1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Од неправилна исхрана не можат да ти заздрават ткивата и многу поподложни се на повреди. Сам себе си си доказ дека не фукнционира. Фати се за нормална исхрана.
     
    На Tan4ence, martin01 и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai: Денес:

    Кардио вежби сконцентрирани на нозете и задникот. Видеото е поделено на 5 дела, секој дел има по 2 вежби кои се повгторуваат по 2 пати и траат по 40сек. со 15сек. пауза. Има само загревање. Многу ме измори, изгледа кондицијата ми се намалува со оглед на двете недели забушавање :nod:

    Направив кратко растегнување па потоа ова. Кратко 10-минутно видео за задникот. Има 10 вежби кои траат по 50сек. и 10сек. пауза. 4 - 5 се различни чучневи и lunges, останатите на подметач.
    На крај 5мин. wall sit
    12 12 a.jpg
     
    На IAmPresident, diskreten32, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    • 99 squats
    • 45 sits up
    • 25 crunches
    • 25 cobras
    • 35 sec plank
    large (51).jpg
     
    На Purplelilac, 1209, martin01 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    1мин и 5сек plank
    55 чучњеви
    95 стомачни
    60мин кардио
    + 10мин вежби со мини тегчиња :)

    10367727_915316985146715_8281506554330450193_n.jpg
     
    На Purplelilac, diskreten32, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  5. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Денес:

    Видеото има 8 вежби, секоја трае по 60сек. и се повторуваат по два пати.Се што ви треба се полесни тегчиња, јас од 1.5кг користев. Ептен убаво ги изморив рацете, направив 2 кратки паузи од 3сек. на две вежби оти рацете ми гореа.

    Потоа го пробав ова. Баш ми се допадна, а обично не вежбам со Ребека. Има 10-15 различни вежби и не се повторуваат. И тука користев тегчиња од 1.5 кг.
    На крај растегнување и 5мин. wall sit

    Ова го вежбав сабајле, но немав време да пишам. После направив и 2 серии стомачни x 35 и две серии грбни x 30. (fingers)

    Мотивација:
    13 11 b.jpg 13 11 a.jpg
     
    На Purplelilac, SwanMay и martin01 им се допаѓа ова.
  6. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Здраво, некој што добро се разбира во фитнес да ми пише ако може лп имам едно прашање. Фала многу :*
     
    На MrKJ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Стапалото оздраве, прстот оздраве, добар тренинг денес, теретана, плус кардио трчање. : )
     
  8. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Ден за нозе. Правев активациски вежби, а потоа:
    - squat jumps
    - hip thrusts
    - Barbell box squat
    - hip abductor
    - elevated kettlebell squat
    - kettlebell swing
    - вежби за стомачни
    - јога за истегнување.

    Мотивација:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Purplelilac и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  9. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    :hai: :hai:
    Замре темава, каде сте сите?

    Јас нешто поретко вежбам, изгледа треба да се зачленам во теретана ама најблиската ми е 35 минути пеш оддалечена, затоа си вежбам од дома. Периодов не ми се вежба и затоа настојувам да правам кратки кардио видеа (до 20мин. најмногу) и други од 10-15мин. да не биде без ич. :D

    Mотивација:
    20 10 a.jpg
     
    На Purplelilac, AnaKarenina, SwanMay и 3 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас периодов не вежбав ништо ново, ама дефинитивно прекинувам со трчање, надвор не е веќе ни за да излезеш, не па да спортуваш :worried:

    Пред некој ден видов дека Ивет има ново видео и секако - морав да го испробам :)


    45 минутно кардио, со загревање и растегнување. Не ви треба никаква опрема, освен подметач. Вежбите траат по 30 секунди, па 10 секунди има пауза. Thank God ниту една не се повторува! :inlove: Вода пијат само после загревањето, ама јас застанав на три пати за да се освежам, не можев да издржам без вода.
    Врти сучи, не поминува недела без генералка по дома и вежбање со Ивет :D

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Purplelilac и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Одамна не ме имало на темата, иако во најголем дел од времето сум била на било каков начин физички активна.

