Јас вчера како што бев депримирана и тажна, се растурив во теретаната. Вежбав задник и нозе. Не правам многу серии ама различни вежби практикувам затоа што така ми е поинтересно. Најпрво почнав со убаво истегнување и загревање, продолжив со вежби за нозе со тежина на зглоб, неколку различни верзии по 2х15. Продолжив на справите има 5 справи за нозе во теретаната и обично ги минувам сите. Стомачни секогаш правам измеѓу вежби и на крај, хит ми е на шипката со кревање нози и на пилатес топка со кревање на горен дел само малку, како пулсирање, многу ефективни ми се овие и ептен ме исцрпуваат. Вчера беше и една другарка со мене за прв пат и покажувајќи и ги справите јас испадна од се по малку извежбав, скоро 3 часа бев таму, па малку ми се врати расположението. Проблем ми е што немам деновиве ич аптетит, јадам со зор, знам дека е ради тагава. Нешто овошје ќе апнам и така некои работи безвеза, нитуу ми се готви, ниту ми се јаде. Знам дека не е убаво ама не можам да се натерам. Не можам да се натерам сега и слики за мотивација да барам, ќе ми извинете за тоа. Во нареден пост, ветувам.
Приметувам се поретко и поретко ме има , денес на репертоар: На крај 5мин. wall sit без пауза Видеото е поделено на 7 групи од по 2 вежби кои се повторуваат по 3 пати по 20сек. и 10сек. пауза. Нема пауза помеѓу завршување на секоја група. Се уште не можам да верувам колку ме измори. Така кога го видов реков ха го можам јас ова, ама на половина видео ќе припаднев уште малку, добро што пауза за вода имаше. Воопшто не ми беше досадно, само што тие 10сек. многу бргу поминуваат кога си изморен Уште не можам да сфатам како да ги направам тие Lizard hops, ептен ми се тешки, друго супер, и jumping lunges ги направив некако. Мотивација:
Фантастична сесија за нозе денес! Многу ми годи времето кога не е топло, па можам слободно да правам и поинтензивни тренинзи. Започнав со убаво загревање, особено на долниот дел од телото. Потоа продолжив со активациски вежби со ластици, па преминав на вежбите за нозе. Прва на списокот беше hip thrusts. Кај оваа вежба приметив дека веќе се навикнувам на старата тежина, па додадов повеќе во последните серии. Но увидов дека и со таа нова тежина успевам без проблем да направам 10 повторувања во серија, што значи дека следниот пат ќе треба да се накачи уште малку. Втори беа мртвите дигања, кои ги изведував со помош на еднорачни тегови. По нив правев чучњеви со шипка и потоа преминав на hip abductor машината. Следеше пресата за нозе и на крај завршив со leg curl. По делот за нозе, направив и две серии вежби за стомачни. Мотивација:
Да шкртнам збор - два за денес. Планирав да биде ден за рамо. Но, некако краток ми се виде тренингот, а и се зажелев за теретана вчера, па добив "генијална" идеја да вклучам вежби и за грб. Bad idea. Сега боли целиот горен дел, па ни масажи, ни тегнење, ни топли купки, ни аспирини не помогнаа многу. Ама не жалам, поубаво не сум се чувствувала од не помнам кога. Е сега, како ќе се чувствувам утре и како ќе влијае на планираниот тренинг за нозе, тоа допрва ќе видиме.
Денес ова: Ислкучително ефективни вежби за нозе и задник. Ги правев по истиот редослед како во видеото, секоја во 3 серии од по 10 повторувања. Направив само измена кај вежбата на smith машина. Немајќи можност да ја правам неа, вежбав на пресата за нозе. Но, сеедно, многу ми се допадна денешниот тренинг и ќе настојувам и во иднина да вежбам со Meggan.
