1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    И јас исто сакам да ја пробам програмата на Памела. Ми здосади Клои.
    Ако може линк @GoodGirl45 :$
     
    На GoodGirl45 и f.girl им се допаѓа ова.
  2. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    @f.girl
    @S.W.A.G
    Многу сум среќна, дека сакате да ги пробате програмите и вие :hug::hug:.
    Ја следам Памела на Инстаграм(Pamela Reif) и таму на стори ги објавува програмите секоја недела. Но, се плашам дека нема на друго место освен таму :worried:.
    Едно време ги објавуваше и на јутуб каналот, во community, но сега проверив и има само за првата недела од јануари.
    Доколку немате Инста можам да ви пратам скриншотови :$.

    Денес е 20ти ден како вежбам. Не знам кога поминаа толку многу денови:o:
    20210123_005312.jpg
    Наместо последното видео, направив 10минути растегнување, исто од Памела.
    И пешачев околу 12 000 чекори.
    Утре кардиоо, мора се! 8)

    Мотивација, ако бабичкава може, зошто не и ние?
    9eac418c9e783811856d65a5f776ddd6.jpg
     
    На CarrieBradshow, dev08, The Saturdays и 2 други им се допаѓа ова.
  3. sweetdevojka

    sweetdevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Девојкии,кажете некоја мотивација да почнам да вежбам.И некоја ефикасна програма:D
     
    На CarrieBradshow и KatrinaP им се допаѓа ова.
  4. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски


    Постави си го прашањето: Што ако овој пат не се откажам? Што ќе се случи ако истерам до крај?
    И секогаш кога ќе сакаш да се откажеш или премислиш размисли само дали твојата одлука ќе те направи подобра верзија од тебе во иднина(да речеме 1-3години)? Ако одговорот е да, тогаш нема откажување или премислување.
    Среќно :hug:
     
    На sweetdevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.163
    Допаѓања:
    32.466
    Пол:
    Женски
    @S.W.A.G почнуваме од утре? ^_^ Малку е комплицирано што ќе треба да ги бараме поединечно видеата, кај Клои барем тоа е организирано. Но, нема откажување (fingers)

    Јас ќе одам според предизвикот за 30 min. Ако ми е претешко, а се надевам дека нема да ми е, ќе се префрлам на beginner :worried:

    @sweetdevojka ајде и ти со нас почни. Можеш да се обидеш со beginner предизвикот. Или пак види и некои програми од Chloe Ting, јас со неа започнав да вежбам и има добри вежби кои не се претешки :D
     
    На dev08, GoodGirl45, S.W.A.G и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Почнувамее и јас сум за medium. Немам вежбано од ноември :tmi:
     
    На f.girl и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  7. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Еве ти линк од цела програма се надевам ќе бидиш задоволна :inlove:
    https://www.vickyjustiz.co/2020bootychallenge
     
  8. inception

    inception Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Денес 17ти ден :muscle::muscle:
    Screenshot 2021-01-23 211511.png

    sni.png
     
    На Blue.Sky, GoodGirl45 и The Saturdays им се допаѓа ова.
  9. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Не знам како се осеќате вие, мене после празнициве со прст не ми се мрда. Се надевам дека ќе соберам сили да продолжам таму каде што застанав почетокот на декември ако не се лажам. Тешко е да се почне, потоа е полесно.
     
    На CarrieBradshow и The Saturdays им се допаѓа ова.
  10. Maleno

    Maleno Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2018
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram od utre pocnuvam deneska samo 150 stomacni napraviv nesto me fati mrza a vecra peshacev 11 km
     
    На The Saturdays му/ѝ се допаѓа ова.
  11. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.163
    Допаѓања:
    32.466
    Пол:
    Женски
    Ден 2 од предизвикот на Памела :sweat:
    20210125_144720.jpg
    Во план имав и пешачење, но ништо од тоа. Ми треперат нозеве при движење и едвај ги искачив скалите до дома, но вреди 8)

    Она што ми се допаѓа кај вежбиве е тоа што се поделени, во првиот ден се вежба стомак, во вториот нозе и во третиот раце и грб, па следува rest day. На овој начин мускулите имаат време да се опорават и не се оптеретуваат секојдневно :D

    Слика за мотивација немам. Овојпат мотивација ми е сознанието дека некогаш можев повеќе и сега повторно одам кон тоа. Демотивирачки ми е тоа што едвај ги завршувам вежбите, squat-овите ми се посебно тешки, но знам дека можам повеќе и нема откажување :muscle:
     
    На Blue.Sky, GoodGirl45 и The Saturdays им се допаѓа ова.
  12. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    За денес :muscle:

    x 3
    И 1 и пол сат пешачење :D
    Мотивација :inlove: Screenshot_20210125-185512_Instagram.jpg Screenshot_20210125-185425_Instagram.jpg
     
    На f.girl и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.878
    Допаѓања:
    6.482
    Пол:
    Женски
    @GoodGirl45 45мин Sweaty ги правиш ако не сум грешка. Може да споделиш како си задоволна дали има резултати? Знам дека е краток период, но барем мал напредок ако има е значајно.
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Понекогаш sweaty, понекогаш slow, зависи како сум расположена:rofl:.

