Моја познаничка беше пријавена на првиот летен предизвик и беше задоволна. По нејзино кажување, вежбите биле добри и имало убаво смислени рецепти. И јас размислував да се пријавам тогаш но сфатив дека не е нешто неопходно. Има многу бесплатни програми на јутуб како и рецепти. Доста е од помош тоа што Ана ти праќа рецепти па дури и листа за купување на продукти (барем така мислам) но од друга страна, јас живеам со родители и она што ќе се зготви за ручек, сите го јадеме. Не би можела да си готвам и пазарам сама за себе и поради тоа се откажав од таа идеја. Инаку ја следам Ана на инстаграм и гледам дека доста често става слики од девојки кои постигнале супер резултати. Но, кога ќе размислиш - доколку и сама припазиш на храна и почнеш да вежбаш 5 пати неделно и ти ќе имаш резултати. На овој начин само заштедуваш време и нерви барајќи рецепти и вежби. Ако се одлучиш да вежбаш дома, пиши и ќе ти пратам неколку јутуб канали каде јас обично барам вежби.
Мене токму резултатите што ги објавува од девојките ме мамат да се приклучам, дека некои навистина се за пофалба. За храната, мислам дека се знае што и како треба да се отрфли и во какви временски интервали да се јаде ако сакаме да имаме резултат. Додуша и некој да не знае, може со 2 клика на гугл да дознае. Работата со вежбањето е што не знам колку е потребно да вежбаш во еден ден, јас летоска ќе извежбав по едно видео на Клои и толку, си викам доста е. Тоа исто така ме замислува да се претплатам бидејќи ќе знам колку треба да имам извежбано за да постигнам резултат.
Види, секое тело е различно. Ако на некој му се потребни 10 минути во денот, на некој ќе му бидат потребни 30 или можеби и повеќе. Освен тоа, се зависи од тоа каква цел си имаш поставено - градење на мускулна маса или слабеење. Па од таму произлегува каков тип на вежби ти се потребни. Тргнувам од себеси - има денови кога не ми се вежба и ќе извежбам едно видео-две и сум презадоволна од себе. Дали има успех? Не знам реално, но сум среќна што сум станала и сум извежбала барем малку. А за останатите денови гледам да вежбам барем 30 до 40 минути. Некогаш заглавувам и до 1 саат ама тоа е поретко. Мислам дека ти треба искуство за со тек на време да научиш какви вежби и колку долго вежбање ти е потребно. За стекнување искуство, било каде да почнеш е супер, вклучувајќи ги и вежбите на Ана. Зборот ми беше дека со редовно вежбање и ти ќе постигнеш резултати, но какви се зависи од тебе. Инаку, мислам дека слободно можеш да и пишеш на Ана и да ти објасне малку повеќе околу вежбите, времетраење и слично. Па можеби тоа ќе ти помогне да донесеш најдобра одлука.
Да се надоврзам на муабетот погоре за програмите на Ана, јас бев на летниот предизвик, првиот со другарки уплативме. Немој да мислиш кој знае што се вежбите, нормални вежби што ги има на нет. Клои има планови, претпоставувам знаеш за цел месец, за било која намена, мускули, слабеење.. Планови за исхрана со 2 клика ке најдеш каде каде подобри од тие на Ана, верувај ми. Ана е за жени кој не мрднале со години, сакам да кажам во смисла на физичка активност и не пазеле со што се хранат. А сега наеднаш на телото му внесуваат здрави јадења, плус избројани калории, плус вежби, нормално дека ке има огромни резултати. Еве ќе кажам и од лично искуство јас бев подуена и многу други жени имаа пишувано исто, значи таа храна не одговара на секого, она не го подготвува менито специјално за тебе, туку е регулар за сите е исто. Не сакам да те премислувам, ако мислиш и сакаш да пробаш пробај, ама не се само 1,2 или 3 месеци треба навиките да си ги смениме животни. Исфрли леб, благо, газирано, навечер салати, вежбај од 30-60 минути на ден 4-5 пати неделно, резултатите сами ке си дојдат.
