1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес


    Прво раце со Кејси, многу ги сакам нејзиниве видеа - кратки, а ефикасни. Особено за некој како мене што поминува 8+ саати пред компјутер, таман е за убаво раздвижување на мускулите, можете и на пауза од работа да вежбате :) После како нови ќе бидете ;)

    После го одбрав најновото од Ивет

    45 минутна комбинација од кардио и strength moves (y) Не е лесно, ама ако некогаш сте вежбале со Ивет и нејзините ненормални кардио видеа, ова ќе ви дојде за нијааанса полесно :) Ептен ме испоти, одлично ми дојде. Е сега, kettlebell немам, ама комбинирав тегчиња, па така истерав ;)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, zhap4e, GoodGirl45 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. powerbox

    powerbox Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2018
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Ова е пуш пулл легз програмата ако не се лажам ? :) ијас тренирам со таја програма и сум задоволна,резултати има!
    Само премногу го тренираш трицепсот и градите,премногу серии идат. Овај тренинг го правам во 2 тренинзи а може да се прават тие серии во еден тренинг али тој е класичен сплит.
    Во пуш пулл се делат вежбите така што вкупниот волумен од 20 серии се деле на 2 тренинзи по 10 серии. Во пушш ден е доволно за трицепс да се прават само 6 серии пишо коа се тренират гради се тренира и трицепсот пошто трицепсот е доста активен,трпи терет коа се вежбат гради :) Правиш диети? Јасум на диета и многу ме исцрпува тренингот посебно на низок ден на хидрати.
     
    На zhap4e и SwanMay им се допаѓа ова.
  3. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има алката или слична. Мере чекори мислам, од т мобиле ми е , но упатството ми е изгубено нз која беше апликацијата за симнување. Дали можеби некој од вас знае?
     

    Прикачени фајлови:

  4. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот. :) Истото ми го има посочено и @martin01 , но искрено се' уште правам грешки. :$ Ова е нова програма за гради и трицепс која ја пробав минатата недела за прв пат. Претходно работев со други вежби и таргетот беше повеќе на градите. Свесна сум дека треба да ги намалам сериите... Но, кога ќе дојде до тој момент комплетно се губам и на крај кревам раце и правам како што сум правела досега. :D Реално и искрено, мене ми е супер и имам многу добар напредок и комплименти од многумина кои вежбаат таму.
    ...
    Инаку, не е класична push, pull, legs шема... Се водам по правилото горен дел, долен дел - наизменично. Ако денес вежбам грб и бицепс следниот пат ќе вежбам нозе, па гради и трицепс, па пак нозе, па рамо, па пак нозе и се' во круг.
    ...
    Што се однесува до исхраната, како што пишав погоре, моментално сум на ротација на јаглехидрати, веќе 2 недели. Има добри резултати (намален обем во сантиметри и број на килограми) и планирам да терам уште една недела, па да направам пауза. Други диети (за намалување на тежина) никогаш не сум држела.
     
    На 1209, GoodGirl45 и martin01 им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За денес го одбрав ова


    Немав вежбано со PopSugar откако Ана се повлече, ама си реков да им дадам шанса и на другиве инструкторки што ќе го водат каналот некој период :) Ова ми се допадна, убаво ме испоти, иако не е скроз кардио. Има 7 вежби што се повторуваат во три сетови. 45 секунди вежба, 15 секунди одмор. Нема тегчиња или било каква друга опрема, само со сопствена тежина вежбате.

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Туку, сакав да прашам - дали ви се случува да се потите откако ќе мавнете туш после вежбање? :?: Мене малтене секој пат ми се случува, еве и сега. Бев испотена, се истуширав, ама после тушот пак се потам како да сум вежбала. Дали не ми е оладено телото уште, или нешто друго е во прашање, стварно не знам. Се нервирам, некогаш и по два пати се туширам :^)
     