    Изминатата година заради депресија и х причини во целост го запоставив и телесното здравје. Резултираше нормално, со вишок килограми. Не не ни некоја фрапантна бројка искрено, ама беше сепак најтешка што сум била досега.

    Сега решив да се вратам по HC од кога и да е. Максимално се вложив во исправен тренинг, во целост ја отстранив нездравата храна од исхраната и резултатите се тука . Минус 10 кг во месец дена, и покрај тоа што не вложив особени напори да бројам калории.

    Тренингот ми е издувен вентил, па под стрес трошам ненормално многу. Последно и не многу правилно , заглавив во теретана вкупно 3 часа активен тренинг :D

    Денес немам многу потфати, menstrual cramps и така натака, сепак планирам лајт тренинг за раце и грб, точак можеби.
     
    На Ariel, Purplelilac, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Овие два дена цела снага ме боли, па денес решив само да се растегнам убаво. Плус секако магнезиум и протеини за мускулчињата :)

    Не планирав да го постирам видеово, ама многу ми се допадна, ако имате болки во мускули од вежбање, ептен ви го препорачувам!


    30 минутно убаво растегнување на сите мускули. Офнував додека се тегнев, ама сега сум во некое успано расположение, така опуштена, спремна сум да заспијам... :mm: На јога ми личеше на моменти, ама ептен добро ми дојде :inlove:
     
    На SunnyGirl2, Purplelilac, kendall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За денес одбрав едно од поновите видеа на Трејси


    Многу ми се допадна, со се загревањето и растегнувањето трае нешто повеќе од 50 минути и поделено е во повеќе сетови. Различни се сетовите, таман да не ви досади. Нема crazy cardio, ама пулсот ми стигна до 140. Во многу од вежбите има тегови, па спремете се за убаво горење на мускулите :) Мене ми фалат различни тегови, само со еден пар вежбам, ама ете тоа си посакав од Дедо Мраз за нова година :D

    Инаку морам да кажам дека денес ептен подобро се осеќам после вчерашното растегнување, не ми се верува колку лесно ми поминаа болките, а вчера бев катастрофа. Заклучок - растегнувањето е многу, многу битно! :!:

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Purplelilac, XstrongerX и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  14. kendall

    kendall Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Е вака, последниот месец ипол намалив 5кг и целта ми е бројката на вагата да почнува со 5. Денеска издржав само 15минути од следното видео пошо женава е царица од утре ќе се потрудам повеќе. Освен тоа скокав и 45 минути на јаже и се осеќам преубавоо.



    Мотивација:

    fitness.jpg
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Леле девојки која мотивација сте - браво! :clap:

    Јас само повремено вежбам, страшно сум недисциплинирана, но се надевам овој пат ќе ми потрае мотивацијата и желбата за мускули. :muscle: Само пливање и возење точак ме мотивираат, други вежби било во домашни услови, било во теретана одма ми здосадуваат, па вежбам што ми текне. Е сега времето баш и не ми дозволува ништо од тоа, а не сакам да се залежам па се фрлив на кардио :)

    3х300 скокови со јаже;
    30мин на орбитрек;
    2х20 стомачни;
    1мин планк.

    Денес ми е трет ден со ова темпо, утре ќе одморам, па се надевам ќе се пријавам задутре повторно :D
    [​IMG]
     
    На Purplelilac, XstrongerX, GoodGirl45 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За денес одбрав нови видеа што не сум ги вежбала досега, па дојдов да ги препорачам успат :)


    Алис е супер згодна, плус убаво ги објаснува вежбите и ептен брзо ми поминаа овие 40тина минути. Секоја вежба трае по 45 секунди, па после има 15 секунди пауза. Сконцентрирани се на задникот и нозете и ниедна вежба не се повторува. Во видеото има и загревање и растегнување, а вежбите се прават со сопствена тежина.