    Би рекла само дека видливи промени немам забележано, можеби има но не се мерам ни со метро, ни со вага. Само заприметувам дека во половината сум малку намалена или можеби само јас така се гледам :?:. Исто така, вежбите ми стануваат полесни, особено вежбите за раце и можам да ги правам без толку паузи и напор. Сепак полека полека, можеби ќе има резултати, не знам.
    Воглавно вежбам не за некои стомачни или нозе, туку затоа што се чувствувам преубаво кога вежбам, а исто така и после вежбање. И со душа чекам да вежбам скоро секој ден!

    Извини, не те удостоив со одговор како што треба, но навистина, толку можам да ти кажам во моментов :hug:.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.878
    Допаѓања:
    6.482
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Добар одговор ми даде, онака како што е.
    Ни јас не сум некоја што седи и се мери, најмногу сакам некоја физичка активност да имам, што нема да е долга, а што би имала некаков резултат, не очекувам кој знае каква трансформација.
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Ќе ви се уфрлам во муабетов непоканета :D
    Јас ги правам веќе околу два месеци 45 sweaty и видливи резултати во изгледот на моето тело почнав да забележувам после околу месец, со тоа што претходно правев една друга програма од клои од месец ипол. Ќе биде, само треба упорност и добра исхрана и сон :muscle:
     
    На GoodGirl45 и Glowy им се допаѓа ова.
  17. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Денес :muscle:

     
    На GoodGirl45, Blue.Sky, inception и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    10.140
    Следам повеќе инструктори на инстаграм, па од таму си правам тренинзи. Кога ќе можам ќе запишувам тука како некој вежбачки дневник, па може ќе му биде во прилог на некој.

    До втората серија бев жива вода, после тоа да не кажувам.

    Тренинг во интервали со кардио елементи и вежби со акцент на страничен глутеус.

    Најпрво убаво загревање на сите зглобови, а после и загревање со трчање во место и скокови.

    Прв сет вежби:
    - Double pulse sumo squats (+ластик за отпор) - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Pulse sumo squats (+ластик за отпор) - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Sumo squat jumps (+ластик за отпор) - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Reverse lunges најизменично со двете нозе (+ластик за отпор) - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Knee chops најизменично со двете нозе - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Stand up squats најизменично со двете нозе - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Plank lunge jumps најизменично со двете нозе ( може и без скокање да се прави) - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Plank jumping jacks - 30 секунди
    10 секунди пауза

    Вежбите се повторуваат во зависност од кондиција и дали се користи отпор и тежина. Јас ги направив во 3 серии. Измеѓу секоја серија има 1-2 минути пауза. Не треба да се одмара премногу, само малку вода и смирување пулс.

    Втор краток сет вежби (од позиција на мачка) за страничен задник. Се користат тегови за нозе и/или ластик за отпор. Ако немате реквизити, тогаш зголемете број на повторувања.
    - Rainbow kickbacks лева нога - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Rainbow kickbacks десна нога - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Fire hydrants лева нога - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Fire hydrants десна нога - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Clamshell лева нога - 30 секунди
    10 секунди пауза
    - Clamshell десна нога - 30 секунди
    10 секунди пауза

    Повторувањето исто важи како и за првата група вежби. Јас користев тегови за нозе и ластик за отпор, па направив 3 серии од овие вежби. Измеѓу секоја серија 1-2 пауза.

    На крај убаво истегнување, особено на нозете.
     
    На GoodGirl45, Blue.Sky и The Saturdays им се допаѓа ова.
  19. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Денес :muscle:

    x 2 пати
     
    На f.girl, Blue.Sky, GoodGirl45 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Long time no see. Од кога немам пишано во темава :worried:.
    Активно вежбав до кај Септември, после тоа имав обрвски и изгубив рутина, па вежбав еднаш во две недели.....
    Ама почетокот на Декември ми текна дека вака не оди и треба сериозно да почнам да вежбам, па дента фатив да вежбам intensive workout, а утредента пешачев и брзо одев 3 часа. И така другите 5 дена ги поминав лежејќи во кревет бидејќи при обично станување ме болеше секој мускул. ;(
    Ама еве веќе една недела вежбам секој ден, па се надевам сега ќе ме има почесто.
    Денес
     
    На CarrieBradshow, The Saturdays, f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.