    На SV1911, GoodGirl45 и SwanMay им се допаѓа ова.
  6. martin01

    martin01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Машки
    sekogas se pravat osnovnite, kompleksni vezbi koj barat dosta sila i na pocetokot od treningot imame najmnogu sila i najdobro e togas da se izvedat tie vezbi pa posle odime na izolaciski vezbi kako letanje so sajli na kosa klupa ili so bucici na kosa klupa, potisok so ploca, pek dek masina i tako dajle....vo ppl se pravat 3 vezbi po 3 serii za gradi i za triceps 2 vezbi po 3 serii. narednio trening se pravat isto 3 vezbi po 3 serii i na toj nacin samo se stimulirat muskulite. Bitno e muskulot da mozi da se oporavi od takov stres. koga trenirame gradi, akcentot na tricepaot e golem, trpi teret i na krajot od treningot samo dodavane 2 izolaciski vezbi i toe to. Odprvin teloto rasti rasti ali posle nekoj period zapajga vo plato i stagnirva. Super sets se odlicna metoda ali za napredna ekipa koj mozi da se oporavi od takov trening. Jas pravam super sets samo ednas vo dva meaeci kako prekrsuvanje na to plato, sokiranje na muskulite. ppl trenirav 1 mesec i dosta napredok imav na grbot i gradite. racete gi preterav so serii i napredok mnogu slab....teraja dietata se dodeka ne ja postignis posakuvanata forma i telesna masa. Pauza se pravi posle dolg period. dodeka si vo rezim, teraj dokraj :)
    ako zapadnis vo stagnacia, pravis periodizacia, menuvas hrana i se vrajkas pak na stario rezim. rezultati ke ima samo trpenie, zanikade nebrzas,uzivaj vo treninzite i hranata. posle ke ti zaviduvat site od uspehot 8);)
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски


    Ја следев програмата од оваа девојка (започнува од 1:35). Сакав да воведам некои новини, за да не ми биде монотоно секоја недела со едни исти вежби... Ќе редуцирам на серии, не само за овие вежби, туку и за сите останати. Фала ти неизмерно за советите. ^_^
    Бев во таква фаза на стагнација, што ја спомна, па затоа и пробав со ротацијата на ЈХ. Многу убаво ме издефинира за толку краток период. Просто не ми се верува дека е тоа можно. :D Само се плашам да не се врати се' на старо кога ќе вратам стара исхрана, со почесто консумирање на ЈХ...
    Што значи периодизација? За кратко да се вратам на старата исхрана, па пак да свртам на ротација? Многу работи има за паметење, цела наука е ова... :wasntme: :D
     
    На martin01 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. martin01

    martin01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Машки
    Mnogumina me kritikuvaat radi tekstovi i radi tolku gledanje do detal vo fitnesot :D no za dobro telo treba da se vlozi, da se daj se od sebe, da se isprobat razni metodi, da se proucuva. Periodizacia e metod kade sto odredena muskulna partia koja zaostanuva so rast,se trenira so pogolem volumen(broj na serii) ali do toj stepen taka sto ke mozes da se oporavis od toj naporen trening. Ostanatite muskulni grupi odat vo faza na odrzuvanje i zaniv se namaluva volumenot(broj na serii) a itezinata ostanuva ista. Istoto vazi i za ishranata,se pravi pauzi od dieti i se jadi samo kolku da mozi teloto da funkcionira,se namaluvat treninzite fakticki faza na odrzuvanje. Ne e loso i da imas eden cheat day kade sto mozes da se opustis so prijateli,da kasnis blago,da se napies alkohol i slicno. Toa nema da ti ja rasipi dietata ili formata :)
    Posle prestanok na dietata,se vrajkas postepeno na starata ishrana ali vnimavas na hidratite,da ne se preteruva.
    Zgolemuvas vnes na hidrati na nedelno nivo i ja pratis telesnata tezina. Ako zalezis i ako vnesuvas nezdravi masti,sejkeri,hidrati,togas se vrajkat kilogramite no ako vnimavas na hranata i imas fizicka aktivnost, kapa nastrana,kilogramite ne se vrajkat :) Najcesto problem vo dietite e sto po prestanok na dietata,se javuva nekoj blag porast na apetitot no ako se vodi evidencia nema gajle :)
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  9. martin01

    martin01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Машки
    go vidov videoto :D stanuva zbor za cik cak verzia. Ako pravis so vakvi tezini togas si na prav pat :) mozes da teras i so taja programa kako sto ja imase pisano pogore. Ako koristis pogolemi tezini,togas mozi da se namali volumenot :)
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Најпрво, фала ти уште еднаш, по не знам кој пат. :D Тоа воопшто не го гледам како критика, туку напротив, како добронамерен совет. На денешно време ретки се луѓето кои искрено ќе ти понудат помош и ќе те посоветуваат што е добро, а што не. :)
    Кога станува збор за раце, рамо и за гради, работам со помали тежини. Грб кога вежбам, а посебно нозе, тогаш ставам поголеми тежини. Во однос на порано драстично ги намалив сериите, но ќе се обидам да намалам уште повеќе. Ќе пишам понатаму како оди и дали има напредок. (fingers)
     
