Експресно брз тренинг за рамо. Започнав со загревање на целото тело, а посебно на горниот дел. Потоа работев претежно со еднорачни тегови. Најпрво правев Shoulder press и уште една партија Shoulder press, но овој пат со лактите свртени нанапред. Продолжив на сајли, па направив Single arm rear delt pulls и Face pulls. Следеа подигнувања нанапред и Around the worlds и завршив со burnout во вид на странични подигнувања. Немав многу сили да правам вежби за стомачни, па направив само 2-3 вежбички. Чисто симболично. Мотивација:
Здраво! Пак јас... Поврзав три дена по ред, затоа што утре нема да имам можност за вежбање (освен договорената прошетка до езеро ). Денес на ред - pull day - грб и бицепс. По направеното загревање на телото започнав со најкомплексните вежби, на справи и сајли. Внимавав на тежините кои ги ставав, за да не се повредам повторно. - Така, прво работев на лат машината, со широт и фат во широчина на рамената. - Продолжив со веслања и со еднорачни повлекувања на сајла. - Покрај тоа, правев вежби и со еднорачни тегови (Bent over rows и Bent over fly). - На крај завршив со Arnold и Lateral bicep curls. При самиот крај додадов две серии вежби за стомачни и брзо одење на трака со висок успон. ... СДК - Месецов славам еден мал триумф. Првата годишнина како редовно вежбам во теретана. Кога ќе се навратам на само една година наназад, сфаќам колку нешта се промениле... Тогаш го мразев мирисот на теретаната и звукот на железото. Тој тип на вежбање ми беше тотална непознаница и бев збунета и исплашена од самиот процес. Целите ми беа јасни, но не знаев како до нив... Сепак, со голема помош од неизмерно драга личност, го надминав стравот, научив многу нови нешта, а пред се' научив да го "слушам" телото и да бидам упорна. Почнав да учам нови вежби, да правам сама свои програми и да уживам во процесот. После една година, се чувствувам комплетно променето и препородено. Самодовербата ми се крена на повисоко ниво, научив да се сакам самата себе, да прифатам дека има и ќе има лоши денови, но дека и тоа е ОК. По само 12 месеци, страста кон вежбањето е пробудена и несомнено ќе постои и во годините кои следат. Мотивации:
После три дена пауза, денес удрив на кардио Видеото е поделено на 3 дела. Секој дел има два суперсета кои се повторуваат по четири пати. Секоја вежба трае по 30сек., а пауза од 15сек. има после секои 2 вежби, пауза од 60сек. има после завршување на секој дел. Нема загревање. Мене првиот дел ми беше најтежок, а последниот најлесен. Отсекогаш jumping lunges, ми биле потешки, правев колку можев. Следно, ова. Видеото има 4 вежби кои се прават по 60сек, па секое наредно повторување се намалува за 10сек, за на крај да бидат само 10сек. Пауза има кога ќе се повторат сите 4 вежби. Ух, ама ги изморив нозете. Има само загревање. Потоа сакав да го пробам ова(видов дека е кратко). И тука исто има 4 вежби, кои траат по 40сек. и нема пауза. Вежбите се повторуваат по два пати. Видеото е ептен кратко и откако ги прочитав коментарите морав да го пробам. На крај 5мин. wall sit и растегнување.
Денес Едно од ретките видеа од HASfit каде што воопшто нема повторувања на вежбите Затоа еден гооолем thumbs up од мене Супер видео, ако некогаш сте вежбале со ова дуо, тогаш знаете што да очекувате Во скоро секоја вежба има едно или две тегчиња, а во видеото има и загревање и растегнување. Мотивации
Јас се изгубив малку од темава, ам продолжив да вежбам. Имам многи работа и немам време да пишувам. Една недела поради обврски стагнирав со вежбање и после тоа осетив нагла разлика, ослабната сум во обем 2 см плус сите кои ме видоа ми рекоа дека изгледам некако потенко, многу ме израдува тоа и ми даде уште поголема мотивација, веќе си имам ред и си го следам. Исто успеав да влезам во фармерки кои не можев ни да ги закопчам. Сепак вагата дава ист килажа ама ако јас вака си се приметувам. Не е ногу ама доволно е. Вчера вежбав грб и бицепс со тегови и на справи, качив на тежина по 5 кг на справите и оние тегчињата ги зголемив за 1кг, чувствувам дека можам. Денес ставам слик од мене за мотивација дека за многу краток период веќе има резултати, мали ама значајни.
