@Arja До сега ја разгледував, стварно девојката има одлично тело. Затекнав и едно видео во врска со дуење на стомакот, што јас редовно го имам од конзумација на млеко. Барем периодов ќе пазам што јадам и пијам. Мојот фитнес ден ќе биде: плус Челенџот на Клои Мотивација:
Откога ми затвори вежбалната, продолжив со вежбање дома, со тоа што еден ден обично вежбам поинтензивни вежби за цело тело, друг ден јога или на орбитрек и така во круг., 4-5 пати неделно. Ама пошто си правев вежби од памет, буквално што ми текне во моментот тоа, си реков да не бидам толку хаотична и да се водам според видеа. На девојкава знам од време на време да и' гледам видеа на youtube, па денес правев нејзини вежби, овие конкретно: Ми се свиѓа што ги објаснува и прво ги гледам па ги правам, а не да ги правам во исто време со нејзе додека она ќути и да се побркам од брзање и да не знам на што да обрнам внимание. На крај, обично после секое вежбање ги правам овие истегнувања, па така и денес, со тоа што се' уште не сум напредна во поглед на шпагиве како девојкава
Веќе недела дена вежбам дома, трчам у зграда по скали и одам на планина (2 саати од кои саат ипол се горнини) кога не е полициски час. Денес: 4х15 squats 4x15 jumping squats 4x15 kickbacks(donkey kick) 4x15 kickbacks (straight leg kick) 4x15 butt bridge 50 пати трчање по скали на мојот спрат Преку еден ден додавам и домашно кардио од "Brazil Butt Lift" програмата. Мотивација: тесни фармерки.
15 мин скали горе долу во зградава, плус денес на ред ротациски стомачни во неколку варијанти во 4 серии по 25 повторувања, чучњеви во тежина (во раце по 5 кг тегчиња) и истегнување на пилатес топка.
Денес сум до ден 9 од програмата, не сакам да имам пауза така да и 7миот ден го вежбав. 2 пати Fat Burning cardio, Inner Thigh, 10 min Abs workout, plank challenge и Strech. Чистењето дома се рачуна?!
дали знае некој кај има ластик за вежбање? Да е поевтин, бидејќи 500 денари и нагоре се по спортскиве продавници
Порачај си од алиекспрес ,5 ластика земав за 10 долари се исплати И многу се добри и ефективни за вежбање.
Vezbajte gi vezbite na Pamela Reif inace jas pravam 20 min intense abs od pamela (10 min sixpack dva pati ) i 45 min na orbitrek.Koga sum raspolozena vezbam na Totalgym plus i toa e obicno 20 min
Хелоу Замре темава, а ве читав . @Arja до каде си со предизвикот? Веќе две недели вежбам 2 видеа на Клое Тинг за стомачни, испробано ми е од лани и има предобри резултати. Потоа вежбам и 10-20 минути за нозе, повторно од Клое, најчесто за thigh и inner thigh fat, ова од пред неколку дена. Прво пробав еден предизвик од Sanne Vander, но за жал немав резултати. Од понеделникот решив да вежбам 2 пати дневно, доста беше лежење и непордуктивност , доаѓа лето. Ја следам Pamela Reif на инстаграм и таа постира различни планови за вежбање. Малку задоцнив, бидејќи веќе е 6тата недела од предизвикот, но барем се приклучив. Спојлер: слика од планчето Сабајлево го завршив и шестиот ден, утре малку одмор. Напорно е, ама вреди . Мотивација
Ќути не ме прашувај ситуацијава. Продолжив уште неколку дена откако прекинав да пишувам толку и после некако мотивацијата ми замре. Не се осеќав добро два-три дена па прекинав со вежбање и после многу ми беше тешко да почнам пак. Почнав и прекинав неколку други планови од Клои..и еве ме сега на втор ден од нејзиниот 5 Week Bootz Challenge со нови сили. Единствено јога не прекинав да вежбам, тоа ме радува барем. Туку за Памела да, скорс ми се свиѓа девојката. Многу убаво тело има, вежбите и се супер (има едно видео сега скоро објавено за вежби за раце со шишиња вода) и плановите исто така. И јас покасно ја сфатив финтата со нејзиниот предизвик ама па што има врска, таму се видеата, кога ќе затребаат - тогаш! Искрено ти завидувам (во позитивна смисла) за мотивацијава што ја имаш и само така продолжи! Ми даваш мотивација и мене моментално да продолжам. Од сите успеав најдолгиот (мислам) предизвик од Клои да го изберам, па ќе видиме како ќе оди тоа.
Фала ти најмногу! Стискам палци да го завршиш предизвикот и да се пофалиш со резултати!! И јас го меркав едно време, интересен ми изгледа. Среќно