Напорен тренинг денес. Загревање 2км на елиптичен велосипед 10 серии х 20 пати (различни вежби:со тегови, без тегови) за задник 5 серии х 10 за страничи стомачни 8 серии х 10 за долните стомачни
Исто како и Маченце и мојот тренинг денеска е откажан, ама не дека немам услови туку дека имам многу за учење па да не правам големи паузи ќе ги заменам денешниов ден со четврток. Дека четврток и недела ми се денови за одмор(пауза) денес и само овој пат ги заменив вторник и четврток, што значи дека од утре до недела, секој ден интензивно ќе вежбам. Само ме чуди тоа што имам некоја мала болка во пределов на стомаков ама од задна страна ако ме разбирате, не знам дали е кичма или нешто друго некаде кај што се слабинкиве? мислам ме боли ама не некоја силна болка туку го осеќам затегнато, како да ми трне, не знам како да опишам. Се надевам не ми е од вежбањето
Вчера и претходните денови стомачни и чучњеви и положба свеќа, ама вчера ги правев чучњевите со спуштање до колениците во агол од 90 степени. Не знам дали е од тоа, се надевам не вежбам неправилно.
Lux не ги правиш неправилно,баш така како што ги правиш има поголем ефект. Денес.. 60 стомачни 30 чучњеви 30 мин степер 30 мин пешачење
200 стомачни за странична абдоминална мускулатура 200 за ректус абдоминис 10 минути на велосипед 3 по 10 за рамен појас Пешачењето не го сметам за спорт.
Најубаво ми е кога си ги завршувам сите обврски пред ручек, додека моите се наработа (апсолвент сум, на ладново седам дома и правам дипломска). Вежбањето ми е обврска што пожелно е да не ја пропуштам бидејќи ме прави среќна. Најубавите резултати не се мерат ни на вага ни со метро - големината и искреноста на насмевката и зголеменото ниво на енергија! Денес 2h после доручекот вежбав Rio Extreme (50мин) слично како Sculpt видеото, вежби за раце, рамо и грб и паралелно вклучени и вежби за нозете + кардио помеѓу секоја вежба. Спојлер Можеби небитни информации, ама за некоја од вас може и да бидат корисни. Освен основната Brazil but lift програма постои и дополнување со 3 нови BBL Delux видеа: Rio Extreme Abs Rapido (10мин стомачни во стоечка и планк положба, одлично за тие што ги боли кичмата) Upper Cuts (13 мин вежби со тегчиња за секој дел од телото, пример вежба: ако памтам добро не е конкретно оваа вежба, но сакав да доловам дека паралелно се прави расчекор или чучнување со некое движење за рацете со што дополнително се вежбаат и сомачните мускули кои се потребни за одржување на рамнотежа.) Плус најдов на интернет 3 видеа што се бонус на преднодните две програми: BumBum Rapido x2 (10min н 25min) Secret Weapon (22min) Најново што најдов е последното дополнување на програмата BBL Master Series со 3 нови видеа на понапредно ниво, каде што се вежба на пилатес топка и тегчиња: Bikini Body, Higher & Tighter, Ipanema Booty. Тоа се вкупно 14 видеа, планирам да направам различни комбинации за да ја разбијам монотинијата од постојано истите вежби па се надевам дека барем 2-3 месеци нема да ми здосадат! Дали мооожеби со целиов мој реферат ќе се појави некоја девојка што би сакала да ми прави друштво во истите вежби?! Чисто колку да имам со кој да правам муабет на таа тема HAVE A NICE DAY!
Долго време ме немаше на темава,ама имав проблеми со лап топот.Вежбањето не го запоставив и секој ден си ја терам познатата шема : саат време на орбитрек ,100 стомачни,чучњеви,вежби за нозе,раце и задник. Сега за сега супер ми оди и пред се јас сум задоволна од резултатите кои полека но сигурно веќе се приметуваат.
Денеска конечно ја земав последната вакцина. Заради тоа нема да има многу вежбање, бидејќи неможам да ја движам како што треба, здрвена ми е и ме боли. Но затоа пред вакцината истрчав три круга околу сала (колу фудбалски терен голема) и изодив уште три, а потоа направив обични вежби за растегнување. Сега за сега тоа е планот, ама после ако ми удари в глава може и ќе напишам уште нешто ама ако чекам до после ова да го постирам ќе заборавам.
Денеска 100 стомачни + други вежби за стомак 10 минути вежби за задник+40 чучњеви Вежби за раце Од следната недела почнувам пилатес
Денес само 100 стомачни, а чучњевите не ги правев. И пешачењето и те како е активност! Денес имам многу испешачено, 7 км сигурно и капната сум.
Незнав кај да прашам,ама решив тука. Нозете ми се : А стомакот и задникот: Летото ослабнав ама сега пак се поправив,вежбав и убаво се затегнав така што ако уште повќе се затегнам нема да ослабнам и нема да го имам она тело што сакам да го имам. За Нова Година не одам никаде,така што не ми е битно за колку време ќе ослабнам. Ве молам не препорачувајте некои скапи диети,или пак да одам на фитнес или зумба бидејќи сум мала. Мотивацијата за да ослабнам ми беше тоа што школските ме навредија,па сакам да си ослабнам и да не се грижам повеќе.
Ги заборавив и 4-те серии по 20 подигања за бицепс и 2 по 20 за трицепс.Има да се направам Терминатор И 3 серии по 20 за глутеусите
ООО темичкава ја заборавив , срам ми е луѓе веќе 3 недели не сум вежбала имав здравствени проблеми не можев inasanity да го терам ( a за чудо некое сум ослабена 3 килограми хахха ) , ама веќе 3-4 дена сум сосема ок и се залежав , еве денес почнав земав од p90 X cardio бидејки е лесно да се загреам па да да му се вратам на insanity се надевам секој ден ќе пишувам
Јас сум живи срамови 2 дена само на маса тренирам: сарми,кифли,колачи...ама ај св.Никола ееднаш у годината. Затоа од денес па се враќам на вежбањето, 2дена пауза ништо не е страшно.
Да надополнам за мојот вчерашен фитнес ден. Требаше и јас да одам на слава ама втората опција ми беше попримамлива, бев дадилка на моите две мали внучиња за да можат родителите да скокнат на кратко на неколку места што ги имаа. Немаат ни два месеци уште имаат грчеви и само во раце се смируваат, па така јас вчера нишкав бебчиња и шетав наоколу. Не ми се смејте ако ви кажам дека внуците ми се мотивација! Сакам да можам да ги играм со нив со саати и кога ќе направат 10кг не само сега кога се минијатурни И така јас денес насмена од уво до уво заради првата средба со најмалите во фамилијата вежбав 1 саат од кој 40 мин High & Tight вежби за нозе и 20мин Tummy Tuck вежби за стомак, ама уште неможам да ги правам сите како нив. Планк вежбите ми се лесни ама за класичните стомачни на земја правам сигурно 2 кратки паузи. Битно секој пат сум подобра и подобра! Мотивација: Спојлер