Здраво женски, може не пишувам во правилна тема поправете ме не сум вежбала 4 години, од наредна недела се запишав на аеробик 3 часа неделно. Вегетаријанец бев 4 години сега јадам месо ама не сум многу голем фан до ручек јадам овошје и батки, ручам разни манџи со многу салата. Сакам да ми дадете совет како да се хранам додека вежбам, до сега немам чуено протеини. Целта ми е да симнам 4 5 кг и да се затегнам. Тренингот би ми бил окулу 18-19h
Петочно вежбање со Трејси Уште кога го видов видеово знаев дека ќе ми се допадне, особено за вакви денови кога сакам вежби со тегчиња, без кардио. Одличнo е за цело тело, богами ме испоти, иако вежбите претежно се смирени, за убаво горење на мускулите Нема воопшто кардио, со исклучок на моите најомразени burpees Единствена мана на видеово е тоа што вежбите се повторуваат по три пати, па малку досадува, ама брзо ми помина. Мотивации
Да шкртнам неколку редчиња за денес. Беше брз тренинг за нозе, по дадена програма од Krissy Cela. Изгледот на девојката ми е ultimate body goal и мотив плус да запнам и да не забушавам. По вообичаените вежби за загревање и активација на долниот дел од телото, направив 4 серии hip thrusts. Потоа следеа мтрвите дигања и Bulgarian split squats. Наместо Cable abductions, ја изведував вежбата на Hip Abductor машината. На крај следеа Single legged glute bridges. Мотивации:
Денес: 45-Minute Full-Body Toning/Jake DuPree Видеото е одлично, многу ми се допадна, Вежбав со импровизирани тегови од 1,5кг и утре нема да ги осеќам рацете. Има загревање и ладење и неколку кратки паузи помеѓу, нема многу кардио.Најмногу ги изморив нозете и рацете. На крај успеав да направам и 5мин. wall sit. Пред видеото направив и кратко загревање, чисто да се загреам, бидејќи напорно ми доаѓа со jumping jacks и jumping squats да започнам. Овие денови забушавам со вежбање, обврските си го прават своето, иако тие не треба да бидат причина за неактивност
Денес HIIT и стомачни: Кардиото е на почеток, па скоро и не го осетив. Има 5 вежби кои се повторуваат два пати. Секоја трае по 20сек. со 10сек. пауза. Потоа има 15 вежби за стомачни кои не се повторуваат и секоја трае по 50сек. и 10сек. пауза. Убаво ги осетив стомачните, ми се допадна. Има загревање и ладење. На крај 5мин. wall sit
Неделно се знае - јако кардио! Ивет и кажано е сè - многу рипање, скокање и мнооогу потење! Не можам ни да го опишам видеово, не знам дали имаше сетови, по колку вежби имаше во еден сет, дали се повторуваа или не... Сè што знам е дека преку саат време бревтав како коњ и се џапав на сите страни Мала ми е собава за вежбите на Ивет, ќе искршам нешто некој ден... До кај 57 минута е чисто кардио, а после има вежби за задник. Мотивација мене искрено ми е кога гледам колку телово ми е способно да издржи, особено кога вака си правам ретроспектива, се сеќавам дека мускулите ми беа далеку послаби, па не ни замислував дека ќе можам да ги правам сите овие вежби. Сега голем дел од нив ги правам без никаков проблем, а телото ми е многу поцврсто и поиздржливо. Поголема мотивација од тоа нема Ама еве нешто бонус
Ден за гради и трицепс, со додадено кардио и вежби за стомачни. Со мали варијации во изборот на тежината, ги правев горе - долу истите вежби (на рамен и кос бенч, на сајли и со еднорачни тегови). Стартував експлозивно, со максимум енергија, но веќе при крајот имав големи маки да го постинам саканиот број на повторувања. Како и да е, задоволна сум како пројде денешниот тренинг. Од оваа недела одлучив повторно да се активирам повеќе и да правам по 5 тренинзи неделно. Така ќе можам да и' се посветам на секоја група во посебен ден, притоа правејќи по два тренинзи за нозе неделно. Целта ми е да добијам уште малку повеќе на дефиниција и да покачам на мускулна маса. Ама не многу. Утре на ред за вежбање ми се нозете, па со нетрпение го чекам и планирам тренингот. Мотивација:
