Вчера 10км пешачење. Денес Ако имам некои грешки исправете ме П.с дали е подобро да се вежба full body или да правам изолациони вежби односно да вежбам еден ден на пр нозе, друг ден стомак? Што мислите? Инаку околу 2 месеци почнав со вежбање, трчање и сл, почетник сум во ова ☺️
Здраво женски Сабота: 3км трчање Ден12 со Клои: плус 2ден од 30дневен предизвик: *чучњеви 66 *стомачни 66 *склекови 33 *wall sit 50sec. Недела: *чучњеви 75 *стомачни 70 *склекови 40 *wall sit 60sec. + Ден 13 со Клои: Денес: Ден 14 со Клои *чучњеви 90 *стомачни 80 *склекови 45 *wall sit 1:10 + 25мин јаже.
Девојки, се мислам за една од програмите од Клои, 5 Weeks Booty Challenge, но гледам ќе ми требаат од тие стегачите, ленти за отпор (Fitness Bands). Од каде да порачам? Гледав на Спорт М и Спорт Vision, нема.
Почнав со првиот ден, дека почетник нема да користам првите две недели никаква тежина, така е во програмата. Неколку вежби не можев да ги направам баш а другите исто не можев да ги правам по 40 секунди без паузи Се надевам ќе се подобрувам со тек на време.
@BayernKa значи истовремено почнуваме . Не се грижи доколку не можеш да ги правиш по 40 секунди, прави ги и по 30, но гледај да ги правиш правилно. И јас кога почнав не можев да издржам, посебно side plank, mountain climbers, hip dips, но веќе сега немам проблем. Биди трпелива Денес само ден 1 го извежбав од програмата 5 weeks booty challenge. Ме мрзеше да вежбам нешто плус
Женски за почетник во вежбање со 0 кондиција која програма да ја вежбам од Клои или не е за мене? Денеска си викам ај ќе почнам, одбрав Flat tummy challenge и уште на загревање се запотив, на следниот чекор на пола се откажав неможев да стојам. Целата се тресам хахаха, ептен сум се улежала дома.
Најтешки се вежбите за стомачни, посебно за почетник. Можеш да пробаш со некои вежби за нозе, пример 25 days slim thigh challenge. Овие ми беа лесни мене, има и стомачни па ќе се навикнеш полека.
Го видов каналот од Ангела, синоќе го објави и денеска одма ги извежбав 15минутки со MadFit. Еве ви идеа
Здраво Ќе ве замолам за една услуга препорачајте ми вежби (ако може со видео на јутјуб) за слабеење и за оформување на телото ... јас пешачам некогаш возам по 7/8км на ден , но немам форма на телово Ќе ви бидам мн благодарна инаку имам градба во форма на песочен часовник
Прочитај низ темите наназад, има многу видеа и програми што можеш да ги искористиш - Chloe Yong, Blogilates, MadFit, Pamela Rief, Moving Mango, и многу други. Chloe Ting има бесплатни програми на интернет, со видеа на јутуб . Blogilates функционира на истиот начин. Pamela Rief има програми на инстаграм со видеа на јутуб. Другите немаат програми но имаат видеа на јутуб што сама можеш да си ги комбинираш.
Ја заборавив и Emi Wong, и она има програми на јутуб https://www.youtube.com/channel/UCvGEK5_U-kLgO6-AMDPeTUQ Инаку еве линкови и од оснататите, претходно не успеав да постирам затоа што пишував од телефон. https://www.chloeting.com/program/ https://www.blogilates.com/ https://www.instagram.com/pamela_rf/?hl=en () https://www.youtube.com/user/roscheswachi https://www.youtube.com/channel/UCpQ34afVgk8cRQBjSJ1xuJQ
Вчера active rest day, а денес ден 8. Малку забушавав на второто видео ама затоа првото го извежбав со тегови за на глужд, малку потешки од кило.