Еве ме и мене после дооолго време: + 5мин. wall sit Денес се откажа закажаната проба од играорна(одам два пати неделно веќе 7 години ), поради што решив да удрам на кардио од Ивет. Видеото втор пат го вежбам и не е ништо полесно од минатиот пат Вежбите се со скокање лево-десно, убаво објаснети и позитивна енергија на максимум. Го извежбав цело без пауза и како што смрзнував дома на почетокот, се направив жива вода на крај Мотивации:
Денес: + 5мин. wall sit Пробав едно видео, сега гледам од 2016 било. Воопшто не ми се допадна, не ни знам по што редослед беа вежбите, се некако разбркано ми беше. На три дела е поделено и секој дел има по неколку вежби кои се повторуваат 2 или 3 пати по 30сек. и на крај на секоја вежба се продолжуваат уште 15сек. каде што вежбаш на максимум. На крај има карио и ладење, а на почеток кратко загревање. Нема многу паузи. Вежбав со по 1кг тег на нозете(кои ги носев цело време) и 1.5кг за рацете. Последните минути има многу squats и повторување на вежбите, не препорачувам, иако бев жива вода Нозете и рацете најмногу ги изморив
Направив пауза од неколку дена, што одлично ми дојде за да ми се врати енергијата. Денес вежбав нозе со поголем волумен и задоволна сум од тоа како помина. Програмата беше отприлика вака: - загревање + вежби со ластици за активација на глутеус - hip thrusts - barbell squats - Romanian deadlifts - kettlebell swings - leg press - hip abductor - burner во вид на странични исчекори со ластици - вежби за стомачни - истегнување. Мотивација:
Малце забушавав. Ми спласна мотивацијата месецов, па освен растегнувања ништо друго не вежбав. Неколку повреди беа виновни за ова, не можев да вежбам тоа што сакам и баталив. Зглобот на раката конечно не ме боли, уште ногата која неодамна ја повредив да заздрави и се враќам на старата рутина. Денес за подготвување на мускулите се решив за видеово. Порано ги вежбав вежбиве кога сакав да одморам, ама сега убаво ме испоти. Сум изгубила кондиција.
@SV1911 мило ми е што си тука, ми фалеа твоите постови Денес: + 5мин. wall sit Вежбав уште во 4 ама немав време да пишам. Пробав едно старо видео на Fitness Blender, нозете како шпагети ми ги направи. Видеото е табата стил и поделено на два дела, секоја вежба се прави по 4 пати за време од 20сек. и 10 сек пауза и траат некаде 14мин. , па после уште еднаш се повторуваат. Има само кардио загревање. Тешко ми дојде вториот дел, дека имаше многу squats, ама со музика во позадина брзо помина (може оти пишам после 6+ часа од вежбање и сега лесно ми се гледа )
@GoodGirl45 Вчера читајќи ги мислењата во темата кои ги пропуштив периодов, приметив дека не сум пишала од почетокот на септември. Не е ни чудо тогаш што low impact видео за почетници ме измори толку. Денес решив рано да вежбам, па го почнав денот со јога. Утрово станав целата укочена, па видеово добро ми дојде. Немам желба да вежбам долги јога вежби, па видеово ми се погоди. Трае 15 минути, опфаќа доста разни мускули од целото тело и баш е погодено за тоа кога сакаш сабајле да се истегнеш, а немаш време за нешто повеќе. Умрев, целото тело ми се тресеше кон крајот на првата рунда. За смеење сум, знам. Од втората последните три вежби ги прескокнав и директно на ладење, бидејќи не можев да издржам повеќе, денот тек сега почнува. Видеово е поделено на две рунди, со по 10 вежби некаде во секоја рунда. Вежбите се low impact, траат 50 секунди секоја и има околу 10 секунди пауза помеѓу секоја вежба. Има доста чучњеви, планкови, склекови, вежби за рацете, па иако е со низок интензитет, сепак треба доста кондиција. Гледам дека Ивет сега е ептен популарна на темава, дури мислев да вклучам некое нејзино видео, ама во подобри и посилни времиња.
Моментално ја користам My Net Diary зошто ептен подобра ми дојде, а пред то користев и My Fitness Pal која е исто многу добра. А за дур вежбаш имаш часовници за мерење, фитнес часовници ама немам таков за предлог. Дур сум тука да пишам. Вчера ми беше денот за кружното шо си го терам, овај пат се осеќам како доста ефективно да го поминав. Пробвав најточно шо можи да вежбам, се уморив и онака бев среќна. Денес на друга рака кардио *тешко дишење* Мотивација: Ова е најточно.
