Дома вежбаш? Колку време? Шо, како? Можи си кажала ама не се сеќавам, сори еден куп прашања. Вие другите кај сте? Не' снема колективно.
Дома да. Вежбав лани од април до септември, по платена програма а после сама гледав од интернет. После долга пауза од март почнав пак, сега вежбам по програмата на Софија Манчева
Hello , јас го завршив предизвикот Thicctober по втор пат, многу сум задоволна и вчера ми беше 3 ден од нов предизвик х 2 пати
Се активирала темава Не сакав само јас да замарам @Dodo1 Браво, одлични резултати. Денес booty day. Конечно ми пристигнаа ластиците за да ги правам вежбите и со отпор
Непрозвана да се изјаснам. Овие ги нарачав, пред 2 месеца ми стигнаа. Ок се на квалитет засега. Гледам ги има сега Ана Стојанова со лого испринтано плус за 1290.
Не пијам протеин, исхраната се сведува главно на јајца, овес, хељда наутро, месо, риба ориз компир ручек и секако за вечера салати најмногу. Правам различни комбинации
И јас се мислам за плетените, баш ќе пробам и со такви. Не знам за вас ама мене многу ми се кинат гумените. Колку пари - толку музика. Денес:
Јас имам од оние врзаните (сам што си врзуваш де) ама ме нервира. Ми се собира па ми се зарива у месо и боли или па ми се лизга. Лили Сабри има добри што се подесуваат ама не ми се дава толку пари, па ќе пробам со али
Хелоууу, I'm back Од денес на нова програма на Chloe Ден 1: + Бидејќи многу си ги сакам овие видеа на Памела и ај успат и нив
Искрено не знам, четврт ден ми е, а и јас сум во дилема. Преку еден ден вежбам, еден Клои - абс (цел горен дел), еден Хана - задник. Во споредба со Клои, некако не ме уморва, затоа и малце ми се здосадва. Ама па мислам дека повеќе ги осеќам мускулите за време на вежбањето, шо е убо. Дилемата ми е зато шо многу внимание посветува на hips и thighs, а мене не ми се приоритет. Зошто го избегнуваш ти?