    На 1209 и martin01 им се допаѓа ова.
  11. powerbox

    powerbox Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2018
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Големо фала до @martin01 за советите и начинот на тренинг. 7 месеци правев тренинзи за цело тело и напредок слаб ^_^ Добро е што ја најдов страната и што најдов некој кој што ке застани и ќе ми каже штое и како е. Едноставно само започнав со добра исхрана богата со протеини и одлицна програма пуш,пул и легз :clap: диетата ми е ротациа на јагленихидрати,можда малце пад на енергиа но симнав 5кг и се обликовав баш како што сакам. Програмите се точни,се советував со повеќе луѓе но неморало да се внимава толку пошто не сум била професионалец хаха...Но што повеќе знаење толку повеќе успеси(y)(y):muscle:
     
    На GoodGirl45 и martin01 им се допаѓа ова.
  12. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Ден за нозе, одбрав три видеа:

    Видеото ми се допадна, вежбите не се повторуваат. Секоја вежба трае по 50сек. со 10сек. пауза. Не ви требаат тегови, само подметач/пешкир :)

    Следно ова. Не можам да се сетам баш, но некоја феминка погоре го имаше постирано. Приметив дека сум го вежбала дури на крајот, кога требаше да го стопирам видеото и да земам табуретка :D
    Исто како и во провото видео вежбите траат по 50сек. со 10сек. пауза. Убаво ме испоти и ми ги измори нозете (hollest) Пожелно е да се повторат вежбите уште еднаш или два пати.

    Потоа го повторив ова видео од претходниот ден за нозе, ии го издржав цело :P
    На крај 5мин. wall sit.

    Mотивации:
    2 9 c.jpg 2 9 a.jpg 2 9 b.jpg
     
    На SV1911, SwanMay и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес ме мачат period cramps, цел ден се обидувам да ги игнорирам и нормално да функционирам, без да се напијам апче. За денес ми беше планирано кардио, ама нема шанси да скокам денес, па побарав видеа со вежби за ублажување на болките. Ги одбрав овие две:



    Ми се допаднаа, особено второто, сигурно пак ќе го вежбам некој нареден месец :) Вежбите не се ништо crazy, а убаво ме опуштија, дури и ме загреаја.

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]

    :D
    [​IMG]
     
    На SV1911, GoodGirl45, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Два дена одмор и шизнав. Едвај дочекав да дојде Понеделник, за повторно да се вежба. :rofl:

    Денес на репертоар - нозе и задник. Правев по 3 серии од по 10 повторувања од сите вежби, со умерена тежина.

    I - Најпрво направив кратки вежби за загревање на целото тело и по една сеија активациски вежби со ластици.

    II - Потоа продолжив со вежбите за нозе (прво покомплексни, па со изолирани движења):

    Суперсет 1:
    - Hip Thrusts (3 серии со пулсирања)

    Суперсет 2:
    - Sumo Squat using dumbbells
    - Cross Leg DB Deadlift

    Суперсет 3:
    - Hip Abductor (нормални, со пулсирање и со задржување од 3 секунди)

    Суперсет 4:
    - Leg Press (со широко поставени нозе, со приближени нозе и како балерина)

    Burnout:
    - Banded Crab Walks
    - Banded Donkey Kicks
    - Banded Frog Pumps

    III - На крај завршив со 2 серии вежби за стомачни и вежби за истегнување.