Понеделниците обично секогаш ми се резервирани за одмор, ама денес бев во убаво расположение за вежбање, а најновото видео на PopSugar дојде како порачано Ептен ми се допадна! Супер пилатес вежби за убаво горење на сииите мускули. Дефинитивно најмногу ги изморив нозете, па се растегнував дополнително за утре да можам да одам по скали Има сосема малку кардио после првите 30 минути, ама не е ништо too crazy, макар што пулсот ми држеше солидно темпо околу 130 Мотивации
Помина и планираниот тренинг за нозе. Одлучив овој пат да не ставам акцент само на задникот и задната ложа (за тоа ќе биде наменет следниот тренинг, подоцна оваа недела), туку убаво да ги извежбам целите нозе. Па така, по направеното загревање на телото направив 5 серии hip thrusts, со за нијанса поголема тежина во однос на претходно. Потоа следеше суперсет од мртви дигања и чучњеви со шипка. Наредно за вежбање беше hip abduction и на крај направив по три серии leg extension и leg curl. Сесијата ја завршив со две серии вежби за стомачни мускули. Мислам дека тука ќе треба да правам измени и да зголемам на интензитет, но ќе мора паметно да го менаџирам времето. Мотивации:
Јас претходната недела вежбав кратко и после то добив менс, и од вчера посериозно. Вчера на справи, денес кардио. Вчера гледав поќе од обично да клам тежина и некако успеав, кардио издржав жални 26 минути. Ќе ми треба една недела убо да влезам во рутина, така да засега - успех! Ќе пишам кога ми треба мотивација оти вежбите ми се репетитивни, иако на кардио ден ми треба најчесто мотивација. Не е можно колку мразам кардио. Мотивација:
Среда - совршен ден за тренинг на рамо. Не беше сесија што многу ќе ме испоти, но затоа доста болеше. Едноставно, сакав да видам до каде ми се можностите, па направив малку повеќе вежби од вообичаено. Друга разлика во денешниот тренинг беше тоа што изолациските вежби ги правев седната на бенч, наместо стоејќи, за поубаво да ги таргетирам мускулите на рамото. Програмата ми се состоеше од овие вежби: - lateral DB raises - front DB raises - around the worlds - bent over cable rear delt pulls - shoulder press - rope pulls. Завршив со две серии вежби за стомачни, но овој пат правев вежби со поголем импакт на мускулите. Мотивации:
Јас врска немам шо вежбам, ама битно вежбав. Ова програма сум ја вежбала и порано, па и сега, имам пет справи и си вртам круг, за секој дел од тело ми е со минимални паузи. Претходно стварно успешно се покажа, се надевам и овај пат. Три пати неделно ова, три пати неделно кардио, наизменично. Постепено пробвам да си кревам поќе тежина, пример круг- два, па постепено да можам цело време со потешко да вежбам. Денес не се препотив ама онака секој дел од телото го осеќав. Денес сум мотивирана, ова за утрешното кардио ми е:
Да шкртнам и јас денес што успеав да вежбам после школо: Одбрав кардио кик-бокс и стомачни. Кога не знам што да вежбам, а сакам да се изморам одбирам кик-бокс. Видеото е поделено на две групи кик-бокс вежби кои прво се прават два пати пополека, а потоа 10 пати брзо. Помеѓу двете групи кик-бокс има серија стомачни со околу 7-8 вежби кои не се повторуваат, јас не ни ги осетив. Има загревање и ладење. Најмногу ги изморив рацете. На крај со тегчиња од по 1.5кг направив некои вежби за раце, 6 минути ми фатија и 5мин. wall sit. Мотивација:
Денес исто како некни, само круг плус и многу поуморна од обично. Ама самото вежбање ми е мотивација, а во последно и вагата.
Нов ден, нов тренинг. Вчера вежбав нозе, но немав време да пишам што и како. Денес на ред беа грбот и бицепсот. Почнав со комплексните вежби на справи, па потоа преминав на вежби со сајли и на крај со еднорачни тегови. Направив и две серии вежби за стомачни и склекови. Кардиото се состоеше од брзо одење на трака со висок успон. Мотивации: