Недела секогаш ми е ден за генералка и јако кардио, па одбрав едно од последните видеа од Ивет Одлично е! Наизменично се менуваат кардио и вежби со тегчиња, пулсот постојано ми беше висок и се направив жи-ва во-да! Нема многу паузи, колку што се сеќавам само на два пати застанаа за вода, ама јас се воздржав да не пијам. Никогаш не можам да се сопрам после голтка-две, а ако се напијам пола шише, после ќе ми биде тешко. Издржав цел саат без вода, ама затоа после цело литро мислам дека испив, да надокнадам, зашто ќе дехидрирав Инаку видеово има вежби за буквално цело тело, ама мислам дека најмногу ми настрадаа рацете, барем сега така се осеќам, утре ќе видиме Трае скоро еден саат, со се растегнувањето на крај. Ептен ви го препорачувам ако сте спремни за добро кардио што ќе ве исцеди до последната капка Мотивации
Денес ден за стомачни: 10 вежби по 45сек. со 15сек. пауза Видеото е поделено на 3 дела, во првиот дел десетина вежби се, вториот дел истите десетина вежби само после секоја 20сек. plank, а во третиот дел истите десетина вежби само што после секоја има 20сек. mountain climbers. Секоја вежба трае по 20сек. и не е толку досадно. Порано многу го обожавав човеков, а видеото секој ден му го вежбав. Сега после незнам колку време реков ајде да го пробам пак и се разочарав. Повеќе кардио отколку стомачни. Завршив со 5мин. wall sit и ладење
Пак јас , денес: Видеото има 4 групи, секоја група по 3 вежби кои се повторуваат по два пати. Секоја вежба трае по 40сек. и има 15сек. пауза. Има само загревање. Ми се допадна 10 минути раце од Памела. Секогаш убаво распоредени вежби во кратки, а ефикасни видеа Секоја вежба трае по 30сек., а после секоја четврта вежба има пауза. На крај 5мин. wall sit. Мотивации:
Денес решив да се дружам со HASfit Прво 30 минути вежби со тегчиња. Видеото е поделено на 4 дела, во секој дел има по 2 вежби што се повторуваат 2 пати. Скоро во секоја има тегови, ама има и неколку што се вежбаат со сопствена тежина. Има и загревање и растегнување. После одбрав кардио Не очекував дека толку ќе се испотам и не ми се веруваше кога видов дека пулсот ми рипнал на 180 Во првата половина од видеото има повеќе различни вежби, а во втората половина се повторуваат истите. Не ви треба ништо друго освен еден подметач. И секако - пешкир! Загревање нема, одма почнуваат со рипање, ама јас бев загреана од претходно, така што немав проблем Мотивации
Денес немав многу слободно време, оти цело време бев растрчана наваму - натаму и одбрав HIIT кардио: Видеото трае 28 минути, има загревање и ладење. Во загревањето 4 - 5 вежби се повторуваат по два пати, секоја вежба по 30сек. Не сфатив баш како одеа вежбите, но еве ќе пишам како мислам. Видеото има 2 круга вежби, секој круг по 3 рунди(вежбите се повторуваат по три пати). Секоја рунда има по 4 - 5 вежби(секоја трае по 30сек.) кои се прават сите наеднаш и после послендата 45сек. пауза. Некои вежби од првиот круг се повторуваа и во вториот, но со рипање скокање многу бргу помина времето. Не мислев дека толку ќе се изморам и испотам, а реков ајде нешто лесно ќе вежбам денес. Немав време за wall sit.
Приморана бев да направам пауза од неколку денови. Многу ми недостигаше теретаната и едвај дочекав повторно да и' се вратам. Денес на репертоар беа пекторалните мускули и трицепсот. Ги правев вообичаените вежби на бенч (dumbbell press, dumbbell fly, front press...), потоа правев вежби на сајла со кратка шипка и јажиња (за трицепсот) и уште една кратка серија на кос бенч. Потоа направив две серии вежби за стомачни мускули и завршив со кардио со низок интензитет (брзо одење на трака, со висок успон).
Денес Мислам дека од насловот е јасно за што станува збор Комбинација е од кардио и пилатес вежби со тегчиња. Нозеве ми умреа... Некако многу ме боли цела снага од последниве вежбања, па денес мавнав цела риба, да ги нахранам малку мускулчињата Утре одмор Мотивации
Денес: Се испотив и изморив за сите пари. Секогаш пишувам колку ми се допаѓа видеото, голем На крај 5мин. wall sit
Денес сабајле вежбав,но изумив да пишам: Читајќи ги коментарите мислев дека ќе биде потешко видеото, но мене ми беше баш океј. Вежбите се поделени во групи по две и се прават по табата стил (20сек. со 10сек. пауза) и се повторуваат по два пати. Нема ''екстра'' пауза помеѓу групите и има само една пауза за вода. После ја одбрав Кејси. Видеото го имам пробано порано, но сега не ми се допадна. Повеќе нозете ме болеа отколку стомачните. Последните 3-4 минути убаво ги осетив вежбите. На крај 5мин. wall sit
Денес: Вежби за нозе и задник со низок интензитет, некои вежби се повторуваат по 3 пати (3-4 вежби), а сите други по еднаш. На крај 5мин. wall sit Денес се чувствував како најголемата мрза на светот и не ми се вежбаше ништо, но морав да се размрдам оти ќе смрзнев дома, цело утро со ќебе шетав
Од серијалот "Испуштање душа во теретана со SwanMay" денес издвојуваме: Leg day ~ Best day! Би можела да го повторам истото што го напишала @GoodGirl45 во нејзиниот денешен пост - воопшто не ми се вежбаше. Воопшто! Ама се сетив дека е ден за нозе и решив да се размрдам. Дефинитивно не погрешив. Сега сум полна со енергија и спремна да се соочам со денов. Не работев по дадена програма, туку сама комбинирав вежби, за да таргетирам различни делови од нозете. Направив hip thrusts, со цел да ги "разбудам" глутеусот и задната ложа. Потоа вежбав на hip abductor машината, па направив три серии leg extensions и leg curl. Следеше пресата за нозе и на крај hip pull through на сајла. Неизоставни беа и вежбите за стомачни, овој пат во една серија, со додадена тежина и хиперекстензии на бенч. Се' уште не сум пробала да правам стомачни на кос бенч, но предизвик ми е и мислам дека сум подготвена за тој чекор. Можеби ќе пробам следната недела, чисто да видам дали и колку можам да направам.
Денес се решив за едно табата видео од Трејси Видеото е поделено во повеќе сетови, а секој од нив има по 2 вежби што се повторуваат 4 пати. После два сета вежби со тегови, има по еден сет кардио. Ми се допадна, стомачните и мускулите на рацете ми вриштат, башка пријатно ме изненади тоа што има кардио, а не очекував Некако уште осеќам болки во нозете од последните вежбања, па затоа решив да ги одморам денес, макар што ги активирав со кардиото. Видеово брзо ми помина, со оглед на тоа колку трае, единствено последниот сет ми се виде долг и напорен, пошто 1 вежба се повторува 8 пати. Мотивации
Денес испробав кардио кик-бокс видео на Ивет Се изненадив од тоа колку ''лесни'' потези можат да направат да се испотиш. Така како што го гледав видеото не ми се виде тешко, ама последните 10 минути едвај чекав да поминат Има само една пазуа за вода, незнам како издржав ниту една голтка да не се напијам полсе тоа, ама затоа на крај цело кило испив. Одлично видео
Денес кардио Се решив конечно да го извежбам видеово, не знам веќе колку долго време ми се појавува на home page на YouTube, ми досади да го гледам Добро е, има различни вежби во табата стил. На моменти ми беше напорно, па ги правев полесните варијанти од вежбите. Мотивации
