Cardio day - кратко загревање Успеав, го направив цело. Веќе незнам колку време го меркам и го пуштам само да го изгледам, ама не сум го пробала оти ми беше страв Не сум знаела дека човек може волку да испоти за толку кратко време. Видеото е предобро, но исцрпувачко. Во текот на вежбите се менуваат иструкторите(две жени и машко мислам дека), а посебно ми се допадна машкото како ги покажуваше вежбите Па и нема баш време да гледаш во екран и да одиш по нивно темпо, само ги слушаш вежбите и тераш по свое темпо, бидејќи има повеќе делови и само два примера пред да се почнат вежбите. На крај растегнување и 5 мин. wall sit Ова ми беше терапија Мотивација:
Ден за нозе денес, со акцент на глутеус. Не ме спречи новоздобиената повреда на колкот од вчера. Направив напори да отидам во теретана и несомнено ми годеше, затоа што повеќе не ја чувствувам болката со толкав интензитет. Сепак, внимавав да не ставам големи тежини, а на конто на тоа направив 6 серии HIIT на крајот од сесијата. Не би да должам многу со програмата. После активациските вежби со ластици правев по 3 серии од следните вежби: - Barbell good mornings (без додадена тежина) - Hip Thrusts - DB Deadlift with 3 pulses at the bottom - Hip Abductor - Cable rope pull through - Cable kickback - Cable Sissy Squats. На крај направив серија Burnout со ластици - Walking crabs, Walking lunges и Frog pumps. Следеа 2 серии вежби за стомачни и 6 серии HIIT. Можеби звучи многу, но мене неизмерно ми годеше. Па така, си ја зачував програмата и сигурно ќе ја правам повторно. Мотивација:
Денес требаше да биде ден за одмор,но имав многу слободно време и решив да вежбам, ден за нозе Видеово ми се чини и претходниот пат го вежбав, но нозете ми беа изморени од вчера и ми беше потешко. 15 вежби се по 50сек. и 10сек. пауза - видеото е 20мин. бидејќи има вежби кои се прават по 50сек. на едната и 50сек. на другата нога. Дефинитивно не сум за пилатес, а посебно за plie squats Во текот на видеото ќе пукнев од нервоза дека не можам да ги истраам сите вежби и за малку ќе се откажев Воопшто не можам да поднесам некој да ми зборува и да ме мотивира кога ''гледа'' дека сум застаната да се одморам Ни јас незнам колку пати направив паузи, многу тешко ми е виде бе На крај, повторно Кејси. Видеата ми беа избрани уште пред да почнам со вежби, па не сакав да ги менувам. Ова ми дојде далеку полесно, но сепак беше тешко Имаше една вежба нешто leg extension само на едната нога, кога заврши видеото ја повторив и таа, ама на другата. Не можев уште еднаш да го извежбам видеото, нозете ми беа како шпагети На крај 5мин. wall sit - не знам како издржав
Здраво згодни! Вчера изумив да се пријавам, а вежбав! Во вежбите кои обично ги правам имам многу планкови, арно ама сега поради зглобот можам само планк на лакти да правам и затоа имам многу место за потполнување, а малку идеи што вежби да вметнам, особено за рацете. Ако имате предлози за вежби што не ги оптеретуваат зглобовите, пишете ве молам. Денес ден за стомачни! Убаво долго загревање и растегнување, јога за целото тело. Knee crunches 30 Leg raises 20 Flutter kicks 40 Elbow plank 1 минута (вчера 2 минути издржав!) Leg pull-ins 30 Windshield wipers 20 (не е за мене ова) Sitting twists 60 Triceps dips with legs extensions 30 Side bends со тег од 6 кг Superman's 30 Bridges 20 со 2 тега од 4 кг Knee crunches се многу позахтевни од обичните стомачни, но за разлика од обичните кои што можам неколку минути да ги правам и само да си го шинам вратот без да осетам некоја болка во стомачните мускули, овие едвај 30 повторувања направив, ми гореа мускулите од нив. Windshield wipers ептен без врска ми се видоа, ко топка се тркалав. Немам доволно мускули за ова дефинитивно, иако изгледа многу просто за вежбање. На крај сакав и кардио burnout ама немав време, па тоа нека биде за друг пат. До утре!
@SV1911 мило ми е што зглобот ти е подобро Некои вежби за раце кои и јас ги вежбам: - arm circles - може изгледа лесно, но по минута во различни насоки - lateral аrm pulses - веднаш после круговите - superman - superman pulls - swimmers - rotating punches (на толку ми текнува во моментов)
Дојде и денот за грб, со старо-нови вежби. Морав да ги одморам нозете од вчера, мноооогу болат, што дури и загревањето ми беше предизвик , па неминовно беше да се тренира горниот дел. По загревањето направив активациски вежби со плочи и продолжив со програмата. Вежбите ги групирав во суперсетови и ги изведував во 3 серии од по 10 повторувања. - Wide grip lat pulldown - Underhand cable pulldown - Seated cable rows - One handed cable pull - One handed pull with a twist - Cable Stretchers Завршив со една серија вежби за стомачни, со додадена тежина и 10 минути на Орбитрек, со висок отпор.
