Мојот фитнес ден трае 100 минути и поделен на два исти дела: После појадок- 50 минути и после ручек- 50 минути Од тие 50 минути: 20 се резервирани за трчање по скали + 30 минути резервирани за тежински вежби и така 2 x 50, односно денот ми е вкупно 40 минути трчање + 60 минути вежби Удрив математика Нешто слично како @1209, без диети, туку со направен баланс во тоа што го јадам, со неколку месеци вежбање симнав 6 килограми (без силење, туку здраво, по 1 килограм месечно) и се чувствувам освежена, а свежината се приметува од лице до кожа. Вежбите ми се стандардните, односно сите што обично ги гледаме на Јутјуб или некој модел кога вежба Мотивацијата ја пронаоѓам во вагата, бидејќи покажува резултати, а пред се, се мотивирам со латино музика Последна новина што ја внесов во вежбањето е вежбата на Изабел, која откако ја видов, се заљубив во предизвикот и ми беше ептен адреналински да ја пробам, а после неколку пати, веќе е лесно https://www.instagram.com/p/BoKIUT3gF8r/
Планирам овие истиве вежби за стомак и задник да ги вежбам 1-2 недели колку за почеток да навлезам после ги мењавам. 80 squats
По доолга пауза, денес: Ја обожавам Памела. Ова видео е за целото тело и во тие 20мин. најмногу ги осетив нозете и рацете. Има две паузи од по 1мин, а помеѓу вежбите нема пауза и траат по 30сек. и не се повторуваат. После првото ми дојде таман, бидејќи тука вежбите ми се полесни. Некако не се како што треба и има грешки во формата, па јас си правам по мое. На крај, ова. Растегнување и ладење Мотивација:
Малку забушавав со вежбање, првенствено за да го одморам грбот. Но сега се е во ред, па почнувајќи од месецов повеќе ќе се заангажирам во теретана. Денес беше pull ден - за грб и бицепс. По стандардните вежби за загревање правев комплексни вежби за грб (на справи и со сајли). Потоа следеа изолациски вежби за грб со еднорачни тегови и на крај уште некоја серија за бицепс. Во принцип бицепсот и не го вежбам многу, зошто секако се активира кога влечам и не би уште да го растам. Сесијата ја завршив со вежби за стомачни и малку кардио (брзо одење на трака со висок успон). На крај направив јога вежби за истегнување. Мотивација:
Денес новото видео на Памела плус уште едно од неа: bye bye muffin top/ 10 min ab workout 7 min plank challenge/no equipment На крај 5 минути wall sit без пауза. Мотивација:
Извини што цитирам, твоја е сликава ? Мислам од твоето тело или за мотивација? Ако е твое, браво за резултатите
После долго време немотивираност си најдов еден фустан ултра убав и си викам доста е ова зимска депресија и го испотив газот. Са ми текнува колку ми било убо со месеци уназад кога вежбав без престан и се надевам сега нема да ми збрчи нешто пак, па да прекинам.
Понеделнички започнав со тренинг за нозе и глутеус. Направив вежби за загревање, а потоа директно се префрлив на hip thrusts. Сега веќе секој тренинг за долниот дел го почнувам со нив зошто така најубаво ми се активираат мускулите што сакам да ги таргетирам. Продолжив на пресата за нозе, комбинирана во суперсет со исчекор. Следуваа 3 серии на hip abductor и на крај направив уште 3 серии замавнувања наназад на сајли. ... Можеби е рано (врска немам искрено! ), но почнав со нов циклус на ротација на јх. Немам за намалување во обем, но сакам да добијам поголема дефиниција. Затоа од сега си ја фатив работата, да не ја мачам душичката кога ќе затопли. После ако се' тече како што треба само ќе се одржува.
Од претходната недела па наваму вежбам кратки видеа и фитнес-денот не ми трае повеќе од 20 мин., но вчера за прв пат после тоолку време бев на трчање, околу 7.5км. Денес го пробав новото видео на Памела: Вежбите траат по 30сек. и има една пауза од 30сек. на пола видео. Што видов дека објавила морав да го пробам и тешко е. Најмногу ги осетив рацете, но и нозете како резултат на трчањето Мотивација:
Ден 1: 60 стомачни и 60 чучњеви 40сек. wall sit и 40сек. plank Плус пешачење околу 1 час. Да се вратам у форма полека полека