Е да, заборавив да споменам за менито. Еве бидејќи ти си била веќе на една програма, ме интерсира како функционира тоа со менито. Односно дали се наведени точни мерки, пример за доручек една банана, едно канче грчки јогурт, бла бла, или се наведени сите продукти а ти си бираш колку ќе јадеш од што? Затоа што никако не ми има смисла да ги има едни исти мерки за секого. Слабеење се постигнува со калориски дефицит и тоа е факт. Но, не на секого му е потребен ист калориски дефицит и калориски внес. Ако јас можам да функционирам со 1500 калории дневно и да слабеам со калориски дефицит од 200 калории, не значи дека и ти или таа после тебе ќе успее со следење на истите норми. За некого 1500 калории ќе биде гладување, особено за некој со прекуумерена тежина.
Епа баш така е, ти пишува пр. за доручек: 3 големи лажици овес и 1 мала лажица ленено семе и 250мл јогурт, за ручек пола чаша ориз, 200гр. стек.. итн итн.. За мене на пример имаше денови кога тоа јадење ми беше премногу.
Во тој случај секоја чест на постигнатите резултати. Јас искрено не би се осмелила да следам план што не е лично направен за мене и моите потреби. Пак ќе кажам, ова е совршено за некој што не сака да се позамара да бара сам рецепти и вежби. Супер е за зафатени девојки/жени па и за почетници кои немаат поим што и како во врска со слабеење или затегнување на тело. Ама моето мислење останува непроменето - штом не е персонализирано лично за тебе, сметам дека не е неопходно.
Епа затоа и поголем дел од жените се со деца, кој работат цел ден и немаат време за ништо. Јас претходно вежбав и се хранев здраво што кај мене немаше никаков ефект, можеби минимален ама ништо посебно.
Далеку е од фитнес, ама почнав дома да вежбам по малку. Сега за сега, главно се вежби за истегнување, ама сепак е некаква физичка активност. Треба да си најдам некои лесни вежби. Ако се тешки, ќе се откажам.
Има некој за мотивација? Некоја мрза ме има фатено периодов и едвај вежбам Денес испешачив 10км и ги извежбав овие видеа
Денес: Прв круг: 30 Jumping jacks 20 squats 10 Pushups 20sec. rest Втор круг: 30 Mountian Climbers 20 Lunges 10 Pushups 30sec. rest Трет круг: 40 Pulsing squats 20 Burpees 10 Pushups 30sec. rest Четврти круг: 30 Bicycle Crunches 20 Glute Bridges 30 Scissor kicks х2
Денес, т.е. веќе е вчера(пишувам после 12) го извежбав првиот ден од планот на Pamela Reif. Pamela секоја недела објавува планови за вежбање, со нејзини претходно постирани видеа на јутуб. Јас ја следам на инста и од таму ги скриншотувам плановите, ги следам оние за slow или sweaty наизменично, и двата траат по 45 минути. Плановите ги има и на нејзиниот канал на јутуб, што се вика Pamela Reif. Јас еве веќе ја почнувам третата недела и првиот ден беше booty day: Ептен ми беше тешко и intense, ама нема откажување. Мотивација:
Изгледа никој не ме дружи . Денес: кардиооо. Ептен ми се допадна вежбањето, а посебно тоа дека не е обично кардио и досадно, туку со забавни песнички и потези. Сеа ќе и опростам на Памела за mountain climbers, што ми се еднакво на пекол, заради добриот избор на музика . На крај, зашто ептен ми беше мерак, го истерав и ова за Крисмас . Мотивација:
Денес го започнав предизвикот на Vicky Justiz, Thicctober, that was hard ама се враќам во форма после празниците x 3
За денес Се зачудив дека сепак не сум била out of shape кардиото ми беше океј со исклучок на burpees и mountain climbers Мотивација за денес Tammy Hembrow
@GoodGirl45 дали си задоволна од програмата на Памела? Имам вежбано некои поединечни видеа од неа, но не програми. Според предизвиците на Chloe вежбав и сега сакам да направам промена Ќе ве дружам и јас, два месеци немам вежбано. Се надевам за брзо ќе се вратам во форма