За денес само ова. Може до подоцна ќе се предомислам, па ќе вклучам уште некое видео за стомакот или рацете. Малце прејадов вчера и се разбудив со болки во желудникот кои не поминуваа никако, па решив да побарам некое јога видео чии вежби можеби би ми помогнале. Болката не исчезна целосно, ама е значително намалена, барем за сега. Покрај тоа, вежбиве беа со брзо темпо и ме испотија прилично, ама убаво ми дојде ем на желудникот, ем куп растегнувања на нозете таман после вчерашните чучњеви.
Ха - ха! Реков дека ќе правам по три дена за нозе неделно, НО едноставно беше неизводливо денес. Се' уште ме болеа мускулите од претходните интензивни тренинзи и се немав доволно одморено, па го послушав телото и вежбав само пекторални со трицепс. Сепак, не се разочарувам, затоа што неделава ги пробив своите граници и ги постигнав своите најголеми достигнувања досега. Така ќе продолжам и понатаму. Само се плашам дека минатиот месец малку потфрлив кај исхраната... Имав пар кризни моменти на искушенија, но сега се обидувам да се вратам на правиот пат. Резултати има - струкчето се намалува и стомакот е рамен и поисцртан. Нозете, рацете и грбот се исто така подефинирани. Но има уште работа до зацртаните цели. Вежби за пекторални правев на рамна и коса клупа, со шипки и со еднорачни тегови. Потоа работев со сајли и направив три серии tricep dips. Следеа вежби за стомачни и 5 рунди табата, како и вчера. Викендов паузирам со теретана, но сепак ќе настојувам тоа да биде активен одмор. Мотивација:
3 ден пауза, ептен ми беа воспалени мускулите . 4 ден : 83 squats 35 sit ups 20 crunches 20 cobras 20 leg raises 25 sec plank
Во последно време повеќе време поминувам пред компјутер и се осеќам како 100 кила да имам За ова видео ви е потребно ластико за нозете и додатна тежина доколку сакате, јас вежбав со по 1кг. на зглобовите. Последните вежби не ги правев, немам ластико т.е. resistance band. Вежбите не се повторуваат ама мислев дека после секоја ќе ми паднат нозете. Потоа ова, испорбано од Клое. Видеото е поделено на 2 дела кои имаат по 16 вежби, секоја трае по 30сек. со 10сек. пауза. Двата дела се повторуваат по два пати. На крај 4-минутно растегнување со FitnessBlender и 5мин. wall sit Oф топик; Имав испланирано и друго видео за најнакрај, ама некаде пред да завршам со второто видео почна многу да ме боли грбот, незнам што ми стана. А исто така и утрово се разбудив во 7, ме болеа колената. Гледам вежбите правилно да ги правам, а не ради реда, ама навистина не мислам дека е од вежбите. П.с. Зошто бе вака, како стара баба сум станала
Можеби не се загреваш доволно или имаш неправилна форма при изведувањето на вежбите? Пробај со блага масажа и ако имаш некој крем за спортски повреди. Јас користам еден на база на ѓаволска канџа. Многу е добар за релаксирање на болните мускули.