@SV1911 , добро ни' дојде назад! Навистина фалеше во темава. Вежбав утрово, но дури сега наоѓам време да пишам. Денес по планот ми беше ден за рамо. Старо - нова програма, со мали варијации во изведувањето на вежбите. Секоја вежба ја правев во 3 серии од по 10 повторувања и со паузи од 1 минута измеѓу. Како и секогаш, се загреав со плочи и склекови, па продолжив на покомплексните вежби (around the worlds и вежби на сајли). Наредни беа изолациските вежби за предно, задно и средно рамо - со еднорачни тегови и плочи, а завршив со една серија за стомачни. На крај направив табата вежби наместо друг вид на кардио. Многу ми се допадна како ми го покачија пулсот и ќе ги уфрлам од време на време на крајот од тренинзите и во иднина. Мотивација:
Помина уште еден тренинг за нозе. Не знам дали е добра одлука, но сакам долниот дел од телото да почнам да го вежбам три пати во неделата. Ако успеам да издржам некој период би било одлично. Чувствувам дека влегувам во една рутина, па затоа сакам да направам мал шок на телото, за поубави резултати. За горниот дел ќе посветувам по два дена неделно, со тоа што ќе ги ротирам групите на мускули. Стомачни секако уфрлам на крајот од секој тренинг. Денес повторно започнав со hip thrusts, па веднаш преминав на чучњеви (на smith машина и со kettlebell). Потоа направив 3 серии leg curl, за задната ложа, па hip abduction на соодветната машина. Завршив со вежби со ластици како burner и една серија вежби за стомачни. На ред е да ги завршам денешните обврски, па да си го земам заслужениот одмор, со некое добро старо филмче од Хичкок. Утре се надевам на добар тренинг за грб и бицепс. Мотивација:
Денес: Започнав со новото видео на Памела кое морав да го пробам. Секоја вежба трае по 30сек. и нема пауза измеѓу, има само една главна пауза на половина од видеото и трае 1минута. Вежбите се повторуваат по два пати. Ми дојде многу убаво. Уште едно ново видео, овој пат за стомачни од Клои. Трае некои 10-12минути и најмногу се таргетираат стомачните мускули и нозете. Секоја вежба трае по 40сек. со 10сек. пауза. Ми се допадна. Пред финалето одбрав видео за рацете и вежбам со тегови од по 1.5кг. Видеото е поделено на 2 дела и 8 вежби се повторуваат по два пати.Секоја вежба трае по една минута. Ако некој ми кажеше колку ќе се изморам со навидум лесниве потези немаше да верувам. Видеото е супер. И за крај 5 минути wall sit
Ден посветен на грб и бицепс. Без многу измени, зошто, во глобала и не знам некои други вежби за грб, па ги правам тие истите. Ќе треба да се потрудам околу тоа и да поднаучам некои нови. Како и да е, удрив на појак интензитет и поголема тежина. Ги чувствувам мускулчињата како ме затегаат во моментов додека пишувам и страшно ми се спие. Знак дека можеби и малку пооптимистички сум пристапила. Започнав со стандардните загревања за целото тело и вежби за активација на грбот со плочи. Потоа преминав на lat машината и направив вообичаени повлекувања со широк фат и повлекувања со обратно свртени дланки (кон себе). Потоа вежбав со сајли, па со еднорачни тегови. На крај направив и екстензии и Superman на бенч, како убав завршеток на вежбите за грб. Следеа неколку типа вежби за бицепс, со еднорачни тегови и една серија вежби за стомачни. На крај додадов и еден круг табата од 5 рунди со 5 различни различни вежби. Тука го дадов својот максимум. Мала консултација... Утре ми е ден за нозе, со низок интензитет. Но, сакам да извежбам и пекторални и малку трицепс. Дали е добра комбинација? Или подобро е нозе во комбо со рамо? @martin01 што велиш ти? Мотивација:
@SwanMay Вежбите денес ги почнав со видеово. Има загревање и ладење, со шест вежби за исправување на грбот и рамениците. Ми се допадна, ќе гледам да ги правам вежбиве почесто. Е ова второво ме измори. Де чучњеви, де lunges. Утре нозете нема да ме држат. За на крај јога за грбот и колковите. Осеќав дека ми требаше повеќе растегнување, особено после толку многу вежби за нозете. Спокојно, релаксирачко видео, баш убаво ми дојде за крај.
Moze, ne e problem za eden ili dva treninzi samo prvo gi treniras pogolemite muskulni grupi pa posle malite.
Денес почнав, вежбиве ги следам преку challenge апликации, ќе видиме до кога ќе вежбам. 25 sit ups 15 crunches 15 cobras 15 leg raises 20 sec plank 73 squats