1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Денес:

    Видео на PopSugar од пред месец дена. Вежби се повторуваат по два пати во две рунди. Секоја рунда има по 6 - 7 вежби кои се повторуваат за одреден број пати. Нозете најмногу ги изморив, ми се чини со сите вежби нозете ги работев. Без burpees и jump squats не поминав. :rofl:

    Потоа, 10 минутно видео на Памела, кое за чудо го поминав без пауза :nod:
    Секоја вежба трае по 30сек. и има две паузи од по 20сек.
    На крај малку се истегнав и издржав 6мин. wall sit без пауза


    26 9 a.jpg 26 9 b.jpg 26 9 c.jpg
     
    На SV1911, Purplelilac, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Хееј ви се придружив со фитнес пред две недели ама не ми е текнало да пишам овде. Денес започнав со кардио на трака, па продолжив со нози и задник на уште 5 справи, целосен тренинг 55 мин. Сега се мислам утре раци и гради да комбинирам, некој ако има подобра идеа? Поздравчее мотивација сте ми
     
    На Purplelilac и SwanMay им се допаѓа ова.
  3. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Здраво и добрo ни' дојде! :) Супер ти е идејата за да вежбаш гради и раце после долен дел. Моја препорака би ти била вежбите за гради да ги искомбинираш со вежби за трицепс и плус да додадеш кардио.
    Од друга страна, кога вежбаш нозе одбегнувај да правиш било каков вид на кардио вежби, зошто веќе има доволно оптеретување на мускулите.
    Можеш да си практикуваш push pull legs програма. Push е ден кога правиш вежби каде што буткаш тежина (гради и трицепс). Pull е ден каде што повлекуваш тежина кон себе (грб и бицепс). Legs е кога вежбаш само нозе. Јас практикувам и еден ден за рамо. На крајот на краиштата, твое е како ќе си ги искомбинираш деновите. :)

    ...

    Да шкртнам на кратко на темата. Денес ми е ден за одмор. Го чувствувам целиот горен дел како боли, посебно грбот од Вторникот. Почна да ме загрижува што нозете веќе извесен период не сум почувствувала да ме болат. :drunk: Репер дека утре треба да се интензивира малку повеќе. :D
     
    На martin01 и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  4. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Ти благодараам, добренајдов :D За денес одлучив малку зумба зашто овде имаш пакет од теретана и секоја вечер различен вид зумба аеробик... Ама за утре ќе остане твојата препорака :hai:

    Лесен и успешен фитнес ден на ситее :*
     
    На GoodGirl45 и SwanMay им се допаѓа ова.
  5. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Вежбав и јас утрово, но сега најдов време да пишам:

    Горен дел и стомачни со Кели и Дениел. Не користев тежини, но пробував да ги правам вежбите без модификации, колку можев. Има 4 групи од по 3 вежби кои траат по 45сек. и 15сек. пауза и се повторуваат по два пати. Тежините можат да се користат, има објаснување како. Нема загревање, па треба сами да направите, но има ладење.
    Потоа наравив 2 x 15 скелкови од колено и 5 мин. wall sit.

    27 9 a.jpg 27 9 b.jpg 27 9 c.jpg
     
    На SV1911, Ladu in pink, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Ден за нозе и мотивација на најјако! :rock: Си ветив дека ќе интензивирам денеска и тоа го направив. Повеќето од вежбите ги правев на справи, но работев и со еднорачни тегови, а притоа скоро на сите вежби ставав дополнителна тежина.

    Прво, како и секогаш, сесијата ја започнав со омилените hip thrusts, но овој пат на бенч со шипка, затоа што ми дозволува да ставам повеќе тежина. Успеав да кренам 10кг повеќе во однос на претходно. Me happy! ^_^ Ќе прославам подоцна со една домашна вафла и топло какао за ужина. :D :muscle:

    Потоа продолжив со мртви дигања со два еднорачни тегови, па преминав на hip abductor машината. Ми се допаѓа како колковите добиваат убав, заоблен изглед благодарение на оваа справа и не ја прескокнувам никогаш во последно време.

    Следеа по три серии на пресата за нозе и справата за екстензии, за малку да ги размрдам и квадрицепсите и на крај завршив со влечења на сајла.

    ...

    Прекрасно се чувствувам. Запознавам нови квалитетни луѓе, со слични интереси и цели како моите. Взаемно се бодриме, советуваме и поддржуваме. Убаво е да размениш макар еден убав збор и денот да ти стане уште подобар. :sun:

    Мотивации:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, AnaKarenina и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  7. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Денес табата видео со PopSugar :smirk:

    Бидејќи е табата, секоја вежба се прави за време од 20сек. со 10сек. пауза и истото се повторува осум пати. Доаѓа дека секоја вежба трае по околу четири минути. Првиот пат кога се прават се полесни верзии, а потоа се потешко и потешко за на крај да се мислиш уште колку ќе те издржат нозете :rofl: Вежбите се комбинираат така што прво има рипање скокање во воздух, а потоа следната вежба е на подметач. Има загревање и ладење и супер атмосфера и мотивација :rock:
    Некои вежби ги правев модификации оти стварно не можев да издржам :sweat:


    28 9 a.jpg 28 9 b.jpg
     
    На SV1911, Purplelilac, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Неделно со Ивет :)


    Потење до даска... 30 секунди вежба, 10 секунди паузирање, макар што некако паузата не ја осетив, пошто почнував со следната вежба уште кога Ивет ја покажуваше. Рацете премногу ги изморив, затоа што има најразлични варијации на burpees, planks, push ups, а после и тегови... Леле мори мајко :sweat: Втората половина најмногу ја осетив на нозете.
    Мислам дека ми помогна да издржам тоа што на два пати направив кратка пауза да се јавам на телефон, па некако земав здив, иако не можев ни да зборам ко што треба :D А може и ради тоа видеово ми се виде како многу долго, макар што трае повеќе од саат време, па оправдано ми делуваше како да е цела вечност :lol:

    Инаку, приметив дека кога пијам вода во текот на вежбањето ми е многу полесно, како да не сум заморена толку. Единствено ми е проблем да се воздржам од тоа да испијам цело литро, туку да останам само на две три голтки. Во овој еден саат се напив само една шолја од 250ml, што ми беше доволно да се одржам во живот, а да не ми кљумка стомакот :D

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, Purplelilac, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Понеделнички започнав со една од омилените групи на мускули - рамото. Сакав да вежбам нозе, но се' уште ме болат после пешачењето на Водно во Саботата, па одлучив да ги поштедам до утре. :lol:

    Сесијата, како и секогаш, ја започнав со вежби за загревање и активациски вежби (движења горе - долу со широк фат на шипка и стоечки Steering Wheels со плоча).

    Продолжив со повлекувања во страна на сајла (single arm bent over rear delt pull) и face pulls, исто на сајла.
    Следеа вежби со еднорачни тегови (Shoulder press и Shoulder press with elbows to the front).
    Следниот сет се состоеше од подигнувања нанапред и Around the worlds. Кај вторите морав да намалам на тежина, затоа што мускулите веќе ми гореа. Но затоа, на крај успеав да направам 3 серии странични подигнувања, во вид на myo reps, со последните атоми енергија. :whew: (highfive)

    Направив кратка пауза, па продолжив со кардио. Денес го дружев само Орбитрекот и гледав повеќе да го активирам горниот дел од телото при вртењата. Се' на се' 20 минути кардио - доволно да се убрза ритамот на срцето. Утре планот е да се вежбаат нозе, ако се' оди како што треба. (fingers) ^_^

    Мотивации:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, Purplelilac, GoodGirl45 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai: long time no see
    Денес отидов да трчам, рутата ми е 6.8км и толку и истрчав со неколку мали паузи :!: Половина пат е угорнина, а половина е долнина. Ми се погоди времето денес, а и убаво се испотив. Кога стигнав дома направив и 5мин. wall sit и се чувствував нешто како ова : :bug: :D:D:D

    Едит; Samsung Health покажува 410 изгубени калории :rock: (незнам дали е точно)

    Мотивација:
    1 10 a.jpg 1 10 c.jpg 1 10b.jpg
     
    На SV1911, Purplelilac, Ladu in pink и 3 други им се допаѓа ова.
  11. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Чувството кога одиш во теретана и нема никој, па можеш да бираш каде ќе вежбаш. Непроценливо. :D

    [​IMG]

    Интензивен тренинг за нозе денес и ендорфин на максимум! :sun:

