Јас на Ана Стојанова на фит предизвикот бев еден месец, добри вежби има. Со оглед на тоа што не бев вежбала одамна првата недела бев воспалена, сега немам проблем. Во програмата има и храна рецепти и има вежби. А и возев велосипед кога ми беше досадно.
Ќе продолжиш со вториот предизвик? Јас за првиот касно дознав, ама се пријавив за вториот, почнува на 13ти јули па да се дружиме
Се мислам баш дали да почнам овие вежби ми се добри може и понатака од нив да си вежбам а и треба да си одам во Македонија додека да се видам со сите нема да имам време и ке го испуштам. Така без мотивација мн тешко вежбам. Со среќаа
Препорака за фитнес јутуб канали што снимаат вежби за во теретана? Сакам да почнам неделава па да знам што вежби да правам
Имав некои резултати, како позатегнато тело ама сепак и самата Клои си кажува оти тие наслови и се да собере повеќе гледаност, не дека ќе имаш стомачни за 2 недели. Мада секое тело е различно. Ама ќе станеш повеќе физички спремна, и јакото е кога вежба шо едвај си ја правел со лесноќа ја правиш после некое време.
После повремени паузи и не баш придржување до планот, се приклучувам официјално, сега максимално ќе се посветам. Ден 1: - 1ч кардио т.е вртење Орбитрек Колку да се загреам и да вратам кондиција, а и ќе применувам доста кардио зошто треба да изгубам вишок килограми. Од утре ќе вметнам вежби и ќе комбинирам со кардио. Малце ќе ми треба време за да постигнам кондиција ко пред 3години коа вежбав по 2ч на ден ама ќе биде step by step. Тогаш ми требаа 6 месеци за да ослабам 20кг и направам стомачни и да стекнам кондиција. Кога почнав прво да трчам по 15минути бев умрена, после 6месеци можев и по 40минути да трчам и баш се осеќав енергично. Сеа баш сум улегната и уседната искрено поготово годинава, како ми се погодија карантин и учење, шо би рекла другарка ми "се усвињив " така шо мислам ќе ми треба подолго од тогаш ама следното лето е далеку, па имам 1година, не се брзам. Некој друг да се приклучи, да се дружиме и бодриме секој ден без разлика дали сака да ослабе или само да се затегне? Мотивации:
Не знам дали пишував на темава, отсега ќе пишувам повеќе Денес вежбав пилатес за цело тело и плус јога. Tуку апликацијата што ја спомнав во другата тема видов дека имала и пц верзија.
Ајде малку да ја активираме темава девојки После месец ипол пауза ,одмор јас се враќам на вежбањето Денес истрчани 3,5км малку трчав малку одев, се со цел да си ја вратам кондицијата
Кога ја враќаме темата сакам на сите да ви ги препорачам видеата на Bailey Brown, ја најдов случајно во карантинот, девојката е многу underrated, видеата се кратки по 5 10 мин ама многу ефикасни, јас забележав резултати за многу кратко време.
Здраво девојки Дали знаете некој кој држи онлајн часови,со исхрана се комплет? Мене не ми треба слабеење само затегнување на стомакот после две бремености имам проблем многу Секој ваш совет и препорака ми се добредојдени
elenabubalo вака мислам е потпишана на инстаграм, жената е бог, имаш и бесплатен пробен час, пишии враќа веднаш.
Здраво девојки, се има некоја пријавено на најновата програма на Ана Стојанова? Бидејќи се отвори повторно можност за пријавување ме интересира какви се вашите искуства и дали ја препорачувате?