Денес ден за раце! Јога загревање и растегнување Triceps dips 20 Arm rotations 2 минути Biceps curls 20 повторувања со тегови од 4 кг Lateral front raises 20 повторувања со тегови од 1 кг и 10 повторувања со тегови од 2 кг Lateral side raises 20 со тегови од 1 кг Elbow plank 1,5 минута Overhead press 20 со тегови од 2 кг Dead lifts 20 со тегови од 4 кг На крај се решив и за видеово. Цело го истерав, мислев дека ќе ми се откачат рацете од болка при кикбоксот, ама утре ми е ден за пауза па стиснав заби и боксирав. Од вчера стомачните болат, во случајов важи изреката no pain, no gain. @GoodGirl45 ти благодарам за предлозите! Денес ги вметнав ротациите со раце, а после од кикбокс видеото ми се погодија Superman's.
Ми текна вчера да пробам јога, мрзлив ден ми беше па си реков ќе се растегам малку. Си ја преценив еластичноста и истегнав некој мускул. Чекам да мине па да се вратам у нормала. Денес по нова спортска облека, ќе се урочев пред огледало Уште имам за работа, ама, ама...
Денес и кај мене ден за раце. Избрав кик-бокс кардио и стомачни. Видеото го имам пробано, има 5 групи, 3 за сотмачни и 2 кик-бокс групи. Ама некако не личи на мене тоа што правев одмор во загревањето, може напорно ми дојдоа трите рунди jumping jacks На крај завршив со 15 x 2 скелка од колено и 4 минути wall sit. Вежбав и вчера, само што не успеав да пишам. Беше ден за стомачни, пробав некое видео на GymRa, што не ми се допадна толку многу и потоа продолжив со Памела и 4 минути wall sit како денес. (околу 45минути) Нозете болат од претходните денови, па овие front kicks и knee kicks дефинитивно ми ги згмечија нозете Утре мислам дека ќе одмарам, иако треба да е кардио ден, едвај сендувам и станувам Забелешка; овие неколку дена го испробувам методот intermittent fasting, мотивирана од вас. Денес ми е четврти ден. Само што пожелно е да се јаде од 12 до 8 часот вечерта, но повеќе ми одговара од 1 до 9 вечерта и терам така. До 1 пијам многу вода и може едно кафе или еспресо. Настојувам да не јадам благо,грицки, газирано и бел леб, а исто така после 8(ако ми се јаде нешто) салата. Не знам дали ке продолжам да се хранам вака, особено е тешко сега на викенд, имам слободно време и повеќе време да мислам на храна Само не можам да вежбам ако сум најадена и додека да вежбам ме наоѓа 2ипол-3 а до тогаш по една јаболка каснувам, да не сум без ич, после вежбање ручам. Извинете за долгиот пост, незнам да ставам спојлер.
И јас не можам да вежбам ако предходно имам јадено, па гледам смуди или некое овошје (освен банани) да изедам да ме држи неколку часа, а после вежбање што е можно поскоро нешто со протеини јадам. Мене вака ептен ми одговара, веќе неколку месеци така терам. Инаку, престанав да постам воопшто, треба и јас да се вратам на тоа. Мислам да почнам со 5:2 и во тие два дена до 500 калории само да внесувам. Тешко ќе биде, осеќам.
Денес реков дека ќе одмарам, оти претходната недела не правев пауза, ама сафра ме фати дома, не можев да седам повеќе и отидов да трчам. Околу 6,7 км, со 2 - 3 паузи.
Требаше да биде ден за одмор, за да ги одморам зглобовите на колкот, но не ми се седеше трет ден без вежбање. Па така, наместо понеделничката сесија за нозе уфрлив ден за рамо. ... По направените вежби за загревање и активација на мускулите на рамото, продолжив со суперсетови, комбинирани од две вежби. Секоја во 3 серии од по 10 повторувања. 1. - Y Press - Shoulder Press (elbows to the front) 2. - Single Arm Rear Delt Pull With Cables - Face Pulls 3. - Bent Arm Front Lift - Around the worlds На крај правев burnout од Lateral Raises, во вид на традиционални myo reps. 20 повторувања, со кратка пауза, па 18, па на крај 16 повторувања. Мускулите ми г о р е а! Завршив со 3 серии HIIT кардио и вежби за стомачни. ... Мотивација:
Ден за нозе: Пробав видео од FintessBlender и ми се допадна. Вежбите се убаво распоредени како и секогаш. Има 3 сета, секој сет по 4 вежби кои се повторуваат по два пати. 45сек. со 15сек. пауза - размрдување Воопшто нема кардио, повеќе се сконцентрираш на дишењето и правилна форма додека ги правиш вежбите. Видеото ми се допадна и не ми беше воопшто тешко. Завршив со 6мин. wall sit Забелешка; се' уште терам со intermittent fasting, успешно завршив шести ден. Сега засега грицки, благо, газирано и било каков леб се сведени на минимум. Вага немам, па и не се мерам.