    Не правев некои големи измени во типот на вежби, но додадов малку повеќе тежина. Се обидов да се тестирам и да кренам колку можам повеќе, но затоа го намалив бројот на вежби и повторувањата во серија. Во глобала, задоволна сум и ќе го практикувам ова од време на време, за да видам до каде сум со формата.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, AnaKarenina, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai: Денес:
    - 10 - 15мин. пред да вежбам испешачив околу 4км и комбинирав со бавно џогирање.
    Потоа, ова:

    Видеото е составено од 3 групи вежби за стомачни и две групи кик-бокс вежби. Секоја вежба трае по 45сек. со 15сек. пауза. Втората група вежби за стомачни се повеќе планк-ови. Мислам дека околу 5 - 6 вежби има во секоја група за стомачни, а во тие за кик-бокс има повеќе.Вежбите не се повторуваат, има загревање и ладење.
    На крај 5 мин. wall sit (утре нозете ќе врескаат)

    Денес плус-минус ако е точна апликацијава сум успеала да направам 17 000 чекори :wasntme: Браво за мене :makeup:

    2 10 a.jpg 2 10 b.jpg
     
    На SV1911, Purplelilac, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Дојде на ред и денот посветен на грбот и бицепсот. Започнав со убаво загревање на целото тело, па продолжив со комплексни вежби за грб - на лат машина и со сајли. Следеа изолациски вежби за грб и бицепс со еднорачни тегови и на крај две серии вежби за стомачни мускули.
    Завршив со убава комбинација на Орбитрек и брзо одење на трака со висок успон.
    ...

    Ме загрижува што при вежбањето почувствував некоја поголема нелагодност во долниот дел од грбот. Најверојатно го имам сецнато вчера додека правев kickbacks на сајли, што не е прв пат, колку и да внимавам. :worried: :( Увидувам дека тој дел од грбот ми е најслаба точка и ќе морам некако да го зајакнам, само не знам кои вежби се најдобри. :?: Во секој случај, нема да дозволам да ме спречи понатаму да вежбам... (fingers)

    Дневна доза мотивација:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, Purplelilac, martin01 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Денес кардио со Фитнес Блендер:

    Видеото се состои од кардио интервали кои траат по 45сек. со 15сек. пауза. Секоја вежба се повторува по два пати во AВAВ формат, односно две вежби се прават и потоа и двете се повторуваат; тоа се брои како една група. Не знам колку се точно, мислам дека околу 7. Има загревање и ладење.
    Завршив со 5мин. wall sit

    Мислев дека нема да се испотам толку многу, но со оглед на тоа дека секоја втора вежба е варијанта на jumping jacks убаво се загреав (fingers)

    3 10 a.jpg 3 10 b.jpg
     
    На SV1911, Purplelilac, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Помина и последниот планиран тежински тренинг за неделава. На репертоар: пекторалните мускули и трицепсот. Многу внимавав на долниот дел од грбот, со оглед на тоа што се' уште чувствувам болка. Направив убаво загревање на телото и го тргнав егото на страна, па работев со помали тежини. За свое добро, секако. :D
    ...
    Тренингот беше релативно краток, при што наместо во суперсетови вежбите ги изведував една по една. Секоја во 3 серии од по 10 повторувања.

    Започнав на рамен бенч, најпрвин со Alternating dumbbell fly, па веднаш потоа вообичаената вежба DB Fly.

    Повторно на рамна даска, вежбав со шипка со широк фат (Barbell press) и со обратен фат во ширина на рамената (Close grip barbell press).

    Потоа се префрлив на сајла, за да посветам малку повеќе внимание на трицепсот. Направив по 3 сеерии Pulldowns и Pullovers.

    И на крај, следеа DB Press и Close grip press, на кос бенч.

