Ден 9. извежбан едвај со две прескокнати вежби Не ми е денот денес, пред добивање сум, главата ме боли... Се потрудив колку што можев
Вчера имав принуден одмор, а денес ги заменив вежбите со планинарење. Од утре се враќам на распоредот.
Ден 10. и 11. извежбани. Уште хранава да ја средам како што треба, успевам на некој период ша потоа пак забишавам и се така во круг.
Јас да ви кажам и одкажав љубов на Клои. Мене ми треба нешто да ме испоти, кај неа ми е некако лесно, нема некој напор. Моментално сум трчање редовно, секој ден и плус јаже на два дена и комбинации од вежби за раце/стомак/нозе сама си ги правам веќе недела дена и се потам што е најважно. За почеток за некој кој не вежбал долго време Клои е полн погодок. Може и ке и го пробам две недели што беше за стомак да видам како ке се покаже кај мене.
Јас планирам измени некои да направам, да не одам стриктно по програмава секој ден. Ќе комбинирам со планинарење, ми треба движење во природа.
Потењето не е знак дали вежбите се ефективни или или дека ако се потиш повеќе ќе ослабеш. Клои и слични јутубери се повеќе за почетници, да, ама само да укажам дека не треба да се стави фокусот на потење како индикатор за добар workout.
Вежбите на Клои ако се изведуваат правилно се добри. Понатака може да се додава тежини или каиш за отпор, па да бидат “потешки”. Јас го правев 2 weeks abs challenge и видов ефект. Сега ги правам овие 4 видеа плус трака по 30 мин и буквално телово ми е трансформирано комплетно. Само треба упорност и фокус да се изведуваат правилно.
Ме интересира за колку време вежбање гледаш промени и како ги комбинираш видеата, или сите одеднаш ги вежбаш? И исто дали внимаваш на исхрана?
Кога го правев предизвикот 2 недели, го правев само него и кардиото и стомакот ми се трансформира за тие 2 недели. Внимавам на исхрана во смисла да се хранам здраво, не држам диети. Пијам вода по 3-4 литри дневно миминум, некогаш се дешава и 6 да испијам. Е после тие 2 недели, кога видов резултат, ги разгледав другите вежби и си искомбинирав што мене ми одговара. Ги правам сите заедно видеа, освен кога ми е ден за одмор. Тогаш правам кардио и стомачни едно видео. Конкретно за нозеве видов резултат по една недела. Добиваат форма, губам цм во обем. Всушност се губат вишокот маснотии. Јас сум активна веќе 6-7 години со повремени прекини, немам многу вишок килограми и за мене вежбиве функционираат убаво.
Лесно е на тие со low body fat. Нека направат од пивски стомак резултати за 2 недели. Овие видеа се пре сензационалистички.
Јас мислам дека вежбите на Клои се супер и за почетници и за понапредни, кога зборуваме за вежби кои можат да се прават пред се, дома но и во теретана нормално. Поради таа причина има вклучено варијации на вежбите, кои се приспособени за почетници и оние, обичните за понапредни. Како што кажа @СуперДевојка, со додавање на еластични каиши и тежина преку тегови (кои ги немате, секако може да се користат книги, шишиња со вода, па дури и конзерви) може да се приспособуваат самите вежби за оние поискусните и оние кои напредуваат со вежбањето. Ако се изведуваат правилно и те како знаат да те препотат, да го тонираат телото, да градат мускулна маса и да помогнат при намалување на масни наслаги и тежина. Сепак ако сметате дека е ефективна, би ви ја препорачала Pamela Rief. Имам споменато и претходно, објавува планови за вежбање на нејзиниот инстаграм профил. Плановите ги објавува на неделно ниво и има 4 различни планови секоја недела - за почетници, со траење од 30 минути, со траење од 45 минути и fat burner од 45 минути кој се смета за најтежок.
Самата Клои има кажано дека не тврди дека сите ќе направат 6 pack од 2 недели вежбање и дека зависи од многу фактори, меѓу кои и првичната тежина и масните наслаги кои ги имаш, за успехот кој ќе го постигнеш со вежбите. Но ако разгледаш од видеата кои ги постираат други луѓе кои го завршиле планот, ќе видиш дека сите имаат забележителни резултати со видливо изразени стомачни на крајот од 2 недели. Не се магични вежби, но кога се комбинираат со добра исхрана и доволно сон, може да постигнат многу добри резултати без разлика на почетната тежина.
Да, имаат пред се од диетата и калориски дефицит. Овие девојки колку суплементи и хемија имаат земено во животот, вие толку вода немате испиено. Не ги земајте здраво за готово. Вежбајте, но без месеци и месеци потење нема резултати.
Нормално дека од ништо неможит да се очекуват инстант резултат. За добро и тонирано тело потребни се месеци и години можда за да се постигнит, а ако некој очеквит дека за 2 недели ќе имат стомачни, а од ко ќе извежбат не ќе знајт шо да дојајт то е друг муабет.
Јас го вежбав lean thigh challenge со плус трчање и јаже, до 20 ден стасав некои видни промени немав. Сепак зависи од тело до тело, и што сакаме да постогнеме, јас од вежбите еднаш не се воспалив би ги користела како вежби за одржување на форма на пример, кога сакаш да си активен ама си задоволен од своето тело и форма. Сум вежбала и со Памела и со Ребека Лоуз, резултат после две недели се заприметувал на мене видлив, и плус утредента осеќаш дека си вежбал. Можеби би пробала од другите видеа кој ги има, а ете и за abs challenge сум заинтересирана, долниот дел од стомакот најмногу ме мачи, горе ми се познаваат и стомачни ама долу не знам што да направам веќе. Ми текнува дека имав некоја програма за стомак 21 ден на лаптопот ја немам сигурно на другиот компјутер ми е, ке побарам баш деновиве, таа ми беше баш добра, имав видливи резултати. Имам и слика мислам тука објавено од пред и потоа.
Досега не знаев дека Chloe Ting има програми со денови пошо само на youtube ги гледав видеата... Од кога сме во карантин вежбам со неа некаде од 15ти март до 1ви мај и после тоа ептен стагнирав, само 5 пати имам вежбано од тогаш.. Од денес почнувам пак сериозно. Еве денес го вежбав Day 1 од програмата Hourglass: Booty & Abs Program Прво почнав со ова Вежбите од првиот ден. И истегање.
Девојкава ми е скорс goals! Го завршив True и моментално сум на Day 23 од Home (еден ден си пред мене ) и ова ме тера да продолжам. Кога ќе ги видам искусни јогини како прават буквално чуда со нивните тела, ме фаќа инает и си викам - Ако тие можат, зошто да не можеш и ти? Имало денови кога не ми се вежбало јога, но ќе ми текне дека се работи за 20-30 минути од денот и на крај сепак успевам да извежбам. Ме интересира дали имаш завршено некој од останатите програми на Adriene? Се мислам која програма да ја следам следно. Патем не знам дали знаеш, но има и официјална страна каде секој месец постира програми со нејзините видеа (еве линкче https://yogawithadriene.com/calendar/).