекам со возбуда.
    Денес вежбав 2ипол саати. Моментално правам различни вежби, не се фокусирам само на група мускули оти сакам да си ги размрдам сите, почнувам со кардио на трака или јаже 20мин и потоа продолжувам на справите.
    Многу енергично се чувствувам после тоа, препотена и како да сум исфрлила многу токсини :D
    Вежбам и со тегчиња вежби за газ, раце и нозе, освен оние на справите.
    Пред спиење 30 мин јога од видеово подолу, деј 10 сум. Бидејќи одев 2 год на јога редовно, вежбиве ми се боза, знам како да ги правам правилно и ептен ми се ефективни.

    Мотивација ми се типки од инста кои вежбаат како луди и изгледаат :sweat:
    И вереникот оти цело време му велам сега да видиш каков газ ќе направам, а он ми вика зар може подобар од сеа.:angel: :D



    Профилов ми е дневна доза мотивација
    https://www.instagram.com/sculptlifestyle/?hl=en

    А телово на девојкава ми е fit goals,пред се оти имам слична градба и знам дека можам да го постигнам ако се трудам.
    [​IMG]
     
    На zhap4e, GoodGirl45, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.