Ден 13 Всушност 16 ама 3 дена правев пауза така да... Денес извежбав 2 видеа на Клои за стомачни, едно за нозе плус открив и една девојка која вежба со песни и презабавно е (од неа 2 извежбав). Се на се околу 45 минути вечер планирам уште 10 минути ама ќе видам во зависност како се чуствувам.
Ден 17ти: Кога станав: Поручек вежбавме со @Queen of Hearts Плус двете видеа за нозе, 2минути wall sit, растегнување и толку Мотивација
19ти ден: Кога станав двете видеа за нозе. Поручек: Второто дефинитивно најголем предизвик досега, претешко видео. Првото видео за нозе од понеделникот и ова: 2ипол минути wall sit, растегнување и толку Мала шала:
@GoodGirl45 и јас вежбам според видеата од Клои . Вежбите не се ни претешки, ни прелесни. Често знам и да ги спојам вежбите од два дена во еден, ми се навикнуваат мускулите и можам повеќе да издржам. Го завршив 25 Days slim thigh challenge и сега го почнав 25 Days hourglass challenge. Денес требаше да имам rest day, ама сепак ќе извежбам:
Денес ми е active rest day Убавина, али утре го гледам планот(вовед- следам план на вежби од Клои Тинг) и ми се плаче. Еве ми (а и вас) мотивација за помалце да се жалам Спојлер
Утре почнувам со 2weeks shred планот на Клои . И ќе почнам да се хранам здраво. Се надевам ќе имам резултати
Денес ми е active rest day, па решив да пишам во темава после еден месец вежбање. На почетокот почнав со јога, а потоа откако @Arja ми ја препорача Клои, се префрлив на нејзиниот Lean Thigh Challenge. Но бидејќи ми фалеше кардио периодов, почнав со Summer Shred Challenge, кој инаку за некој ден ќе искочи новиот од 2020. Јас сум задоволна и топло ви го препорачувам било кој предизвик да го изберете.
Денес ми е 5ти ден Прв пат да издржам 5 дена без да се откажам. Благодарение на @Arja и јас ја почнав програмата на Клои, мускулите сеуште многу ме болат, немам воопшто кондиција но не се откажувам. Дополнително вежбам и вежби за задник од Памела. Сакам да кажам дека е рано за некои резултати, но се чуствувам со повеќе енергија. Ќе пишам пак кога ќе го видам првиот резултат. Иначе имам околу 10кг за слабеење а воедно и сакам да се затегнам, знам дека вагата не треба да ја гледам туку да се мерам во обем. За почеток не се оптоварувам со ништо од тоа. Алиштата ќе покажат за тоа колку сум ослабела.
Здраво Апликацијава вели две недели по ред трчам, се радувам многу што издржав Денес го почнуав 30дневниот пан на Клои @Arja кој го имаше поставено, вежбам три пати во неделата онлајн тренинзи, па мислам дека нема да ме болат мускулите многу.. Да видиме до кога ке издржам Ден1: +20мин. јаже и 3.5км трчање
Многу ми е мило што ви се допаѓаат програмите на Клои. Не знам на колку луѓе досега ја имам препорачано, сите другарки почнаа со неа да вежбаат . Со лесно на сите и држам палци за мотивација, да си ја истерате програмата до крај. Навистина чувството на крај е преубаво. Досега сум завршила две програми до крај, моментално сум на половина од третата и иако немам некои вау видливи резултати, се осеќам посилна и најмногу ме радува што сум си стекнала некоја навика за вежбање. Да, се обидов со неколку програми и ги сменив истите, и да, мотивацијата ме напушташе на моменти, но она што ме изненади е чувството што го имав како да пропуштам нешто големо кога не вежбав, и секогаш се навраќав на вежбање поради дотогаш постигнатите резултати. Тоа чувство ми е најголема мотивација, поголема од било која слика или мотивациона фраза што ќе ја прочитам тука или било каде. Да можеше само да ме види онаа "јас" од пред неколку години како вежбам барем по 10 минути на ден мислам дека ќе ми се изнасмееше во фаца, ете до толку бев неактивна. Тоа ми е и мотивација да продолжам и во иднина, можеби не секој ден, но барем неколку пати неделно да се занимавам со било каква физичка активност. Патем, еве го мојот досегашен фитнес ден. Планирам уште некое видео за раце и задник од blogilates. И неа не можам да ја изнафалам, дефинитивно треба да ја проверите.
Здраво девојки Денес одсабајле истрчани 3.5км најбрзо во овие три недели После тоа Ден2 со Клои: 1. 2. 3. За вечер останува 20мин јаже и онлајн тренинг за цело тело Се надевам мотивацијава долго ке ме држи
До каде сте девојки? Редовно вежбам веќе 2 месеци, никогаш не сум имала толку желба за вежбање. Има големи разлики од кога почнав да вежбам и сега, како прво кондицијата ми е на подобро ниво, мускулите не ме болат после секоја вежба, планк вежбите ги правам без проблем и стомачните исто. Гледам дека малку се познаваат стомачните, а најмногу разлика забележувам кај нозете, ми се тонираа значително. Продолжувам понатаму дефинитивно Денес ги извежбав вежбите од 16ти ден Плус возев велосипед 1 час.
https://www.instagram.com/p/B06aO0JHrY8/?igshid=11ewr4wlohv4b Прво ова, според распоредот кој што го има пишано девојкава во caption ама зашто немам тегови и кетлбел земав две туби вода од по 6кг. Второ ова, гледам низ темава сите ја фалите и вежбате со Клои па решив да пробам едно видео и од нејзе.
1.Една позабавна варијанта на кардио 2.Место шишиња како на видеото ги користев тубите што ги имам спомнато и во претходниот пост 3. 4.Секако последно, истегнување на цело тело.