    Неизбежни беа и стомачните мускули - повторно во 2 серии и кардио - овој пат само Орбитрек.
    ...
    Периодов сум постојано во некои болки од здобиени повреди и како да се надоврзуваат една на друга... Потребна ми е многу голема мотивација да појдам до теретана и да вежбам. Понекогаш се плашам дека ќе се откажам и ќе баталам се', дека досегашниот труд и резултати ќе бидат залудни. :fubar: Но знам дека е ова само еден кризен период и ќе помине. Се надевам наскоро. :doh:

    Мотивации:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, martin01, Ladu in pink и 3 други им се допаѓа ова.
  16. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Во последно време воопшто не ми се вежба дома, ми здосадија видеата и пробувам што повеќе физичка активност да вметнувам:?:
    Денес времето не беше толку ладно и отидов да трчам. Со слушалки не ни осетив кога поминаа тие 45мин. додека трчав. Стандард 6.8км. и 5мин(+-20сек) wall sit.

    fitness-inspiration-that-post-workout-feeling-www-gymaholic-co-fit-fitness-fitblr-fitspo-motiva.jpg fitness-inspiration-gymaholic-motivation-best-fitness-motivation-site.jpg
     
    На Veki4kaa, SV1911, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Јас решив да си вежбам самата, со свои вежби како за почеток за правење мускули. Успеав да намалам со килажата веќе една година работев на тоа, ама почетокот не бев толку загреана и брзо се откажував, ама после тоа се решив да сум озбилна околу слабеењето и се хранев поздраво, консумирав разни диетални производи, житарки, овесни снегулки, па диети правев, па претежно само здрава храна јадев и со вежби од нет и од апликација на мобилен за вежби и све тоа ми беше за слабеење. Значи планот ми беше најпрво да ослабам а потоа да се фокусирам на мускулите, стомачни, нозете, задникот. Преферирам повеќе дома вежбање отколку во теретана и си вежбам постепено. Почнувам со полесни тегови и помалку број на склекови, стомачни и потоа ќе продолжам со потешки. Имам тегови од 1кг-5кг.
    Само ми требаат некои совети во врска со тоа дека сум почетник и некој да ми објасни дали има неправилни работи во мојот план за вежби?
     
    На Purplelilac и SwanMay им се допаѓа ова.
  18. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Неправилности во поглед на вежбањето секако дека нема! Ја поздравувам твојата желба и мотивираност. Штом ти е проблем вежбањето во теретана, тогаш вежбај си дома и не се откажувај.
    Само внимавај на јадењето, во смисол да не кратиш на калории. Мора да се јаде ако сакаш да слабееш. Со гладување не правиш ништо. Едноставно, внимавај што и колку јадеш, инсистирај тоа да бидат цели зрна од житарици, здрави масти и мноштво од протеини од билно и животинско потекло.
    Телото ќе ти биде благодарно и со време ќе покаже резултати. Нека не те демотивира ако резултатите се бавни. Некогаш на организмот му треба повеќе време да се "разбуди", но тоа неминовно ќе се случи.

    Ти посакувам успех! :)
     
    На theowndemon, GoodGirl45 и Purplelilac им се допаѓа ова.
  19. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Денес:

    Видеото е со висок интензитет и уште одма почуваш да скокаш лево-десно, нема ни малце одмор. Вежбите се поделени во интервали и во еден интервал има 2 -3 вежби(зависи ако едната вежба треба да се прави на лаве, па на десна страна или обратно), и се повторуваат два пати. Не пишува некаде на екран по колку траат, мислам околу 40сек. Има загревање и ладење.

    Потоа, ова. Мислев само до пола да го правам, но стиснав заби и продолжив. 10 вежби по 30сек. кои се повторуваат два пати со 15сек. пауза помеѓу првиот и вториот сет. Има многу планкови.
    На крај 5мин. wall sit.

    7 10 a.jpg 7 10 b.jpg
     
    На SV1911, Purplelilac, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Понеделничка сесија за нозе и чувството ***HOT * FIRE * FLAMES*** на најјако. :D Ми требаше денешниот тренинг, да се размрдам после три дена пауза.

    Започнав, како и секогаш, со убаво загревање на целото тело, со посебен акцент на лумбалниот дел и нозете. Направив по неколку повторувања загревање со ластици и преминав на омилените - hip thrusts. Имајќи во предвид дека ги немав правено добри 5-6 денови, се осмелив да работам со поголема тежина, но првата серија беше загревачка, со мала тежина.
    На ред беа чучњевите, кои ги правев малку подигната од подот, со помош на еднорачен тег. Следеа мртвите дигања и сумо чучњеви.
    На крај, направив странични исчекори (lunges), со еднорачен тег и burnout во форма на crab walk, со гумен ластик.

    По делот за нозете, направив серија вежби за стомачни, со малку додадена тежина и тоа беше се' за денес.

    Мотивации:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, martin01, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.