Одлично започната недела со интензивен тренинг за нозе. Повторно настојував да таргетирам различни делови, но најмногу се задржав на задникот. Започнав со вежбички за активација со ластици, па продолжив со hip thrust. Веќе на два наврати по ред ја изведувам на smith машината и ми се допаѓа што оди многу побрзо, без непотребно губење на време. Таа вежба ми е дефинитивно најомилена и со неа најмногу почнувам да чувствувам напумпување во глутеусот. До пред извесно време воопшто не го сакав пумпањето на мускулите, посебно кога ќе видев дека нозете, рацете или рамената ми се зголемуваат после тренинг. Но, сега полека почнувам да го прифаќам како составен дел од вежбањето и така знам дека има ефекти целото мачење. Како и да е, малку е проблем кога ќе отидеш во теретана со фармерчиња, а потоа ти е дополнително вежбање да ги облечеш истите. Покрај hip thrusts правев и мртви дигања со еднорачни тегови. Потоа се префрлив на hip abductor машината, па на пресата за нозе. На крај направив вежби на сајла и уште една серија со ластици. Завршив со вежби за стомачни и за истегнување. Мотивации
Примате повратници?! септемериов не одеше по план со вежби, наjмногу оти колентата и стапалата болеа ужасно веке. Сеуште не се минати,али, оваа болка ми е пис оф кеjк. Утрински..се вракам у ранобудните и вежби со тегови стоечки за раце,грб, половина нозe (уште иминja немам поима оти, некои ги правам само оти осекам ми се затега грб,половина итн)..и мрзливо-лежечки. Цело тело. Нема веке кардио и jumping jacks. Има пеш навечер.
Добредојде назад, @zhap4e и здраво на сите! Денес беше double whammy ден за грб и бицепс. Малку интензивирав со тежини, но внимавав да не претерам со бројот на серии. Во глобала помина одлично, со оглед на тоа што не го вежбав грбот скоро 2 недели, како резултат на здобиена повреда. За да спречам тоа да се повтори, посветив малку повеќе време на загревање. Потоа комбинирав вежби на справи за грб и на сајли. Направив и 3 серии на lat машината, како и вежби со еднорачни тегови за грб и бицепс. На крај, направив хиперекстензии на бенч и 2 серии вежби за стомачни мускули со додадена тежина. Мотивации
Денес немав поим што да вежбам, па ги одбрав трите последни фитнес видеа што ми се најдоа во subscription box Ова е комбинација од пилатес и кардио вежби. Наизменично се менуваат, воглавно не се повторуваат вежбите, освен неколку кардио. Не ви требаат тегчиња, се вежба со сопствена тежина, почнувајќи од стомачните, па нозете и задникот. Не е лошо, само што не трае 30 минути После тоа сакав да извежбам раце, бидејќи со претходното видео не ги активирав многу. Затоа со ова ги измачив ептен Веројатно зависи и со колкави тегови вежбаш, ама во секој случај ми дојде тешко на рачичкиве. Има некои повторувања, ама не е досадно За крај кардио со Кејси, ама од она кардио кај што не вознемируваш комшии Мотивации
Повторно вежбав горен дел денес. Додека вчера беше ден за грб и бицепс, денес одев контра, па вежбав пекторални мускули и трицепс. После вообичаеното загревање правев вежби за гради на рамен и кос бенч (со шипка и со еднорачни тегови), вежби за трицепс на сајли и на крај 2 серии за стомачните мускули. Завршив со 15 минути на Орбитрек и 10 минути брзо одење на трака, со висок успон. Мотивации:
Денес Видеово е поделено на три дела, во секој од нив има по 6 вежби - 3 кардио, 3 со тегчиња. И сите се повторуваат 2 пати. Мене Натали ми е една од омилените инструкторки, секогаш со мерак вежбам со неа, а денес како што не бев расположена за вежбање, баш убаво ме размрда Не знам дали ми влијае променава на времето, ама последниве неколку дена осеќам поголема потреба од спиење, иако нормално функционирам со 5-6 часа сон. Некако не се осеќав енергично денес, ама волјата ми беше поголема и мило ми е што се издигав од кревет, затоа што сега се осеќам мноооогу подобро Мотивации