    Мотивација:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, GoodGirl45, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Денес ден за стомачни:
    - Кратко загревање

    Имаше еден период во кој го вежбав само ова видео и тоа околу 1-2 недели и имав резултати(порамен стомак). Денес пак го пробав, така на око вежбите изгледаат лесно, ама ајде прави ги да те видам :D :tmi:
    Главно една вежба се повторува по 20 - 25 пати, ама има серија crunches, потоа plank вежби итн.
    Кристин е многу добра и позитивна личност, со многу силна волја и некако те тера да продолжиш понатаму со вежбите, денес да се пофалам не направив пауза помеѓу :makeup:

    Следно од Клое. Видеото не ми се допадна многу. Дали е до мене или до вежбите, повеќе нозете ги изморив отколку стомачните :| Секоја вежба трае 50сек. со 10сек. пауза.
    Првпат издржав 50сек. mountain climbers без да застанам :wasntme:
    На крај: овој пат 7мин. wall sit и растегнување

    Мотивации:
    3 9 e.jpg 3 9 a.jpg 3 9 b.jpg 3 9 c.jpg 3 9 d.jpg
     
    На SV1911, AnaKarenina и SwanMay им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.294
    Допаѓања:
    41.376
    Пол:
    Женски
    @SwanMay знам дека не е темава за ова ама може ли да ми ја споделиш диетата во лп?
    Јас почнав со Push, pull, legs по консултација со @martin01 на кој исто сум му благодарна оти ме насочи доста.

    Јас тренирав 3 пати неделно ама планирам да правам 5 days split си најдов соодветна рутина со темпо што ми одговара. Трае шест недели со различни ротации на вежбите измеѓу неделите. После 6та недела се намалува тежина за да се види резултат.

    Денес ми беше ден за нозе и задник. Малку отскокнувам со тоа што правам по 2 серии 10 повторувања, не 3, ама во текот на неделите планирам да правам помалку серии ама секоја недела да ги ротирам вежбите за да не правм само едни исти и да ми скисне.
    Денес вежбав:

    Загревање со акцент на нозе и бут, ако не се загреам убаво осеќам дека многу напор ми доаѓа на оние мускули под задник, пред некој ден имав страшна болка, очигледно имав истегнато нешто.

    -2х10 Hip Thrusts
    -2x10 чучњеви со тег од 10кг
    -2х10 кревање на нозе со тежина на зглоб
    -2х10 странично кревање нозе со тежина
    -2х10 Hip Abductor за надворешен дел од задник/нозе
    -2х10 Hip Abductor за внатрешен
    -2х10 leg press со раширени нозе
    -2х10 на справа за leg curl не знам дали е правилно име

    Инаку вежбам со тежини 10кг кога е со тег, а на справите со макс 25 кг.
    Завршив со неколку серии за стомачни, не ги броев искрено оти многу сакам да намалам стомак и малку се форсирам со стомачни вежби.
     
    На SV1911, GoodGirl45, martin01 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Секако, @1209 , радо ќе го споредам режимот на ротација на јаглехидрати. Односно, јас си применив некоја моја варијанта, која мене ми одговараше на нивото на физичка подготвеност и на моите обврски.

    Ротацијата се состои од три дена - ден на висок внес на ЈХ, среден внес и низок внес.
    Под ЈХ се подразбира секаков вид на шеќер. Простите шеќери максимално ги одбегнував, а сложените ги ротирав.
    - Првиот ден, со висок внес на ЈХ, имав шеќери и за доручек и за ручек и за вечера.
    - Вториот ден (со среден внес на ЈХ), внесував шеќери само за ручек, а доручекот и вечерата се состоеја од протеини, масти и многу зеленчук.
    - Третиот ден (низок внес) воопшто не внесуваш шеќери. Јас имав кризи веќе третиот ден и настојував воопшто да не вежбам, зошто немав доволно енергија.
    Кога имав висок внес, вежбав горен дел и додавав кардио, а кога имав среден внес вежбав нозе.

    Како и да е, морам да напоменам дека од вчера го прекинав овој режим. Не можев повеќе да издржам, многу исцрпено се чувствував... Во килограми не ослабев значително - реално и немав многу за топење, па така намалив само 1кг (од 51 на 50кг). И во обен сум намалена. Приметувам дека сум многу пооцртана деновиве. Сето тоа се должи на ротацијата на ЈХ. Планирам да не ја запоставувам, туку да ја применувам една недела месечно, се' додека има потреба. А во меѓувреме, ќе се обидувам да го одржувам внесот на ЈХ на што е можно пониско ниво, за да не ми се јавуваат кризи.

    Ако те интересира нешто друго, слободно пиши ми. :)

    ...