Веднаш откако станав се измасирав со викс маст на колената, а и истегнувањето после вежбањето многу убаво ми дојде. Сепак ти благодарам
Поздрав згодни Да ви кажам искрено, ептееен ми е мило што ја гледам активна темава Ги погледнав последниве видеа што сте ги постирале, ми фати нешто око за следното вежбање Јас почнав со трчање, макар што времево надвор не е баш најсјајно, ама барем е суво, сè уште Е, ама денес ми го немаше партнерот за трчање, па удрив на зумба, не знам зошто тоа ми дојде да вежбам И многу ми се допадна право да ви кажам Не сум некој голем фан на зумба, ама одвреме навреме знам да се релаксирам со некое вакво видеи и баш ми годи. Конкретно ова случајно го најдов, ама одма и удрив subscribe на девојкава, пресекси е, башка многу убава енергија имаше целото видео, не се осетив дека сама вежбам. И ми беше многу забавно Лесно е да го следите, ама па крај краева не мора да ги следите во секој чекор и да играте баш како нив, јас во многу делови си импровизирав и си играв како ми дојде Убаво се испотив, а и часовников покажува солидна бројка потрошени калории Мотивации
Три дена по ред вежбано, но не сакав да ја гушам темава со постови. Понеделникот вежбав нозе, вторникот рамо и денес гради со трицепс. Исто така, започнав втор циклус на ротација на јаглени хидрати. Денес е третиот ден, со низок внес, но сега за сега добро минам и внимавам да не ги повторувам грешките од првиот пат. Сесијата за гради одеше отприлика вака: Суперсет 1: - alternating DB fly - DB fly Суперсет 2: - wide grip barbell press - reverse & close grip barbell press Суперсет 3: - wide grip cable triceps pulldown - reverse & close grip pulldown - triceps pullover Суперсет 4: - incline bench DB press - Incline bench front press Потоа направив 2 серии вежби за стомачни и 3 круга табата како кардио. Мотивација:
Денес: Кардио кик-бокс со Ивет. Умрев на подметачот, ова ми е дефинитивно потешко од другите 2 видеа што имам ги пробано од Ивет, и не ми се допадна многу-многу. Видеото има кардио уште од почеток и цело време се скока лево-десно, има многу различни вежби и некои се повторуваат, многу ме изненади што најнакрај имаше и вежби за задникот, па потоа ладење. Кардио и кик-бокс вежбите се измешани и нема некој посебен ред. Видеото трае повеќе од 1 час, па кој сака да проба нека пази. Деновиве немам толку време и желба за вежбање (т.е. ако имаш правилен распоред ќе поситгнеш со се) и затоа кога сакам да вежбам I push myself to the limit и секојдневно настојувам што повеќе да бидам физички активна. Темава е супер раздвижена, се надевам ќе се дружиме
Идам по мотивација јас. Се думав дали да не одам зошто уште имам мака со менс, или да одам и да трчкам кардио зошто ми е "безбедна" опција во која не можам да се извалкам. Па решив дека не смеам да имам изговори и денес ќе одам да си трчкам, е за ова ми треба огромна мотивација. Огромна. Денот накратко: "You will never always be motivated. You have to learn to be disciplined." Мотивација:
Денес имав закажана проба од играорна, отидов и велат откажана е , за џабе отидов до театар и назад и само кратко вежбав. Бев загреана од одењето и направив едно кратко видео за стомачни: Секоја вежба трае по 30сек. и нема паузи. На крај од видеото растегнување и денес 7мин. wall sit completed
Многу сакам да трчам и вежбам по надвор овој период, но си го повредив стапалото... Надворешниот дел од стапалото ме боли веќе една недела, само што ќе почне да се намалува болката ќе отидам да вежбам, по пола саат пак се враќа... не ми се лежи по дома цел ден да чекам да се опорави стапалото... Отидов до теретаната да вежбам, но и 15 минути пат до таму и стапалото почнува да боли... а не ми се оди со такси и други превози, пешак форевар!
Поминаа уште два дена. Вчерашниот беше посветен на нозете, а денес ги вежбав грбот и бицепсот. Најпрво правев комплексни вежби на справи за грб и на сајли, а потоа изолациски, со еднорачни тегови. Завршив со вежби за бицепс, табата и една серија вежби за стомачни. Толку за оваа недела. Сега следат два дена одмор, па од понеделник продолжувам повторно. И во друга тема пишав, вежбањето ми е ОК, но имам чувство дека треба подобро да ја средам исхраната. Предизвик ми е да најдам нови интересни рецепти, со цел да воведам разновидност во исхраната и да направам свој план на исхрана, кој ќе можам да го пратам на долгорочен период. Не сакам да се водам по туѓи планови, затоа што секој организам има различни потреби. Сигурно ќе има грешки, но тоа е дел од процесот на учење и сакам сама да увидам каде грешам. На крај сатисфакцијата ќе биде награда за целиот труд. Мотивација периодов ми е оваа прекрасна девојка, инаку фитнес модел - Rachel Dillon:
Скоро 4 месеци немам влезено во теретана, поголема мотивација од тоа има ли? ( имам ставано слики низ темиве, ме знаат во каква форма сум бил) После Нова година има да се вратам појак од претходно!
Ногата што ме боли, денеска трчав, сега пак ме боли, и плус палецот си го удрив отече... Ете, мотивација. : ) ЈЕПА!