Леле јогаа, секогаш сум била буквално ваква -> и сум миалела дека без инструктор до мене никогаш не би успела да направам нешто такво (сеуште делумно си имам такво мислење за себе ). Ама едно девојче што го познавам буквално дома сама со видеа од интернет успеа и кога ке видам слики на инста сум Како ви оди вас? Сте успеале од тие позите кој ги прават да направите некоја?
Јас да, порано вежбав јога, ама дома сама, после има прекин од обврски и пред 2месеци пак почнав. Правам многу работи, ама не и ептен шо се тешки, треба да бидиш многу еластичен и треба време, некогаш и години да поминат. Разликата кај јога е, треба време и трпение. Телото не се истегнува така брзо, постепено се оди. Тоа ти е гимнастика еден вид. Да вежбаш од мал е веќе друго. Не треба да се форсира, ни најмалку.
Сосема си во право и мене ми е гоалс да ги постигнам тие фигури кога можат тие зошто да не и ние Моментално дамо оваа програма ја вежбам и планирав кога ќе ја завршам скроз да почнам од календарот дека чуствувам сега поголема сила во рацете за другите вежби хахах, инаку пред една година почнав да вежбам една друга 30дневна програма што ја имаше ама ми беше премногу тешка едвај до 15ден стасав... Веќе дека скоро секој месеч ја вежбам ми стана како навика самото ме тера да одам да извежбам како што кажуваш многу се кратки видеата Инаку кај мене почна да се оформува мускулатура на рацете хаха порано ми беа ептен меки а сум вежбала колку толку, кај тебе има ли таква промена?
Си забележувам промена во рацете, но не би рекла дека се должи само на јога затоа што се трудам секој ден да завршувам барем по едно видео за раце од blogilates, од оние видеа каде што не вежбаш со тежина или ретко со користење на шишиња (може и тегчиња) а истовремено нема ни склекови или некои од останатите потрадиционални вежби за раце (еве линк ако сакаш да разгледаш https://www.youtube.com/results?search_query=blogilates arms). Јас пред некое време ја почнав Home, стигнав до кај 15ти ден и се откажав. Потоа ме фати инает, ја завршив True па сега еве Home. Се мислам истовремено да го почнам и месечниот календар ама од друга страна па, вежбам и по месечниот календар на blogilates и си викам да не ми се фати многу, па да се откажам.
Мене ми годи искрено. Не приметувам некои вау разлики по месец ипол поминат вежбајќи, но не се откажувам. Како што спомнав погоре, вежбам и други вежби секојдневно па дел од промените на телото се должат и на тоа, така што не би можела да кажам дека се е резултат на јога. А и реално рано е. Ама ми годи тоа истегнување и приметувам дека ми помага против болките во мускули после добро извежбан ден. Многу сум далеку и од најобична шпага да направам ама се надевам дека еден ден ќе биде можно. Пак ќе кажам, видеата и се со траење од 20-30 минути, ако си љубопитна те советувам да пробаш и видиш како ти делува. Ако ништо друго, барем ќе се истегнуваш убаво секој ден.
Ден 2. Некаде околу 12 ч. пробав јога по втор пат во мојот живот и дефинитивно не сум јас за тоа.. Извежбав 20 мин. Го вежбав вториот ден од Hourglass program + 30 стомачни. На почеток, со обични вежби за загревање. На крај истегнување, кога ќе сум од лаптоп ќе ги прикачам видеата. Инаку, имам едно глупо прашање. Денес немам јадено леб, ручав ориз. Колкава количина на ориз е во ред да се конзумира т.е дали со него може да се "претера" и да испадне полошо од неконзумирање на леб?
За денес планинарење + Не одам повеќе по програмата, ќе комбинирам планинарење со некои видеа кои ми се погодија.
Не е класичен фитнес, ама е добар фитнес во принцип. Не ми беше денот денес, умрев ама многу убаво ми дојде. Толку ќе биде за денес. Сакав да трчам ама нешто ептен не ми беше денот од сабајле па супер ми е и тренингов од видеото. Утре повеќе.
И јас ја вежбам оваа power yoga од време на време, скоро го открив овој тип на јога и некако ми е во исто време и релаксирачка, и го активира секој мускул. Сега се мислам дали да почнам некој од предизвиците за јога на Adriene, можеби од утре, задутре. Инаку, денес :
Вчера не пишав ништо пошо ми беше active rest day и пешачев само 8 км. Денес 5ти ден од Hourglass program. @queen04 јас имав резултати после цел месец. Нозете ми се затегнати топ.
Адриен ми стана многу бавна некако, ама супер и се оние месечните предизвици. Мене многу ми здосадија па прејдов на Сара Бет. Како за промена топ е.
Пуштив видео на Клои да видам што е галамата околу нејзините вежби, и жената ми е мех... На видеото за стомачни, некако аљкаво ги прави, а и самата едвај издржува да ги доправи вежбите, па ги прекинува неколку секунди порано. Башка на фаца ѝ се гледа дека во секој момент ќе се онесвести. Кај мене тоа не делува мотивациски, туку напротив. Али затоа Памела Реиф ми е одлична. Прави склекови ко роботче и гајле нема. Од вежба на вежба се префрла без да користи секунди за одмор. Германка Инаку омилено видео за вежбање ми е 7min. plank challenge.
Едвајјј, ал битно издржав до крај, можеби еден од најтешките денови Уште 3 дена и цел чаленџ ќе е готов За поручек е планирана Памела Рeиф, и мене ми е подобра од Клое. Ја вежбав Клое некое време и мене ми изгледаше дека едвај ги прави вежбите.