Денес ден за стомачни, но се чувствував поодморена и енергична и го одбрав ова видео: Втор пат го вежбам после месец-два. Првиот пат се потев како прасе , сега не толку. Не беше ни толку жешко денес, па ми се погоди. Видеото има загревање и ладење, 12 минути и 48минути табата и стомачни (секоја вежба се повторува по 8 пати за време од 20сек. со 10сек. пауза) Првите 40мин. летнаа, не ни видов кога толку поминале, ама последните 20мин. Стомачните не ги изморив толку, колку нозеве. Не правев денес wall sit. Мотивации:
Денес прво потење со вежби за нозе и задник Супер комбинација од кардио и тегчиња, наизменично одат вежбите и не се повторуваат. После избалснсирав со видео за upper body Е овде има повторувања, ама не е досадно. Исто има вежби со тегчиња. Мотивации
Денес ден за раце: Испробав видео на HasFit, без тежина. Има повеќе склекови и plank-ови. Пуштив музика во позадина и терав, многу бргу помина времето. На крај 2 x 15 скелкови од колено и 5мин. wall sit. Мотивации:
Денес решив да удрам на стомачни, кога веќе вчера ги измалтретирав рацете и нозете Џенет ја обожавам, редовно ја следам и многу се израдував вчера кога видов дека има ново видео со PopSugar Многу ја сакам нејзината енергија, прави времето да ти помине многу брзо и знае како да те мотивира и на најтешките вежби. Видеово е супер испланирано, ги таргетира сите можни стомачни мускули, има и кардио и вежби за затегнување, ама со сопствена тежина, не ви требаат никакви тегови, ластици или други додатоци. Толку многу се испотив, што стандард почнав да се лизгам на подметачот, па се префрлив на тепих. И сега лактите ми се лом Ама супер се осеќам, многу убаво се раздвижив, пулсот цело време ми беше над 130, што е одлично Мотивации
Последниве денови како да ја изгубив мотивацијата и некако опаднав со желбата за вежбање. Но, сепак самата себе се терав да смогнам сили и да одам да вежбам. Јасно ми е дека не секогаш сме на 100% мотив и енергија, што е многу нормално и во никој случај не се обвинувам. Сепак, ме израдува што денес, за разлика од претходно, се разбудив добро одморена и со желба за вежбање. Па ќе видиме како ќе оди понатаму... ... Вчера беше ден за нозе и глутеус, но немав време да шкртнам ред - два. Немаше големи варијации во однос на претходните тренинзи, со исклучок на малото додавање на тежини. Денес беше ден за гради и трицепс. Повторно додадов тежини во однос на претходно и задоволна сум како помина целиот тренинг. После вежбите за загревање правев: Superset 1: - Alternating single arm DB fly - Flat bench DB fly Superset 2: - Wide grip barbell press - Reverse and close grip barbell press Superset 3: - Wide grip tricep press - Tricep pullover Superset 4: - Incline bench DB press - Incline bench close grip press Завршив со вежби за стомачни во 2 серии и 3 серии HIIT кардио.
Вчерашниот одмор многу убаво ми дојде и денес сум полна со енергија. Застанав на ден за кардио: Денес пробав видео од Ивет, инспирирана од @AnaKarenina ; ти благодарам Точно 43 минути кардио, цело време скокање лево-десно уште од почеток на видеото, дури и загревањето е скокање. Мислам дека секоја вежба трае некои 30сек. со 10сек. пауза. Многу ми беше убаво, дефинитивно ми го вежбала пак. Се направив жува вода, ама worth it Штета што во мојот град нема фитнес програми како кардио или кик-бокс или слично, секако би одела. Многу е позабавно да вежбаш во друштво Завршив со 5минути wall sit. Мотивации:
Ден за нозе: Денес повторно ги изморив нозете со кардио, многу чучневи и burpees Вежбите се повторуваат по два пати, за време од 45сек. со 15 сек. пауза. Има загревање и ладење и не се потребни тегови или ластици. Завршив со 5мин. wall sit Денес од сабајле 10км. испешачени и нула мотивација за вежбање за разлика од вчера. Затоа и касно вежбав, завршив нешто пред 7. Но супер помина.