    После го одбрав ова

    За ова видео не сум сигурна дали сум го вежбала претходно, ама како и да е - ви го препорачувам :) Поделено е во два сета што се повторуваат два пати и секоја вежба е со тегчиња. Овде нема загревање и растегнување, ама јас загреана бев од претходно, а на крај сама се растегнав.
     
    На Purplelilac, sia.bella, XstrongerX и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Мал пад на енергија, ама до крај се држам в теретана. Периодов планирам максимално да се вложам во кардио.

    Денес тренинг за горен дел, се држам до испробана формула 3 х 3 х 15
    Задно, средно, предно рамо , бицепс , трицепс , грб, гради неколку видови вежби и справи, ништо сложено.

    Мислам дека повеќето женски одбегнуваат да се посветат на овој дел од телото од страв да не станат набилдани како машки. Големи полови предрасуди постојат во однос на фитнесот. Мажи вежбаат само за горен дел, женски за долен. За визуелно да се долови полниот момент , треба сите мускули активно да се работат. Не знам како планираат да кренат шипка за чучњеви ако рацете не им се доволно цврсти.

    Сеедно, да не мудрувам, еве по некоја мотивација и тоа е тоа за денес од прилика.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Purplelilac, sia.bella и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Вчера и денес исто вежбав:
    2х300 скокови со јаже;
    30мин орбитрек;
    2х1мин планк.

    Земав од џамбо и ваков ластик/трака (или како и да се вика), па ги правев и вежбите од видеото.

    На прв поглед изгледа лесно, ама ќе испуштев душа вчера, можеби дека ги правев на крај... Затоа денес по обратен редослед, полесно ми се виде :)

    Мотивација :muscle:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Purplelilac и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina ме инспирираше да почнам да вежбам и по дома. Некако откако заглавив в теретана се немам време вежбање дома. Планирам периодов до Нова Година солидно да се стегнам,знам мотивација не ми недостига.

    Денес тренинг за долен дел. Испробан систем 3 х 3 х 15

    сите видови вежби со ластик
    чучњеви регуларни, суму , со вкрстени нозе, бугарски
    Исчекор со тежини.
    Клише справи за нозе, задник. Стомачни 100 долни 100 горни , колку да не е без ич. И 40 мин степер.

    И ај ако има некој попаметен нека си земе за слобода да ме подучи, зависно од целта, на кое ниво е најдобро да се работи степерот. Велат дека многу бут сум клала, ама хејтери бе :D [​IMG]
     
    На Purplelilac, vectra20, sia.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Фрустрирачки период на многу обиди и по некоја грешка. :lol: Главна цел ми беше да ја средам исхраната и да престанам да паѓам со килажа. Бројот на вагата се' уште се движи околу 50кг (во моментов 49), што особено ме радува, посебно затоа што постепено од недела во недела почнав да накачувам на број на внесени калории. Оваа телесна тежина ми е идеална за мојата висина, па се обидувам да ја одржам, а да намалувам во обем. Сега за сега оди одлично. Обемот на стомакот намален за 6цм, со дополнителна тенденција да се намалува уште малку... (fingers) :D
    Вежбањето ми е со сличен интензитет како претходно (4 пати неделно по 1 час во теретана). Сега правам по помалку вежби за една група мускули, но со поголема тежина и број на сетови ( 4 наместо 3 како што правев претходно).
    Во глобала ми се допаѓа напредокот кој го гледам во огледало. Но тоа што уште повеќе ме радува е што дојдов до степен да можам да јадам повеќе, да не се претргувам од вежбање, а телото да си ја одржува таа форма. Така што, кога на пролет ќе сакам да направам поголема дефиниција, ќе ми биде многу полесно. Се' што ќе треба е да се воведе малку кардио и да се намали внесот на калории. А до тогаш ќе терам со ова темпо.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На XstrongerX, Ladu in pink, GoodGirl45 и 2 други им се допаѓа ова.