Мене ме немало одамна на темава ама сега идам да се пофалам. Вчера застанав на вага после неколку месеци и ми покажа -5кг. Немав намалено волку откога почнав да се дебелеам и достигнав тежина од 64. Ова е здраво намалување, му доаѓа месечно по едно кило, јас сакав да ја постигнам оваа тежина, уште кило две дури може. Сите ми приметија дека сум ослабена, обемот ми е значително намален, мускул почна да се појавува, лицето ми е ослабено и јас си се чувствувам многу здраво и лесно. Се натепав во фармерки кои не можев ниту да ги закопчам и си ставив и каиш дури. Не ни осетив кога ослабнав и како да ми беше мачно, напротив ми беше забавно и ново искуство и ќе си продолжам. Јас следам Push/Pull/Legs рутина уште на почетокот, по 2 часа во теретана, од недела на недела ги ротирам вежбите за да бидат разновидни, а да не претерувам со серии. Правам по 3 серии од 10-12 повторувања скоро од сите вежби. Кардиото ми е сведено на минимално затоа што стварно не го сакам. Обично на крај од вежбање трчам 15тина мин на лента или пред вежбање уз загревање повеќе рипам и правам напорни брзи вежбички 15-20мин. Исхраната ми е променета во смисла поздрава, се откажав од леб ама друго знам се да си каснувам умерено, во глобала се ми е здраво. Повеќе јајца, авокадо, путер, сланина, масти и протеини, а помалку јаглехидрати, иако не ги исфрлив нив, сметам дека не е здраво да ги исфрлам. Стомачни вежбам на секој тренинг, а деновите кога сум дома знам да направам исто неколку серии стомачни и вежби за нозе или јога, ама тоа така лефтерно без да се напнувам. И така, ова малку да ве мотивирам и да се пофалам.
Браво Еве пример си за сите дека пуш,пул,легз сплитот е ефикасен и дека можи да се постигнат резултати али само треба време и добра исхрана.
Девојки ме интересира возењето на точак во теретана за што е наменето? Дали е за слабеење или за дефиниција на задник и нозе?
Незнам на вас жените што ви е толку wow да имате рамен стомак или стомачни(како мажи) ... Единствено што се фокусирам у теретана се нозете и задникот. Трицепс. Стомачни многу ретко. Кардио 1час. Сликата е од пред 1 месец. Варирам од 58-60кг. Обично 60кг тежина одржавам. Диети не баш, ама припазувам на исхраната.
Мала пауза од вежбање и веќе почнав да кризирам и да им газам по ганглии на дечко ми и домашните. Се разбудив утрово и бев решена - си ги спремив омилените патичиња и облека за вежбање и правец теретана. По само еден саат поминат таму бев комплетно препородена и окезена од 6-ка до 6-ка. Годинава ја започнав со тренинг за рамо. Повеќето вежби ги правев со еднорачни тегови и плочи. Настојував да не се преоптеретувам, за да не ги воспалам многу мускулите. На крајот од тренингот направив и една серија вежби за стомачни и тоа беше се' за денес. @IamSexyAndIKnowIt Што знам, мене би ми било чудно да вежбам само 2-3 групи на мускули. И воопшто не мислам дека девојка која има убава дефиниција на телото изгледа како машко... Баш напротив. Но, не е само изгледот пресуден за тоа да се вежба целото тело. Поаѓам од себе. Едноставно, за да можам да кревам поголеми тежини кога вежбам нозе и задник, морам да имам цврсто торзо, силен грб и стегнати стомачни. Ако не го вежбам грбот ризикувам да се повредам, што никако не би ми одело во прилог. Истото се однесува и на рацете и општо, на секој дел од телото... На крајот од краиштата, нема ништо поубаво од рамномерно оформено тело. Лично мене ми е смешно кога гледам некој што вежба само горен дел или само долен, се приметува и не изгледа убаво. Но, секој со своето убедување и со своите цели.
Јасно. Вежбам и раце, рамо, грб. Ама не се опседнувам со тоа дека мора да имам стомачни, како што сликале претходните девојки, само дека постигнале рамен стомак и тоа е најважно.
Пак ќе речам, сите имаме различна цел и перцепција. Голем успех е да се постигне таква форма и бара труд и пожртвуваност.
Не ги запоставувајте другите мускулни групи оти иди до дизбаланс на телото. Тренирајтеги и тие мускулни групи иако не ги сакате но со помал волумен и тое то
Дечки не знам дали е баш за оваа тема прашањево али некој совет дали и како да се намалат листовите на нозете
Самиот на себе се мотивирав односно имав една програма за зголемување на сила и издржливост и секој нареден тренинг зголемував од 2,5кг до 5кг на секоја вежба (главните вежби, мртво, бенч и чучњеви) и така се мотивирав самиот себе да вежбам повеќе. Исто така запамтете, NO PAIN NO GAIN!
Денес ми беше ден за кардио. 35 минути на лента со комбинирано трчање и брзо одење и неколку вежби за стомак.
Полека завршувам со "bulking" фазата, постепено намалувајќи го внесот на калории од една во друга недела. Сакав да трае подолго, но некако не ми годи.. Што се однасува до вежбањето, веројатно ќе продолжам со истиот интензитет, ако успеам да издржам. ... Денес на ред беше ден за нозе и глутеус. Покрај омилените hip thrusts, правев и вежби на преса за нозе, екстензии за квадрицепс, мртви дигања, hip abduction и пулсирачки исчекор. Завршив со серија вежби за стомачни.