    Денеска беше ден за рамо. Нозете горат од вчера, а сега и рамената. ^_^ :rofl: Го сакам изгледот на убаво и складно обликувани рамена кај девојка, па работам на случајот. :makeup: :D

    Почнав со активациски вежби, групирани во два сета, па продолжив со вежбите за рамо.

    Суперсет 1:
    - Y Press (3x10)
    - Shoulder press with elbows to the front (3x10)

    Суперсет 2:
    - Single arm bent over rear delt pull with cables (3x10 - по страна)
    - Face pull with cables (3x10)

    Суперсет 3:
    - Bent arm front lift with pulses (3x10)
    - Around the worlds (3x10)

    Burnout (Што е можно повеќе повторувања, до целосна исцрпеност):
    - Lateral Raises (5x10 - по страна)

    При крајот од сесијата направив 2 серии вежби за стомачни и кардио на Орбитрек.
    Завршив со вежби за истегнување.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, SV1911, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Денес одбрав 3 кратки видеа за раце:

    Прв пат го вежбам ова видео, и ми се допадна. Цело време го избегнував судејќи по 10 минутнтото видео за стомачни, мислев дека ќе биде потешко, но всушност со неколку повторувања можам да го совладам. (fingers)
    Секоја вежба се повторува по 30сек., во принцип 2 вежби од 30сек. без пауза со 30сек. пауза. и така четири пати. Вежбите се различни и не се повторуваат.

    Потоа, го пробав ова. 10 вежби по 50сек. со 10сек. пауза. И ова ми се допадна (y)

    Избрав нешто и од Клое. Видеото е скоро година старо, и за разлика од видеата што Клое ги прави сега, ова е лесно. И овде беа 10 вежби по 40 - 45 сек. и 15 - 20 сек. пауза. Не ми се допадна толку многу.
    Сега, некои вежбите во видеата се повторуваат, како на пример tricep dips и потешко е да се прават после повеќе вежби.
    На крај растегнување и 6мин. wall sit.

    Мотивации:
    7 15 a.jpg 19 7 b.jpg 7 12 b.jpg
     
    На AnaKarenina, SV1911 и SwanMay им се допаѓа ова.
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    66.985
    Недела дена ме нема! :o

    Зглобот на раката уште ме боли, на моменти мислам дека ми е напукната коската дури, таква некој глупа болка осеќам, ама па почна да ме боли дента кога правев многу планкови, а од тоа коски не пукаат. :D

    Деновиве вежбам само јога и по некоја вежба за стомачните, ама ништо пренапорно. Денес ќе почнам повторно, само без планкови и тешки вежби кои ги напрегаат зглобовите. За жал, откако престанав интензивно да вежбам ко да ми се поду стомакот! :envy: Ама па, каишот се закопчува на едно дупче погоре, што е сепак добар знак. Башка, влегов во едни skinny панталони кои ме прават да изгледам како да сум манекенка (hollest) :D

    Ве исчитав набрзинка, речиси две страници полни сте изнапишале, па ако седнам убаво да ги отварам сите линкови ќе ми помине мотивацијата за вежбање. :D

    @AnaKarenina и мене така ми се случува ако вежбам ептен напорно. Пробај прво 10-15 минути после вежбање да одмориш, да се стабилизира срцебиењето па дури после под туш. Мене најчесто образите ми црвенеат како со цвекло да се мачкани, им треба саат време да помине црвенилото, а во тие саат време сите што ме виделе прашуваат дали сум добро. :D

    Отидов да вежбам, па од утре се читаме поредовно! (fingers)
     
    На GoodGirl45, 1209, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Првично планираниот ден за одмор се претвори во ден за активен одмор. Времето е толку убаво, што почувствував потреба да се размрдам. Појдов во Градскиот парк и правев спринтови, комбинирани со HIIT вежби (jumping jacks, high knees, butt kicks, scissor jumps и jumping lunges), вежби со ластици за нозе и скокање со јаже. Пет серии од сите, наизменично. Се почувствував физички заморено, но одлично ми дојде, затоа што претходните два тренинзи не беа многу интензивни. Ми требаше ова и како телото да ми е благодарно. :sun:
    Утре, ако се' е ОК ќе биде ден за нозе, но ако сум уморна, тогаш ќе вежбам грб и бицепс.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, GoodGirl45 и AnaKarenina им се допаѓа ова.